иначе јадам овошје но од сабајле немозам ама ич незз зашто..но ке с епотрудам што викате со суво овошје или барем по едно нешто,,мозе и банана нели??
А извини, ти имаш за слабеење нешто на таа висна и тежина? Мене според ова што го имаш пишано, си ми сосема таман, но секој се знае најдобро и знае колку има за слабеење. Така да, добредојде во клубот на диеталци, споделувај со нас резултати.
Немој да јадеш банани за појадок. Банана може само на овошен ден, некаде за ручек време. 167cm и 53 кг и сакаш да држиш диета???? Башка 13 години имаш! Девојче НЕМОЈ!!! Не си играј со здравјето. Ти имаш и помалку килограми од она што е потребно, а сега си во фаза на развој. Ако не си задоволна со својот изглед: почни да вежбаш, да трчаш, вози велосипед, вози ролери - но не се занесувај дека си дебела и дека ти треба диета!!!
Диетава е навистина добра, и е пред се е здрав начин на живот, па за мене е само план за здрава исхрана кон кој треба секој да се придржува, дури и оној на кој не му треба слабеење добро е да се придржува до овој принцип на исхрана. Можеш ти да пробаш да ја држиш, ама би ти препорачала тие 2-3 кг вишок што според тебе ги имаш, би ти препорачала да ги стопиш со вежбање, со трчање, со потење. Верувај, ем подобро ќе се чувствуваш, ем ќе имаш повеќе енергија, ем телото ќе ти биде позатегнато. Немој да се измачуваш со диети за само 2 кг, знам дека и 3 кг вишок сметаат исто како и 5, ама немој ни случајно да си помислила да гладуваш, зошто со гладување ќе постигнеш само контра ефект и успорување на метаболизмот.
Здраво диеталки, денес кај мене скробен,не доручкував уште ќе се напијам сок од портокал немам овошје дома,ручек печени компири и зелена салата,вечера истото,ако остане од мм. Во неделата и понеделникот не ја држев како што треба настинав бајаги и немав вкус некако во устата,нешто горчливо ми се јадеше (Бог да чува) и само црн леб со путер ме најадуваше.Сега сум поарна и продолжувам даље.За точно 3 недели почнувам на работа и до тогаш треба да ослабам 2 кила,иначе не ме примаат Значи сега поозбилно и без прекршоци. Не знам дали и кај вас е така,кај мене е следниот проблем:порано многу си јадев благо,секој ден по едно банџи обавезно,и сега нели секој четврт ден може благо и кога ќе пробам ме боли многу стомак,ми се поду цел,грчеви ужасни,леле викам ова од благово ли е и баш пред некој ден кога ми беше протеински правев сладолед за во јаглехидратен,имаше и милка малку во него,и пробав ,лизнав онака од смесата и од самото тоа почна да ме боли стомак,не знам што е работата,тек за две недели треба да добијам.баш ќе видам следниот пат како ќе биде,ако пак ме боли не јадам више,налет и благо и се како во 4ти месец бев во стомакот. девојче ти треба да имаш 57 кг,диетава е малце ригорозна за тебе мислам,ако немаш вишок не знам баш дали е здрава.пробај да не мешаш протеини со јаглехидрати во текот на денот,ти си млада и уште си во процес на раст и развој,ти требаат сите можни хранливи состојки,не дај Боже да си направиш проблем со здравјето,посебно со јајници и матка,една другарка така се глупираше како мала ,сега еднаш годишно добива,којзнае што ќе биде кога ќе сака да забремени.ти си знаеш ама со спорт најмногу резултати ќе постигнеш. За доручек само банана јадам,една,се препорачува нели друго овошје,ама ете и така ослабев,ако не можеш овошје напиј се сок,свежо цеден,колку да не го прескокнуваш појадокот.и ако можеш да издржиш,јас не би можела,еве денес само ама дека касно станавме со бебуш, сега е време за ручек ,не ми се исплати да појадувам За јајцата,па може теоретски,пржени се покалорични и можат со парче леб да се јадат,варени јајца со леб некако не ми иде,затоа тие за вечера ги јадам.и некаде се спомнува во диетава да се јаде само еден тип на протеини,или месо или јајца или сирење,ама ај јади кајгана без урда или сирење,не ја бива.а предноста во пржените е што можеш да ставиш и зеленчук,пиперка,тиквичка на коцки и едно или две јајца,многу најадува и вкусно е ептен. Лукс ти ептен хард кор си овошните денови,алал да ти е ако издржиш,ја еден ден што е па се туфкам,ич ама ич не го сакам.и мислам дека овошјето како прекршок и не е толку сериозен прекршок,колку можеш да се здебелиш од тоа,поарно така отколку да ти дојде преку глава и да изедеш се што имаш дома.е тоа е веќе сериозен прекршок мислам дека зеленчук тоа е подобра варијанта од овошје за исхрана преку целиот ден,повеќе волумен има на пример зелена салата отколку неколку јаболки.на интернет има многу рецепти со необработуван зеленчук,ако ти се здосадено од овошје види raw food рецепти,некои од нив се лесни за правење. Еве еден од мене ги јадев за овошниот ден дека се од ленено семе и мелени бадеми: пола шоља за кафе ленено семе,една мелени бадеми. лененото семе се става во пола шоља вода,се остава некои 20 минути.после тоа се меша со мелените бадеми (не се процедува семето,повеќето вода е впиена) се става сол,бибер,сушен лук,се по малце ептен малце,и се прави како векна се сечат парчиња дебели 1 цм и се печат.не знам само колку време,во рецептот пишуваше 3 саати на 50 степени,мене тоа многу ми беше и мислам дека 30 мин на 150 степени ги печев.следниот пат нема да ги направам како лепчиња туку како плочки,многу најадуваат,морав уште еднаш да ги сечам од што беа дебели. ги јадев со пржени тиквички одозгора,со една лажица масло,следниот пат не ставам сол за да можам да ги јадам со пасирано овошје.тоа мелените бадеми ја играат улогата на брашното,супер се,и многу ептен многу излегоа,може и за други денови сигурно да се јадат. Поздрав!
фала ти..инаку времето ми е некако против трчање и сл...Ќе се предржувам на здрава исхрана и нема да гладувам
10ти скробен ден Појадок две-три кајсии Ручек грашок Вечера малку грашок и салата Чекам да ми заврши циклусот па да се мерам после. Ќе ви пишам дали има и каков е резултатот.
Ајде исповед и за денес 6 ден Скробен (овај ми е најомилен ден) поручек-банана и кафе, ручек-грав бел со вегета и црн бибер, како салата го јадев + салата од морков рендан вечера кај 6 сатот салата краставица планирам. Вака ми е полесно кога планирам од напред што да јадам, цело време си го мислам и повкусно ми е Заборавив да прашам нешто ќе го ставам во споилер, малку е незгодно Спојлер Од кога ја почнав диетава секој ден имам дијареа дали има некој како мене? Не по цел ден (скраја да е) туку 2-3 пати си одам по гн и тогаш наместо нормално, јас дијареа. Изгледа од овошјево е на сабајле дека, јас и порано ако јадев праска за поручек ме фаќаше дијареа не ми е проблем додуша ама да си прашам дали има некој како мене
Здраво диеталки, јас сум нова тука. Пробував разни диети, кои ги држев по 3-4 дена, но бргу губев мотивација и се враќав на стариот режим на исхрана. Вежбам редовно, секој ден, а сега откако ја разгледав темата, многу сум мотвирана од вашите резултатите, особено резултатите на анабела и би сакала да почнам да ја држам ун-диетата. Се надевам дека за 90 дена ке успеам да намалам од 73кг. до 55кг, со ваша помош.
Здраво ун диеталки, јас сум нова "колешка" на оваа тема, од 1ви сум на ун а инаку ова ми е втор пат како ја држам. Првпат ја држев во ноември но тогаш малата ми беше 6 месечен бебуш кој цица и си праев по некоја отстапка, плус бев по дома уште на породилно и зима беше па си каснував и нешто забрането Е сега веќе не дојам и се вратив на работа и можам да си направам убав режим на оброците. Да кажам првото искуство -13 кила за 90 дена без ниеден воден ден и со секој ден млеко во кафе + шеќер и редовни прекршоци и по нешто благо во забранет ден и пак со резултати. Со враќање на работа не успеав да одржам уште 90 дена само на овошен појадок зошто морав да јадам нешто што ќе ме држи, работата ми е во продажен салон на мобилен оператор и нон стоп на нога со странки+дома со бебе... Сега пак сум и успевам, полесно е летово на жештините и онака не ми се отвара уста. lackygirl нормално ти е тоа, 6 ден си на диета ко шо можев да забележам, сега ти е таа почетна фаза на прочистување на организмот, промена на метаболизмот. На ова да се надоврзам, јас прв пат ко ја држев после секој оброк трчав во талет а сега немам такво дејство, само после појадокот Пак пијам кафе со млеко и шекер секој ден по едно минимум и за жал си приметив дека не пијам вода по 2 литри како треба на работа особено. Исто така не се држам до она 2 овошки од сабалје туку си јадам овошен микс и кафе до 12 па ручекот зависи со смена на работа или во 2 или во 6 и вечерата после 4 сати од ручекот. Ко ќе сум на работа до 5 и пол околу 2-3 веќе сум исцрпена па си јадам еден варен геврек во замена на лебот за ручекот. сега засега не сум се вагала ама забележувам ми се лизга сукњата
17 ден (Протеински ден) Доручек 4 помали кајсии Ручек стек, салата и едно парче препечен леб Вечера половина од ручекот Пиев и нес пред саат време со ептен малку млеко.
dobro devojce Jovi.girl ti izgleda imas nekoi psihicki mani. 13 god. so 167 cm i 53 kg kakva dieta drzis??????????? dali ti e potrebna ??????????? znaat li tvoite roditeli se prasuvam..... ZALNO (((
Мене ми е денес овошен ден. Се издржува некако со лубеница, портокали. Мислам не ми е толку напорен како во почетокот. Имам инаку едно прашање. Наредната недела ќе бидам принудена на 10 дена да ја прекинам диетата, едноставно е неизводливо да ја држам во такви услови. И после планирам да ја продолжам. И сега прашањето ми е колку е паметно тоа? Мислам после ќе имам уште еден месец преостанат да ја држам ама не знам колку ќе биде во ред со толку големо прекршување. Не знам, стварно не знам што да правам. Мислење?
Еве рапорт за вчера - јагленохидратен ден (46ти ден од диетата): појадок: 8 кајсии - мали; ручек: макарони со кечап (ама поооолна чинија); вечера: една од најубавите јагленохидратни вечери: 3 чоколадни да речам мафини со 2 топки сладолед од ванила (многу е - знам , ама што можев, беа неописливо вкусни, а јас требаше да добијам вчера - и еве сеуште ништо - ова ПМС ама се оддолжииии ), на крај изедов само 2 коцки црно чоколадо, бидејќи навистина не можев повеќе. Денес е овошен ден - 47ми по ред. за појадок повторно кајсии, а за понатака ќе си јадам само овошје цел ден, барем сега има многу избор. Ги поздравувам сите нови диеталки на форумов и им посакувам среќа во борбата со килограмите. BlackSwan5 ако веќе баш мораш да ја прекинеш диетава, потруди се барем да не ги мешаш намирниците во еден оброк, а ако можеш и во еден ден (исто како да си на диета, само што нема да го припазуваш редоследот на деновите), потоа ќе мора да ја почнеш од почеток, но не очекувај исти резултати.
мои диеталки еве ме и мене..немојте да мислите дека се откажав тука сум јас само имам премногу работа..ви пишав само да ве поздравам и да ви кажам дека продолжувам понатаму..денес 11ден (јаглехидратен)... имав мали отстапки за викенд ама ќе надокнадам понатаму... Спојлер сакам да купам степер за домашно вежбање (работам од јутра до сутра немам време за одење по фитнеси)па ако некоја од вас има некакво познавање околу ова прашање нека ми пиши