Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

УН Диета

Дискусија во 'Диети' започната од mKdevojce, 7 јануари 2010.

  1. Nutricionist

    Nutricionist Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    279
    Денес овошен ден,јадев пипон,праски,2 банани и сега ме фати криза...
    шо ќе праам гледам нема овошје имам 2 јаболки ама за доручек се...
    И фатив изедов една тегла цвекло(тоа е отприлика 3 цвекла здробени во текла заедно со оцет и вода)...
    Дали згрешив многу?? :(
    Утре ми е протеински ден,планирам да си купам 20 ќебапи(од оние малите) тоа ти испаѓа половина килограм месо,значи 300 грама за ручек,150 за вечера и секако 50 грама на кученцето ... :Р (секако печени) :D
     
  2. Princess-S

    Princess-S Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    3
    Леле веке почна да ме тера кон депресија оваа диета.. Кога ја држев лани ослабев околу 7кг. (од 60 на 53). Сега да не претерам, ама има скоро 4-5 месеци како ја држам и никакви резултати. Моменталната тежина ми е 65кг и никако да намалам. плус тоа и трчам по 20 мин. и 1 саат брзо одење на ден. Не знам што е работата.
    Ве молам за некој совет :sweat:
     
  3. Nutricionist

    Nutricionist Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    279
    4-5 месеци???
    Мој совет ти е поинтензивно да трчиш(ако си во можност да одиш по рид оти кога телото е во таква положба како буквата V бочно,највеќе се трошат масти)
    Друг совет ми е секое утро да пиеш јаболков оцет(Ги неутрализира мастите и ги прави веднаш штом телото започне да троши калории,да не троши од мускулите туку веднаш од мастите,што значи дека ако досега се трошело во однос 60:40 на масти и мускули,сега ќе биде 90 : 10 на масти спрема мускули),првата недела по една лажица во 250 мл вода веднаш штом станеш,а послем другата недела пред доручек и ручек па наредната пред доручек ручек и вечера па пауза правиш една недела и пак започнуваш,ама ако осетиш било какво пецкање во желудникот(првиот пат секако ќе осетиш,туку после 2-3 пати користење) веднаш да се напиеш јогурт и да престанеш да користиш ...
    очигледно и метаболизмот ти е заспорен,е сега најдобро ќе биде да фатиш да си купиш чај Alkaleks(тоа е природен лаксатив) и да пиеш 3 пати неделно пред легнување пример понедленик,четврток и сабота и за утрешниот ден да исфрлиш фецес...инаку не секоја вечер,поради тоа што со овој чај ако се користи интензивно с еисфрлаат електролити,витамини и минерали потребни за телото.
    Исто така пиј и зелен чај...практикувај го ова и врати некоја страна наназад каде сум пишувал и други совети кои баба ми ми ги има кажано и 5 килограми барем не ти бегаат...
    Ааа и секако,ако си јадела леб и супа досега,исфрли ги! ;)
     
  4. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Денеска скробен ден. (75)
    За доручек три праски мали.
    За ручек ќе правам салата од два компира варени, многу малце зејтинче, неколку коцкички кромид и бибер малце.И салата патлиџан(ама оваа ќе ја изедам 5/10 минути после компирите). За вечера 1 компир така поголем(пошто денеска имам две физички активности) и салата повторно. :)

    п,с Принцес, 4-5 месеци ја држиш диетава? :o
    Да не претера малце, организмот сметам дека ти е преоптоварен. Одмори малце.
     
  5. Princess-S

    Princess-S Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    3
    да да толку.. но ја имам прекинувано 2 недели во тие 5 месеци.
    Благодарам за советите Nutricionist :), инаку ни супа ни леб не сум јадела освен кога ми е јаглехидратен ден. а сега последниве 2 недели ја држам и турбо УН. Сепак ке пробам да ги применам советиве што ми ги кажа, па ако има некакво подобрување ке ве известам ;)
     
  6. vitamince

    vitamince Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски

    завршена на 10 јуни 66 кг :tmi:
     
    На 1mama, Dinnna, JuLleE и 8 други им се допаѓа ова.
  7. Princess-S

    Princess-S Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    3
    Бравоо за упорноста :clap:.. Камо и јас да ги постигнев посакуваните резултати :?:
     
    На mamma му/ѝ се допаѓа ова.
  8. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.702
    Допаѓања:
    104.822
    Пол:
    Женски
    Нутриционист а зошто толку многу лаксативи? Знаеш дека лаксативот предизвикува зависност, особено Алкалаксот, тоа чинам и на самиот чај го пишува. Исто така предизвикува и болест наречена Колон Иритабиле, или народски Нервозни црева. Еве јас ќе ти препорачам нешто што е сосем природно, земи едно пакетче суви смокви, знам дека звучи калорично но не е до толку, купи од билна аптека билка наречена Сена, истата ја има и во алкалаксот верувај, сомели ги смоквите или ситно исецкај ги ама најситно што можеш и размешај ги со искршената сена, тоа се ливчиња пробај да ги исситниш малку за да не џвакаш трева сува, од смесата направи си мали колачиња, колку еден залак, овие колачиња јади ги наутро со твојот магичен јаболков оцет и верувај ми нема да имаш повеќе мака, јас повеќе не ја користам ама како помала доста често го користев, ми го кажа тетка ми која има голема мака со цревата, а јас ете сум се метнала на неа. Јас овие колачиња си ги виткав по едно во стреч фолија и си ги јадев по едно насабајле исто така после јаболковиот оцет. Сите велат дека сувите смокви се калорични, воопшто сувото овошје, но ти нема да изедеш пола кило смокви, ќе изедеш преку сила една смоква во едно колаче. Навистина мислам дека лаксативите не се секогаш правилен избор, секако тоа е твој избор, јас само се обидувам да ти помогнам поучена од многу случаи кои завршиле непријатно од неговото височество Алкалаксот. :D
     
  9. Nutricionist

    Nutricionist Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    279
    па токму затоа реков 3 пати неделно само да користи,јас користам 2 пати од тој чај,додека имав пиев од кирколина и сега си порачав еден чај (нелегален е во Македонија) од бугарија од некој доктор на природна база,мајка ми ќе го испита у лабораторија(оти е технолог) а да беше баба ми жива ќе ме колнеше поради овие чајеви...
    Инаку да има зависност од лаксативите па поради тоа да не се многу користат...
    најдобро си е на природна база ...
     
  10. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.702
    Допаѓања:
    104.822
    Пол:
    Женски
    Сепак мислам дека и три пати неделно е многу, што кога ќе престанеш да го пиеш, работата е да ги натераш цревата да работат а не да ги стимулираш. Јас со сената успеав и речиси 3 години не користев ништо друго, но по факултетот повторно си направив проблем и ете сега го решив на друг начин, но сепак повторно без создавање на зависност. Нејсе, твој избор, јас сум само уште еден лаик на форум кој си ги кажува маките де ;) и се обидува да помогне ако може, обиди се со сената, можеби и ќе има промени. ;)
     
  11. Chelsea

    Chelsea Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    29
    Денеска ми е 4ти ден - овошен. Само што се мерев и вагата покажува -3. :o
    Не дека не се радувам, но ми е страв да не ми се вратат бргу килограмите. :x
    А и не ја држам толку строго. Во протеинскиот(плескавица), во јаглехидратниот(макарони, без ништо) и плус изедов едно парче леб за двата дена, а вчера, во јаглехидратниот изедов и 3 топки сладолед. Во скробниот, јадев грав за ручек, исто и за вечера, само пола чинија. Инаку за овошје и зеленчук, јадам редовно, исто така пијам многу вода и физички сум активна.
    Просто зачудена сум затоа што обично многу тешко симнувам килажа, а лесно покачувам :!:
    Мислење? :)
     
    На midnight.flower му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Breezy

    Breezy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    476
    Допаѓања:
    766
    Мислење? Дека си проклето среќна! :D
     
  13. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    И дека ти завидувам! Камо за три дена да ослабев три кила :D
    Тоа се брзите резултати од диетата и понатака може ич да не ослабиш па после пак нагло одеднаш неколку килограми, се зависи од организмот бе, затоа немој да очекуваш ни чуда за да не се разочараш.
     
  14. Nutricionist

    Nutricionist Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    279
    Денес доручек 3 праски,ручек 10 ќебапчиња(малечки) со шопска салата(без сиирење) за вечера 5 ќебапчиња со шопска салата :D
     
  15. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Луѓе да ви кажам дека минатите денови направив киксови во диетата. На овошниот ден издржав цел ден без ништо и вечерта јадев сладолед и грицки рибички. Не знам што ми бидна, ПМС :tmi:. Еве и вчера на протеински си ручав се како што треба ама не ми се јадеше многу јадење туку ми се јадеше благо и пак си јадев чоколаден сладолед.

    Значи не знам што ми е, не сум благар ама ова ПМС ме уништи. Само благо и грицки ми тражи организмот. Аме не ја прекинувам диетата, и покрај овие киксови во овошниот и протеинскиот ден. Секако мислам дека ми фалат уште некои 5-6 кила за да си дојдам на нормалната тежина па ќе си продолжам.

    Денес ми е скробен ден и за ручек јадев една мала чинија компир салата. Сега за вечера во случај да ми се јаде ќе јадам половина од ручекот и така. Инаку јас појадокот речиси секогаш го пропуштам. Некако кога станам од спиење не ми се јаде воопшто и ми се гади од било што. Колку е тоа лошо?
     
  16. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Лошо е да не ти се јаде на сабајле. На утро организмот ни е исчистен и празен па затоа препорачливо е да поручуваме нешто веднаш после станувањето или час после станување за да му ги пружиме неопходните состојки на организмот, а ние тоа го правиме преку внесување на овошје внеусуваме прости јагленохидрати мислам дека беа и тоа овозможува работа на желудникот и ситост до ручекот. :)
     
    На BlackSwan5 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Да, да знам дека е добро да се појадува наутро, му дава енергија на организамот. Ама секогаш ми е така на мене, јас насабајле не сакам ни да слушнам за храна. Повеќето ми се чудат за ова. Ама ќе гледам да апнам барем малку овошје да не биде без ништо.
     
  18. Lady.D

    Lady.D Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    9
    Стварно штета шо денеска за доручек морав да изедам 4 моркови ..однемало дома овошје ама ич :( незнам дали е голема грешка или не..досега 13 дена се придржував кон редот, физички сум активна повеќе од кога било, а не осеќам баш промени, нејадам ни супа а и леб многу малку (2,3 залка) за време на протеинскиот и скробниот ден..незнам шо е работата..:D позз диеталци!
     
  19. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Не е голема штета што место овошје си јадела моркови, уживај, друго да не е . ;)
     
    На Lady.D му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ElenaRbd

    ElenaRbd Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    162
    Здраво на сите! :) Сакав да прашам нешто.. мене утре ми следува јаглехидратен ден, па сакв да прашам дали може за ручек, со јуфки да јадам и сирење? Ако не може, тогаш со што може? Не сакам само јуфики да јадам..не се вкусни така :)) Ви благодарам однапред :hai: