Вчера 33/91 протеински ден. Поручек:медобил Ручек: печена риба ослиќ со печени тиквички и салата од краставици Вечера: исто без салата.
Здраво Денес прв пат озбилно ја читам темава, и си викам од денес да ја почнам УН, јас и онака поручувам овошје еве веќе 1 месец, за ручек протеини во главно и вечера ништо од 6 натака а ако ми се јади некогаш салата, и 3-4 кила ослабев. И плус секој ден активност: или трчање или орбитек или теретана (Искрено се мотивирав од успешните приказни на повеќето од нас тука на форумов.) Ама сакам да ја забрзам малку работава па да ја почнам од денес диетава, сабајлево јадев овошје па ќе си продолжам со протеинскиов 1 ден па се надевам дека ќе имам резулатити поголеми. Почнувам со 62-63 килограми, па ќе видиме до кај 7 ми август колку ќе ослабам. Па посакајте ми среќа
Еве да се пофалам -1 кгр за 4 дена од диетата. Искрено менито ми изгледаше приближно вака: ден 1 протеински: појадок - кајсии + кафе без шеќер, ручек печени јајца со салата шопска и вечера само салата ден 2 скробен: појадок - кајсии пак + кафе, ручек варени компири -3 помали + 1/2 краставица и 1 домат, вечера 1/2 од ручекот ден 3 јаглех.: појадок -кајсии+ кафе, е сега за ручек имав макарони со томатело ама си доставив и урда и изедов 1 парче пченкарна погача, а вечерата 1 следолед ама од оние покалоричните , па после чоколадо, па и 2-3 јадро вафли и газиран сок. ден 4 овошен: до 15 ч само кајсии ама не многу, па 3 парчиња диња, иииии после си се опуштив и си кркнав чоколадо и кикиритки, 1нес ладно. Добро де знам ја претерав ама сепак 1 кгр во минус е како божемски за загревање. Физичка активност: секој ден од 8-10 шетам со бебушот во количката а навечер од 7-9 исто прошетка. Не е лошо ама ветувам дека ќе се подобрам во следењето на диетата. На крајот на секој месец ќе ставам слики ПРЕД и ПОТОА
zdravo uporni devojki , jas veke 3 nedeli sum na dietava i deneska sum ovosen den i jadev praski lubenica i se izmeriv 2 kila sum popravena epten sum zagrizena ((((((((((((((((((((((((
08-ден овошен Досега сум јадена само 2 кајсии и 1 банана... И ви реков дека нема да се мерам до 1 август ама не издржав и се измерив денес -3кг. Чекам да залади за да вежбам princesstiki ако строго си се придржувала, нема шанса да си здебелена, што јадеше другите денови, менито си го памтиш ли отприлика? А може и вагата да не ти е точна , минатата вага ми покажуваше до 10 кг повеќе од стварната тежина, се шекнав
Нема потреба да бидеш загрижена, ти покажува повеќе кила ради тоа што, лубеницата, праските и се останато што си јадела е полно со вода. Особено количински ако си јадела повеќе лубеница, тоа ти е се вода и не се секирај вишакот ќе го измочкаш во текот на денот
12 ден (Овошен ден) За доручек изедов неколку кајсии и една слива, а за понатаму најверојатно праски, кајсии, сливи, диња... Многу брзо идат овие овошниве денови. Ми се чини вчера беше последниот овошен.
Инаку фала за посаканата среќа се надевам дека ке има резултати строго се придржувам кон диетава ... Инаку сето тоа ми беше чудно и така ти реков бидејки јас и претоа не јадев количински многу али за благо умирав ,сега се контролирам.Чим си пред ПМС тоа е веќе нешто друго
06.07.2012 - 41 ден - скробен. појадок: 5-6 кајсии; ручек: полна чинија грав + салата вечера: повторно грав (не ќе да беше половина количина од ручекот)+ салата. Навистина се трудам да ја намалам количината за вечера (да ја направам пола од ручекот- како што треба), но никако не ми оди. Не знам дали е од глад, или од што ми е вкусно (реално ова ми се случува во протеински и скробен ден, т.е. баш оние денови каде што си е убаво нагласено вечерата да биде половина од ручекот - а тие денови мене ми се највкусни ). ^ Ниедна диета не е здрава. На организмот му требаат и јагленохидрати и протеини, како и сите видови минерали и витамини, и тоа секојдневно. Со оваа диета, протеини внесуваме еднаш во 4 дена (ако одбереш месо, кратиш на млечни производи и обратно) а со тоа не се задоволува потребното дневно количество на калциум на пример. Истото е и со ред други состојки кои му се секојдневно потребни на организмот а се внесуваат преку исхраната.
Мене ме болеше желудникот и мајка ми и се јави на матичната и и кажа дека почнав да ја држам оваа диета (мада и она е против). И праша докторката шо е диетата како е, мајка ми и кажа и она ми рече да ја прекинам, можело проблеми со здравјето да си направам, незнам ни што ни како. Така да јас овошен ден не држев. Сега се мислам дали од утре да почнам повторно пртеински?
и јас денес овошен ден проследен со потешкотии... кога ме фати стомакот леле неможев, несвестици ме фаќаа и жедна умирав ми се сушеше грлово и само локав вода, и каснав околу 150г лешници, неможев да издржам, како некој нагон за повраќање ми доаѓаше на секое, и цревата работеа 300 на сат, правеа врева до тука и назад , сабајле шо убаво бев расположена кога видов -3кг, а сега вака ќе си умрам... Ама продолжувам ништо нема да ме спречи да ослабам!!!
Абе ако сакате да ослабнете ова ви е најздрава диета. Не знам по што би била толку штетна диетата? Ај ако не бутање сендвичи и мрсна храна е поздраво. Точно дека диетата е сепак еден режим на исхрана и не е баш најздрав ама тоа е што е. А и плус се се внесува со ова диета, и протеини и јаглехидрати само финтата е во комбинирање на храната. Јас ти советувам да продолжиш, ама сепак консултирај се со доктор уште еднаш. Затоа што сепак на секој организам различно се одразува иако не верувам да има нешто штетни ефекти. Јас толку добро си почнав месецов по водениот ден. Јадев малку количински, ептен добро одеше ама ете, бев на некој начин приморана и два дена ја прекршив диетата. Сепак сеуште ја држам и ќе ја држам се додека не отидам на одмор а потоа кога ќе си дојдам ќе продолжам. Знам дека имав повеќе прекршоци ама некако не издржав тие денови и не издржав. Утре ми е јаглехидратен ден. Планирам за доручек еден портокал, ручек едно ѓеврече и вечера поп кек и ред чоколадо за готвење. Ако ништо друго барем овошните денови не ми се воопшто тешки за држење, дури и подобри ми се од протеинскиот. Не можам и не можам повеќе месо на ова жешко време а јајца пак ич не јадам така да...
Исто и мене ми се лесни овошните денови. Денеска (т.е веќе вчера) ми беше овошен, по трет пат и не осеќам никаков глад, а јадев само при пати и тоа не којзнае колку. Искрено најмногу глад чувствувам кога јадам повеќе и некоја поубава храна од која ми се отвара апетитот, а со овошјево немам гајле. И јас исто ќе ја држам диетава дури да одам на одмор, уште околу 10тина дена и кога ќе се вратам ќе си продолжам. Резултати има, но не се драстични и слабеењето оди постепено што значи дека и килограмите нема да се враќаат така лесно. Мене диетава ми е сосема коректна, ниту ми се слошило (освен еднаш кога пиев нес после овошен ден пред ручек), ниту се осеќам премногу изгладнета. Во секој случај е многу подобра од гладување или јадење само овошје и зеленчук.
Ova vi e pravilen rezim na ishrana i nema nisto stetno...bidejki sekoj den pojadok ti e ovosje...imas salati..a i letno vreme sto drugo bi jadele osven toa? )
Еј, а за јајцата мора ли да бидат варени. Нели може испржени/испечени (како сакате речете ги), во микро?
Вчера ми беше овошен и го држев за прв пат.на еден хрватски форум прочитав дека може ленено семе на тој ден и затоа без грижа на совест си ги изедов плочките што ги направив.се на се изедов три банани,праска,малку шопска без сирење на тоа плочките ,една додуша,премногу најадуваат(количински би било една лажичка ленено семе и две лажички мелени бадеми) за вечера пола тиквичка и краставица ,и два сладоледи,ми стигнаа конечно калапите и измешав овошје со вода ,го замрзнав и многу беше вкусен,сега само грло ме боли ама нема врска. Приметувам сите само овошје јадете за овошниот,јас знам дека нема да издржам така,а и не сакам цел ден само благо,од зеленчук има повеќе варијации,и за рецепти и се,па и поготово сега кога знам дека ленено семе може да се јаде. За диетава да е здрава-не е,инаку зашто би траела само 90 дена после пауза да се прави,само еден ден протеини се земаат,а три јаглехидрати,дека и скробот и шеќерот се всушност јаглехидрати,сум читала постови за болки во желудник,несвестици,паднат притисок,ослабната крв,сега тоа се е индивидуално,некои претеруваат.Вака не изгледа правилен режим на исхрана,треба правилно да се распоредат намирниците во текот на денот а не во текот на неделата,секој ден ни требаат и протеини и јаглехидрати.Мене најмногу ми смета тоа што појадокот е само овошје,кога се знае дека е најважен оброк.Ама ете сите слабееме, кај сите има резултати,ако не се претерува мислам дека неможе да остави сериозни последици по здравје. Денес протеински 17ти мислам по ред,банана ,за ручек не знам уште,имам некои мали плескавици,ама со грлово ништо не ми е вкусно,ќе видам. Памелче за јајцата,ако ги јадам за ручек ги пржам,кајгана со зеленчук или јајце на око со лепче,за вечера варено.мислам ако се придржуваш строго треба само варени,прочитај на првата страна најубаво
Памелче, немој да ме сфатиш погрешно, ама мислам дека треба да ја прекинеш диетава. Се`уште си во развој, плус ако немаш нешто повеќе вишак на килограми - не ја ни почнувај диетава. Едноставно храни си се здраво. Рано ти е за диети.. Just saying ...