Јас имам степер, не е нешто забавно вежбањето, тешкичко е пошто мора поголем напор да наместиш за да има ефекти, и крца многу. Ако немаш пари за нешто поскапичко купи го, не дека нема да ти користи, ич да не е одлична закачалка е
Драга не се лути, навистина овде не има такви кои мака мачиме со килограмите и што се вика гладуваме а ти се појавуваш со идеална тежина и висина и сакаш да те подржиме да држиш диета. Јас сум поборник на здравата храна, поготово во лето, кога има на претек што ќе се труеме со манџи и зимници кога можеме свежичко и вкусно да си каснеме, ете ти совет од мене, јади здрава храна, запиши се на некаков фитнес, аеробик, зумба и конзумирај многу вода, јас слободно можам да кажам дека го држам рекордот во пиење вода на форумов, секој ден си делкам по 3-4 литри вода, а кога сум цел ден дома и повеќе. Не си ја оптоварувај душичката, лето е, уживај, облечи си кратко фустанче и трк до малага на гооооллллеееемммм сладолед, утре сабајле за појадок наместо тост к`сни си овошје, салата и ете ја твојата диета
Не се лути ама, уште првиот пат кога те прочитав мислев да пишам, дете не се занесувај, со 13 години наместо да мислиш како поубаво да си го поминеш летниот распуст да уживаш во детството, да не се замараш со глупости, во твојот случај се прави глупости излези на базен пливај, шетај...
Денес јаглехидратен,точно 3 недели откако ја почнав диетава,стагнирам некако после 3те кила нема врска,убаво се осеќам,за појадок сок од портокал,ручек се мислам или јуфки или шпагети,може ќе ги направам шпагетите како салата,тоа сакам и за вечера да го јадам,не ризикувам со благо,стомакот пак ќе ме боли.за следниот ЈХ ден планирам да направам кекси од овесни снегулки,има јајце во нив,ама во секоја торта има така да..многу се вкусни со кафенце како одат.. Бубале слична прича имаме првите три месеци изгубив 14 кг ,ама без некој режим,последните 4 тешки беа за симнување.сега сум -2 од пред бременост добра е диетава,ајде па да се фалиме со повеќе резултати. И јас пијам многу вода ама ова не е ново,од секогаш сум пиела најмалку 3 литри,во лето по 4,некогаш 5,и плус други пијалоци,цело време имам чаша до мене или шише вода,на секој пола саат морам да се напијам.а мм и свекрва ми не пијат вода,никаква,никогаш,тука кога ќе се спомне вода се мисли одма на кисела вода,и многу луѓе ја гасат жедта со сокови и чаеви тоа ич не ми се свиѓа,затоа уште од сега го учам бебуш на вода,какви сокови,ќе треба и на него да му правам диетален план кога ќе порасне. Во една германска книга за диетава прочитав дека деновите можеле да се менуваат ама тоа за мене е ептен па без правила,полесно ми е кога има неколку едноставни правила и треба да се почитуваат,вака ако се опуштам ќе држам 3 ЈХ денови по ред. Утре за овошниот планирам круши и банана да јадам,крушите прво малце сварени со цимет,ванила и каранфилче,после со бананата испасирана,уште сега би јадела. Поздрав!
здраво како сте? јас да ви казам вчера го имав овошниот ден и имам циклус и вечерта паднав..денес имам протеински и сакам да ве прашам дали мозе освен стек некое друго месо,,на пример мелено или на пример вирсли ил такво несто,,мислам се сто мозе од тоа да ми помогнете,,поздрав???
Мислам дека виршли и во обичната исхрана не е во ред да се конзумираат, тоа спаѓа во конзервирана храна. Меленото месо, ако е одбрано во ред, односно ако одиш да купиш парче месо да ти го сомелат а не да купиш веќе сомелено месо, тоа е полно со маснотии, но во секој случај е подобро од виршлите. Мислам дека од овие сувомеснати производи најдобро ти е да земеш од оние чадени меса што се, не мелени па стиснати во црево, туку парче чадено месо. Колешката често јадеше плескавица па ослабе, така да веројатно и не би требало да биде проблем. Јас не би ти препорачала да јадеш виршла од општо добри причини, не чинат, а за другово ајде се гура некако
Смее мелено месо, виршли немој - полни се со масти, калорични се бааги а и плус воопшто не се здрави. Спаѓа во иста категорија како и саламата и месните производи. Месото си знаеш, печено/варено - пржено не.
11 ти јаглехидратен ден Појадок -кајсии Ручек -шпагети За вечера не знам уште или мало парче торта или 2-3 топчиња сладолед да се освежам малку.
Сакам да симнам 5-6 кг. А, уште не знам колкав е резултатот до сега, чекам да ми помине циклусот и да се измерам. Ќе пишам во темава,за некој ден.
Добар е лимонот за диета?Пошто во шоуто на доктор Оз кажаа дека го намалува апетитот,па незнам дали е вистина..
Незнам дали го намалува апетитот ама колку што знам јас лимонот многу помага во топење на масните наслаги, така да добар е за диета.
Вчера: едно јаболко, лубеница, еден цитрон, две праски и 100 грама урми. Денес: 2 јаболка, лубеница на два пати, неколку парчиња диња и салата од краставици. За денеска завршив. До вечер само вода и утре ми доаѓа протеински ден, после 4ри овошни.
Здраво девојки, Јас сум нова на форумот ама одамна ве пратам и благодарение на овој форум решив да ја почнам диетата. Денеска ми е 11 ден, јаглехидратен. Диетата е феноменална јас немам многу за симнување, некои 5-6 кг ама ептен ми се свиѓа. Не чувствувам дека сум на диета(а нема диета што ја немам пробано) а снемав стомак уште од првите 4 дена. а некако како што гледам вие мнг по малку јадете, јас по пповеке јадам позз до сите
оваа диета ја држам ама си јадам секој ден како што е според диетата( најдов и една книга со рецепти за храна за сите 90 дена од оваа диета). и малку ја прекршив за викенд пиев пиво Ч)
ви благодарам за советите!јадев 3мпрзени ајјца сиренце и малце салата и парче леб!сега не ми се јаде ама иц ,,би сакала да ми помогнете дали место јајца за вечера и салата мозам само една чаша млеко???
Gafijana ова е многу за еден оброк особено ако си на диета. Не би да те разочарам ама три јајца и тоа пржени, сирење и леб плус со нив (се надевам не е бел), е погрешно комбинирање, барем за мене. Одбегнувај да ги пржеш јајцата и гледај да намалиш барем на две на едно јадење. Ако си уште гладна можеш да изедеш уште едно ама покасно, не во еден оброк.