Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

УН Диета

Дискусија во 'Диети' започната од mKdevojce, 7 јануари 2010.

  1. Nutricionist

    Nutricionist Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    279
    Тиквичките се сиров зеленчук и штом се зеленчук секако дека може,а и да содржат скроб...;)
     
  2. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    Честитам!

    Се согласувам со тебе Трендафилке. Мене денес овошен ден, ама не осеќам кризи како претходните овошни денови. Денес за појадок 2 јаболка, за ручек 1 јаболко и 2 киви, и за вечера: овошна салата (многу рано беше- кај 17ч, ама мажот ми сакаше да ме изненади :hug: , па ми направил една чинија овошна салата со секакво овошје ммм :mm: , иако не бев гладна ;) ). Е сега штом ќе се залади ќе огладнам си знам, ама ќе каснам некоја краставичка. Туку, ич не ми се пешачи денес, жешко и тешко :sweat: :whew: , а и како ме фатила една мрза :$ ...
    Ама пусто, вчера многу јадев :worried: (и пица за ручек, и торта и сладолед за вечера - :!: што е многу, многу е!), можеби сепак ќе пешачам.
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Денеска помина и скробниов ден(83). Решив наместо стандард варени, јадев печени компири со морковче, и многу салата. Признавам дека малце претерав со големината на оброкот, ама шта је - ту је. За вечера не јадев компири, туку многу салата изедов. И точно 1 саат вртев на орбитрек. Не за друго, ми се погодија песните на Антена и Метрополис. :wasntme:

    Утре јаглехидратен ден. Пошто ќе идам кај баба ми, ќе си купам кифла со крем за ручек и 2 кап кејкс за вечера имам, нормално проследено со ред чоколадо за готвење.
     
  4. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Протеински ден
    Појадок: две банани и дека ручек и вечера немам ништо во поручекот го вметнав и ручекот едно парче риба ама на 4ри сати растојание, значи крај 8 и пол појадував крај 12 пак. :)
    Ручек: медобил крај 15 сатот+ литро и пол вода + зелен чај + нескафе ладно со млеко нели протеински ден.
    Вечера(пред малку): литро вода +медобил + чаша и пол јогурт па ќепијам и една чаша млеко пред спиење и толку.(дека 2 пати само имам јадено) и денеска на што сум горда е тоа што ич не каснав јаболко нити друго овошје освен бананите и се издржува не чувствувам глад.
    Освен тоа додавам и 20 минутно вежбање и тоа би било тоа за денеска, утре скробен ден меѓу омилените денови (денеска пошто заборавив дасликам ве поштедувам од слики) :)
    Значи вкупно ако имам сосе пијалоци 800 калории внесено. :)
    :hai:
     
  5. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.701
    Допаѓања:
    253.469
    Денов едвај го чекав, и на крај си купив мутав сладолед.
    Не дека беше лош, ама и така јадам на 4 дена, барем мераклиски да е :) .
    За појадок банана, за ручек лиснато со маслинки и за вечера сладолед-корнет со 2 мали наполетанки. Кујнско чоколадо не јадев овој пат.
    И така, додека да трепнеш - ОВОШЕН :devil: .
     
  6. Nutricionist

    Nutricionist Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    279
    Денес втор ден од вториот циклус на Турбо Ун,скробен ден...
    доручек: Диви јагоди една мала чинија
    ручек и вечера: Тавче гравче ммммм,со што ми предлагате да го јадам?? се мислам зелка салата,некако со патлиџани такви работи не ми иде,има баница со спанаќ и грашак во неа,можам едно парченце од таа баница и гравчето ...е денес најслаток од сите ќе ми биде оброци ...значи УЖИВАМ во скробниот ден ужииивам ...
    ТУку од утре војна ќе биде,одам за Прилеп ајде ќе издржам овошен ден,и понеделник протеински ама вторник мора да си апнам,братучеда ми се вери ќе има вечера па послем право од таму одам на одмор :D Секако од Прилеп ќе известувам шо како накаде...
    Ама пуст ѓеврек таму,пусто ѓомлезе пуст бурек...како ќе ги гледам така...:(
     
  7. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    ^ Нутриционист, мене гравот ми е најубав со зелка салата :) . А гевреците, буреците - не биле убави, така слушнав ;) :lol: :D . Златна салата :!: !

    ^^ Јуле и јас завчера не јадев чоколадо (заборавив), ама изедов многу други благи работи.

    Вчера овошен ден беше - не пешачев (мрза голема). Денес е протеински.
    појадок: 3 праски (дека помали де ;) ),
    ручек:планирам пилешко дропче со кромид (пржено), евентуално и едно ќофте ќе јадам (или пола, ако бидат поголеми), обавезно салата ќе јадам.
    за вечера повторно дропче (помалку, и без ќофте) + салата (може шопска). Ќе пијам по ручекот еден нес со млеко, онака, ќејфски. Туку, луѓе, ми се пие јогурт, и тоа многу, ама покрај толку многу јадење, страв ми е да не е премногу. Да се стрпам до наредниот протеински ден?

    ^^^Лукс, немам прочитано резултати од тебе во скоро време, како ти оди тебе? Пошто ти имаш комбинација од диетава со медобилот? Има ли повеќе резултати?
     
  8. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.701
    Допаѓања:
    253.469
    Гладна сум :worried: .
    Јадев лажица мед и чаша вода, малку ореви и праска. И не иде бре, гладна сум ]:) .
    До вечер планирам и некоја салтка, не можам само на овошје, па витамински ден е па :wasntme: .
     
  9. marina.m.g

    marina.m.g Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    91
    Јаглехидратен денес, доручек банана,ручем шпагети со сос од печурки,превкусни беа. после знам дека ќе прекршам малце,свеки прави некоја си погача со препечен кромид и сланина,ќе пробам од тоа малце.
    Утре ми е овошен и планирам да направам овошна мусака,различни видови овошје во тавче,полиени со малку цеден сок од портокал и одозгора кршени бадеми и ореви,а може и лешници,да видам што ќе најдам ;)
     
  10. ana-m

    ana-m Активен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    5
    posle koj den moze da se pocne so turbo un ?
     
  11. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Има скромни резултати, ама битно има :) Минус 2 кг со пиење медобил десет дена.
    Поручек: медобил
    Ручек:15 мин пред ручекот(крај 14 и 30) една круша и 3 кајсии малечки и едно јаболко зелено.
    Па после главниот ручек ми беше компири(3 беа, едниот е на половина) со солца и салата од една краставица.
    И на крај(иако не ја пишува во овој ден, сметам дека не е голема грешка) јадев супа без резанци само со морковче имаше мама направено па си каснав на крај и после јадење уште 2 кајсии манав пошто ми се јадеше многу благо. Сетоа тоа пред ручекот и после пропратено со испиени 2 литри вода, сега уште пола литро ми остана. И нескафе пиев(и ќе го пијам на секој три дена, само во протеински ден одсега)да се заозбилам малку и построго да одам следниве десет дена зошто очекувам уште поголеми резултати со медобилов зошто му ја знам цаката сега, се пиел 4ри сати пред и по јадење. Ја го пиев некогаш на помала разлика, ама од сега ќе знам. :)
    Вечера: медобил и ништо друго. Ќе го пијам во 20ч. :)
    И тоа би било тоа(имам направено фолдер само за сликиве од јадењава си имам евиденција ова подобро и од водење дневник ми е ), за утре се двоумам измеѓу пица и макарончиња ама изгледа ќе биде купечка пица готова само да ја испечам и ќе и ја тргнам саламата само. А за вечера сладолед без ред чоколадо, зошто од секакво чоколадо се одреков и секакви житни плочки и секакви благи работи освен мусли и сладолед. Мусли утре нема да јадам, ќе ги јадам со прескокање, еден јагленохидратен ден ќе ги јадам, еден не.
    И ќе гледам секој ден во исто време да јадам и пијам медобилот за да има побрзи резултати, зошто и тоа е важно покрај количина и квалитетот на храната. Бтв, сестра ми која ми е голема поддршка ми рече дека стомачето сум го намалила неколку цм во обем, а таа блазеси и даска е иако знае во еден ден да изеде и по 3 врсти на благо.
    Денешен рапорт 23.06.2012 :*
     

    Прикачени фајлови:

    На midnight.flower му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Nutricionist

    Nutricionist Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    279
    Ееее во Прилеп ако н е се у бави јас кинам глава,овде у Ск се ужас али оти потекнуваат од Прилеп леле...па буреци какви ли ти не има аоо аоо ај да не ве стрвам,ГРЕШНО Е ТОА ГРЕШНО Е,ајде еднаш неделно можеме и тоа на јаглехидратен да си дозволиме,али повеќе не...Него на одмор нема шанси да држам диета реков,ТАКОСИ има секој ден да јадам таму...и после коа си дојдам ќе удрам уште една 12 ка турбо Ун да се прочистам и полека полека ќе се напуштаме... :(
    Можно е овој user да го дадам на еден пријател,кој скоро треб а да си дојде од америка,како и по обичај таму се здебелуваат... па нему ќе му давате помош и мотивација,а повремено и јас ќе се уклучувам да видам до каде сте стигнале...
    Мака голема ....
     
  13. Nutricionist

    Nutricionist Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    279
    Денес овошен ден,за доручек една банана голема испасирана со 1 цитрон и 1 портокал...
    Сабааљето трчав околу Маркови кули,послем одам на базен...мора да се топи салото :D
     
  14. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    И јас денеска овошен ден. (85) ^_^
    Некако не ми се јаде. Од сабајле до сега имам изедено неколку парчиња лубеница, 10 мали јаболчиња( петровки мислам дека се викаа :^) ) ама ептен мали беа и едно јаболко. Тоа јаболкото на крај со сила го изедов енергија да имам за вежбање. Сега се спремам на орбитрекот да му се качам ]:).

    Леле се ежам кога ќе помислам дека за 5 дена завршувам со диетава. За срце ми прирасна :rofl:.
     
    На Libera му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Nutricionist

    Nutricionist Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    279
    Браво,послем ова да пишеш со колку си почнала колку имаш сега па и некоја слика да стајш да видиме резултати и да ни изнесеш репорт да видиме како што.. :D
     
    На midnight.flower му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Анабела знаеш дека имаш диета за одржување после диетава?
    Еве прочитај си овде http://www.dijeta.net/phpBB/viewtopic.php?f=1&t=1582
    значи имаш 6 денови овде, протеини, скроб, скроб, протеини, јагленохидратен и витамински ако случајно жалиш за овошниот ден, не се секирај пак го имат, значи малку изменет распоред :)
     
  17. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    Нутриционист, верувам дека се многу убави буреците и гевреците во Прилеп, само така реков - да те разубедам да не паднеш во искушение ;) . Знаеш лисицата кога не можела да го стигне грозјето, рекла: “хм, зелено е, кисело е“ :D .

    Инаку вчера (протеински ден) ручав пилешко дропче со салата, ама така се најадов (е не изедов толку многу :?: ) што не ми се вечераше потоа. Бев да пешачам, жива вода станав (а како нема на ова жешко време), и кога се вратив- пак не ми се јадеше. Ама :!: желбата за јогурт уште беше присутна ;) , па си купив јогурт и испив околу 250-300мл (го растворам со вода - така ми е поубав, потечен) и тоа ми беше вечера.

    Денес -скробен ден - ќе ручам и вечерам манџа од компири и салата. А за појадок имав 3 мали праски.
     
  18. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.609
    Јас вчера бев лошо девојче.
    Измешав неколку продукти, затоа што бев на целодневен роденден, од 10-20 часот навечер.
    Не дека количински јадев многу, ама каснав шопска, малку риба, колаче, а вечерта се напив и чаша боза.
    Јеееееееј :D браво за мене. :angel:

    Не, не е браво, ама тоа беа условите и немаше место за извољевање народски кажано.
    Сепак да ви кажам искрено немам некоја огромна грижа на совест.
    Во 32 дена, вчера ми беше вторпат како сум направила грешка во диетата, другите денови ми беа перфектни, со чиста 5ка.
    Задоволна сум, а и не изедов воопшто многу.
    Продолжувам понатаму, денес терам овошен ден, САМО на овошје, нема да јадам ниту салата, ниту сокчиња.
    Демек малку построго, да се искупам за вчера. :)
    Убаво е чувството кога можеш од време на време да си каснеш и нешто екстра, без страв дека вагата ќе покаже грам повеќе следниот ден.
    :)
     
    На Libera му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.280
    Пол:
    Женски
    Јас од денес ја почнав...Се надевам ќе успеам овој пат повеќе.Минатиот пат ја издржав 15 дена и ослабев 3 ипол кг.Ја прекинав бидејќи имам слаба крв,но сега одлучив повторно да ја почнам...Сакам да прашам дали може да се јаде риба (конзерва) во протеинскиов?
    За поручек каснав 20тина цреши :D
    Анабела можеш и да ни постираш и слика Пред---> Потоа..
    Тоа некако и повеќе би не мотивирало :) Ти честитам :)
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Ammy, слободно можеш да јадеш риба конзерва во протеински. Јас неколку пати јадев туна со марула, кромидче, солца, пиперка.. :) Многу е вкусно вака.

    За слика ќе ставам. :wasntme:.
    Само под услов да не ми се смеете за сликата во ,,Before'' :!: :rofl:.
     
    На Ammy.Lee, JuLleE и Trendafilka им се допаѓа ова.