Здраво ЕленаРбд , со среќа со диетава и успешно симнување на килцата. Можеш да ги јадеш со кечап, со сирење не смееш, сирење само во протеински смее. Со кечап или со некој сос од домати, друго не ми текнува, а да можеш и со печурки зошто тие се неутрални и можеш со сите денови да ги комбинираш во јадењето, освен во овошен.
Денеска протеински и дојдов да се исповедам Поручек:медобил не поручував овошје зошто медобилот заменува оброк(утре нема да ручам) Ручек:пред ручекот испив пола чаша млеко(сестра ми правеше млеко со плазма и ај да не стои така млекото)+2 варени јајца и грицкав една нелупена свежа краставица во меѓувреме испив повеќе од 8 чаши вода. Вечера: едно јајце и не знам што ме спотера изедов место сирење зденка, па како таа да ми беше недоволен кикс, си изедов уште една .И уште еден кикс што не смеев да го направам(ај некој ќе си рече овошје, ама не смеев)изедов после тоа едно мало јаболко и како да не ми беше доволно и една праска. Изгледа дека ненавикната да не јадам овошје и ми побара организмот и му дадов иако не смеев. И така, покрај киксовите продолжувам понатака утре скробен изгледа компири ќе варам, ама за вечера за ручек ништо. Во протеински смееше да се прават житарки со јогурт?
Ете ме и мене, конечно заврши и овој ден Јагленохидрантен Појадок: неколку цреши Ручек:Некое пециво, мајка ми ми го имаше купено Вечера:сладолет +еден ред чоколада за кување (се осеќам прејаденоо ) И да Лукс мислам дека може да јадеш во протеински житарици со јогурт
Луѓе ми се јаде благо, благо, благо, благоооо . Море ни јадење ни ништо не ми треба туку само благо. Не знам, јас што се декларирам како вечен неблагар што ми бидна бре . Само благото ми е во главата, ај ќе издржам денес.
Здраво упорни и издржливи диеталци! Денес ми е 19 ден - овошен појадок: 8-9 кајсии мали; ручек: 3 јаболка (средни) вечера: овошна салата прекрасна беше (4 кајсии, 2 маааали праски, 1 мала банана, 1 мала јаболка, 1 портокал) - фантазија. И сита сум (за чудо: ем овошен ден ем 2 ден од м.циклус). Но претчувствувам дека ќе си каснам нешто зеленчуково дур да си легнам. Последниве три - четири дена не пешачам, воопшто не сум активна (на работа -дома), освен тоа еве два дена немам енергија (и таа што ја имам ми е негативна ). Можеби од циклусот ми е, а можеби ми паднало железото (вообичаено ми е на долната граница и хемоглобинот и серумското железо). Здравје, ќе помине. Туку утре сум на свадба, и тоа во друг град. Појадокот и ручекот - ќе си ги јадам дома, а вечерата таму- на свадбата (протеински ден е утре). Но проблемот ми е што ќе спиеме таму, па наредниот ден не знам како ќе биде. Не ме познаваат толку луѓето (роднини од страната на мм) за да им викам ова сакам, она не јадам (не сакам да стекнат погрешно мислење за мене, а воедно не сакам да трубам дека сум на диета). Како ли ќе биде?
Не, само за доручек и нормално цел ден - во овошниот ден. Меѓу оброци никако, ниту пак навечер. Точно, ама првиот ден е дозволено парче леб. Е сега, зашто во протеинскиот може да се јаде и сирење и млеко, јас мислам една чаша житарки со млеко нема да штети (ова место парче леб, млекото и онака е дозволено). Лично јас не би, немам некоја потреба за житарици, ама по некоја логика на нештата, би требало да смее една шолја.
Јас никогаш не сум јадела житарици во оваа диета, никаде не би ги вметнувала. Леб е едно, ама житарици е друго, според мене. Инаку денес јагленохидратен . Наутро банана. Ручекот денес покасно, накај 14 часот, еден голем ѓеверк. Вечерата накај 19 часот 3 ипол коцки од колач, онака средни, и еден ред кујнско чоколадо. Сега ќе пијам шумача од магнезиум. И така. Утре одам за Ск, па викендот слабо ќе ве дружам. Ќе имам маки со диетата, на гости, плус утре овошен ден, а јас со милион обврски. Биче занимливо. На рапорт кога ќе можам .
здраво диеталци 26 ти ден со диетава , го издржав јаглехидратниот ден , инаку нај тежок ден ми е , секогаш губам контрола ама денес некако успеав се воздржав од прејадување утре овошен ден и со душа го чекам , нај убав ден ми е . инаку уште еден кг во минус се на се 9 се направија , некако поспоро ми оди сега , за 6 дена само 1 кг ослабнав а пред тоа некако побрзо ми одеше се надевам нема да стагнирам многу совет некој во врска со ова ? во секој случај задоволна сум , добро е ве поздравувам
Многу е нормално да стагнираш со тежината после некое време, зошто во тие 9 килограми што си ги изгубила еден дел се течностите.
Добро утро . Денеска мене ми е јаглехидратен ден(76) - уште 14 дена до крајот. За доручек 2 ипол парчиња лубеница.За ручек едно ѓеврече, а за вечера еден ред чоколадо за готвење и една витанова. Ѓевречето цела ноќ го сонувам и мислам .
Добро утрооо Денес седми ден - јаглехидратен. За доручек 2 мали праски и 1 зелено јаболко. Ручекот од вчера го мислам - ќе јадам вегетаријанска пица, и за вечера 1 ред чоколадо за готвење. Инаку планирав да не се мерам барем 5 циклуси - 20 дена, ама не издржав. Сабале оп на вагата, и не можев да се изнарадувам - -3кг за 6 дена. Ваљда дека имам 16 кг вишок па затоа вака нагло симнав. Како и да е, одиме понатаму. Убав ден на сите
А да прашам можда малку приглупичко прашање ама сакам одговор. Одењето редовно(секој ден) по голема нужда е показател на забрзан метаболизам? Спојлер (не знаев кај да го прашам на друго место прашањево)
Да драга, тоа е еден од показателите, односно твоите црева не се мрзливи, ја варт храната и ја исфрлаат.
Денес скробен ден доручек: 2 праски... ручек: Малце се прејадов...ај ќе го опишам целиот рецепт,незнам како али изгледа и јас ќе бидам гурман како татко ми(главен шеф во ресторан) Прво барав ориз ама да биде сладок,но ми рекоа дека не е можно без масло па вака направив: 3 лажици зејтин во една тава стаив да се испржи кромидот,па послем додадов грашок и додадов 1 чаша ориз.Малце промешав ама почна да загорува оти нема доволно масло и тргнав...послем тоа во плехче ја стаив смесата и сипав 3 чаши вода и секако ставив вегета,кари и црвен пипер и го шукнав у рерна да се испече.Откако се испече земав скоро цело го изедов плехчето(мало плехче) онака полна чинија си наполнив и скоро една тегла цвекло(си оставив за вечера малце) и некако се прејадов ... Ама преслатко беше мммм....да не згрешив многу?? добро де 3 лажици што се ...нема ни 10 мл... мајка ми става по пола шише -.- вас како ви оди?
Одлично Нутриционист, фала на прашање патем твоите патешествија и одисеи со храната ми се најинтересни, посебно кога објаснуваше за роденденот и како си изглумил дека на девојка ти и' се лоши, само за да киднеш од храната. Не ти е тоа нешто многу зејтин, леле јас не пазам на тоа. Мислам не дека истурам без мера во салатата, ама си ставам, лажица-две се фаќа сиурно, па и 3 нека се, зависи од количината. А кога готвиме па ич не ми е гајле, ќе мерам сега колку зејтин ставам додека правиме полнети тиквички, мхм, нема грешка. Денес, 23ти ден, јадевме цреши по една мала чинија за доручек. Макарони за ручек. Минатиот пат имавме пакетче од 500 гр. и скоро цело го изедовме, овојпат имавме од 350 гр. јадевме и двете и ни остана уште малку. Бајаги ја смаливме дозата, горди сме. За вечера имаме сладолед од Кам, оние по 10 во пакување на стапче, потсетуваат многу на Снежец од времето, само помали, по 1 или 2 ќе изедеме, и ред црно чоколадо. И толку, додека да трепнеш, дошол овошниот ден на порти.
denes mi e prv den, jadev jogurt so zitarici, pa edna zitna plocka od vitalia (znam deka netreba ama nemozev da izzzdrzam) sega jadev pola krastavica..pa do kraj na denot ke vidime....)