За чудо ме заситува, вкус има на мед и ментол нешто помешано, не е млеко, ама се пие И дека баш ме испофали Лудо ја од прееска до сега си изедов 3 праски кој ѓаол ме натера.
И така си помина и овошниов ден. Од него произлегува изедено гоооолемо количество на лубеница, се надевам само дека не претерав. Изедов неколку кајсии мали и тоа ми беше се за денеска. А, да и едно какао испив, чисто ради крвна слика. Сега уште малку, поточно во 6 саат, ќе одам да извртам едно 45-50 минути на орбитрекон. Утре протеински ден. За ручек ќе јадам 2 соја шницли со салата (патлиџан, краставичка, малце кромид, сол и зејтин). За вечера една соја шницла и салата повторно. И морам да кажам дека денеска воопшто не се осетив како прегазена од шлепер. Ниту еднаш кога станував не имав вртоглавица. Фала и на нејзиното височество Лубеницата, која ми помагаше да опстојам на овој така тмурен, топол и напорен ден!
Ништо од тоа. Лесно го поминав овој ден, ми излезе нешто во 20 часот, сега се спремам за излегување, и не мислам на јадење, толку. Еден портокал, една банана и неколку мали минијатурни праски. А да, испив и едно кафе со малку млеко, немаше ни 4 лажици што се вика. Извртев 35 минути на орбитрек, вечер ќе пијам или 100% сок или кисела вода или кока кола лајт, што ќе се понуди. Уште 6 дена ќе славиме месечнина.
Леле колку се замарате дали сте јаделе една праска повеќе, или лубеница. Сериозно ? Лубеница и праска е овошје, а вие имате овошен ден. Значи може да јадете повеќе пати во денот, ама со разлика од 2 часа. Немојте бре толку да ја тенчите работата за една праска. Баш убаво си пиша Тренди, диетава е таква да ни помогне да се навикнеме на здрав режим, оти по завршувањето на диетата сигурно нема да јадете една праска. Битно е да си ги променете навиките. Тренди ако веќе толку неможеш да пиеш вода, пиј цеден сок, го има низ кафиќите или кока кола лајт, само немој 100% сок, оти не е 100%. Покалоричен е, а и во самата диета се препорачуваат газираните сокови. Јас денес, протеински . Утрово, не е баш утро, накај 14 и 30 јадев 2 мали банани. Сега ручав 7 ќебапчиња, малце сиренце и тенко парче кашкавал, и шопска. За вечера најверојатно шопска само оти касно ручав, иако мислам дека треба и протеини да внесам, ама на вечера ќе одам па може мало парче стек.
Ааа јас ич негледам разлика од 2 часа во овошниот ден,ама ич си јадам кога ќе ми текне,пример сабаале јадев 2 банани,па јадев 2 праски,па јадев јагодки диви,па јадев јаболко,па јадев сливи(5 сливички) и до вечера уште сливи ќе јадам Утре протеински ден,уфф како ми се падна,приквечер на скара ме канат и тоа на езерото горе Беровското,јас си нарачав стек и за ручек и за вечера
Нормално дека може. Ако те мрзи да се гњавиш и лигавиш со јадење, слободно напикај у соковник и испиј си го сокот. Јас често знам да си направам на овошен сок од 2 цвекла и 4-5 моркова. Вкусот не е нај нај, ама добар е за крвта пред се', тоа ми е најважно. Исто можеш и од 1 ипол банана и неколку јагоди - му доаѓа како шејк .
Feminki Nova sum na forumov i sakam da vi se pridruzam na temava za un dietata.od Utre pocnuvam so dietava i se nadevam na dobri rezultati iako ja imam drzeno no mn poodamna dosta e efikasna !!!!
Велк`м ! Кога ја држеше колку ослабе?? Инаку денес протеински ден,10 ти ден од турбо Ун,доручек сливи,ручек планирам стек и зелка салата а вечера исто стек и зелка салата ... се ближи тој фамозен 13 ти ден воден,нема да го држам уше сеа да си кажам,ќе колабирам негде овде недај боже на таа жештина само вода,боље ќе држам 2 овошни а на 28 одам на одмор во Будва,па до тогаш мора малце да скинам... ајде уште 2 дена и се мерам
Велк`м ! Кога ја држеше колку ослабе?? Инаку денес протеински ден,10 ти ден од турбо Ун,доручек сливи,ручек планирам стек и зелка салата а вечера исто стек и зелка салата ... се ближи тој фамозен 13 ти ден воден,нема да го држам уше сеа да си кажам,ќе колабирам негде овде недај боже на таа жештина само вода,боље ќе држам 2 овошни а на 28 одам на одмор во Будва,па до тогаш мора малце да скинам... ајде уште 2 дена и се мерам
Одсега сликовито ќе ви покажува што и како су јадела или што ќе јада. Денеска овошен ден поручек:медобил(веќе испиен) и во моментов пијам нес 3 во 1 без шеќер (имам уште за две пиења и повеќе не купувам) Ручек:праски, сливи и црешни имам, имам и портокал ама не ми се прави кеифот околу него. Вечера:пак медобил.
Ха, здраво девојки - диеталки и момче Вчера помина овошниот ден со многу мала количина овошје и откако сме на УН диетата ова беше единствениот ден овошен во кој не изедов воопшто салата. Затоа пак, на излегување испив едно лашко, трт мрт, немаа кока кола лајт, ајт си викам, испиј си едно, доста ти е, и накриви си капа, во цел месец, само еднаш претходно во диетата испи малку бело вино, и еве ти уште едно пиво и готово. 2 пати во месец, епа не е којзнае што. Денес, 25ти ден, портокал и кафе за појадок (кафето со млекце, ммм, без грижа на совест во денешниот ден), а ќе ручам пилешки стек со шопска (да, рендам некои 30 грама сирење, злобна сум ) и истото за вечера, со половина количина стек. А стекот ми е мерачки направен, со зачини и сенф, на тефлонско тавче потпржен со многу малку масло, малку павлака и лукче и магдонос на крај. Оооооо, оргазмишта! Јас не се брзам никаде, досега симнав 3, очекувам до крајот на месецот уште минус 1 кг, ама и да не се случи, продолжувам понатаму. Многу брзо и лесно ми помина првиот месец, ќе ја држам сите 90 денови, јасно ми е дека оди бавно (но сигурно) затоа што ова ми се последните кг за симнување, а тие секогаш се симнуваат најтешко и најбавно. Во меѓувреме, комбинациите сакам да ми се вкусни, за да ја истуркам диетата, оти ако јадам безлична, варена, несолена храна и треви, нема да издржам. Треба да си го нахранам и окото, како и желудникот. Бидете поздравени и споделувајте интересни варијации на храната која ја спремате за оброците.
И на мене како и на Тренди ми се последните килограми за симнување и јас секогаш ја зезнувам работата, бидејќи држам лоши диети. Место Аткинс требаше УН да ја започнам, до сега ќе ја завршев. Ама пуста женска глава . Синоќа бев на вечера и јадев пилешки апки и испив 1 литро и 250 грама вода . И цела вечер, сонувам како ми се мочка, добро е што не се измочкав во гаќи. Еднаш и тоа ми се случи . Размислував за пилешките апки да ги заменам со стек, ама стекот во ресторани и кафанки е во саламура, па исто ти е дали ќе јадеш апки пржени или од стекот полн со нитарти и разни чуда. Барем повкусно ми е. Денес појадував две мали праски и гладна сум, а само што ги изедов. Банана му е мајката . За ручек и вечера гравче и салата. Јас се осеќам смалена во обем, ќе земам со метро ќе се мерам. Јас кажав еднаш, од оваа диета смалив многу во обем. Очекувањата ми е големи, ама реалноста е сосема друга. А телото се менува, па и со 58-60 кг ќе изгледам добро. Сега вежбам, па за некој месец очекувам да се затегнам и целулитот да го стабилизирам. Полека, ама сигурно. Лукс не знам дали прочита на почетокот од диетата дека е претежно наменета за луѓе со поголем вишок килограми. Пет килограми се симнуваат тешко. Исто и десет, ако ти се последни, пред некоја си идеална тежина. Јас се мачам 2 години, а може и повеќе да ги симнам. Ти се разочаруваш од 2 недели. И притоа не јадеш ништо. Биди трпелива, не го измачувај организмот, јади и вежбај. Резултати ќе има секако. Иако вистината е дека немаш вишок и потребно ти е само да се зацврстиш.
Колку што прочитав во рецептите од Ун диета,воден ден се држи на секој 29 ден , така?А овошен секој 4?