A што си претерала, ова е првиот - протеински ден? Салата со сирење, лепче и манџа со зелка и мелено месо. Тоа ти беше оброкот, плус кажуваш дека си сркнала 2-3 лажици? Не сфаќам. И јас во овошен ден не гледам колку време поминува од едно до друго јадење овошје. Некогаш може да јадам на саат време, а некогаш и 3 часа да издржам меѓу овошја. Во другиве денови гледам да правам пауза од 3 часа меѓу оброци. И убаво ме потсети Анабел-а, утре и ние може да земеме некоја тортица за вечера. Евентуално колачиња некакви. А колку кафе пиете во текот на денот? Јас најмногу до две, обично турско без шеќер. Во првиот ден пијам инстант во гранули со малку млеко и 2 натрен.
Ајде пак РЕПЛИКА! (како во парламент ) Пуканките се прават од житно растение кое е полно со скроб. Еве малку инфо: http://doktori.mk/element/view/4e8cb398 ... -zelencuk- http://intelekt.mk/dali-znaes/267-pukanki-pukaat итн. Јас како што кажав не би јадела пуканки за време на диетава, но ете ако некој баш има мерак - треба да е во скробен ден, и тоа без масло, со многу малку сол - што значи: блуткави. Е сега ако ви се допаѓаат блуткави пуканки, повелете јадете но во скробен ден. Овој пост не претставува навреда за ниту еден член на форумов, туку само мое мислење (поткрепено со мало истражување ). Немојте веднаш да ме нападнете .
Јас пијам 2-3 кафиња, а кога одам на кафе во кафиќ пијам фрапе или макијато. Ама 2-3 неделно, од кое едното е во протеински ден. Туку читам -4 за 8 дена и слични резултати. Не ми за верување, ни во Аткинс не слабееш толку. Првата недела телото се прилагодува на диетата, 2 кг да се симнат е возможно, ама не и 4. Не велам дека лажете, ама пак може и јас грешам .
Абе Тренди, криво ми е што измешав сирење и месо. Нели не смее? А ако е како што кажуваш тогаш е суперр.
Се мерев денес Вкупно за овие 23 дена -4 кг. Можеби не е многу- но јас сум задоволна. Со минорни отстапки (на пр. со неколку пржени компирчиња во скробен ден, или 4 топки сладолед дооооцна во ноќта на јаглехидратен ден и сл.). Со малку зголемена физичка активност (во однос на периодот пред диетата), во главно пешачење по околу 1 час со брзо темпо, но не секој ден. Се надевам ќе продолжам со ова темпо, до крајот на диетава ако успеам да симнам 15-17кг, ќе бидам среќна. Полека, но сигурно. До сега не сум имала вакво искуство: да јадам торти, сладоледи, а пак да слабеам! Инаку јас пијам 2-3 кафиња во текот на еден ден. Без млеко и без шеќер (некогаш нес, а некогаш турско). Кафе со млеко си дозволувам само на протеински ден и тоа во попладневните часови, утринското си го пијам без млеко.
Вчера успешно го поминав 23-от (овошен) ден. За појадок изедов 4 мали праски, За ручек јадев малку диња, малку праски, малку кајсии За вечера изедов 3 праски (тоа беше пред пешачењето), а потоа, накај 22ч , јадев половина краставица (само излупена, без сол). Ова беше прв пат на овошен ден да изедам зеленчук (знам дека е дозволено), и знам дека беше доцна, ама многу ми се јадеше . Денес ми е 24-ти ден (протеински). појадував две јаболки, а за ручек и вечера, се уште не знам - не сме се договориле со сопругот . Поздрав!
Добро.. извинете вака офф топик.. ама може некоја од вас што успеавте да наполните 455 страници да каже колку ослабела? Се изначитав која што доручковала, која што ручала, која што вечерала и која претерала со пицата или со макароните... значи никој нема време да застане и да чита 400 страници а да не може никаде да прочита дали некој ослабел, колку ослабел и за колку време. Искрено мене не ме интересира која од вас што ручала ама ме интересира дали за 25, 35, 45 или видов некоја форумџивка напишала 65 дена ... ослабела и колку ослабела? Што треба да се јаде и колку е напишано во првиот пост.. џабе полните толку страни кога никој ама никој не може да го прочита тоа што сака да го знае.. КОЛКУ КГ И ЗА КОЛКУ ВРЕМЕ ОСЛАБЕВТЕ? Тоа е моето прашање.... Фала многу.
^ За 10 дена ја завршувам диетава и ослабнав 19 кила. И незнам како не си забележала дека токму во тие постови каде што ги има мениата во денот што сме јаделе, пишува и некоја форумџика доколку ослабнала, колку симнала и за кој период. Тоа е и целта на темава, да споделуваме во врска со диетава.
Девојче... а ти малку да смириш нерви ќе може? Патем секоја поважна тема брои еден куп мислења, истото е и кај пудрите, ќе свртиш стотици страни и пак нема да можеш да се снајдеш, тоа е форум. Темата УН диета опфаќа мени на исхрана и секоја девојка си пишува што и како јадела, на тој начин знае од прилика каде греши, бара / нуди совети, во секој момент знае до каде е, што е, и на некој начин темата е поддршка да се мотивира за понатаму. И тоа прашање - колку симна па колку е едно толку неблагодарно и глупаво прашање, општо за секоја диета, не само за оваа. Еве на пример анабел-а е некаде две недели пред крајот, досега симнала 19 кг, друга девојка прочитав дека за 3 месеци симнала 32 кг, од други форуми имам прочитано како жена во години за сите 90 денови успеала да симне 10 кг, што и тоа е успех. Како да ти кажеме колку се симнува, кога кај секого е различно, влијаат многу фактори, со колку кг стартуваш, колку количински јадеш, вежбаш ли, брз ли ти е метаболизмот, какаш ли редовно... на доктор да отидеш па нема да може да ти даде точна дијагноза колку ќе ослабиш за одреден период. Ако ти се допаѓа темата и диетата вклучи се, читај ја, коментирај, ако не - те молам не не' ремети нас и сите други девојки кои се сериозни во слабеењето и си имаат мака. Ти се најде најпаметна да кажуваш дека ти дошло преку глава да читаш која што јадела дента и со што претерала. Затвори ја темата ако не ти се чита.
Трендафилка... има луѓе што сакаат да знаат дали нешто има ефект пред да почнат со истото најверојатно пошо им е смачено од неуспешни диети во животот. Ама верувај дека никој нема време да чита тоооолку страни.. јас стигнав до 200 страна и се откажав. Џабе е читањето кога едно те исто се пишува. П.С. Јас пак мислев дека сите имаме ист организам ете не знаев дека кај сите е различен ме просветли... П.П.С. Иначе јас ја држам диетава една недела.. па не замарам секојден што сум јадела.. ова ми е првпат да коментирам..
Е фала на одговорот.. како што напишав погоре ја држам диетава една недела.. ама не коментирам што сум јадела секојден.. кога ќе помине еден месец ќе информирам со резултати.. и во килограми и во сантиметри..
јас сум присутен од 100 тата страна па наваки и можам да кажам дека за разлика од претходните 200 страни,сега диетата се држи некако многу по неодговорно и послободно... Инаку денес овошен ден,утре треба воден ама нема шанси бре јас ќе си држам пак овошен,неможам и неможам воден...
Девојче, начинот на кој се комуницира на форумов, не го одредуваш ниту ти, ниту јас... Поентата е да се мотивираме едни со други и да си даваме подршка, бидејќи сите имаме иста цел. Ако и ти ја имаш истата цел, почни ја диетава, и ќе имаш потреба да разменуваш тука што си јадела, колку си изела и сл., а не да осудуваш.. Инаку мене ми е 11ти ден - јаглехидратен. Мерачки си јадев лубеница сабајле, а накај 6 одам на пица Немам никаква потреба за благо, а ручекот ќе ми биде доцна, така што може само еден ред чоколадо за готвење вечер. Исто ли е ако јадам бело чоколадо за готвење или пак мора од црното..? Ваљда има некаква разлика во составот, ама пак белото ми е поубаво некако..
Хелоу тиму диеталци, како сте денеска, диетлано расположени?? Доручек:медобил Ужина:една банана, едно јаболко и две праски и литро вода(знам дека пак претерав со овошјето, ама бев многу гладна додека да се направи ручекот)и свечено ветувам дека намалувам со овошјето. И јадев салата од краставица како предручек. Ручек:ориз со печурки манџа и домати со сол и малку масолца. Вечера:ќе пијам медобил. Да не е малку глупо со сликиве, мене ми е кул и интересно би било (нормално доколку имате време)секоја да го слика јадењето така ќе имаме уште поголем увид.
Денес ми е овошен до сега имам испиено една чаша вода со лимун и една банана... Сега во 1литар вода ќе ставам 1лимун и ќе го пијам цел денн + јаготкии, кајси, јаболкоо и се надевам дека ќе го издржам
Лукс на мене едниот оброк ми е во ресторан или кафана па ќе изгледам смешно и чудно ако си ги сликам порциите . А и мислам дека нема потреба, секој си ја одредува количината според потребите. Не секој јаде исто. Конкретно ти не ја држеш дитетата. Каде прочита дека треба да пиеш Медобил? Подобро прекини ја, држи некој свој режим и пиј го Медобилот. Иако и веќе си држиш споствен режим. Не се залажувај дека ја држеш диетата и немој да се чудиш зошто немаш резултати. Нутрционист во врска со твојот коментар дека многу ја прекршуват диета, имаш право. Ете ти најмногу. А за количините веќе пишав. Си додавате нови намирници, сакате да ослабнете, а несакате да се откажете од ништо. Епа нема таква диета. Мис-Хел, дојде и на тебе ред , ако ти пречи тоа што некој пишал не читај. Нема потреба од вакви коментари. Јас пишав колку сум ослабнена, редовно давам извштаи овде. Така ми е поубаво. Подршката е многу битна кога си на диета, а најдобро кога ја држеш во друштво. Малку критики, ама не мислам ништо лошо . Денес 16 ден, заокружувам 4 циклуса Овошен ден Само јас си знам како стигнав дома . Утрово јадев една лажица мед и праска. До сега имам изедено плус 3 банани. Планирам без зеленчук, ама не знам дали ќе издржам. Инаку, ви реков вчера дека се 2 ипол килограми, 500 грама ми тежеше облеката, па денес се мерев во тенко фустанче кое едвај тежи некој грам. И да, 500 грама помалку . Утре е битниот момент, да видиме дали 4-те циклуси ќе ги заокружам со -3 . Ако е така, нема да си простам што ја држев Аткинсот, имав слични резултати за ист период. А последиците уште ги чуствувам. Да си ја поченв диетата барем месец порано сега ќе бев спремна за на плажа.
Денес овошен, утре воден!! И тоа у сред испитна сесија! Wish me luck!! Да го поминав водениот ден па ке ви кажам што резултати сум постигнала со 21 ден
hey nova sum ovde i sega gi citam komentarite za un dietata. Jas ja pocnav na 8mi ovoj mesec.. i na pocetokot bese super ne prekrsuvav nisto.. no sega poslednite 3 dena poradi rodendeni, proslavi itn. malkucka jadev sto ne trebase inaku pred 3 god. se zdebeliv mn (15 kg mislam) poradi operacija na nozete i sega sakam pak da gi simnam ama tesko eve nadez vidov vo ovaa dieta zatoa sto ima mnogu pozitivni komentari. Se nadevam na dobri rezultati