На исповед право тука. Првиот од трите денови беше одличен, испив чаша цеден сок од портокал, за ручек имаше турли тава, јас ги одбрав само компирите (скробен ден), месото скришум му го тутнав на дечко ми, и со салата си завршив работа фино и коректно. За вечера - мавнав една салата. Вториот ден, т.е. вчера имав пица за ручек, и сладолед околу 18 часот. Арно ама... на Пивофестот испив 3 темно лашко од 0,3. Кажи си бре дека испив литар и чича мича готова прича. За срамој, Прилеп е крив! Денес - овошен ден, кој тотално ми се поеба, од овошје ми мало о не видов. Си ручав што имаше за ручек (сарми со блитва, де ракиичка, де салатичка) и го скратив мини одморот, си направив услуга и се вратив во Скопје поскоро. Оти вака уште некој ден и отиде диетата јабана. Тоа беа лошите вести, добрите се што пливав и пешачев многу, а вчера денсав троа отпојќе од нормалните луѓе околу мене. Од утре си продолжувам по стариот редослед, протеински ден, се мислев да акнам овошен, ама ќе ни се измести распоредот со мама, а и пред добивање сум. Чичко мајстор го поправа моментално напатениот орбитрек. Поздравчиња диеталки, ми фалеше темава (за самоконтрола).
Ај да не те барам назад, и да не те цитирам вака ЈАВНО. Дузи вака, Дузи нака, Дузи не одела на Пивофест да не го прекршила режимот, вака нака, јас си имам испланирано, не прекршувам. Што нешто литар пиво? Сармички, блитвички? Три овошни дена и простено ти е Чедо.
3 овошни денови мало сутра , тој филм нема да се игра во овој трендафилски живот. Ама сериозно, на скарата и одолеав. Не знам зошто не ме привлекува да јадам скара од такви штандови, и плус имам чувство дека кај сите лепчињата им се бајати. Ама за пивото се изненадив, мислев само едно да локнам, па ај уште едно (као 0.3 се работава демек, не биле 0.5 л), а тоа третото дојде гратис побогу, ми го тутнаа, ај кажи не да те видам. А за овошниот ден , т.е. денешниов ми е криво, ама се собраа тон роднини, и сега да оправам пред непознати криви-дрини, како јас свилената принцезичка јадам само овошје, уште од старт ли да им оставам чукнат впечаток? Па ај си реков, јбг, јади и трај. Дузи, нешто полесно за прочистување на гревовите, ова со 3 овошни денови се одбива автоматски. Плус, не знам искрено од кај е таа идеја дека само овошје и овошје ќе те ослаби, шеќери и јагленихидрати, нели ја зборевме таа тетката на Лилит како јадела само овошје цела недела и на крај вагата наместо помалку и покажала повеќе... Ич тиЈа муабети, ја ти бре нејќам овошје.
А, бе, јас што знам една цуца, габаритна беше и тоа многу. Некна ја гледам, вилицата на земја ми падна. Ослабела, ама луѓе, коските на рамениците и беа испакнати, тие на крајот што едно 10 проценти на планетава ги има, само во Африка . И викам, жено, што направи, кажувај тајната. И ми вика, па јадев само овошје, зеленчук... Благце понекогаш зш сум голем љубител и не можев да се откажам, друго се отфрлив. И ептен многу се движела, пешачела и така. Уште се чудам за девојчето. Е сега зависи и какво овошје јадела тетката, со 15кг банани за три дена изедени сигурно нема да ослабеш. Ајде жено, терај си ти по ред, ама три Аве Марии, за духовно прочишчавање и внатрешен спокој.
Ја почнав диетава од почетокот на неделава и направив лапсузи поради тоа што не јадев доволно, и ми се збришаа 4 кила од вагата. Уште си се чудам. Почетната тежина ми беше 64 килограми. До четвртокот имав 62. Вчера не јадев ништо, само науто смачкав леб со кашкавал и цел ден на вода и кафе и зелен чај го терав... И вечерта се качив на вага и уалааа! 60. И денес двапати имам јадено -сабајле пипер со јајца и патлиџан со мајонез и тоа убаво натепување исто и за ручек само мала порција. Диетава е добра за симнување на првите неколку кризни килограми, за понатаму мислам дека нема некој голем ефект.
Тренди, ама те подбра Doozy, нема потреба да ти кажам (ама јас пак ќе ти кажам ) дека од почетокот на диетава 2 пати бев на свадба во други градови и воопшто не ја прекршив диетава ! И тоа првиот пат кај роднини на сопругот, луѓето не ме ни познаваат, ама јас пак издржав. Како ми беше само јас си знам, на скробен ден сите јадеа стекови и ќебапчиња (тоа за ручек по свадбата) а јас само домат, краставица и кромид (и тоа не салата полна чинија да се најадеш како човек- туку онака посебно, касни, па касни - да не примети некој, да не каже: „море види ја легнала врз доматите и краставиците“), од скроб ни „с “ немаше. Нејсе, ти си упорна, ќе ја оправиш работата . Денес скробен ден - 49 по ред појадок: 2 праски; ручек: ориз и чинија салата (од печени пиперки, домат и лукче); вечера: само салата, не ми се јадеше многу (сега ми е жал, ама таа е) - до спиење само вода!
Зависи од метаболизмот каков ти е, односно како организмот ќе ти ја прифати диетава и од тоа колку килограми вишак имаш за симнување. Што повеќе килограми - толку полесно симнување на истите со диетава. Ако имаш помалце кила за тргнување, тогаш процесот најверојатно ќе оди малце поспоро од очекуваното.
16 ден- овошен... Цел ден јадев само кајсии и една банана.. и преубаво ми беше, не осетив глад воопшто ... Пресреќна сум, кај ручек кога се бањав се изненадив, коските на колковите веќе ми се гледаат, сеа не како на манекенкине ама за разлика од тоа шо беше... и се чуствувам преубаво, иначе тука имав да речеме ептен мали сполјерчиња странично нели.. ама се стопиле , па ајде сега стомакот да го намаламмм морам!!! Колку добро се чуствува човек кога ќе види промена, помотивиран е некако!!! И нема да се вагам додека да видам дека стомакот видно ми се намалил, иначе од тие три килограми вагата не мрда подолу а пантолите,фармерките се што си носев веќе ми е големо сигурно бар еден конфекциски број сум смалила, пошто ептен ми се широки, вечерва бев излезена и не носев ремен се утепав од подкревање .... Ајде женски го можеме ние тоа !!!!
Како тоа многу ти е лошо? Што имаш јадено? Има многу овошје на избор сега. Ако не можеш да јадеш овошје, јади салата. Но до крај на денот, немој потоа пак да јадеш овошје. А ако и покрај тоа ти е лошо - не знам. Можеби треба да ја прекинеш диетата. Но не верувам да ти е од диетата. Можеби од жешкото ти е.
СЕГА КЕ ВИ ОДККРИЈАМ ЗАШТО МИ Е ЛОШО!ЗА ПРОТЕИНСКИОТ ДЕН ЈАДЕВ ЈАЈЦА КАЈГАНА,,ЗА РУЦЕК И НЕМОЗЕВ НИКАКО ДА ВЕЧЕРАМ,,НЕГО И МИ СЕ ПОВРАЌАШЕ..ЗНАЧИ НЕ ВЕЧЕРАВ..ЗА СКРОБЕН ДЕН ИСТО ЈАДЕВ ПОЛНА ЦИНИЈА ГРАВ,,И ЗА ВЕЧЕРА ДА МЕ УТЕПАШЕ НЕМОЗЕВ ПОВТОРНО..ВЧЕРА ЈАДЕВ МН МАЛЦЕ МАКАРОНИ ПА ПОТОА ЕДЕН ПУДИНК И ЕДНО КАШИЧЕ КРЕМ И ТОЛКУ..НЕ МИ СЕ ЈАДЕ ОД ВРУКИНАВА..И ЛОШО МИ Е..ДЕНЕС МИ Е 10 ДЕН И НЕЗНАМ ШТО ДА ПРАВАМ,,МН СУМ ТАЗНА!СЕПАК БЛАГОДАРАМ ЗА СОВЕТПОТ!
^ Можеби ќе биде подобро да јадеш помали порции за ручек и вечера. Мислам дека се прејадуваш за време на ручекот и затоа и немаш апетит за вечера. Би ти препорачала да јадеш помали порции и задолжително да си вечераш, макар лажица - две, салата задолжително. А во овошниот ден, ако не можеш цел ден овошје, сврти втората половина од денот на салати. Така полесно ќе издржиш. Кајганата јас би ја мавнала од список. Подобро варени јајца. Јас се вратив денес на голема врата. 2 праски за појадок. За ручек имавме филети од риба, ги мавнавме на скара во фолија, со соја сос и мирудии. И шопска салата. За вечера ќе има само салата на менито, не можам 2 пати во денот да јадам риба, не знам зошто. И ќе има потење денес, орбитрек, стомачни, вежби со тегчиња за рацете. Го испив кафето после ручек, чекам да помине некој час и половина и се џиткам на орби.
11 МИ БИЛ,,ВЕЌЕ НЕЗНАМ НИ КОЈ МИ Е НО НЕКАКО МН СЛАБО ЈАДАМ И ЛОШО МИ Е ,,МИНАТИОТ ПАТ НА ОВОШНИОТ ДЕН ПАДНАВ МАЛЦЕ ВО НЕСВЕСТ НО ИМАВ И ЦИКЛУС...НЕЗНАМ ШТО ДА КАЗАМ..
ДА ТРЕНДАФИЛКЕ ВО ПРАВО СИ СЕ ПРЕЈАДУВАМ НА РУЧЕК И ТОЛКУ,..СЕГА КЕ ЈАДАМ ПОМАЛЦЕ И ТОЛКУ ЗА ДА МОЗАМ И ДА ВЕЧЕРАМ,,НО ТИ ВИКАМ ДЕНЕС МИ Е НЕКАКО ЛОШО А НЕСАКА ДА НАПРАВАМ ГРЕШКА..ИНАЧЕ БЛАЗЕСИТИ СУПЕР ДЕН ТИ Е
Мене вчера ми беше овошен ден и јадев само две праски, а вечерта јадев пица. Но, ова беше неизбежно, една ептен голема грешка, затоа иако денес планирав да ја прекинам диетата сум пак на овошен ден. Во вторник одам на одмор, па кога ќе се вратам планирам пак да продолжам. За овие 20 дена ослабев околку 4 кг, се надевам дека ако уште еднаш издржам уште 20 дена ќе си ја постигнам идеалната тежина. На сите вас тука што пишувате ви се заблагодарувам за подршката, вие ми бевте најголема мотивација, инаку досега не бев издржала на ниедна диета повеќе од 5 дена. Ќе ви се придружам пак наскоро, а вие не ни помислувајте да правите вакви грешки како мене.
Сега ми е мака што не застанав на вага пред да ја почнам па да можам овде да се фалам со бројки Ама задоволна сум не ни приметив кога поминаа овие 2 недели. Со претходните диети само мислев уште колкуууу па да можам да се почастам со нешто мрсничко сега ако ми текне на нешто само ќе си размислам во кој ден можам да го вметнам тоа и супер е, и најадена и не се измачувам психички и ослабната И тоа со прекршоци
Девојки јас овде на исповед Ч( Вчера наместо Скробен ми излезе протеински денот, бев на гости и за ручек скара + ѓомлезец + 3-4 скопско радлер Ч( Катарстрофа!! Денеска ке продолжам со скробен. Незнаете каква грижа на совест имам. А таман ослабев 2кг за 2 недели и си бев пресрекна Ч(