Кој ти забрани да си напишеш мислење?! На темава разговараме тие што ја држиме диетата или тие што се заинтересирани да ја држат. А, ти тука искажуваш „мислења“ кои немаат врска со темава, како на пример двете последни. Си кажа што имаше и тоа е тоа. Од мене ни збор повеќе.
Конечно те вразумивме, епа никој не ти забранува да коментираш ако е поврзано со диетава , со среќа нека ти е , и да ослабиш со здрав режим на исхрана, а не со гладување
Од денес ја поцнувам,па ке ја држам 3 месеца и се надевам дека и јас и сите ке ги добиеме посакуваните резултати. Фала!
Салата без зејтин, реално не иде некако. Па не сме животни ние. Јас си ставав во салатите зејтинче како и обично. Нормално не се претерува. Оризот некогаш пропржен со зејтин и кромидче па во рерна а некогаш пак го јадев варен со вегета и зеленчук. Вторава вријанта ми беше нова за мене и далеку поубава. Компирот го јадев најчесто варен, избегнував печен во рерна - 2/3 пати највеќе во текот на диетава јадев така и тоа само гости кога имав, демек ај да не испадне работава со варен компир да поминеме. Кога правев варен компир, со него правев салата со кромидче, солца, бибер и сосем малку зејтинче.
Бидејки ми е прв,протенкси ден пишува за руцек и вецера салата.Тоа треба да е само една врста салата или може и друга.На пр само краставица или може и патлиџан,секако без зејтин??
Абе јас првиот ден јадев, саалата зелка за ручек, а за вечера беше мешано зелка со краставица, мислам дека нема никаква врска во салатите, битно е главното да не го измешаш, и за ручек и за вечера да ти се или јајца или месо, нема врска салатата
Vo proteinskite denovi mozes da si jades salati duri i sopska salata no pritoa da namalis na glavniot obrok(ribata ,mesoto i dr)Nema vrska sto salatata e mesovina od patlidjan ,krastavica ,kromidce samo pomalku i se razbira so malku maslo vo nea Imaj ubav den....
Па и јас искрено си се чудам, затоа што секогаш потешко симнувам килограми. Може да се каже дека се придржувам строго, јадам се', ама сепак во умерени количини и имам поголем времеснки интервал меѓу оброците. Од физички активности, единствено што пешачам, имам дома и орбитрек, ама ме мрзи некако...
Прочитав дека било ефикасно по скалите.Чим е толку ефикасно да го применам тоа и оваа диета и супер килажа. Инаку денес за доручек не јадев ништо За ручек две јајца,мал домат и пола краставица. А за вечера ке издеам едно јајце и мал домат Добро е нели,да не претерав?? Инаку денес вежбав пола саат,ама уште 2 пати по пола саат ке вежбам и доста ке да е за денес.
Доручекот не смееш никогаш да го прескокнуваш. Најважен е, не само во диетава. Плус овошјето ти дава енергија за цел ден.
Јаглехидратен ден број 39. Кафе и едно јаболко за појадок. За ручек имав интегрални шпагети со томатело. Арни си беа. За вечера малку се заебав. Имав некој домашен колач, онаков сув, направен од смеса за мафини и мислев да си го заблажам поштено со лажица Нутела (дека немам пробано бог те пита колку време Нутела). И се полажав. And I did. Не дека ми е нешто посебно криво, сакав и си дозволив, ама сега ми е исклучително тужно-ружно. Толку благо не е на арно, ме мавна главата и стомакот. Па фино си бев во вц и си се испразнив. Ќе се мерам после 5 денови, да го истерам утре овошниот ден и уште еден циклус. Се надевам вагата ќе покаже 1-2 кг минус.
Здраво дечки! Вака сега, јас и сестра ми од утре почнуваме со диетата па посакајте ни среќа. Видов дека е многу ефикасна па се решив и јас да ја почнам. Но само сакав да ви дадам еден совет. Додека ја држите диетата треба и да вежбате ако сакате побрзо да симнете повеќе килограми! Јас веќе секој ден почнав да вежбам на степер и да се движам и да ви кажам ич не е тешко, што значи брзо ќе ослабам, таман за на одмор, хехе
Денес ми беше протеински ден - 36 по ред. За појадок: праски (4, дека помали) за ручек: ех, ручекот ми беше разновиден 2 вида салати (по малку од двете)+печени пиперки (онака посолени и со зејтинче)+1 печена кременадла+ мааалку риба печена на скара (беше се распарчила, па стварно не знам колку изедов, ама мислам дека беше ептен малку) за вечера: тука ја утнав малку работата. Како прво вечерав многу доцна (околу 22:40ч, ама дека доцна ручавме и + пешачев), како второ вечерата немаше врска со ручекот. Изедов една мала шопска салата (со сиренце, нормално) и околу 2 чаши јогурт (ама јас го растворам со вода, значи рачунајте 1 чаша јогурт). Пешачев денес (почнав малку и да потрчнувам ).
..Па јас и самата си се чудам како сум станала толку неиздржлива...Почни-прекини, почни-прекини веќе 4 месеца почнувам и се откажувам од диетите. Оваа е толку лесна ама никако да ја продолжам повеќе од 2 недели..си се лутам самата на себе..се нешто ми се грицка, немам сопирачка. Имам 80 кг а сум висока 168цм. У последно време нон стоп мислам на слабеење и диети..Не сум којзнае колку активна ама не сум ни залепена за спална. Читам ,читам на форумов и се мотивирам ама мотивацијата ми трае мн кратко време ..
7 ден (Јаглехидратен ден) Доручек 2 праски Ручек пола пица со кечап, печурки и малку кашкавал. Вечера едно парче торта и еден ред чоколадо за готвење.