Диетава е издржлива.Јас и една моја пријателка, ја држевме пред 3год.и таа ослабна 15кг,а јас 2-3кг.Незнам зошто мене ниту една диета или средство за слабеење не ми делува,а многу се здебелив последниве години p.s Имаше цела книга во pdf формат за оваа диета и што смее, а што несмее да се конзумира,но неможам да ја пронајдам страната
Решена сум да ја прам диетата барем 3-4 килца да скинам,ама не ми е нешто јасно женски, овде има 5 различни дена а останатите два дена во неделата што треба да јадиме?поздравче посебно до издржливите
Ако ја симнеш диетата што е на линкот горе има напишано секој ден што треба да се јаде. Може да си комбинираш како сакаш ама 4 денови се. Ако прочиташ назад ќе видиш дека потешко е да ослабеш ако имаш помала килажа. Ако сакаш да олабеш 4кг. со оваа диета може да треба да имаш многу трпение затоа што на накои им треба и по 2 месеца за да ослабат толку. Знам дека некои викаат дека станале анемични кога ја држеле диетава ама кога ја симнав видов дека ако се држеле според напишаното шансите за анемија се мали затоа што диетава навистина покрива се што е здраво и му е потребно на организмот.
А ти бремена си? Ако си бремена, диета не ти треба. После породувањето можеш на која сакаш диета да се ставиш, сега немој да си ускратуваш ништо! Јади почесто (5-6 пати дневно - од нив три оброци нека ти бидат свежа храна, овошје и зеленчук), и движи се, нема да се поправиш многу, освен стомакот, што е и нормално
Да бремена сум веке 17 недели мислев дај ја правам диетата бидејки реков дека е природна и пред се е правилна исхрана.Јадам многу фаст фут храна и тоа после 8 9 навечер.самиот организам ми бара затоа реков малку да го сменам начинот на исхрана.поздраввв
Се согласувам со Alanna. А ова што го болдирав... јасно си кажуваш сама дека се е до умот, на тие што им "помогнале" таблетите, потсвеста им влијаела да престанат да јадат и да добиваат знаци дека слабеат!!! Да имаме сите цврст карактер и да кажеме - не јадам ова или не пијам она, ке си го подобриме начинот на исхрана и изгледот без таблети.
Здраво феминки, Еве веке трета недела ја држам диетата резултати мислам дека е рано да се увидат можеби кон крајот на месецот али сепак се надевам дека ке има ефект. Денес ми е овошниот ден си конзумирам суво грозје и портокали , Во исто време кога ја почнав диетата ,почнав и со фитнес, секој ден по 2 саати тренинг на орбитрек, трака, степер, и вежби за нозе па се надевам стомачето дека ке го снема за брзо. Само упорност и добар мотив. Инаку висока сум 154см а тешка 53кг единствен проблем ми е стомачето со неговите два спојлери од страна хаха.поздрав и се надевам за брзо ке соопштам убави вести
И јас ја почнав диетава и денес ми е седми ден, утре сум на овошје Не сум се мерела, ама рано е уште. Сега за сега се осекам поубаво, вежбам на орбитрек, а купив и еден чај за слабеење што ми го препорачаа, па ќе видиме Па со среќа на сите...
Јас ја држам 1 месец,вчера се мерев и имам ослабено 4.5 килца Во првите 2ипол недели немав никаков ефект ама не се откажав се исплатеше.Ако и во наредните 2 месеци ослабам исто по волку,супер ќе биде ми требаат таман уште 10 килца.Држете ми среќа.
Чајот го купив од пазар, не знам дали го има по продавници или аптеки, кинески е, во зелена кутија, се вика ANTI-ADIPOSE TEA. има 30 кесички, таман за еден месец. Искрено, скептик сум во врска со ова, ама пијам и друг чај, за целулит, пијам и вода...вежбам повремено...и сега чекам резултати