Се мислам за воден ден искрено, јас сум без обврски и можам да го издржам реално по дома, арно ама женичката не сака, многу и било хард кор да држи воден ден, и ќе се разминеме со деновите, а финтата е исто да јадеме и да си готвиме. Што препорачувате, да држам воден ден, а после директно да скокнам во вториот заедно со неа, скробниот, оти мојот воден нејзе и е јагленохидратен? Или да не се будалам, да не држам воопшто, да и продолжиме со шемата како што си оди по ред...?
Те молам,не играј си играчки со здравјето ...ТЕ МОЛАМ! Или фрли го медобилот или не држи ја диетата ...
Не. Јас не сум држела досега, а еве на крајот од диетава сум и не ни планирам да држам. Имам доволно физичка активност, оброците не ми се обемни, свесна сум, и еден ден само на вода да бидам. Не фала . Трендафилка, не знам дали имаш прочитано на некои од страниците наназад, имав постирано едни рецепти за диетава. Еве пак ќе ги постирам, со цел да се зголеми разновидноста на храната и да се избегне монотоноста. -Варено бело месо исецкано на коцки+свежа краставица на ситни коцки+диетален јогурт- излегува како салата, и е многу вкусно (можете во протеински ден); -изрендано јаболко со цимет+ малку суво грозје( за овошен ден); -соја шницли сварени, па запечени на фолија, во комбинација со домат и павлака нискокалорична(протеински ден); -варен компир со вегета и кечап,или може и исецкан на помали коцкички и на фолија да се пече без масло(скробен ден); -ориз со зеленчук и печурки запечен(скробен ден) ; -батачиња, кокошка, риба, се печено, без масло, а многу протеини; - сарми само со ориз (скробен ден), само со месо( протеински). Салати: - зелка+морков+цвекло+ лимон - домат+краставица+сирење рендадно+оригано+маслинка( одлична замена за вечера во протеински) - зелена салата+ варена пченка + кубети (одлична замена за скробен) - свежа краставица изрендана со диетален јогурт+ сол/бибер/лукче во прав за таратор( протеински) - цвекло Доколку некој има уште интересни и разнолики рецепти, слободно нека ги стави во темава. Инаку Јуле, и јас од диетава имам стварно премногу ослабено во обем. Струг, ноџиња, уште рацете ми прават малце проблем, ама добро, ќе биде и тоа. А, Лукс, и јас мислам дека најдобро би било кога би ја држела само диетава или медобилот конзумирај го со нормална исхрана. Вака у комбинација, не. Прво, диетата не е тоа што би требало да биде. Второ си играш со здравјето... Јас кај 9ипол доручкував малце лубеница, кај 1 саатот ручав и кај 5 ќе вечерам. Мене деновиве ми изминуваат многу брзо. Циклусите си доаѓаат и си одат, а мене ме фаќа страв што ќе правам после диетава. Останува уште многу малку до крајот... 12 дена..
Јас еднаш држев мислам, не се сеќавам дали и вториот пат го држев. Некаде докај 18 часот се издржува. Ама потоа морав да лежам, од кревет неможев да станам. Немав сила за ништо. Пиев вода со вкус, залажува малце, ама не бре, едвај се издржува. Што се прочистив скроз, да, ама мачно е, многу. Сега не би држела, во никој случај. Макар да треба и цел ден да лежам. Така да не препорачувам! Трендафилке ти воопшто не јадеш многу, јас не знам зошто така мислеш. Ја имаш читано диетата, во протеински ден се јаде 250 грама месо, било какво, печено или варено. Таман сте со количините. Исто и Анабел-а. Ти јадеш и помалку отколку што треба. Значи во јаглехидратен ден треба да изедеш 2 парчиња торта или 3 топки сладолед, а не две витанови. Придржувајте до тоа што е напишано. Ем сити ќе сте ем задоволни, а резултатите се исти.
Добар ден девојки!!! Ве следам често на форумов во врска со диетава и морав да се пофалам дека има 18 дена откако ја држам и никако не сум ја прекршила (освен на два викенди еднаш чашка бело винце(што е дозволено )). Малце сум скептична, бидејки во вторник ми е 20 ден односно веќе три недели, а мене вагата ми покажува само -2 I don't like that!!!
Луѓе малку ме уплашивте со ова сега, вистина утре ќе ми биде тешко само доручекот да го јадам и тоа овошје, а после за ручек и за вечера медобил друго ништо, ама ќе издржам, ќе ми летне денот, не сакам да ја прекинувам диетава. Денеска бааѓи овошје изедов, плус тоа и краставица и две парчиња домат. Плус испив две чаши сок вива+едно купено малечко. Сега уште литар вода да испијам и за вечера ме чека медобилот. Ама не планирам да ја прекинувам диетава и по цена да цркнам од глад(сега за сега да не подречам не ме фатил глад или криза за јадење) терам вака, ама и соковите ме држат сита иако реков дека нема да ги пијам, ќе ги пијам само во овошен ден, за утре се думам дали да пијам сок(зошто не знам дали оди во комбинација со медобил)
Здраво сакаше да прашам после колко дна се приметуев резултати? Довољно ли су 30 дна т.е едн месец да се ослабнев 4,5 кила ? А да и дали некој гу држи диету веќ 30 дна и има ли приметни резулати ? Иначе мене ми е втор дн почна гу диету да солабну малко за одмор.. Извините што пишују на кумановски сигурно ке ме разберете..
Здраво, потрудисе да пишуваш литературно за да можат сите да те разберат, јас те разбрав и ќе ти одговорам. Ја држам, ама не сум стасана до 30 дена, ќе биде и тоа. Ја имам држено и порано и имаше резултати. За жени нормално е слабеење од 4-5 кг месечно, се друго значи слабеење повеќе кила за еден месец не било здраво иако можно е и повеќе. Резултати ќе имаш и ти, не се секирај, кај мене не гледа уште зошто последните кг ми се за симнување и многу тешко ми оди. И ако е точно она што ти го пишав(а 90%сум сигурна дека е точно) доволни ми се 5 кг да ги имам ослабено на 30тиот ден. Ти посакувам успешно симнување на килцата. Добредојде во клубот.
Па не е многу тешко да се разбере кумановскиот јазик но ајде Ќе продолжам со диетата и се надевам на очекуваните резултати.Инаку благодарам
Лукс се мислеш дали да јадеш банана, а пиеш купечки сокови кои се полни со шеќери и не треба да се консумираат во диетата. Немојте вива и остали сокови, не се 100%. Подобро чаша газиран сок отколку нив. Барем во диетата се препорачуваат.
Минималното слабеење за 1 месец со диетата се 3 кг, а максималниот број... зависи од многу фактори, пред се бројот на кг кои треба да се симнат, почетната основа со која стартувате, метаболизмот, физичката активност... кај секого е различно. Денес имав супер ден и одлични оброци. Овој ми е најомилен и најлесен за држење, дефинитивно, така е направен да те врати во живот после овошниот. За ручек стек приготвен на мој начин. 200 гр пилешки стек се сече на мали коцки, се зачинува по желба, со сол, бибер и сенф. Се пржи на минимална количина масло во тавче. После некое време се додава половина павлака (јас ставив половина од битолската павлака со 12% ниска масленост). Се крчка уште некои 2-3 минути. На крајот се исклучува и се додава свежо сецкан магдонос и лукче. Вкусот е предобар. Ова не би го заменила за ништо на светот, и ви го препорачувам рецептов, наместо да се давите во варено и безвкусно месо. Павлаката е 180 гр. со ниска масленост, а во 100 гр. имате 134 калории. Значи во целото му доаѓа некаде околу 240 калории. Пола го употребив за ручек, а со другата половина си направив таратур за вечера, со една голема краставица. И го дојадов остатокот од месото што го имав зготвено. И така го испратив 25тиот ден од диетата. Во скробниот ден кога јадеме ориз, го готвиме со свежи печурки. Истиот начин на приготвување како и тавче ориз, само се додаваат печурки внатре. На Клиника е многу популарно јадењево за пациенти, го викаат "болничка манџа."
штом немаш намера да ја прекинеш диетата,остај го медобилот, ке го продолжиш кога ќе ја завршиш диетата. Девојко, не си играј со здравјето!
http://www.dijeta.net/phpBB/viewforum.p ... 08b3d78d2d Eве ви еден форум, си имаат тука дневници, си пишуваат што јаделе бла бла, 90% од форумов е на UN диета, има и рецепти и свашта
Аххх кикснав денес -.- Морав овде у Берово да јадам сладолед -.-...со овие овде шо се дружам излегов на кафе сите порачаа сладолед и јас нема накај велам -Вода! Таа келнерката ме гледа зачуденоо... И сите ме погледнуваат и за да се извлечам велам ...А со вода ли го правите сладоледот?? - Не,со млеко е.. Епа ај донеси од ванила-смоква -.- И ми донесе една гоооооооооооооолема топка,се ерлев ерлев да не ја изедаm и шлаг имаше ама душа не ми даваше да ја оставам а протеински ден ми е -.- Ахх...срамота -.-
Nutricionost, а што воопшто чувствуваш потреба да се извлекуваш пред другите? Криеш дека си на диета, они не знаат? Моите сите се известени. Знаат дека најмногу мразам да ме поткануваат - ајде бе земи, малку е, де бе па ти од ова ли ќе се здебелиш... јас ако мислам дека треба и ако сакам ќе земам, ако не - никој друг не смее да ми се меша во сметките. Мислам ок е, биднало сега, грешки се прават, ама блиските треба да се поддршка и да имаат разбирање, а не постојана опасност за правење утки во диетата... ако така ти прават, т.е. не те разбираат, не се добри пријатели. Ние кога пиеме кафе, другарките намерно по дома не изнесуваат никакви грицки или ресани или сокови... пиеме само кафе и вода, мислам имаат разбирање за мене...
Абе разбирам,ама кај нас е друго,не е машки ако како што велат беровци "Не р`гнеш едно пиво" а овие овде незнаат оти сум на диета нели срамота е да кажам овде е друг менталитетот само се пије и се јаде ... САамо се надевам дека нема мн да закочи ова шо прекршив со таа топка сладолед,утре ми е јаглехидратен ден,утре таман ќе ги дружам со сладолед,сега не требаше -.-
Абе децо, децо . Нутриционист, редно е ти да направиш отстапка од тој глупав менталитет што викаш, дека било срамота да кажеш дека си на диета. Те сфаќам да, али да се вадиш и оправдуваш пред некого заради тоа што сакаш да си ги ставиш килограмите во ред и да водиш поздрав начин на живот, мислам не ја сфаќам поентата. Јок, јок. Треба да бидеш покатегоричен со одговорите и ставовите. И јас имам кажано скоро на сите што се во мое опкружење дека сум на диета со намера да смалам килажа и сите до еден имаат разбирање кон мене. Инаку јас утре скробен ден. Манџичка со компири за ручек - 1 чинија. (морков, магдонос, кромид, ловоров лист, вегета..) И многу салата. Јас луѓе се давам во салати за ручек и вечера. По 3 гоооолеми домати правам со пола или цела краставичка. За вечера исто манџата само пола чинија и повторно мнооогу салата. И така.. Досега имам симнато вкупно 19 кила. До крајот се надевам дека уште барем 2 кила ќе симнам.
Овошниот ден помина супер, само на цреши и два портокали бев цел ден а притоа немав спиено точно 24 часа, така да 24 часа само на овошје може да замислите. Денес ми е протеински и едвај го чекав ручекот но изедов само два стека, третиот го оставив. Мислев дека после толку гладување се ќе изедам во чинијата но не. Секако тоа е добар знак, ми помина оној луд апетит што го имам кога сум во ПМС. Исто за вечера само шопска салата. И јас многу јадам салати, немав порано толку навика но сега ми се ептен сладки. За утрешниот скробен ден планирам да јадам ориз со печурки, без леб секако. Божее, кога ќе се навратам и ќе се сетам од кога немам пробано леб ми иде сама на себе да си честитам. Значи толку бев зависна од тој леб и многу ми е драго што го исфрлив од исхраната.