^ Не, да се разбереме, ок е ако девојката изела ЕДНА палачинка, па нека е бре еве и со Нутела и шлаг. Нејсе, благо е. Ама не изела 3, и после палачинката не јадела крем банани, рум штангли и топка сладолед и мафин (а има такви примери, верувај ми, и сметаат дека е в ред, затоа што - под благо спаѓа тоа бе.) Тоа е поентата, да не се претерува, ем количински, а дефинитивно да не се меша. Моето мислење е дека кога веќе си се решил на диета ќе си играш на орото, нема да кенкаш и нема да отстапуваш од правилата СЕКОЈ ДЕН. Боже мој, специјални пригоди имало и ќе има, едно пиво, чашка вино, кока кола лајт една, здрави и живи да сме. Ама не локаш секој ден, така? Еднаш во две недели ти доаѓа таква специјална пригода. Не знам, можеби јас сум чудна, што е до мене, режимот си е режим, јадеш и нема после тоа кенкање на глас - леле, бубрег ќе продадам сега за еден сладолед. Или - дај да го мириснам или лижнам лажичето што јадеше бисквити и млеко со него (овие примери не ги измислувам, ми се случиле со други другачки диеталки кога сме држеле диета заедно). Колку телото го програмираш физички за таков начин на исхрана, подеднакво толку и мозокот го програмираш. Моето друштво после искачање се распостелува кај Вили, сите гмечат, што ми е мене гајле, не покажувам слабост, не потклекнувам, не земам ниту гриз, ниту пак мал помфрит (демек тоа е некаков си успех, ама они сите јадеа лесковачка, а ја мал помфрит, јаааа ги заебав, ма дури ни салата не земам бе). Чисто да не ви е криво кога не губите килограми според очекуваното. Тука ги правиме грешките. Едно кафе со млеко што е, а додаваме во тоа САМО 2 големи лажици, па јас го откажав, а многу го сакам. Во 3 дена пијам турско без шеќер, тоа со млеко го пијам само првиот ден, кога е дозволено... Епа сега... кој како милува. pamelche, те сфаќам, на почетокот е многу тешко, гладна си, ти доаѓа шифоњерот да го зајадеш од глад. Ама верувај, ќе се навикнеш. Веднаш ќе ти кажам - морковот ти е лоша идеја, тоа е скроб. Морков оди во групата на компирот, тоа не е како останатите водлести зеленчуци. Јади го само во вториот ден. Ајде да речеме ако си премногу гладна, пред ручекот, земи излупи си краставичка, барем знаеш дека 90% е вода. Па и после ручекот првите денови земи си, и така и за ручек и вечера имаш салата. Пиј повеќе вода, пиј чаеви незасладени. И бадеми, лешници, ореви, лупен сончоглед, семки од тиква... да, здраво е, и да калорично е. Тоа исто треба да е строго лимитирана и ограничена содржина. Ако знаете дека ќе се исконтролирате со 10 или 20 бадемчиња, ок, земете си. Јас знам дека не можам, не ме најадуваат воопшто, немам контрола врз истите, и не ги ни започнувам. Веројатно се знаете самите себе и навиките и сопственото тело. Ок е моментот кога давате аргументи пред другите зошто и како сте изеле, ама пред себе не можете да скриете.
Во секој случај има разлика во типот на торта и во типот на палачинки. Некоја торта со путер,три вида чоколадо, биксвити и сл. е понездрава и значи поголем внес на калории,отколу онаа француска палачинка со лажичка џем одозгора. Само што можеби намерно е ставено парче торта макар и покалорично затоа што далеку повеќе заситува и дава енергија за овошниот ден. Исто така и мотивира повеќе. Палачинка (од тие нашите со крем не тие како лепче француските) има 100 калории. Додека парче торта од минимум 200 до 500 калории, се зависи од содржината внатре.
конечно ја почнав диетата доручек-јаболка,ручек-салата,2 јајцамалку урда и 1 парце двопек ако грешам некаде ке ве молам да ми пишите
2 ден – Скробен Доручек: 2 банани Ручек: Сварен грашок (од смрзнатата мешавина со морков и пченка) и салата Вечера: Истото од ручекот, во преполовена доза Инаку леб никогаш не сум јадела во комбинација со главно јадење, така да од мојава диета е целосно отфрлен.
Pamelce, мене кога многу ми се јаде си пијам или кафе, или чај (без шеќер се разбира), а пијам и вода. Тоа некако ме заситува привремено. Порано не можев да пијам многу вода, но сега се навикнав, и така издржувам некако до наредниот оброк (најчесто се 4 часа помеѓу оброци, мислам дека секој од нас може да издржи 4 часа без јадење). Пробај и да се концентрираш на некоја друга работа- времето ќе ти летне доколку не мислиш постојано на јадењето. Единствено во овошниот ден си дозволувам да си „мезам“ и тоа исклучиво овошје. Некој имаше прашано како се справуваме со слави, родендени, свадби и сл. Јас ќе си кажам за мене. Пред да ја почнам диетава, ми се ближеше роденденот па си израчунав кога да ја почнам за да ми се падне јагленохидратен баш на роденденот . Потоа требаше да одам на свадба во друг град, а се паѓаше да ми биде овошен ден. Е сега свадба, па и овошен ден - некако не ми штимаше, па си прескокнав еден јагленохидратен ден за на денот на свадбата да ми се падне протеински. Не треба да се прескокнуваат деновите, но ако веќе мора, мислам дека е најдобро да се прескокне јагленохидратниот ден. Имаше и многу родендени (на блиски), во изминативе месец дена, ама не ја прекршив диетата (ми чуваа парче торта, или ми го праќаа за дома - да го јадам кога треба ) и пак се изнајадов торти - ама морав . Сега овој викенд - пак сум на свадба во друг град. Се паѓа јагленохидратен, ама не планирам да го менувам. Ќе си каснам овошје за појадок, ѓеврече за ручек и еден сладолед пред да влезам на свадба. Таму нема потреба да јадам ништо (ќе си играм цело време - па никој и не мора да знае дека сум на диета), е само може еден залак или два од невестинската торта - колку да ја пробам .
И јас се согласувам со тоа дека калориите се и тоа како важни.затоа и си правам измени во оброците и не се придржувам 100%,на пример да си ги направев тестенините денес со доматен сос ќе изедев 3 чинии и пак немаше да бидам сита ,дека не ми е вкусно така,затоа си правев со павлака,во 12 јадев и еве уште не ми се јаде. и посебно на овој ден не треба да се претера со вечерата дека е благо,според мене нема многу смисла ама ај,нивото на инсулин се зголемува па после одреден период бара надомест и затоа другиот ден за појадок нема овошје што може да ме најаде.за мене вака функционира дека немам многу кг за губење,уште 2 останаа и сакам да продолжам да се исхранувам вака
Заврши и денешниов протеински ден - 40ти на број. појадок: 8-9 мали кајсии; ручек: 3 варени јајца и салата; вечера: 1 варено јајце, шопска со сирење и чаша јогурт (со вода растворен). Вечерата изгледа многу ми дојде. Се најадов, дури и малку лошо ми е. Ама со душа го чекав денешниов ден. А да, попладнето (2 часа пред вечерата) пиев и нес кафе со млеко . Толку за денес. А да, уште 1кг во минус, сега сум -5кг.
11 ден (Јаглехидратен ден) Доручек 2 праски Ручек 100- 120 гр тортелини и кечап Вечера едно парче торта и еден ред чоколадо за готвење. Денеска денот ми беше хаос. Станата од 8, еден куп обврски, а вечерав накај 22:20. Што да правам, кога не можев да стигнам дома пред тоа?! Ај нека помине уште некој саат па ќе се фрлам на вежбање. Не планирам да се мерам некое време, поарно вака...
Јас сето ова да го изедам ке се здебелам верувај На овие пусти диети сум од после 9 јануари иии верувајте ништо не ми помага никаква диета и се изнервирав многу и купив лента Слимлине апчиња ии ослабев ии многу сум задоволна не ги вратив килата иако сите викаат вакви се такви се али се е до организам и да ви кажам од денеска сум на оваа диета да ја пробам да видм дали ке ослабам ии исто сум активна од јануари вежбам на справа од пред некој ден скокам на јаже ии може да се каже дека и пешачам доста многу ии ке видам што ке се деси дали ке има резултати
тука сум тука , ве читам секој ден ама мрза ме фати да пишувам , од топлово ми се стопија буквите ајде да се фалам 46 ден и 63 кг (почнав со 73) стагнацијата излгеда ми помина сакам уште 5 кг да ослабнам и знам дека ова ке се најтешките кг за слабеење ама тоа е тоа поздрав до сите и само напред и не забушавајте и бидете упорни како мене на пример хаха едит аааа и во обем многу имам намалено , посебно кај стомакот , и задникот
07-ден Јаглехидратен... Доручек: неколку сливи Ручек: чиниа шпагети со кечап Вечера: 3 топчиња сладолед
Мила, ова и не е многу јадење, не за мене (особено сега кога сум во ПМС). Јас сум будна од 7ч до.. еве до кај 24 - 01ч. Порано за ова време ќе изедев многу повеќе, а особено што ќе измешав се и сешто, и обавезно денот ќе го завршев со лубеница или сладолед, или нешто слично. И не да се бранам, ама ми треба концентрација додека сум на работа, па не се грижам и доколку изедам 2-3 кајсии повеќе за појадок (иако мали се, по мое 10 кајсии = 2 големи јаболки). Во секој случај, почни ја диетава и придржувај се до правилата. Битно е да не ги мешаш намирниците (протеини со јагленохидрати), не е толку важна количината (само да не се претерува - сепак, убаво си е наведено: една ресторанска порција за ручек и половина од тоа за вечера). Со среќа!
5 ти ден проетеински појадував 2 праски а сега ќе пијам кафе за ручек носам пилешко варено со вагета и додадов малку сенф и павлака + салата за вечера планирам само салата вчера успешно поминат овошен ден - со диња , лубеница, кајсии и праски .
Втор ден денес-протеински. За појадок-три мали праски. За ручек салата со конзервиран грашок. За вечера исто, само пола.
^^^Ana да не мислиш на скробен ден? грашокот е во скробен ти посакувам да издржиш до крај па ќе се дружиме овде и ќе се бодриме
3 ден – Јаглехидратен Доручек: 4 кајсии Ручек: Пица со кечап Вечера: 2 парчиња торта и 1 ред чоколадо за готвење -------------------------------------------------------------------------------------------------------- Дали може наместо чоколадо за готвење да изедам 1 ред црно чоколадо?
Може ли ленено семе на овошен ден?најдов еден рецепт за брускета со ленено семе и мелени бадеми,одозгора домат,краставица и кромид,интересно звучи,го направив и сега е во рерна,ако не смее ќе го јадам друг ден,баш ме интересира како ќе искочи За чоколадото за готвење,не јадам такво,тука се многу дебели и тврди, забите да ги искршиш,земам со 70 или 80% какао
5ти ден. протеински Појадок - 2,3 кајсии Ручек-Варен пилешки стек Вечера салата Уште сум без никаква физичка активност,ме утепува жешкото.
Ме утепа и мене жешкото, почнав со некои вежби, ама дали и детава некако ме дотепува не знам и немам баш некоја енергија за вежбање Инаку вчера овошен ден супер поминав, дури подобро од претходните денови, дали дека обожавам овошје.