Абе луѓе. Овошниот ден е познат и како витамински ден. Што значи дека ти уопште не си направила никаков прекршок што си јадела салата! Ама баш никаков! Едино маслинките пробај да ги исфрлиш само за време на овошен. Другото ти е супер!
Девојки, ја читате воопшто темата? Ако ја читате ќе видете дека пиперките и доматите не се прекршок во овошниот ден.
немаш воопште прекршок, само немој да јадеш повеќе овошје , веќе е и 21 часот, така што доста ти е за денес а и може во овошниот ден да се јаде и зеленчук, само потоа да не се враќаш пак на овошје, значи релакс, немаш прекршок,слободно продолжи утре со протеински ден
Ја денеска од прекршок во прекршок, и количински многу изедов да ме прекрши некој од ќотек сум! Ама од утре друга приказна, и по којзнае кој пат викам утре, ама мора да биде утре вистина зошто ќе се фрлам во Сушица. И утре ми е овошен ден за прочистување и ќе се придржувам стрикно до напишано. А, чекајте смее да се пие нес 3 во 1 без млеко, пиете вие или не?
Jас да сум на ваше место во овошен ден ќе јадам преку ден овошје, вечера салата свежа Oвошје не се јаде баш баш навечер
kakва е таа диета? кај ја најде? Дај линк, или објасни ја малку поопширно овде, или отвори нова тема, да не е офф топик и какви резултати се постигаат? За оние кои сакат повеќе, или помалку да ослабнат е наменета
И без физичка активност ама пазење на исхраната има слабеење тврдам. Ама нормално да е храната сведена на минимум, избегнување леб, благо и пржена храна и газирани сокови се слабее и без физичка активност.
Оооооф, јас денеска изедов неколку ситни маслинки со салатата... поим немав дека не смее. Здравје, ќе си знам за другпат. А баш намерно денес ги пробав, си викам здрави се, витамински.
Трандафилка, маслинките смеат да се јадат во останатите денови со салата, нормално да не се претерува, затоа што не содржат многу калории. 10-13 калории има во една маслинка. Така да, тоа не е ништо. Не се препорачливи само во овошниот/витаминскиот ден.
и да се изедат 2-3 во овошен ден не е ништо, подобро неколку маслинки отколку протеини, или јаглехидрати, доста заситуваат, јас на пр во овошен ден за вечера некогаш јадев 2-3 маслинки со 1 лажица ајвар, без леб, нормално сега е лето, па може наместо ајвар шопска без сирење
А зошто не се препорачуваат? Бадемите да не имаат помалку калории, па може да се јадат денес. Зеленчук е, мислам дека не е прекршок.
Бадемите содржат триста хранливи вредности, а маслинките за овошен и не се толку препорачливи, ради зејтини и големото количество на сол во кое стојат.. А на овошен организмот треба да се прочисти. Јас што имам правено муабет со луѓе во врска со диетава, баш разговарав и за печурките и за маслинките. И јас бев во голема недоумица кога треба маслинки и колку треба да се јадат а кога печурки. И дојдов до заклучок дека сепак печурките се неутрални и може во секој ден, исклучок правиме во овошен. А маслинките констатацијата ете ја пишав горе .
Душички нит едниоте нит другите, маслинките содржат масти, а печурките верувале или не протеини, да да, постојат протеини од растително потекло и таквите се наоѓаат во печурките, во бадемите, во лешниците, оревчињата, но во секој случај подобар избор се бадемите и овие слични на нив отколку маслинки, тие се доста калорични доколку се гледа реално.
Da ve prasam za dorucek dali mozi da se jadat sekoj den razlicni ovosja na primer denes 2 jabolka, utre 2 praski... ?
Јас жив ќе се јадам ...жиииивв!!!!! Отидов на роденден,кога гледам полна маса... Барав нешто јалгехидратно и земав сендвич извадив кашкавал и апнав заедно со ајвар имаше мезе,морав зашо сите ме гледаа -.- аххх згора на се испив 2 чаши црвено вино,а 2 изглумив дека сум испил,го истурав во цвеќето што беше до мене,оти предрасуди летааат на килограм... Ти вели несакам,намрно дотураат и во уста ти бутаат јадење....и морав да избегам! женска ми ме спаси,одглумивме као демек и се слошило па испаничен глумев и со трчење излегов...премногу јадење имаше,не ќе можев да се контролирам! А јаглехидратен ден беше,уф добро што тортата не ја дочекав ...не ме тешете! немојте случајно...сакам грижа на совеста да осеќам! Срам да ми е... Ама утре,овошен ден,сабаале пред да трчам јаболков оцет плус банана,па ќе трчам и тоа многу ќе трчам за да истрошам,послем тоа уште една банана и тек ондак повеќе вода и ќе гледам да не јадам многу овошје како претходниот овошен ден -.- ... И плус сега пиинав чај за прокар...
Мислам дека и јас треба да ја применувам диетата, ама не за да ослабнам, туку за да се здебелеам. И така дневно јадам помалку, отколку што јадат тие што ја применуваат диетата за да ослабат.
хмммммм како мислиш нормално јадеш и помалку од ова епа тоа по мене не е нормално ако сакаш да се здебелиш со оваа диета само напред срекно ! дај и такво нешто да видиме тука Ама искрено некогаш ме иритираат вакви коментари , ние тука сите мака мачиме да ослабнеме а некој се приклучува тука и коментира дека вака ке се поправел . Има теми за како да се поправам , за правилен начин на исхрана и сл ... ама ве МОЛАМ сите придржувајте се на темава а тоа е УН диета и слободно пишувајте и прашувајте се во врска со ова . Тука има многу напатени душички меѓу кои и јас , кои се трудат да ослабнат и меѓусебно си се храбрат , сите со една иста мака и кон иста цел . Мерак ми е кога ке отворам и ке видам дека некој споделил успех со оваа диета ... Не сакам да сум груба или дрска ама ме разбирате мислам сите што сакам да кажам . УН диета и се во врска со неа ..... ве гушкам сите
Јас се стварно извинувам ако погрешно ме сфати/вте. Зборот ми беше дека јадам многу помалку од што треба. Нормално дека вие имате повеќе масно ткиво и не треба одендаш да се изгуби, туку на здрав начин. Сега чувствувам грижа на совест, не знаев дека ќе обесхрабрам некој со мојот коментар. Стварно се извинувам ,не ми беше тоа намерата.
Se izvinuvam jas ja drzam dietata i sakam nesto da prasam jas se pridrzuvam na dietata no samo me interesira dali vo ovosniot den moze da se jade kompot ili od kompotot samo ovosjeto.I dali vecerata treba da se izede vo odredeno vreme ili nema vrska toa koga se jade
Нормално дека може . Не можеш ти секое сабајле 90 дена по ред да јадеш едно исто овошје. Јас иако не јадам секој ден јаболки за време на диетава, ги одјадов. И јас така ви викам денеска за ручек 2 парченца риба ослич и салата патлиџан и краставичка. За вечера едно парче риба и салата такоџе.