девојки да ви се приклучам и јас ја имам држено диетата лани летото ( само 1 месец ) и ослабнав од вчера почнав пак и сега ќе видиме до каде ќе издржам вчера ми беше прв ден - јадев сабајле 2 праски, за ручек кисело млеко и варено јајце и едно парче леб а за вечера мешана салата со 1 јајце. денес скробен ден - јадев праски од сабајле а за ручек си носам од дома боранија кој е со мене?
Јас сум со тебе , прв пат ќе ја држам се надевам ќе издржам барем месец-два па зошто да не и три. Почнав демек од вчера ама ете овој прв круг ќе ми биде прилагодувачки, додека се навикнам што како треба па натаму ќе биде полесно, со вас секако. Мислам дали да се мерам,не знам дали бројките ќе ми бидат мотивација или демотивација Па и не ми се толку битни ќе видам па мене дали ќе има резултати. Само не знам за тие што ја држеле како делува на метаболизмот имам нередовна столица дали оваа диета ќе ми помогне или не дај боже одмогне? Почнав да користам ленено семе сега морам да прекинам за тоа што не знам во кој ден може да се јаде тоа ?
Од денеска и јас ќе ви се приклучам. 1 ден - протеински. Доручек: Една рака ситни кајсии. Ручек: Мало парче леб, 2 варени јајца и сирење, и мноогу салата. Вечера: Едно варено јајце и салата. Мислам дека е добро, сега додека да се навикнам.
Значи најдобра диета во живот што сум ја прочитала, има благоо !!! Јејјј, фала за тој што ја препорача, и супер што успева, еве од денес и јас ке ја почнам, само што јадев малку палента за доручек, али нема везе два пати ке го правам протеинскиот ден, да пробам да се навикнам
3 ден – Јагленохидратен ден Доручек две мали јаболка Ручек интегрални шпагети,без ништо,ама мн малку јадев. Вечера две коцки чоколадо за готвење,бидејки неможам веке барем една-две коцки. И вежбав 45 мин. Не претерав со јадење нели?? (добро само не сум вечерала,ама тоа ми е во план).
Да прашам за утре, скробен ден. Ручек може ли вака 2 варени компири да направам салата со кромидче и марула, а за вечера еден компир варен салата исто?
9 ден (Протеински ден) Доручек 2 сливи Ручек плескавица на скара, салата и мало парче леб Вечера половина ребро на скара, салата (уште не сум вечерала ) Мора да напоменам дека многу прејадена се осеќам сега, некако се навикнав да бидам погладна и едвај го изедов ручекот. Исто и јас вежбам, вчера направив 80 стомачни и неколку други вежби. На диетава гледав како на нешто што нема шанси да го издржам, но воопшто не ми е тешко. Особено се плашев од овошниот ден, но без мака го поминав веќе 2 пати. Убаво е вака што си даваме сите подршка една на друга.
Оваа диета е прекрасна и има ефект...Денес ми е овошен ден и добро се придржувам.. Секако и вежбам на орбитрек по 30 минути..Поздрав
Во врска со мојот ориз.. го варев во вода, со малку зејтин, вегета и сол Tаман ли е, да не утнав нешто? Едит: плус моркови
Здраво девојки.Нова сум на форумов,ама ве следам оддамна.Иначе јас ја имам држено диетава и супер беше,ама имав неповолни периоди и така ја држев ја прекинував,ама сега сум решена. Иначе вчера ми беше овошен ден онака да си го исчистам организмот и денес стартував официјално. Иначе анабела,секоја чест за тебе,ти си ни доказ дека со волја и упорност се се може.Браво девојко ..ПОзз до сите и ДајБоже секој да стигне до посакуваната тежина..Love for everyone [
Денес ми е 8ми ден (овошен), гладна сум многу, цел ден јадам ама овошјево не ме најадува ама ич! ама ќе биде..Инаку тежам скоро 3 кг помалку
Поздрав до сите диеталки! 38 ден - јагленохидратен: За појадок: 10 мали кајсии; ручек: чинија варени макарони со кечап и една грисина; за вечера: пола парче торта, малку сладолед (околу 2 топки) и ред темно чоколадо (со 75% какао). Потоа пешачев околу 1 час. Можеби се многу кајсиите за појадок (некако визуелно си проценувам да бидат колку две средно големи јаболки), ама инаку нема да можам да издржам до ручекот- појадувам во 07:30, ручам околу 12ч а вечерам некогаш околу 18ч (пред пешачење) а некогаш околу 22ч (по пешачење).
По толку одложување на диетава (нели не овој туку нареден понеделник) се приклучувам и јас. Па кој ќе те мотивира ако не Анабела, Лукс и Нутриционист! УН ја држев пред отприлика 3 месеци со мнооогу прекршоци и килограмите не се намалија, но се забележуваше разлика во обемот. Епа тешко ми беше бе луѓе кога имам толку раздвижени нож и вилушка. Почнувам од утре, овој пат построго. 1 ден - Протеински Доручек: 2 праски Ручек: 2 парчиња пилешки стекови, супа и салата Вечера: 1 парче пилешки стек и салата Се мислам каква салата да јадам, шопска или зелка? Шопската има сирење, а пишува дека ако се јадат млечни производи треба да се намали од месото.
Јади шопска ама без сирење.. тоа веќе не е шопска, ама подобра варијатна ти е повеќе резултати ќе имаш, верувај.. јас се трудам да го оставам сирењето на страна Макар што и зелката не ти е лоша опција, ама мене тоа повеќе ми е зимна салата.. сега имаш зеленчук на претек, имаш избор
Оф мајко, денес за ручек изедов малце повеќе риба , и затоа се решив да не вечерам, како што бев излезена заради кошарката ја пропуштив вечерата и баш ми е мило, ако бев дома сигурно пак ќе јадев ама сега кога ќе го стегнам стомакот, кога ќе го вовлечам нанатре, незнам како да ви објаснам, незнам дали ме разбирате, ама страшно ме боли, осеќам болка, знае некој зошто ми е вака? му се десило ова на некому?
Вчера - скробен ден Појадок - праска Ручек - варен ориз со малку зејтин, вегета, сол и моркови, салата од патлиџан и краставица Вечера - многу малку ориз, што ми остана.. и еден патлиџан Денеска - јагленохидратен ден Појадок - праска и неколку кајсии (знам дека не се меша овошјето, ама немав веќе праски а се осеќав гладно) Ручек - си купив ѓеврече веќе, ќе го јадам попосле.. ми беше зборов, само едно ли е дозволено? Вечера - ред чоколадо за готвење и некое колаче, можеби и сладолед..
Јас веќе завршив и со ѓевречето Малку раничко ама тоа е научена сум да јадам наутро па ова со праски до ручек потешко, а сега веќе ќе можам да чекам сладолед до вечер... кој знае... може пак уште едно ѓеврече... Никој не ми одговори за ленното семе смее да се јаде или во некој одреден ден?
Лененото семе не е ништо страшно, тоа ти е ко да земеш ѓеврек и сеа да му го вадиш сусамот, не се сеќирај, тој само ќе ти помогне во дигестијата, порано го употребував во се, дури и како додаток во сендвич со павлала и кашкавал , ама мене ми е царски вкусот на ленено семе, го ставам дури и во салати и врз потпечено тесто за пица со сусам, го премачкувам со белка од јајце, му додавам семиња - сончоглед, семки, сусам и ленено семе, го посолувам и го печам, е после го попрскувам со водичка и е најубавата пица на цел свет, за со пиво секако Мислам дека во диетава се дозволени 2-3 ѓевречиња во овој ден, сега нека бидат две барем, секогаш си ја зимам јас долната граница