здраво диеталки долго ме немаше на форумов.... јас ја држев диетава и од мое искуство многу сум задоволна ги издржав сите денови....диетава мие прекината на 15 април....да не претерам не сум баш сигурна ама има две недели одкако се мерев и ги имам истите кила од денот кога ја завршив диетава не сум се поправила ама ич...и баш сум среќна затое на сите им препорачувам да ја издржат диетава килограмите не се враќаат....иначе го поцитувам правилото после завршување на диетава поручекот да ми биде овошје можеби заради тоа ги задржувам килограмите само напред позззззззззз до вас
Едвај го поминав овошниот ден вчера. Мислам дека попиздев, сериозно сакав да се удрам самата себе едно време. Значи тој проклет ден - не сум најадена, колку и да буткам овошје, чувствувам како ми прават дупка во желудникот сите кајсии и праски ми се јаде бре и крај, а после 16 часот официјално и ми се гади, немам грам енергија во мене, шетам како пијана кокошка (ќе речете до времето е, е како бе другите 3 денови со нормална храна и салата ми е ок)? Нејсе, едвај помина, со овошје, една чинија прецедена супа без фиде, и една салата од патлиџани и краставички. Ама едвај, со последните сили сум го протуркала. Си дозволив и 2 чаши 100% сок од портокал и јаболко. Сума сумарум, наместо во овошен да се прочистам и да имам внес од најмалку калории, јас мислам дека имам највеќе калории во овошниот, и не се чувствувам прочистена, енергична, задоволна сама со себе, туку кенкава, мрзоволна, без енергија и ГЛАДНА. Не знам што ќе правам за следниот овошен ден, ќе земам половина ќе го преспијам денот. Денес сме точно на половина диета, 45ти ден. Две кајсии за појадок Печена риба на скара во фолија за ручек и салата (шопска, со СИРЕЊЕ задолжително, да си дојдам сама на себе, ме боли дундата ако риба и сирење не се мешало, ќе направам ако треба пауза меѓу двете од 1 час). За вечера салата пак, и туна веројатно, а може и да се скокне туната, кога има сиренце во салатата, се' е полесно. И кафенцето денес со млеко фала ти дедо боже. Си ги искажав маките...
Вчера скробен ден. Поручек: две кајсии, две праски, 10 вишни и неколку урми(обилен доручек имав) Ручек: медобил и не пијам повеќе зошто нема ефекти никакви, го грешавав со часовите и у пм нека ојт. Вечера: салата од два и пол компири со кромид и салата од краставички, и после тоа јадев лубеница, ме прелажаа вода било. Не смее да се јаде овошје меѓу оброци и после вечера така? Знам дека овошје смееше како ужина помеѓу поручек и ручек, а после не, а мене ми се случува ко вчера да си каснам овошје и после некое време од ручекот( и знам морам да престанам тоа да го правам, ама зависна станав од овошјево, што не е убаво, не е, па затоа ќе гледам да го одбегнувам)
Најпрво добредојде на форумов и пишувај кирилица. Во врска со прашањето не можеме ние да ти кажеме дали да ослабеш зошто тоа зависи од твојата градба, од тоа колку мускули имаш, од изгледот на телото. Според ова што го пиша според килажа си таман, но може двајца со по 70 кила да изгледаат сосема различно, на едниот да му треба слабеење, на другиот не, едниот има поголема маса и затоа изгледа поголемо. Ти треба да си го разгледаш убаво телото и да одлучиш дали треба да слабееш, никој од форумов не може да ти каже.
И јас сакам да си ја искажам маката моја.... Значи и мене вчера ми беше овошен ден, изедов пола кило грозје(кое за ништо не чинеше) и 3праски и бев мртва гладнаа и ко не тука бев цел ден како зашеметена. Како последица на тоа е денешниов ден, за појадок имав една праска, ручав посни кифли(денес се пости) риба и салата...Ама искрено ептенн се осеќам никакво како без сила да сум како да немам енергија. И такаа ќе поминит денов некако одвај
6ти ден скробен Појадок -две круши Ручек -грав со салата Вечера -салата Кикс ми е што испив чаша сок ,фруктал од грозје, преполн конзерванси и шеќери.
09/90 За доручек: парче лубеница За ручек: 2 јајца и шопска За вечера: пошто бев излезена од 17 до 23 неможев да вечерам, и сега кога дојдов каснав пак парче лубеница, знам дека не треба да се скока оброк ама тоа е... И денес бев мн жедна, само брецав вода ко будала
13 ден (Протеински ден) Доручек 2 праски Ручек 2 јајца (кајгана) 30-40гр сирење, салата и едно тенко парче леб Вечера варено јајце, маслинки (смее ова?), салата Е сега, бидејќи бев на матурска ( ДА, да на матурска ) испив пола чаша бело вино и каснав парче баничка со сирење, ама тоа беше два залака само, буквално два. Уф, не знам како си дозволив ова, ама не сакав да пијам на гладно. Ова ми е прв посериозен прекршок и не планирам да правам повеќе страшни прекршоци.
46ти ден, две праски за појадок, ориз потпечен со сос од модар патлиџан. Значи каков изум ми е ова (зашто од обично тавче ориз ми доаѓаат нагони на , а слично и со боранија и грашок манџичка. Компирите ги одбегнуваме во скробниот ден, само еднаш јадевме печени, поим немам зошто , а за грав некако е тешко времето, а и жената дома не го љуби). Значи на сосем малку масло ќе си запржите кромитче. Модриот патлиџан се сече на коцки и се остава во ладна вода 10тина минути, да излезе нечистотијата од него (после тоа водата е сива), а во случај да горчел, повеќе нема да горчи после киснење во вода (финта за сва времена ). Се прецедува модриот патлиџан, се става на пржење со кромидот, на потивко. При крајот му се додава домашен сос од патлиџан ако го имате, евентуално ќесичка за правење сос за шпагети, ги има во Кам, разматена во 250мл ладна вода. Се полева и се остава да покрчка уште некои 4-5 минути. Откако ќе го исклучите, се додава сецкано лукче и магдонос. Оризот со овој сос има неверојатен вкус. И ќе изедете многу помалку отколку обично тавче, гарантирано. Е сега, има нормално малку повеќе калории ако го приготвувате со готов сос за шпагети, оној со домашен патлиџан во шише ви е поздрава варијанта. Како и да е, јадењето е лесно и вкусно. Значи со диетава дојдовме до неверојатни вкусни варијации на храната. Некои од комбинацииве би ги јадела и откако ќе заврши диетата.
Денес ми е трет ден јаглехидратен, од сабајле јадев диња, ама сега појма немам што да јадам сладолед малку ќе јадам и немам идеја за друго несакам да јадам леб, веќе месец не го јадам, да барам макарони нешто, некој предлог
10/90 ден Денеска скробен ден.. За доручек јадев лубеница За ручек пола чиниа качамак За вечера исто така качамак ама упола од ручекот... Да ве прашам јадел некој досега во скробен ден качамак?
^^^^Јас денес јадев палента мислам дека исто е со качамак јас го јадев во јаглехидратниот ден, сварив палента и така ја јадев без ништо со малку сол, мислам дека е јаглехидрат пошто е брашно тоа уствари а брашното не е скроб, извинете ме ако грешам
Денеска 28-ми ден, крај на седмиот циклус. Во последнава недела некако многу почнаа да ме фаќаат кризи, ама издржав некако. Еве и денов, овошен конечно заврши, а утре пак воден. Ама ајде, и тоа ќе биде. -9 кила сум инаку. Леле луѓе, не знаете колку се радувам.
Палентата е поинаква од качамакот бар така бабами ми рече, она на селски начин го прави,појма немам како сосем ми е вкусот поинаков од палентата, ај некој нека ме просветли дане си го утнав денот скроз? требаше да прашам вчера
Еве ме и мене. Се вративме сношти, ама немав време да ви пишам. Ајде да ви раскажам како ми поминаа претходните два дена од диетата: Во саботата (денот на свадбата) ми беше јагленохидратен. Ништо не излезе како што планирав. За појадок јадев праски, за ручек јадев 2 кроасани (оние на 7'days од по 60гр што се), а планирав геврек. За вечера планирав да јадам сладолед и ред чоколадо пред да влезам на свадба, ама немаше време па си останав не најадена, изедов 1 парче торта накај 23ч (кога ја сечеа тортата) и толку. Цело време си пиев само вода. Ех , ама МНОГУ ми беше тешко, најискрено. Кога ја делеа вечерата, толку бев гладна, што малку фалеше да ја прекршам диетата. Нареден ден - овошен (т.е. вчера). Бидејќи требаше да патуваме, јадев по некое овошје на паузите. Не знам колку изедов, но знам дека јадев само овошје и не прекршив ниту еднаш. Јадев праски, круша, банана, диња, кајсии и лубеница. Денес е протеински ден. Але луја! Инаку ве читав, што сте пишувале овие два дена и сакам да им кажам на девојките кои имаа проблеми со стомакот дека најверојатно не им е од диетата. И јас имав проблеми едно време, ама беше од преладен стомак - ми помина и сега немам никакви проблеми. Trendafilka, го читав твојот претпоследен пост (оној нервозниот ) и само да ти кажам дека она што се знае за рибата и млечните производи дека не треба да се мешаат се бабини деветини. Имам прашувано на таа тема стручно лице (образован гастроном) и одговорот беше дека и рибата и млекото се состојат од белковини и како комбинација за желудникот се сосема ОК. Не е ок од гастрономски аспект (демек не било вкусно итн) но далеку од тоа да не е здраво. Многу понездраво е да се комбинира месо и компири, но од гастрономски аспект тоа е многу често практикувана комбинација. Така да ич не се секирај, ако тебе ти е вкусно - Ок е. Lux, ја поздравувам твојата одлука да престанеш со медобилот. Држи се само до диетава. Waka-waka - ми се допаѓа твоето мени. Мислам дека најмногу се придржуваш до правилата и во однос на составот, и во однос на количината. Ајде поздрав!