Здраво диеталки, денес скробен кај мене ,доручкував пола банана,ручек правам ..како се вика оној компир,варен па пржен,не ми текнува на нашки ќе ставам и пиперка и тиквичка,сакав друго да правам,ама открив во последен момент дека немам состојки,нема врска.во неделата прекршив за вечера и понеделникот тотално ми беше утка,ама па многу бев возбудена дека вчера полагав за возачка,цел понеделник само гнетев нешто и гледам вчера пола кило сум ослабела.важно положив си правам така прекршоци мали,ама слабеам,стомакот ми е даска направен,3ипол кила симнав за скоро 2 недели,а марбелла што рече за болките,сабајлево така ми беше во пределот на јајниците,не кај желудникот,ама не верувам дека ми е од диетата,вчера цела вечер на тераса боса седев,ќе да сум настинала. И јас исто сакам ленено семе,ама мора да се пијат многу течности,му треба течност да набабри семето во желудникот и така помага при дигестија,иначе ако не се земаат многу течности спротивен ефект има Поздрав до сите!
за тие што ја држат диетата можам да им препорачам и кога јадат јајца може да бидат и печени мене барем повкусни ми се така. ги печев обавезно со сирење или кашкавал.идај не претерувај те луѓе со тоа варено месо .знаеме сите дека е повкусно печено.јас ниту еднас не го јадев месото само варено го печев обавезно ниту оризот само варен.единствено можеше да се случи да јадам компир варен.и пак ослабнав многууууу.само битно е да не ја прекинувате да бидете озбилни
Луѓенца, јас од доручекот до ручекот неможам да издржам само со тоа овошјето. Јас си поткаснувам кајсии малецки по 2-3, да си кажам. Инаку денес Скробен ден (2) Доручок: Кајсии неколку и сливи Ручок: 2 компири варени салата со кромидче. Вечера: Еден варен компир саката со краставичка(пола).
па не држам некоја конкретна диета, а слушам пофалби па викам да пробам за убрзани ефекти. иначе трчам, пијам 2,5л. вода дневно и сакам да стопам малце повеќе па од септември здравје боже а може и август ќе почнам со некои часови (аеробик, зумба) што и да е. иначе многу се разочарав затоа што сварно изгледам така елегантно пополнета да не речам .сум 170 со 61-62 кила а една другарка баш вчера ми вика јас сум 160 и 60 кила, а нема 1/3 од мојов мешљак не е фер а плус колку јаде а овие хеланчињава колку, каде?
Вчера 2 ден скробен Појадував неколку кајсии,ручав леќа, вечерав салата со малку леќа. Денес 3 ден. јаглехидратен За појадок имав 2 праски, ручек шпагети и каснав еден ред црно чоколадо. Вечера нешто благичко. Веројатно сладолед или колаченце. Утре овошен ден, се надевам брзо ќе помине.
ДОЈДООООООВВ...еве мее,немате појма колку ми недостигавте.... Малку офф топик да кажам,преубаво си поминав,се исончав се напливав се одморив се наиграв абе све све... Он топик...100% имам -1 килограм од премногу активност таму,но премногу јадев такоси... До вечер читам како сте шо ст екако напредувате,сега онака малце колку да знаете дека не сум ве заборавил...поздрав
Јас ја држам оваа диета и за околу 14 дена ослабев 7 килограми , многу сум задоволна, очекувам и повеке резултати, инаку не се придрзував многу знаев по малку да ја распам со тоа сто јадев прзена храна некад јадев овошје кога ќе осетев глад и кикирики........
имам 120 кг дали ми ја препорачувате оваа диета и колку би ослабела за 3 месеци дали има некој искуства со голема килажа заборавив висина 168 цм
Јас ти ја препорачувам,ама бидејки имаш повеке кила подобро ке биде ако можеш да издржиш да ја држиш два пати по 3 месеци и мн ке ослабеш,секако ако можеш.За 3 месеци се слабее од 18 до 25 кила.
Едно категорично ,,Да'' ти давам, со цел да започнеш ја применуваш диетава! И те како има да ги симнеш вишакот на килограми, ако се придржуваш принципиелно до крајот на диетата, односно 3 месеци. Плус било каква физичка активност, би бил еден голем плус во целава работа. Воведот на првата страна од диетава кажува се' Јас ти посакувам добредојте на темава, и се надевам дека ако се решиш да ја држиш - ќе не известуваш како ти иде и какви резултати имаш. А, инаку Смајли, не е добро цели 6 месеци да ја држи диетава. Минимум 3 месеци пауза треба откако ќе ја заврши, пред повторно да ја почне.
10 ден (Скробен ден) Доручек 2 кајсии Ручек 2 средни печени компири, салата и едно парче леб Вечера тавче гравче и салата. Знам дека не треба да се мешаат јадењата ама многу ми се пријаде. Сепак не го сметам за некој голем прекршок. Е сега имам едно прашање. На брат ми му е на 10ти роденден, а мене ми се паѓа овошен ден. Ќе биде ли голем прекршок ако ги заменам јаглехидратниот и овошниот ден? Мислам да го ставам 3 овошниот, а 4 јаглехидратниот? Инаку ако не ме лаже вагата стигнав до -3.
Па добро,незнаев дека не е добро,мислев дека може.Бидејки диетава е толку лесна и здрава.Се извинувам.
4ден – Овошен ден Доручек 1 крушка,1 јаболка,1 праска Ручек 3 праски и 1 портокал Вечера 2 портокали и 1 јаболко. (се измешано ) И вежбав 45 мин.
06-ден Скробен ден... Доручек: сливи... Ручек: Чиниа варен грав, едно парче леб, салата од две печени пиперки и еден домат. Вечера: не осеќав глад и затоа не вечерав тоа што требаше туку каснав малце овошје, т.е неколку парченца пепун Бтв: Не ја чуствувам повеќе болката во стомакот...
Браво! А со колку кг ја почна диетава и на која висина? А, и дали и каква физичка активност имаш? Јас многу се трудам да не ја прекршам, а за 30 и кусур дена успеав да симнам само 4кг (не дека се жалам, ама до 20кг не ми се верува дека ќе симнам - толку ми беше вишокот). Инаку, денес ми беше овошен ден уфффф, едвај помина. Не знам колку изедов кајсии, праски, а богами и една рака печени лешници и бадеми (не треба печени, ама такви ми дојдоа при рака). „И пак баба не јала, и пак баба не пила!“ Едвај го чекам утрешниот ден - протеински (и тоа ручекот). Не знам што ќе јадам, ама знам дека ќе се најадам. Денес не пешачев, а нема ни утре. Имам нешто работа по дома, и се ми фали време. А некако и енергија слабо имам деновиве. Не знам дали ми е од диетава (бидејќи на почетокот имав повеќе енергија од колку пред диетата) или можеби од промена на температури (внатре со клима уред и надвор без клима уред)? Се некако многу сум уморна и многу ми се спие. А може и навистина сум уморна- многу динамичен животов.
Jas pocnav so 81 kg , a sega imam 74 , visoka sum 165 , znaci zimava ja preterav se zdebeliv mnoguuuuuu. Inaku ne se pridrzuvav epten strogo no sepak ima rezultati. Fizicka aktivnost nemav mnogu, po malku pesacev i toa bese se. Ne se sekiraj ke oslabes, ti garantiram, sepak sekoj organizam e razlicen
Ne smees da preskoknuvas i da zamenuvas obrok, toa sto ti pisuva u dietata jadi, ovosjeto e za dorucek a ne za vecera, osven se razbira vo ovosniot den
Вчера ми беше јаглехидратен ден и за вечера си каснав палачинка. Таму пишува парче торта или неколку колачиња. Колку се разликуваат во калории палачинка/со парче торта? Голема утка ли направив.
Не бе не си направила утка, и тоа е благо според мене, ти сигурно не си ја јадела палачинката празна, била со нешто благо, а калории зошто ти се? немаат врска калориите, битно е да била една блага палачинка а не десет