Јас еднаш кога држев диета се разболев и си се вратив на стариот начин на исхрана и веднаш ми помина. Да не претеруваш со диетава? Сепак колку и да е здрав овој начин на исхрана не внесуваме баш се што би можело да ги спречи тие вируси или бактерии да го нападнат нашиот организам. А, ете и промена на температурите може убаво да те пресече и да настинеш. Подобро прекини некое време доколку сеуште се чувствуваш така утре..
^ Midnight flower, почни да пиеш по една до две шумливи преку ден. Имаш од оние А+Б+Ц, има разни врсти, одбери си кои сакаш. Само гледај на паковката да пишува без шеќер. Инаку јас денеска овошен ден (89). Хухуху
и од утре ја прекинуваш диетата? Ке ни фалиш... најголема мотивација ни беше и стај некоја слика пред и потоа, најмногу имаш ослабнато од сите на темава
Пусто срце јуначко не издржа до утре. Ама добро, сутра цел ден во покрет ќе бидам, така да.. Епа лејдис и по некој џетлмен, 89 ден дојде а со тоа и крајот на диетава. Добро сега, утре ми е 90, ама со овој ден ми завршува последниот циклус. Се ежам кога ќе помислам како брзо летна време. Кога дојдов на темава со моите 94 килограми, не ни мислев дека ќе стасам до ова ,,ниво'' да го наречам. Диетава ја гледав со истите очи како и останатите диети што ги гледав и што ги имам држено. Држи ја 3,4 дена - па откажи се, па повторно држи друга па откажи се, и така до бескрај. Ама овој пат не беше така, со диетава времето ми летна така брзо, што не ни осетив дека поминаа 90 дена. Циклус по циклус, ден по ден, времето си помина. Запознав на некој начин во темава многу луѓе кои ме мотивираа, ме советуваа, ми даваа поддршка да ја продолжам. Да не ги именувам, сигурно се знае кои се тоа. Поздрав дечки . Да преминам на главното, диетава како што кажав и погоре ја почнав со 94 кила а сум висока 1,73. Што е многу е многу. И така се решив да ја почнам - па шта буде, нек буде. Првиот месец не се сеќавам колку точно изгубив, не водев евиденција по месец колку имам намалено, ама доста симнав на килажа. За време на вториот месец имаше еден период ми текнува кога стагнирав. Неколку циклуса по ред не изгубив ниту едно кило, ама не дозволив во никој случај да ме демотивира тоа. Во третиот месец, воедно и последен се случија моите 2,3 кикса во диетава. Ја прекршив на неколку наврати, да ме прашате ни самата не знам зошто, ама со ваша поддршка ја продолжив. Водни денови не држев, ни на крај памет не ми доаѓа тоа, затоа што 4 пати во неделата одам на зумба, а 5 пати (по 50 и нешто минути) вежбам на орбитрек. Уште воден ден ми фалеше . И да не го должам многу, накратко, со диетава (+физичка активност) ослабнав точно 21 кило за 90 дена. Од 94 се симнав на 73. Многу комплименти, многу пофалби, како од ваша страна - така и од мои познаници за сегашниот изглед и упорноста! Дечки, не се откажувајте во никој случај, бидете доследни на својата желба! Трендафилка, Миднајт, Волшебна, Вуден и останатите што ја држите, ве поздравувам и ви посакувам понатамошен успех! И да го овековечиме ова со неколку фотки ПРЕД и ПОТОА. Спојлер Ми ис со сори што го направив постов огромен, не дојдов со таа намера, ама таков испадна . Edit: Да не пишувам нов пост, еве тука по барање на Свити. Ќе продолжам да се хранам здраво, ќе конзумирам здрава храна со цел да дојдам до 68 килограми, значи ми требаат уште малце за да ја достигнам идеалната и посакуваната тежина за мене. И најважно со самото тоа, т.е со мојата исхрана ќе ја одржувам тежината. Насабајле следниве 2 месеца ќе јадам повторно овошје, за ручек супи, печена риба, јогурт, многу салати, брокули, манџички. Ќе намалам на маснотии и пржена храна, ќе ги сведам на минимум најмногу што можам а пржено нема да јадам повеќе, чоколади нема воопшто да јадам ги одвикнав веќе, освен еднаш во неделата 2,3 редна црна чоколада, ќе конзумирам многу зеленчук, овошје, месо на скара, некогаш житарици и чат пат по некое бадемче, оревче. Кај мене се` се сведува на деминутиви. Тоа би било тоа.
Wooooooow anabel-a која sexy мачкица си сегааааа ЧЕСТИТКИИИИ и секоја чест на постигнатиот успех. Јас држев слична диета на УН и затоа не бев активна на оваа тема со пишување, меѓутоа ве следам секој ден и искрено ти се восхитувам на упорноста и издржливоста !!!! СЕКОЈА ЧЕСТ!!!
Анабела, секоја чест, преубаво изгледаш Уште повеќе ме мотивира сега Како ќе продолжиш од утре да се храниш, сличен режим како диетава или...? Поздрав
Aнабела, браво!!!!!!! да не си поверува човек дека тоа е една иста особа, браво за упорноста и цврстиот карактер, најголем мотиватор на форумов си доста ти е веќе, немаш што да слабееш, супер си, таман, згодна мома
znam jasno mi e se toa ama ne e do toa kolku kilogrami imam tuku do toa kako izgledam a saloto na stomakot na 15 godini so mnogu treninzi i rolerki i tocak i kremi i se ne se simnuva prosto...a nesakam da go imam i najdov nekakvo resenie vo dietava
Секоја чест Анабела, прекрасно изгледаш сега! Честитки и од мене... Немој да дозволиш да се поправиш пак, комплетно нова личност си станата. И едно питанце - Како се справуваш со стриите (ако ги имаш), дали ти виси кожа, и слично... Затоа што сме иста висина, како што можам да приметам и слична градба имаме (ако си од тие крупните моми, јас од нив сум, планирам со 70 кг да изгледам топ ) и имам уште 12-3 кг до целта. Само кожата ме загрижува, се повлече ли целосно? И продолжи да пишуваш во Морална поддршка, да не следиш сите.
Фала Дузи . Стрии си имав јас и пред да ја почнам диетава, значи мене фактички ми се појавија поради здебелување а не поради слабеење. И си купив контрактубекс маст, онаа што ја фалеа во темата за стрии, лупнав 560 денари и резултат немаше. Се помирив со фактот дека најверојатно ќе ми останат за век навек, и не се осеќам нешто посебно разочарана. Сеедно ми е. Кожа што ми виси немам, затоа што секој ден во неделата имам по некоја физичка активност и телото баш ми е онака зацврстено. Абе топ што да ти кажувам . Нека не те загрижува кожата воопшто, и јас спаѓам во групата крупни моми, ако барем 5 пати во неделата имаш по некоја физичка активност, ич гајле да немаш! Ќе си се повлече ем ќе се затегнеш!
Девојче секоја чест, јас симнав дупло помалку од тебе и сега гледам дека не сум завршила голема работа, се трудам и по твоиве резултати ќе се трудам уште повеќе, не верувам дека ќе ја започнам диетава, јас сум сепак малку понефлексибилен тип за диетисување, но она што го започнав нема да го прекинам како изминативе неколку дена што ја кикснав работата, избегнував оброци, ужини и си поткаснував забранети овошки. Сега трк на шопинг да се почастиш со некое парче гардероба 5-6 броја помала од таа што си ја имала пред 3 месеци, да те познавам лично и ја би те почастила искрено, од мерак. Летово за тебе е вистински погодок драга моја, вистински, конечно облечи бикини кои повеќе откриваат од што покриваат и трк на плажа, заслужуваш драга моја, ти си хероина на темава
Браво Анабел-а, денот ми го разубави со постот, честитки со желба никогаш да не се вратат изгубените килограми штета што касно ја започнав диетава и нема да сме веќе синхронизирани со деновите. Денес, 36ти овошен ден, и засега оди одлично, мавнав една овошна салата од банана, праски и кајсии. Дечко ми ја засладил со мала лажичка мед, не знаел дека не треба, грев ми беше да ја растурам сега. Многу вода и некоја чашка 100% сок од ананас. До крајот на денот ќе се повтори уште една овошна салата. Не сум се качила на вага некоку денови и не планирам да го сторам тоа уште 4 дена. Се надевам пријатно ќе се изненадам.
И мене ми е овошен ден. 4 ден За доручек јадев јаболчиња од тие малите, петровки или не знам како се викаат, малини и кајсии. А сега планирам да изедам неколку праски. За вечера најверојатно пак истото, може и сливи ќе додадам. Баш ме иненадија моите што ми купиле малини. Мммм. ЕДИТ: Браво и од мене Анабела, баш убаво изгледаш сега. Упорноста се исплатила.
Анабела девојко ти се поклонувам! Каква промена, WOW! Браво, браво, браво! Преголема мотивација си ми, да знаеш.. Леле шокирана сум, мислев дека само на Топ Шоп можам да видам овакво нешто! Без коментари ме остави, секоја чест
Анабел-а браво, секоја чест девојко . Ова е за пофалба, сега си како нова. Не ти фали ни грам помалку, таман си. Плус си атрактивна, имаш убава линија и обиди се никогаш повторно да не ги вратеш килограмите. По пауза од два дена, јас си се вратив на диетата. За појадок банана, за ручек телешко месо и салата од зелка, а за вечера јадев домати со кромид и рендано сирење и едно мало копанче. Ама може и чаша јогурт ќе пијам.
Ако не се лажам, мислам дека банана се препорачува само за овошниот ден, затоа што има многу шеќери..