Ма само ви дадов предлог, ја ќе продолжа да ги слика. интересно ми е и на секоја слика и ставам датум за да знам кога што су јадела. Инаку како не ја држам диетата,ја држам бе, за медобилот никаде не прочитав, сама си го додадов за побрзо слабеење и ете од него сум минус 1 за 6 дена пиење(а претходно само со диетава не мрднував надолу) И исто ми се фаќа дали сопствен режим дали диетава зошто ко ќе пијам медобил (ми заменува оброк)не смеам ништо да јадам, е сега нормално за доручек и после диетава би јадела секој ден овошје, само проблем ми е ручекот и вечерата заедно во ист ден кога треба да ги прескокам зошто доаѓа исто како овошен ден да сум држела зошто само доручекот го јадам, ама ќе се издржи, што не сум издржала. Едит: дека не јадам благо за во јагленохидратен ден си купив мусли со мед и бадеми и ќе ги јадам со млеко, а дека млеко смее само во протеински ама ако гледаме така и сладоледон содржи млеко и тортине и колачине. Се думам дали да јадам сладолед(друго од благо се исфрлив) ама ќе јадам, на лето, а кога ќе нема сладолед од благо само мусли со млеко ќе ми бидат.
Па тоа сакав да ти кажам, во диетата не го пишува, значи не е концептот на диетата да вклучува Медобил. На тоа мислев. Ова веќе не е УН диета . Подобро пиј го сега, па потоа стај се на УН за да не ги вратиш килограмите .
Да, ама не знам колку би била успешна така. За една диета да е успешна треба да се држи како што е предвидена. Ете Медобилот содржи состојки кои диетава не ги дозволува можеби. Сепак како режим е добра, ама јас сепак мислам дека треба да се одлучиш за едното .
Ај ќе размислам, ќе разговарам со мајка ми, инаку и да не ја држам ќе јадам само житарки и мусли, друго не планирам.Ама работава е што пак треба да се јаде нешто, а ја да си јада по диетава ми е супер зошто пак колку толку прима витамини, а да не ја држа само на мусли за ручек да бида многу брзо ќе огладнува и цело време ќе бида гладна, ми одговарат диетава со медобил бе.
Во ред, само внимавај да не се ицрпиш скроз, па де разболеш. Не знам како оди со тоа Медобилот, ама внимавај на исхраната .
Ете го помина и јагленохидратниот ден. За доручек 3 праски, за ручек едно ѓеврече. За вечера 2 едни имитација на тортичка и 1 ред чоколадо за готвење. Имам добиено, и чудо не ми се јаде како порано. Сутра овошен ден . Денов со душа мислам дека го чекам да дојде. Денеска дојде вујко ми од Авганистан, кој ме немаше видено точно три месеци. Не можеше да ме препознае, ми вика сум се преполовила. Јас у себе си викам ,,YESSSS'' . И у фаца многу сум ослабела . Абе седи не ме знаеш .
^ анабел-а не само што сме синхронизирани во диеталните денови, ами и во менструалните. Честитки за пофалбите, јас искрено си мислев дека во фацата не сум била дебела, т.е. не се дебелеам, ама сега кога гледам слики од пред 9 месеци, бооо... Обравчиња, подбрадок, дебелко дете бе, дебелко. Тоа за среќа се менува, фацката ми личи сега на стопено лижалче. Од оние долгнавестите со свирче, не оние бучуците. Значи ист ден тераме, мојот е број 27, (ќе се измерам откако ќе ми заврши циклусот). Еден портокал за појадок и варени резанци за ручек со кечап. Mожеби изедов една лажица повеќе, ама за сметка на тоа, наместо 2, вечерав само 1 попкејк и еден ред чоколадо. Се напив едно кафе претходно и успеав да извртам 40 минути на орбитрек. Со добиено. Се осеќам ко ѕвер! Утре тој чукнат овошен ден, не ми донесоа цреши , среќа што има некое ивентче во Парк, па таму ќе се утепа вечерта, полесно е надвор и со друштво. Се надевам ќе поминам лесно.
епа се срамам што ке кажам дека два дена ја прекршив диетава имав малку тежок период и си дозволив и со диетава да утнам и со се утнав не е за оправдување никако не е , не смеев , требаше да сум посилна сега луѓе се чудам што да правам како да продолжам ???? дали да имам два три дена овошни ,,,или не ,,, страв ми е да се качам на вага мислам дека ке се разочарам , а супер ми беше тргнало се осеќам како најголем лузер , дебил идиот , крава дебела ..........
Dinnna, не се обвинувај толку многу, се случува. Напрај воден или овошен ден ( другиве девојки ке ти кажат по прецизно) и готово Јас сакав да прашам бидејки утре ми е воден ден, смеам ли зелен чај да пијам???
^ Дина, и јас така се осеќав кога ја прекршив диетава и држев два овошни. Ем да си го прочистам организмот од сите глупости што сум ги внела, ем да си ја прочистам совеста. Да сум на чисто. Еве ако можеш држи си два овошни дена, а ако пак условите или ситуацијата не ти го налага тоа можеш едноставно да си продолжиш со диетата т.е да почнеш од протеински па да тераш натака. Не губи волја, едноставно продолжи да јадеш како што е одредено во диетава, ќе има резултати . Ајде со нови сили, во нови победи. Ја имаш сета моја поддршка!
Девојки ми се врти. Излегов да прошетам и си купив бадеми, помалку од 100 грама имаше. Не сум гладна, ама едвај стојам. Се вратив дома и еве сега пијам шумача. Без салати и супа не се издржува. Премногу активности имам во текот на денот за да издржам на овошје само. Лажиче мед ќе каснам, шеќерот да ми се качи.
Помина и 24-от ден- протеински: појадок - 2 јаболка, ручек - 1 кременадла, 4 ќебапи и шопска салата, а и 5-6 печени пиперки (многу беше количински, ама свечен ручек беше - и ми се погоди) вечера - не ми се јадеше, но сепак јадев една мала шопска, ама на кај 22ч (по пешачењето ) Сметам дека од вака напишаното (кој што, колку и кога јадел, како и колку и какви физички активности имал) заедно со информациите кој колку кг и за колку време ослабнал, може многу полесно да се добие заклучок до кој степен треба да се држи строго диетава. Може да се расчистат и некои недоумици во врска со некои продукти. И не се слагам со Мис хел дека нема напишано кој колку и за колку време ослабнал. Јас имав пишано вчера (пред 3-4 страни) и во кг и во см, и други форумџики имаат напишано. Само некој треба да прочита навистина, а не само да се фали дека прочитал 200 страни! И Лукс, ова со сликите, мислам, не е баш добра идеа, барем нека биде во спојлер. Навистина непотребно отвара апетит за некои оброци во несоодветни денови
jas za 2 ipol месеци ослабнав 7 кг, и веке 2 месеца немам вратено ни кило, а секогаш не појадувам овошје, да појадував само овошје би требало да намалам уште 2-3 кг, но задоволна сум и со тоа што не се дебелам, уште ми велат леле, колку си ослабнета, а јас заборавив кога ја држев диетата, сега само внимавам да не вечерам доцна, леб јадам минимално, пијам по 1-2 шолји зелен чај, и некогаш 2-3 дена во неделата појадувам овошје... и пешачам, нормално поентата ми е да не се откажувате, и тие што се мислат дали да ја започнат оваа диета воопшто да не се мислат, 2-3 месеца ке поминат незабележително, а килограмите сите ќе забележат дека ви ги снема
Морам да Ве прашам.. бидејќи долго ја држите диетата... јас никогаш не појадувам... и еве од како ја почнав оваа диета немам појадувано, ручам зависно од денот протеински, јаглехидратен ...... и ретко кога вечерам... во ред ли е тоа или?
Не е во ред. Овошјето му дава енергија на организмот, башка појадокот е неопходен во денот. Ако не можеш по две овошки, барем по една јади. И вечерата не смееш да ја скокнуваш. Гледаш дека на крајот испадна сепак дека ти не си во право со твоите констатации дека имало 500 страни а ништо потребно и корисно немало во врска со диетава. Низ странициве, баш последниве неколку, се сеќавам Јуле кога пиша некому (не знам на кого точно) дека не смее да се изостанува ни ручек, ни доручек ни вечера. Значи оброците се неоходни. А ти ако си читала наназад, без да тропаш претходно глупости ќе знаеше дека не е добро тоа што правиш.
Денес требаше воден ден,ама неможам,сега каснав половина тегла цвекло салата,до послем зелена салата ќе си напраам,па нешто овошје ќе каснам и послем па цвекло,утре пак протеински ден,од Турбо Ун уште 2 циклуси да издржам и послем тоа одам на одмор ... Па таму една недела пауза,па коа се вратам ќе му удрам уште една 12 ка од Турбо Ун и толку ....
^ Немој, не јади овошје по салатите. Штом си почнал со салати, истерај го денот до крај со салати. Нели рековме, овошје од сабајле до ручек, а потоа зеленчук. А и + на овошен ден, кога јадеме зеленчук, потоа не јадеме повторно овошје.
Уште еден килограм отиде во заборав. Минус 4 кг за 28 дена, па и не е лошо, нели? Јас сум презадоволна и продолжувам со диетата, дури оброците ми се малку смалени, а минутажата на орбитрек качена за некоја минутка. Денес овошен ден со кајсии и праски. Ќе земам и некоја банана и сокче подоцна вечерва зашто излегувам. Ви посакувам успех на сите диеталки.
И јас да се пофалам дека за 2недели -2кг ептен сум среќна, се надевам дека ќе имам и поголеми резултати Денес ми е протеински на мени пола банана, салата со јајце краставички и патрлиџан и да се мислам дали да испијам една чашка млеко пошто мн малку внесувам протеини(нема да е на одмет нели ? П.С Честитоо Требдафилкаа, браво за тебе ептен си упорнаа