10 дена се придржував строго на диетата не го користев само протеинскиот ден..него строго го скокам...јадам прв ден јагленохидрати,,втор тестенини трет овошје...доручокот секогаш ми е во 9 наутро,ручекот во 13 ч,а вечерата ми е пола од ручек во 18 часот после 18 часот ништо не јадам...во денот за тестенини јадам и вечера тестенини...не торта или чоколадо како што е наведено...а за овошниот ден на секои 2 часа овошје во пар...се до 18 часот ...кафе пијам со шекер....и за 10 дена 3 кг..во недела го заклавме прасето и јадев како за последно и топло лепче и месо и торта за десерт ...ама од денес опет исти режим...ај да видиме .....
Uste nesto smee li spagetite so sirenje i smee li pizzata so salama? inace izvinete za latinica imam simnato kirilica i nejke...vcera pak siminjav i sakase a denes pak nejke -.-
da isto i jas,ja imam drzeno pred 2godini oslabev 8kg..i dosega nikogas ne gi vrativ..mnogu e efikasna!! [mod-kirilica:3ugkd1si][/mod-kirilica:3ugkd1si]
Јас имам 2 прашања:дaли овошките,како појадок секој ден треба да се исти,на пример,секој ден по два портокали и дали доколку во протеинскиот ден првиот циклус си јадел јајца,мораш да јадеш јајца и во вориот?
Секој ден можеш да јадеш различно овошје,2 праски,2 портокали,компот...дури некогаш можеш една рака суво овошје,ти ги препорачувам сливите пошо буквално прават чистка од сабајле на гладно срце ) а во протеинскиот ден можеш да мешаш
Е баш ти благодарам!Сега се сетив,имам уште едно прашање кога е овошниот ден,дали овошјето се комбинира како доручек,ручек и вечера или може да се јаде цел ден,на секој саат-два?
За време на овошниот ден си јадеш повеќе пати дневно,на пример на секои 2 саати зошто на почетокот на диетата ке бидеш повеќе гладна...После ќе се навикне организмот па нема да има никакви проблеми ) ...Инаку како ти оди? кој ден ти е денес? Симна нешто?
Ма јас уште ја немам почнато затоа прашувам и собирам информации,барем кога ја држам,да ја држам правилно се надевам дека во скоро време ќе ја почнам
Јас фино си почнав ама многу работа ми се натрупа и дома и на работа и немав време да се организирам со подготовки па ја прекинав. Утрово ја почнав пак, само нема да се придржувам одреден временски период туку деф. вака ќе се хранам...во тоа и е финтата...Деновиве кога почнав пак да се прејадувам приметив дека секое изгубено килце како бумеранг ми се враќа по секоја брза диета па затоа отсега вака ќе се јаде, по УН! Само така има ефект! Единствено овошниот ден ми е тежок ама тој ден може и некоја салатка да здрвам ништо страшно! Едвај ги чекам првите резултати кога ќе се мерам во недела!
И мене овошниот ден ми е смрт! Ич не го сакам,ама сега засега добро ми оди денес ми е веќе 21 ден и симнав само 2кг првите 7 дена,оттогаш не сум мрднала,не знам што е работава,веројатно сега нагло ке си отидат 3-4 килца :/
Не знам што да ти речам.....диетава навистина некогаш е демотивирачка....треба истрајност. И јас мислам дека ќе симнеш повеќе деновиве...организмот се навикнува и стагнира, затоа има мала пауза. Ама те тешам...а јас готова сум да се откажам гладна сум...а за денес беше доста јадење
ДЕВОЈКИ ЈАС РАЗМИСЛУВАМ ДЕНЕС ДА ЈА ПОЧНАМ ДИЕТАТА , МИ СЕ ЧИНИ МНОГУ ЕФИКАСНА , И СЕ НАДЕВАМ КЕ ИЗДРЖАМ БАРЕМ ДА СИМНАМ 6 КИЛЦА. ПОЗДРАВ
Здраво мои драги диеталки . Мене ми е 6ти ден и до сега не чувствувам дека сум ослабнала ама чувствувам подобрување на метаболизмот. Инаку ги читав вашите коментари дека оваа диета не е ефикасна кај луѓе кои сакаат да изгубат само 2-3 кила. Ве молам ако некој го имал истиот проблем и успеал да ослабне нека пише за колку време му успеало. Молам за мала подршка. Позззз
Сакам да прашам како ги јадете напишаните работи. По ред како се напишани на пр. прво месо па леб па салата и на крај супа или ги мешате заедно како сакате?
ЧЕТВРТИ ДЕН МИ Е , И СУПЕР МЕ А, САМО ДА ВИ КАЖАМ ДАЛИ Е ДОБРО АКО ЈАДАМ САМО НАУТРО ВО 12 ЧАСОТ ОВОШЈЕ А ПОТОА ВО 6 РУЧАМ Е СЕА ДАЛИ Е ВО РЕД Д НЕ ВЕЧЕРРАМ ИЛИ ДА ВЕЧЕРАМ ПОКАСНО???? ОКОЛУ 8 ???
Диетава лично јас ја немам држено, но знам луѓе кои ја држеле и буквално се истопија. Е сега не ослабеа одма, мислам дека дури третиот месец нагло се познава слабеењето. Нема никаква стетност од дитеава. Само што јас не можам да бидам само на овошје до ручек и не можам да ја држам. Како и да е ви посакувам среќа и да ви оствари планот да си ослабете сите на здрав начин и без хемии! Само да знаете дека и откако ќе поминат тие 90 дена треба да продолжите за доручек да јадете само овошје инаку пак ќе си вратите килажа !!
Мојот сопруг ја практикуваше оваа диета и навистина е ефикасна, дава резултати, само цело време се жалеше дека е гладен. Ако можете да го издржите 4-от ден, само овешје тогаш ќе успеете. Јас пробав ама се отгажав 10-от ден, не можев да гладувам.