во право сте...нема да се повтори сега не ми текнува да јадам ,мозал ли една чаша млеко да испијам наместо оброк?
Gafijana мила ако нема некој подолго време на темава слободно гуглај си,УН диета, исто и под името рина‘с 90 ја има.мислам дека можеш чаша млеко,ама да немаш друг оброк.а за јајцата,следниот пат земи една голема пиперка и едно или две јајца,повеќе ќе те најаде и помалце калории има. За ручек денес направив шпагети,им ставив малку маслиново масло,балсамико оцет ептен малце,сол,сушен лук и босилек превкусни излегоа,и ладни беа вкусни,сакав и за вечера да ми останат ама ништо мм ги мцна сега и се токмам на лубеницата
18 ден (Скробен ден) Доручек 1 поголема праска Ручек 2 печени компири, салата и едно тенко парче препечен леб Вечера половина од ручекот Туку женски, јас за 5-6 дена одам на одмор и ќе морам да ја прекинам диетава. Кога ќе се вратам сакам пак да продолжам, но како да ги бројам деновите? Од каде што ќе застанам или од почеток пак? До сега ослабев некои 3,5 кг, барем до 4 да стигнам супер ќе биде. Понатаму уште 3-4 сакам да ослабам и толку.
Поминав уште 1 јаглехидратен 7 ми ден. Поручек--1 банана + кафе без шеќер. Ручек--3 топчња сладолед од ванила, 1 витанова и макарони со кечап (1 тањир среден)-(ова од 2 до 5 беше) Купив и чоколадо за готвење ама не го ни отворив, не ми се јади и уште едно турско ка 6 сатот без шеќер. п.с И вежбање 30 мин + трчање 50, само што се истуширав и се чуствувам прекрасно, многу сум горда сама на себе. Никогаш порано не сум се запнала олку многу дури и се чудам како издржувам, а не ми е тешко не ми се јади, од прво потешко ми беше, сега деновиве си летаат јас си слабеам значи диетава е стварно ефикасна
Cо болдираново баш и не се согласувам, 3 јајца пржени со малку сирење, и не се којзнае колку многу калорични,(200kal имаат 3 јајца заедно) секако без леб, зашто е лоша комбинација па јас си пржам 3 јајца со домати и малку сирење, и така си ги јадам како каша, и пак слабеам Cекако не со леб, а јајца и сирење смее да се мешаат, одат во комбинација
Дали се придрзувате строго кон диетата или правите исклучоци? Јас некад знам да грицнам кикирики или сонцоглед, а некад и овосје ако сум многу гладна, но сепак има резултат, кое е вашето искуство?
јас во овошниот ден јадам цел ден овошје(не само 3 оброка) и грицкав сончоглед(лупен без сол). а другите денови ако ептен навечер ми се пријаде си грицкам морковче Ч)
ОООоф сум заборавила да бројам , убавини... си мислев денес дека ми е 12 ден а мене ми е 14 па се враќав 3828822 страни наназад за да видам кога сум почнала ... -ако забораив кој ден ми е по ред, не заборавив шо ден треба да држам дали овошен,протеински... мислам ме разбравте ... Епа денес 14 ден- Скробен Доручек: 4 кајсии помали Ручек: ориз и зелка салата... Вечера ништо... незнам зошо ама воопшто не чуствував глад и кун 8 пиев и кафе и си реков ајде нема да вечерам секако не требаше кафе да пијам, пошто ретко пијам кафе,незнам шо ми текна денес ... и се супер, ама сега цревата ми гргорат и осеќам невероватна жед абе во рок од пола сат, кило вода имам испиено ... Ама добро тоа е сеа, мој пропуст е што не си вечерав Имам неколку прашања за феминките кои се подолго време на диета или веќе ја завршиле диетава... 1. Дали за време на диетава јадевте пиперки печени помешани со изварка(урда)-кој како си ја викате? И во кој ден тоа би се сместило? Искрено јас не планирам ова да го јадам за време на диетава, ама тетками која почна сега пред неколку дена ме умре за да ве прашам а само заборавам .... 2. Исто пиперки печени и јајцее во тавче ( без да додаваме масло секако) би го сместиле во протеински ден,заради јајцата секако, што мислите добра ли е комбинацијава? 3. И во јаглехидратен ден дали сте јаделе кифли,гевреци, или питулици(ако знаете воопшто што е ова бидејки знам едни феминки се чудеа што е , а јас се чудам како не си ја знаеме македонската кујна) е сега не мислам на питулици што се носат кога се раѓа бебе ние нив си ги викаме теганици, или тигајнци а општо познати се како питулици, туку мислев тие што се прават од палачинки и со праз или изварка натре се мачкаат во мали количини, па се печат, се надевам ме разбравте на кои мислев, прашањето ми беше дали сте јаделе такви? Бабами утре ќе печела, а мене ми е јаглехидратен и питулиците му доаѓаат нешто како пециво, е сега се прашував дали да јадам од нив или пак да си сварам макарони? Не е добро од нив да јадам, не?
Марбела за пиперките стварно не знам во кој ден би требало да ги сместиш, според мене не одговараат баш во никој. Ама некој што е позапознат со тоа нека ти каже поубаво. Ама мислам дека со урда не би требало да се мешаат оти урдата мислам дека спаѓа под протеини . А за во јаглехидратниот ден. Па види сега во диетата стои дека тој ден се јадат тестенини. Значи може макарони, шпагети, ѓеврече некое, се тоа е дозволено. А конкретно за твоето прашање мислам дека нема да биде ништо ако на пример утре се одлучиш да го јадеш тоа што е приготвено, иако јас не сум јадела и не знам баш што е тоа. Но доколку е пециво и не е мешано со сирење и такви работи сметам дека е дозволено. Но сепак немој премногу да се опуштате со секакви рецепти, оти за подобар ефект би требало да јадете тоа што е напишано. Значи макарони со кечап, ѓеврече, па и вегетаријанска пица. Вака со пробување на многу работи што се нарекуваат пецива може да се погреши некаде. Јас палачинки, крофни, теганици не би јадела баш.
Океј, како и да е јас не би ги испробувала рецептиве пошто сакам стварно да ослабам и не би да ризикувам, ќе си одам на проверено, муабетот ми беше ако некој веќе користел и е добро да мениме нешто да не ни стане монотоно, пошто јас искрено неправам некој големи промени, протеински стално јадам јајца, само еднаш јадев месо и не ми беше баш убаво варено, печено немам пробано а незнам ни дали да пробувам, скробен ден јадам стандард ориз или компир...јаглехидратен ден шпагети или макарони а за вечера сладолед, и овошен ден се знае... и досадни ми се оброците, ко без волја ги јадам незнам зш, а одлучна сум да ја додржам до крај... Иначе ти Блек имаше прашано колку е паметно да ја продолжиш диетава после одморот-предпоставувам, јас би ти рекла да ја продолжиш од проста причина што 10 дена ќе внесуваш нешто друго, можда малце покалорично, па кога пак би ја држела т.е би продолжила би се исчистила од она што евентуално би го ставила на себе како килажа тие дена, и плус би приослабела, тоа би ти дошло како прв пат да ја почнуваш, така да само напред и не ја прекинувај според мене-продолжија после паузата
Не, не јас секако ќе ја продолжам туку прашањето ми беше дали би било паметно односно дали ќе има ефект така. Ама изгледа дека е во ред така да ќе ја продолжам. Инаку диетата чинам е подобра за оние што имаат повеќе вишок, така полесно и побрзо се симнува. Вака јас за 7-8 кила се мачам скоро два месеца, додуша не сум се мерила ама ај во недела ќе биде тоа па ќе ве известам колку има резултати со скоро два месеца држење и неколку прекршоци. Чинам дека почнав да ја држам со 65 кила, ќе видам колку сум во минус баш. Инаку ете гледаш, затоа ти е досаден режимот. Не мора во протеински се јајца да јадеш. Иако јас се месо јадам оти јајца не сакам баш. Ама сепак имаш избор на месо, претежно пилешко оти е нели најниско калорично. И печено можеш да си јадеш , таман работа. На пример печен пилешки стек со сосема малку зејтин во тава. Јас досега претежно тоа јадам, пилешкото ти е најнекалорично месо и нема зошто да се двоумиш околу тоа. Дури и на скара можеш да јадеш стек ама јас лично не го перферирам многу таков. Така да, експериментирај си малку. Сепак се знае што е калорично од месо (виршли, колбаси, пржено, месни производи) ова се другото е сосема во ред. И во скробен можеш да си испробуваш некои рецепти. На пример можеш и леќа да јадеш, мислам ако ја јадеш. Пошто јас од манџи само леќа јадам, и тоа ја обожавам. Не мора само ориз и компир. Мислам дека е и поубаво да јадеш поразновидно ама секако, не екпериментирања од типот да се залажуваш со крофни на пример или нешто сосема трето. Сепак се знае што е калорично а што не. И диетата е се во комбинирањето на храната, да не се меша нели. Тоа чинам ќе си го применувам и откако ќе ја завршам диетата. Ти посакувам среќа со слабеењето. Продолжи само и трпение . Нема зошто да ти се досадни оброците. А онака пак што ќе јадеш? Сендвичи, чипсови?...За сметка на убава линија. Патем и блачко си има во диетата така да не е страшно . Те читав и на друго место и верувај, ако имаш силна воља ќе успееш, еве Анабела е пример. Не знам колку кила имаш вишок ама како што кажав диетата повеќе делува на оние што имаат повеќе вишок, така да порано или покасно ќе се покажат резултати. А и прочитав дека за 11-12 дена имаш симнато три кила и се жалиш , тоа е повеќе од доволно за толкав период. Good Luck .
Еве 12 ден овошен и не се чувствувам подослабнато , мислам сакав барем ова стомакот што ми е надуван цело време малку да издиши ама се осеќам дури и понадувано, или си замислувам нешто. Ете моја грешка што не се измерив, ама бегам од ваги како од ѓавол, не би се качила во скоро време нема шанси. Може нешто грешам не знам ама мене ме убива психата кога сум на диета. Мислам дека да не ја држам ќе јадам помалку вака абе цело време мислам што ќе јадам кога ќе јадам смеам ли не смаеам, и се сум гладна не дека малку ми е тоа што сум го изела ама на ДИЕТА сум бе луѓе мора да сум гладна Вака што имам слушано еве и вчера баш гледав една американска емисија со Доктор Оз на ХРТ мислам е, тој зборуваше за психичкиот момент при слабеење многу бил битен. Имаше 2 близначки со над 150 кг, сега заедно слабеат на ист начин едната ослабнала околу 70 кг, а другата околу 30-40 кг, баш поради тоа психа, стрес... не знам што да правам ќе продолжам уште 10 тина дена па ќе видиме може подоцна ќе дојдат резултати кај мене, а плус и вежбам навечер, не толку како што ве читам овде секоја ви чест, ама околу 30 мин се потам
Јас да ти одговорам на прашањава од моја гледна точка. Пиперките се зеленчук, и како такви слободно можеш да ги конзумираш во протеински или скробен ден, па дури и кон крајот на овошниот ден. Слободно можете да ги јадете и печени, со тоа што доколку сакате да ги јадете со сирење, урда или јајца - исклучиво јадете ги во протеински ден! Доколку ги јадете само со сол и некоја капка масло - може и во скробен ден. Во врска со питулиците (имам јадено како дете), во јагленохидратен може да ги јадеш исклучиво ако не се премачкани со млечни производи или со производи од животинско потекло (значи ако ги редат со изварка, јајца, ако ги премачкуваат со животинска маст - тогаш НЕ!). Во јагленохидратен ден, слободно за ручек може (освен макарони, шпагети) да се јаде геврек, празна кифла, блага кифла, парче зелник (без сирење и без јогурт), вегетеријанска пица, а за вечера, околу 3 топчиња сладолед, парче торта, 1-2 палачинки (зависно каков и колку фил ќе им ставаш). Јас до сега не сум јадела палачинки - но планирам. Се зависи колку се брзаш да ги симнеш килограмите. Мене ми е јасно дека доколку со години (има скоро 10 години) сум таложела килограми (имав околу 20кг вишок)- не е можно (а не е ни здраво) да ги симнам за 3 месеца - особено ако немам некои позначајни секојдневни физички активности. Јас сум на диета 48-ми ден, а имам симнато околу 6 кг (мислам, ќе се мерам кога ќе ми заврши циклусот - за поточно), а целта ми е да симнам 10-15 кг за 3 месеци. Од физички активности имам само пешачење и тоа не секој ден, а еве сега од кога мавна топлотниот бран - воопшто не пешачам. Ама јас не си кратам на количина (како што може да видите од моите постови), но за сметка на тоа, воопшто не си дозволувам екскурзии (да каснам нешто што не е дозволено за тој ден). Искрено, претпочитам да каснам 1-2 палачинки во јагленохидратен ден - доколку тоа ми се јаде, отколку да се скратам од се‘ и на крај кога ќе заврши диетата - да се фрлам на јадење како не видена, да си надоместам за се што сум пропуштила за 3 месеца . Моја препорака е: слободно експериментирајте со рецептите - само внимавајте да не ги мешате намирниците и добро размислете во кој ден од диетата може да се јаде тој оброк, за да не ви стане исхраната монотона и да подлегнете на искушенија.
100% се согласувам со Midnight.flower! да се експериментира со рецептите за храната да не ни стане монотона. Јас за секој ден си готвам разни јадења, ретко кога ги повторувам. И никогаш не прескокнувам оброк! За две недели колку што сум на диетава, не се имам измерено,ама по облеката си осекам дека сум ослабена задоволително, а тоа и ми е најважно. Има една книга побарајте ја на интернет во електронска форма е со рецепти за храна за сите денови во диетава, има супер рецепти!Јас викендов ке одам за Охрид ама не планирамд а ја прекинам диетата воопсхто, ке си купува сушена брусница за на плажа, за ручек мевце на скара(мојот омилен ден) и обавезно ке си купам ѓомлезец за во понеделник да си го изедам за ручек наместо макарони Ч)
Убаво одговорија тие пред мене,пиперки со сирење или урда за протеински,само пиперки ја би јадела секој ден.А за тоа колку оброците се разновидни,тоа секој за себе треба да си знае,макарони со кечап,ѓеврече,кифла,глупости,тоа па тоа,милијарда рецепти на интернет има,само човек треба да побара нели.јас многу сакам да експериментирам со храната и секој пат пријатно се изненадувам,да не се фалам де Некој имаше напишано за ручек менито било макарони,па после сладолед или благо,не можам да го најдам мислењето,мислам дека тоа треба да се подели,макароните за ручек благото за вечера. Денес витамински,не знам како ќе биде,уште очите кога ги отворив почна да ми се врти,а денес бајаги обврски имам,не знам што ќе биде дали ќе го издржам.Вчера инаку бев на курсот на фитнес што одам еднап неделно и типката спремила зумба час за проба,се препотив и премногу ми се допадна,сега барам курсеви во градов,сакам да почнам на зумба дефинитивно
5ti den. Proteinski den. Za pojadok imav 2 kivi. Za rucek ke si spremam 2 vareni jajca. krastavica salata i supa. Za vecera polovina od rucekot. Cudovo za sreca dobro mi odi. Da ne kazam veryy good. Ni jas sama ne veruvam. Samo me interesira dali smetaat cigarite vo dietava?
12ден - јаглехидратен досега добро оди феминки сакав да ве прашам толчениот пинџур и соја шницлите во кој ден ги јадете? јас обожавам соја шницли ама незнам во кој ден да ги јадам и ако може некој рецепт со нив вечно благодарна имајте убав ун ден
Webstica добредојде на форумов и пишувај кирилица. Ти посакувам успех во симнувањето на кг. Во врска со прашањето за цигари, тие секако дека штетат, ама во однос на килажата не верувам дека прават некоја разлика. Колку што знам јас, ни се дозволени, ни се забранети, на тебе е да одлучиш дали ќе ги пушиш.