Уште еден килограм во минус, се сторија 3 молим лепо, ем во ПМС - подуенко дете. 21 ден - протеински, денес портокал за доручек (еве го џвакам) за ручек имаме летна манџа - кромид, пиперки и патлиџан пржени на многу малку масло, со додадени коцки пилешки стек. Салата не знам дали би јаделе кога истите намирници ги има во прженицава, можеби краставичка, но не знам, ќе видам. Парче сиренце секако, јас тој дел не го скокам. (Оти бе другите не јадете сирење во овој ден, барем 100 гр? Ме терате да се чувствувам виновна, а воопшто не е калорично, дури препорачливо е. Па не сакам на стари години да ме акне остеопороза, си треба млекце и сирење барем). За вечера - половина од комбинацијата.
Немасното е некалорично толку,ама обичното има та ехе калориии... Јас не практикувам сирење незнам зашто,или стек или јајца или соја тој ден...не ме најадува сирењето а и многу сол содржи...
А знаеш дека во ПМС најмногу се слабее, ако немаш мака со стомакот удри му ја на вежбање, и јас сум во моментов отечена, утрово дури и се уплаши, но знам дека веќе во Петок ќе бидам таман, ќе го нема балончето напред и бумбарестото фацле, таман за во Сабота
Овошен ден. Појадок:портокал Ручек:јагоди и 3 мали јаболка И 7 чаши вода засега + нес 3 во 1 без шеќер(смее луѓе да се пие или не?) Вечера: ќе видам после.
Браво Трендафилка ! Се надевам брзо ке ги симнеш и останатите Во врска со сирењето , и јас јадам сирење во протеински ден , до сега немам пропуштено а слабеењето супер ми оди , значи не смета . Сепак калциумот е битен . Слободно јади си , само гледај да не е многу солено , остави го да постои во вода пред да јадеш .
А какво ти е тоа 3 во 1 без шеќер жити се, пред некој ден без млеко мислам дека прочитав, ако е 3 во 1 значи има и млеко и шеќер, во 2 во 1 има само млеко. Имаш ти некоја утка изгледа. А да, ја гледам и колешкава, ако е диетата овој ден само овошје нека биде само овошје а не и Бејкролс или кафе со млеко, мислам дека јасно е кога се пие млекото а? Не дека нешто сум се потресла дека сте се напиле вие кафе со млеко или сте изеле нешто што не требало, ама после кукате кај се килограмите минус па јас држам диета, е кај се де, џабе ви е целата мака ако секој ама баш секој ден правите по некоја утка.
Прашав само ја, а тоа дали ќе кукам што не губам килограми е моја работа. И немораше да ми одговориш ако не сакаше, не те прозвав да ми одговориш инаку фала на одговорот. Ама да се напив 3 во 1 со млеко без шеќер и да и да е утка не е којзнае каква и одсега ќе знам дека не треба.
хахахаха....абе душичко, не ти реков јас којзнае што, само те прашав какво е тоа 3 во 1 без шеќер, ама сватив дека се работи за 2 во 1, сепак јас не сум ти најголем специјалист за дитеава, останативе ќе ти кажат подобро, всушност не знам дали си знаела ама кафето на Гранд Слим ти е со растителна павлака и тоа можеш слободно да го пиеш, го има некаде дури и ефтино, по 18 денари мислам, јас го имам пиено во пости ајде не се лути, само си прашав, не сакав да те налутам, со среќа денов со овошје да не добиеш некое слатко искушение
Убав денов - 5ти протеински Сабајле - 2 праски Ручав накај 12 - мало парче пита со праз и кисело млеко И за брзо ќе ми биде и вечерата - супа, шопска и 2 батачиња. Знам дека не треба да ми бидат различни ручекот и вечерата ама ептен ми се погоди денов. Друг пат нема да ги мешам
Денес 10-ти ден. Скробен . Утрово банана, за ручек накај 12 часот ориз и пире со салата од зелка и вечерата пред малце, пак ориз со салата од краставици.
А колку ви е размакот меѓу оброци? Мене обично помеѓу доручек и ручек - 2 до 3 часа, а меѓу ручек и вечера 4-5 часа. Јадам по едно овошје сабајле, доцна станувам, и немам место, ниту волја за две парчиња, а ми се јаде многу брзо после тоа, нормално (кој рекол дека овошјето те држи сит и е ТОП, уста му се исушила, јас си знам тој проклетиот овошен ден вчера како пеколно помина). За кафето 3 во 1 Лукс, јас мислам тоа си има шеќер во него. Нели - кафе, млеко, шеќер. Од друга страна пак, добра замена е ако не можеш да се откажеш од кафето без млеко (јас го пијам само првиот ден, кога е дозволено млеко и сиренце). Другите денови пијам турско без шеќер. Мислам дека едно на ден не ти прави некоја голема штета. Патем, браво за голем дел од девојките. Преживувате на многу малку храна, јас си јадам, сега не претерувам, ама не јадам минимални, мали порции, полна чинија манџа јадам, еве кога беа макароните сигурно сум изела некои 200 грама... Што знам, можеби затоа и побавно слабеам. Ама подобро да јадам од тоа пропишаното, макар и лажица-две повеќе, отколку да си скратувам оброци, па после мозокот (и рачето) да ми забегуваат накај забранети продукти.
Јас да се пожалам. Како да сум во исповедалница . Денеска нели протеински и си испеков риба. Пробав само 3 пати, и оставив. Значи ни пола парче не изедов. Испечена и приготвена на истиот начин како и секогаш, ама денеска не можев да ја поднесам. Одвратна ми беше. Одвратна . Па земав си направив шопска од три големи домати и едно парче сиренце издробив. И сега за вечера исто шопска си направив, количински се' исто. Само без сол, дека сиренце ставив. Трендафилка, не си единствена де. И јас на протеински си јадам сиренце, па пак слабеам . И не можев да додржам а да не се измерам, и денеска се качив по 4 дена пак на вагата. Си стојам на 76 кила. Едит: Мене од појадокот до ручекот ми е некаде отприлика 5 часа, додека од ручекот до вечерата 4 часа.
Денеска ко што пишав овошен или ко што го вика Тренди витамински зошто јадев и зеленчук. Ручек:3 јаболчиња, јагодите и шопска салата без сиренце плус малку вива сок плус кирколина и плуседно мало јаболче(знаете колку се мали?колку едно тениско топче)и сега ја привршувам вечерата грицкам свежа нелупена краставица. И можда со кафето су досадна и су прашала повеќе пати, ама заборавам И сеа треба да си сварам кирколина чај и го завршувам и од утре почнувам со медобилот.
Луѓе, денес ми е јагленохидратен ден - мислам 18 по ред. А бре јас и не сум го сакала толку овој ден - многу сум гладна. Мене благото не ме заситува. појадок: 8 кајсии - мали; ручек: една чинија шпагети со кечап (гладна бев, па си каснав мало лепче ко кифле - нели тесто е дозволено ); вечера: едно парче торта (мало де) и еден ред чоколадо и еве уште сум гладна! Аууууу ми свират цревата! Како ли ќе го издржам утре овошниот ден? Ќе каснам уште нешто вечерва изгледа - многу сум гладна Вчера не пешачев. Денес не знам како ќе биде. Инаку: јас имам околу 4часа растојание помеѓу појадокот и ручекот и околу 5-6 часа помеѓу ручекот и вечерата, а некогаш и повеќе (зависи дали ќе вечерам пред пешачење или потоа). Сега се трудам вечерата да ми биде што порано (бидејќи на почетокот ме наоѓаше и 21ч дури да седнам да вечерам).
Денес скробен За појадок: 1банана Ручек/Вечера: салата со кромпири И да честитоо Тренадафилкаа за изгубениот килограм Иначе јас појадувам околу 10, ручам кај 14-15(некогаш го немам зошто кажав предходно немам време да го реализирам) ,а вечерам 18:30-19
А заборавив да пишам дека растојаните од поручек до ручек ми е или 2 или 3 саати, а од ручек до вечера 4 часа.
^Миднајт, и јас ич не го сакам јаглехдратниот ден. Ми ствара ненормално голем апетит, и желба за повеќе од дозволеното. Ама сепак некако се контролирам и не јадам толку многу количински, ама на јаглехидратен можам слободно да кажам дека највеќе јадам. Пример, кога си правев вегетаријанска пица, ми отвораше многу голем апетит, што дури два пати на овој ден ја имам прекршено диетата, и се пружив кон повеќе. И веќе никогаш повеќе не направив пица. Не би ризукувала. Па затоа си јадам обично ѓеврече едно или макарани/шпагети .
Мислиш на она чоколадо за готвење? Јас јадам по еден ред од него, а ако имам некоја физичка активност тој ден, јадам по ред ипол. Тоа би му дошло плус една коцка. Во случај да мислиш на друго чоколадо за време на јаглехидратен, покрај тоа за готвење, досега не сум јадела за време на диетава .
Јас појадувам во 9 часот, а ручам од 11-12, зависи кога како. Значи 2 до 3 часа ми е разликата. Вечерам некаде од 16 до 17 часот. Разликата е 4 до 5 часа. Само во протеинскиот ден не сум гладна до вечерата, другите денови едвај чекам да јадам. Инаку легнувам накај 1 и 30. Најчесто гладна . И јас јадам количински многу, ама во споредба со минатиот пат, сега јадам дупло помалку. Првиот пат кога ја држев диетата јадев и леб, место сирење, јадев павлака и кашкавал . Од месо јадев свинска кременадла и плескавици . Сега сум на стек и пилешки прсти. Јадев цело кујнско чоколадо и по три ѓеврека или еден ѓеврек и две празни лиснати. Единствено во овошниот ден не јадев зеленук, строго овошје. Не вежбав, само што одев на факултет, ама со такси. Не пиев вода, само зелен чај. И пак ослабев. Сега и вежбам и не јадам леб. И чекам да ослабнам пак. Не можам да се измерам како човек заради циклусот, а нетрпелива сум. Тогаш немав вага и поубаво ми беше, сега само на тоа мислам. На овој начин не помислувам кога ќе ми заврши диетата за да јадам се што ми е забрането. И кога ќе завршам барем нема да бидам како пуштена од затвор па да јадам што најдам, оти така правам. Вака ако треба побавно ќе слабеам, ама барем се ќе внесувам. Секоја чест на девојките што јадат по малку.