Уште -3 кг. Диетава ја прекинав некаде пред недела дена, јадам само еднаш на ден (ручек) и тоа онака колку ептен без ич да не е, немам потреба од благо, грицки и слични глупости. Моментално сум во ПМС, и навистина не знам што се случува со мене, како е можно залче во уста да не ми се става
Уште -3 кг. Диетава ја прекинав некаде пред недела дена, јадам само еднаш на ден (ручек) и тоа онака колку ептен без ич да не е, немам потреба од благо, грицки и слични глупости. Моментално сум во ПМС, и навистина не знам што се случува со мене, како е можно залче во уста да не ми се става
33 ден во тек и уште 1 кг во минус. Се сторија 5 кг, нормално мерењево е насабајле, олеснето, измочкано, без грам облека на себе, да не си играме играчки. Вчера овошниот ден ми ги извади ѕрцките еден портокал, една банана, две праски и веќе немав сила за овошје, а бев толку гладна, ем жедна, на крај си земав компот од вишни и така некако се заврши денот, за среќа успешно. Доброто е што го издржав супер денот, лошото - што немав сила да вртам на орбитрек, ама ич. Толку бев некако мрзоволна и утепана од времето, само се влечев низ креветот, ко грев. Денес мора да се поправи тоа, демек залади малку. За ручек и вечера имаме печено коковче со шопска салата.
Јас навистина не знам што се случува со мојот организам, ама денес се мерев и тежам еден килограм повеќе . А баш овој циклус јадев најмалку, синоќа вечерав само шопска и тоа во тие тајњирите што се става кикирики, сончоглед. Значи некни се мерев и имав 63 килограми и 100 или 200 грама. Денес имам 64 и 400 грама . Ајде фустанот ми тежи, имав и каиш, ајде и гаќи, па градник, ајде не бев олесната и мочана, ама тоа да тежи околу килограм, ама да не мрднам воопшто. Само во обем се приметува. Нервозна сум, се плашам да не ми одговара диетава, па џабе губам време со нејзе. Или на крај тироидната ќе биде. Инаку денес си проверував крв, крвната слика подобра од кога и да било. Железото се покачува од самата исхрана . Барем некој корист од диетата. Ако не мрднам и неделава, збирам пари како знам и ќе си купам Хербалајф. Уште тоа чудо ми остана непробано. Па за 5-6 кг нема да се мачам цело лето бре .
Не мора секогаш да е тироидеата, едноставно некои диети не одговараат со крвните групи и тоа е тоа, на пример моја другарка ја држеше диетава и не ослабна воопшто, на крај и кажаа дека крвната група не и се совпаѓа со диетата па ја заочна Аткинсоновата, од таа ослабе. За Хербалајф веќе се договоривме , а инаку мислам дека реално од наутро до навечер килажата се разликува со 1-2 дури, по мое искуство барем, јас на неколку пати се имам испаничено, но вагата насабајле само по гаки и маичка кажува сосем друго, еднаш разликата беше 2,5 кила, сето тоа има врска со течностите кои ги внесуваме, со месечевите мени и со нивото на тироксин во крвта, мене најчесто ми се дешава во период на млада месечина да сум подувана како бумбар, секој месец во истиот период, значи не е до килограмите, тие си стојат, само се дувам, и тоа во стомакот и подбрадокот само, ко мало мече сум тогаш
Во моментот сум во период на овулација, јас и тогаш ги имам истите симптоми кога сум во ПМС. Значи подуена сум, ме боли и стомакот, ама и тежам ли повеќе? Ова ко тешење ми иде, а јас уствари стојам у место. И јас ослабнав од Аткинсот, е тоа се викаше слабеење, ама дури денес крвната слика ми е целосно во ред, едвај го средив железото, иако сеуште е 8,9, сепак не е 5 како што беше.
Не можам да ти кажам за тежината, но со оглед на тоа што во тој период поточно водата се задржува повеќе и од тоа е подуеноста можно е да има врска и со тежината, обиди се со храната, знам јас во тој период не јадам листеста храна, не пијам засладени пијалоци, дури ни со натрен, не внесувам кофеин и слично. Е сега во врска со диетата не знам да ти кажам, јас искрено не сум ја држела долго за да знам и да те советувам, моите обиди се сведувале на неколку дена, еден циклус одвај.
Јуллее според твоите постови,мислам дека многу малку јадеш. А кога јадеш толку малку организмот се уклучува на save mode и се што ќе изедеш после периодот на гладување,макар и да е краток, автоматски се претвара во вишок,организмот си вика којзнае кога ќе добијам пак храна,ова мора да се зачува.ова од искуство ти го кажувам,исто и кај сестра ми кога држеше диета. Одамна ги имам читано сите постови на темава и приметив дека имаш бајаги ослабено со диетава,може телото ти бара друг начин на исхрана.види како ќе ти биде после циклусот,може па и затоа тежиш повеќе. Мене овошниот вчера,ни о од овошен немаше -.- бананата сабајле што ја изедов,после тоа многу огладнев,си направив пиперки,домати и тиквичка и ги изедов со парче црн леб,за вечера варено јајце. И мислам дека нема да го држам овошниот,се нервирам кога сум гладна и само на јадење мислам,не сакам така.денес протеински,парче месо на црно лепче и јајце на око.некаде имам прочитано дека не се мешаат два типа протеини ама прсти излижав,а и помалку изедов некако се заситив.и цвекло малку. Вода пијам и онака многу,една цедевита на ден,и може некој сок,разреден со многу вода.Вчера вежбав зумба некои 20 мин на едно видео на нет се препотив,денес некое понапорно
Во споредба со првиот пат кога ја држев диетата сега јадам помалку, ама пак во споредба со останатите диаталки во темава, јадам повеќе понекогаш. Еве денес јадев ориз 4 ресторански топки, што ги служат на свадби како гарнир и салата од зелка. Вечерата ќе ми е накај 18 часот. И толку. Ќе ја држам додека да купам хербалајф, готово, се одлучив. Може и да е бидејќи еднаш ја држев, па сега да не можам пак да слабеам. Деновиве пак ќе се мерам па да видеме што ќе биде.
Е па девојки, среќна сууум Вчера го завршив четвртиот циклус со овошен ден (ама убаво сум го издржала, без кризи, зелено јаболко, праски и љубеница ми беа на менито). И сабајлево се мерам, и коа гледам за 16 дена, јас сум -5кг брее Денес, 17ти ден - протеински. Сабајле пак љубеница си јадев, сега ќе ручам, пастрмка на скара со салата од марула и краставица. И вечер една салата кје си каснам. И тоааа..
Да, точно дека треба повеќе да јадеш, затоа што кога ке ја прекинеш диетата ке ти се вратат килограмите, поентата на оваа диета е да се јаде еднолична исхрана, а не да се гладува, оти организмот кога ке изедеш барем малку повеќе од вообичаено си ствара резерви, да не те плашам, но најчесто во вид на масно ткиво, оти претпоставува дека наредните денови пак нема да добие храна, па ке си троши од тоа Јас мислам не ја прекинувај диетата, јади си повеќе, не мешај храна, и така, кога ке ја прекинеш диетата треба да ја намалиш храната количински, или да воведеш дополнителна физичка активност, за да не се осети голема промена Тоа се најголеми шокови за организмот, и затоа се јо-јо ефектите Ако сакаш дополнителни ефекти, пиј наутро чаша вода со лажица-две јаболков оцет, и во текот на денот пиј 1-2 шолји зелен чај, и наутро или во овошниот ден јади цитрон... друго незнам што да кажам, што се однесува за Хербарјајфот може ке биде ефикасен, но само додека го пиеш... барем јас така мислам поздравче
Јас денеска протеински ден (86). За доручек изедов три праски мали. За ручек во 1 саатот јадев 2 соја шницли и салата патлиџан (три гоооолеми патлиџана, краставичка, кромидче, пиперка, малце сиренце, сол и зејтин). Мислам и дека малце претерувам со салативе, ама па ми се јаде бре. Ајде од утре ќе намалам со големината на салатата. За вечера една соја шницла и една краставичка ќе изедам. Сега ќе одам да вртам на орбитрекот, па вечер на зумба.
Што ќе чекам 2 часа после ручек, си земав си извртев 40 минути на орбитрек, ајт едно гајле помалку. Јуле, јас мислам да не ја прекинуваш диетата барем уште еден месец дај и шанса, и да не се разочаруваш воопшто, еве ме мене цели 33 дена со минус 5, а читам девојки тука тој резултат го имаат за 15-16 денови. Ама претпоставувам само дека започнале со поголема килажа од нашите, и многу веројатно - бројат помалку години од нас. Знам дека ви звучи смешно, ама деца берете памет и имајте предвид дека слабеење на 18 и на 27 не е исто. Само колку за предупредување, сосем пријателски кажувам. Анабел-а зависи од денот и оброкот, ама некои денови и јас јадам поголеми салати и ич, ама ич немам грижа на совест. Убаво си рекле - оваа шија не е од туршија, ако супи и салати, т.е. зеленчук здебелуваат, ќе го решеа одамна светскиот глад. Сега и супа ќе си сварам, многу убаво ми доаѓа врела супа и врел чај на овие температури.
Тренди, точно е дека сум -5кг за 16дена, ама дека имам малку години не е точно. Цели 25 години си имам А за килажа јас како што имам и пишано веќе почнав со 94, а сега сум 89. Ајде само храбро напред и ќе успееме сите да дојдеме до својата цел
Denes e mojot Proteinski 9 den .Za dorucek dve praski,za rucek kaj 3h,riba tuna so krastavica,i parce leb i za vecera polovina od tunata i moze edna casa mleko..i Da vi otkrijam deka kaj mene vidno se gledaat rezultati po samo 9 izminati denovi mn sum happyyy,,vi posakuvam ubav den
Здраво феминки 36 ти ден со диетава и веке некое време не мрдам од 64 кг (почнав со 73) најверојатно тоа што ја утнав 2 дена имаше удел како и да е задоволна сум и продолжувам , изгледа треба нешто да сменам за да убрзам малку се мислам дали да ја почнам турбо ун , што мислите ????
Може и до тоа е, имам малку кг за слабеење. Не се откажувам, барем додека да купам хербалајф. Железото ми се покачи од диетата, а и во обем изгубив. Малку се разочарав утрово, ама ќе ми помине . Продолжувам понатаму .
не се разочарувај, јади повеќе, но во рамките на диетата, и додека трепнеш ке ги изгубиш килограмите јас денес скробен ден, до сега овошје, околу 10 часот петровки јаболки, сега праски.. со оглед на тоа што ручекот ми е доцна двапати јадев овошје, ке ручам околу 16 и 30 грашок со салата, а може нема да вечерам, сакам да изгубам уште кило -две и доста е
Денес скробен ден.. Ручекот ми дојде доцна,али пак нема да вечерам и така. Иначе ручав пире внатре со пиперка сецкана,кромид,вагета и црн пипер.Ми излезе еден тањир цел,ама изедов само пола.Не бев ич гладна!Салата не каснав.За поручек изедов едно мало јаболко петровче Ама ја утнав малце,ама малце само.Што да правам бре женски лаком дол сум Ама нема гаље прва недела ми е,се привикнувам Иначе утките ми беа : Мама имаше купено Бурек,и каснав една осминка...И потоа за ручек правеше каша со мелено месо.И едно залче макнав Затоа под казна нема вечера,и нема леб јадење.Утре нема да јадам многу благо,за вечера ќе каснам само црно чоколадо и еден сладолед и толку А заборавив да ви кажам до сега имам испиено 1.5 литри вода.А до вечер планирам три