Комбинацијата ти е добра, меѓутоа наместо грав, практикувај почесто ориз и компири. Јаткасти плодови смееш да јадеш околу 100 грама дневно (само во овошниот ден).
Во протеинскиот ден по правило не треба и јајца и кисело млеко..Треба да одбереш само едно или јајца или сирење или млеко итн итн . Како и за другит денови. Се одбира само едно јадењеи 2 пати во денот истото. А за зеленчук и супа бистра колку сакаш јас мислам..Бидејќи зеленчукот не е страшен, ако имаш криза, не е страшно да си изгрицкаш морков или краставица на пример итн. Супер диета, јас сум презадоволна. Се регулира и метаболизам и крвна слика и крвен притисок и се се средува. Само напред и со среќа
Devojki..mene me interesira dali moze ovie 4 dena da bidat po razlicen redosled, na pr. da pocnam so skroben den pa sledniot da mi bide proteinski...
Не може во протеинскиот ден да се јадат само млечни производи. Тие може да се комбинираат со јајца или со месо но не и со риба.
Јас мислам дека различни врсти на протеини не се мешаат во еден оброк, ниту во еден ден. Јас лично барем, или тој ден јадев јајца, или месо..Никогаш заедно. Е сега за едно мало парче сирење сигурно не сум се мислела многу
Читав за диетава и навистина изгледа интересна. Изгледа дека не е тешка за држење. Ке пробам па ке видам дали ќе издржам, бидејки со диетиве тешко ми оди. Имам пробано неколку пати ама брзо се откажувам. Многу ми недостасува благо, во ова гледам има па се надевам ќе успеам. Поздрав.
Сакам да ве прашам дали строго се придржувате кон диетава или си поткаснувате по нешто? мене душичкава ми бара малце,па така јадам гумени бомбони,карамели..ама сакам да знам дали тоа ќе има некакво влијание? :/
Тоа и е најубавото во диетава. Искрено, јас имав пробано мнооогу диети, ама сите за кратко време и се откажував, бидејќи мораше од се нешто да се откажам и после навалував на тоа што си сум го ускратила. А во оваа диета, се конзумираш, само распородено по денови. А благото дури и не смееш да го пропуштиш. Ја бев испровоцирана многу и бев одлуча на ослабам (имав проблем со покаќен крвен притисок и др. ), па така само недела и нешто ми требаше да се прилагодам. И не само што се менува метаболизмот, туку и желудникот со тек на време почнува да се задоволува со помалку храна. После диетата можи ќе се осеќаш некогаш како прејадена или здебелена, а мери се, нема покачени килограми Ептен едно ил две килца ако се вратат, зависи од исхраната и движењето...
Диетава ми се допаѓа! Дефинитивно ја почнувам од сабајле, да не речам од утре Цел живот внимавам, што да правам кога ми е задоволство да си каснам...ама бременоста ме зафркна...+35кг! Па мачејќи се 2 години успеав +35 да ги намалам на +10. Е сега и тие 10 ми пречат, со задоволство би ги стопила, а диетава ми изгледа како најефективен начин за тоа. Лесно би ми било како кога бев девојка, наваму натаму и ќе заборавиш да јадеш, а сега....се во кујна сум, детево сака ова да јаде, сопругов сакал она и јас душа сум, кснувам. Ама морам да се пофалам редовно одам на аеробик последниве 3 недели и орбитрекот го употребувам мин. 1 месечно па се надевам на резултати. Инаку претходно највеќе ослабев со аткинсовата диета применувајќи таков режим по 3-4 дена со паузи, ама сега морам да готвам и за семејството па гледам да ускладам и за нив и за мене.
Дан други од ун...добро е....така....се радувам на грашачето после. Вчера скоро ми се згади од туната...хм..ама јаболките утрово беа вистинско освежување!
Сите овие диети можат да бидат успешни доколку се придржуваш правилно, но сепак не е во да го лишуваме нашиот организам од сите потребни материи. Бидејќи ние кога јадеме всушност нели јадеме за да ја нахраниме клетката? Со оваа диета не го внесуваме сите работи кои им се потребни на нашите клетки за тие правилно да работат.На нашиот организам за правилно да работи потребни му се протеини, витамини минерали и здрави јагленихидрати.А со оваа диета во денот се внесува или само јагленихидрати или само протеини што не е здраво. Плус незнам дали знаете ама и со овошјето доклку се претера можно е да се наталошат неколку вишок на калории затоа што и во него има јагленихидрати.Така да според мене најдобро е да се има избалансира оброк кој што е ниско калоричен а ги содржи се што и е потребно на клетката за правилно да фукнционира во текот на денот.
Да, знаеме дека овошјето содржи голем процент на вода, целулоза(која е одговорна за правилна за перисталтика) и фруктоза кој е природен јх, веднаш се искористува, за разлика од шејкови кој што е полн со прости шекери, меѓутоа ајде и да го занемариме тоа...што е со сојата која што е и база на тој шејк, знаеме дека сојата изобилува со фитестроген кој што воопшто не е добар за млади девојки и воопшто за машката популација. Фитоестрогенот може да помогне при покачен холестерол и воедно е препорачлив за жени кои с ево менопауза . Кај малди особи (жени во репродуктивен период) гоплеми количини на овој естроген предизвикуваат голем дисбаланс во организмот со хормоните, и поради тоа има многу случаеви на нередовен циклус, зголемена пигментација и др., потоа симнатите килограми се враќаат веднаш баш поради тој дисбаланс. Аахх да и цената е премногу скапа за ваков производ со тој состав, на пазарот постојат многу поквалитетни замени за оброк кои се со похранлива нутрициска вредност а не изобилуваат со толкав процент на карбохидрати. Останатите нивни производи мислам на мултивитаминско-минерален комплекс и сл. се можеби ок.
Ден трети, уште наутро згрешив...каснав малку геврече....ама до попладне ќе се поправам Сепак се радувам на тортичката вечер Форумџики, ме дружи ли некој во диетава? известувај те ме за напредоците, бодрење ми треба!
Да пријавам дека сум веќе 6 ден на диетава, во недела свечено ќе се мерам...и задоволна сум сега за сега...верувам дека ништо посебно не сум ослабела ама фино се чувствувам. Само овошниот ден ми е катастрофа морав да се лажам со зелка салата инаку малку ми фалеше да се нурнам во фрижидерот
Мене кога ми е овошен ден јадам + салата и чат-пат супа..Пошо тренирам и не можам да бидам цел ден само на овошје...Денес ми е веќе 14ти ден,па ќе видам во понеделник дали сум симнала нешто плус,се надевам дека да..
секоја чест beautys, како го изренда тренеров. Замислете си само не било добро овошјето избалансираниот шејк бил подобар хахахахах
A smee li da se jadat semki od soncogled peceni ( dietalni) ...eve pr sekoj den po edno malo kesice ....menuvaat li tie nesto?
Па не верувам дека менуваат нешто...јас јадев слободно карамели,бејк ролс..но не секој ден. Мислам дека слободно можеш да си јадеш