Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

УН Диета

Дискусија во 'Диети' започната од mKdevojce, 7 јануари 2010.

  1. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    Еве ова е некаде од 30 Мај. И јас не знаев дека не треба да се јаде салата во јагленохидратниот ден, па си прашав и тогаш anabel-a ми рече дека штом не пишува значи не смее. Таа е тука и има најголем успех, па може да ни каже дали има јадено салати во јагленохидтратен ден. Јас од тогаш не сум јадела салати, а кечап - редовно. Ни мене не ми е јасно зошто - но сигурно постои некое логично објаснување.
     
  2. Kroes

    Kroes Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2012
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    21
    Hi Girls:)
    да овде пишува дека во јаглехидратниот ден несмее салата, а јас во книгата што ја имам за УН диета скоро во сите рецепти за овој ден има зеленчук и салата. Јас веке 3та недела ја држам и секогаш овој ден си правам макарони со сос од патлиџан, пола тиквица и пола модар патлиџан + босилек , лук и магдонос. феноменални се. дека кечап нејадам,мнг киселини имам од него + златни патлиџани си имаме можеме се приридно и свжо да си приготвуваме
     
    На babybelle му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Kroes

    Kroes Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2012
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    21
    Аууу браво! Јас ја имам истата цел, бев 63кг по две недели со диетата (во неделата се измерив сум 61) и недела и понеделник прекршоци сериозни праев ;( а цел ми е да стигна до 58 :( ке сакаш да ми кажеш колку време ја држеше за да стигнеш до 58??Браво уште еднаш :clap:
     
  4. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    52 ден- протеински

    појадок: 2 јаболки;
    ручек: 3 варени јајца и салата од зелка (ама салатата ич не ми се погоди и не ја дојадов)
    вечера: 1 варено јајце + сиренце + таратор салата.

    До сега имам пиено 1 кафе со млеко, планирам да пијам уште едно.
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.609
    midnight.flower ти колку симна досега, зашто гледам со деновите сме тука некаде... :wasntme:
    А да ве прашам, чоколадото за готвење од Кам на Леона, тоа што е 15 ден...
    едвај прочитав позади калориска вредност, бројките се ептен заматени и пишува дека на 50 гр. има 303 калории, значи во цело чоколадо за готвење од 100 гр = 606 калории???!!!

    Добро , тоа Милка ли е, или што?
    :D
    Јес да јадеш еден ред во третиот ден, ама пак е многу бре ... повеќе од 100 калории во едно ретче чоколадо :sweat:
     
  6. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Протеински 46
    Поручек: јаболко и 15тина суви урми
    Ручек: две и пол парчиња печен стек и салата од краставички и малку јогурт.
    И после ручекот фино лепо три парчиња лубеница си каснав.
    Ете затоа не слабеам, дека правам клучни прекршоци, ама ми е гајле, полека, но сигурно. Одсега ќе гледам овошје да јадам пред ручекот зошто е дозволено, за после ручек овошје в уста да не ставам.
    Другиов дел од диетава планирам без ич прекршок, па ако направам не заслужувам бре ни кило да ослабам. Си го сакам цврстиот карактер назад, кога ќе речам НЕ и НЕ мора да биде. Ајде, ќе биде си се тешам, со оглед на тоа колку малку внесувам храна, па и со прекршоци првиот пат кога ја држев ослабев.
    Вечера: едно парче стек без салата. Немам краставици, а пиперки не ми се јадат.
    Ќе пијам попосле една чаша млеко, со јадење завршив. :!:
     
  7. bubale23

    bubale23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    3
    Ај те молам дај ми рецепт за овој твој сос со тиквици и модри патлиџани! Tnks
     
  8. bubale23

    bubale23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    3
    Jaс денес на ЈХ - доруцек диња и кафе, ручек една порција макарони со сос од домати , тоа беше во 13 и од 2 сум на работа и кун 17 така сум огладнела и си јадев еден перек, а сега планирам да купам некоја слатка и да се накркам благичко, зошто прошлиот ЈХ ден поминав со макарони и вечерта, ама денес ми се јаде.... ммм
     
  9. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    Trendafilka, се немам мерено овие денови, ама треба да е -6 кг. Утре или задутре ќе се мерам (ќе измерам и во обем) па ќе ви пишам. Не е многу во килограми (за разлика од некои други), но јас сум задоволна, со оглед на тоа што по природа многу тешко слабеам. А и веќе се забележува на мене дека сум ослабена (мислам луѓето околу мене забележуваат ;) ).
     
    На Trendafilka и anabel-a им се допаѓа ова.
  10. Kroes

    Kroes Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2012
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    21
    еве ти го рецептот за макароните
    1. свари 1/3 пакетцхе макарони
    2.во тавлонско тавче испржи на многу малку масло 1/2 тиквичка исецкана на коцкички и 1/2 модар патлиџан исецкан на кругчиња. Кога ке се позапржат тргни ги од тавчето на страна.
    3.исецкај 3-4 чесненца лук на мнг ситно и додади ги во тавчето малку да се запржат.Додади во лукот 3 патлиџани предходно излупени и изрендани.додади и сол и остави го патлиџанот да се динста додека да се згусти. Кога ке испари и стане погуст додади ги предходно испржените тиквичка и модар патлиџан. Додади босилок по вкус(може и сецкан магдонос и маслинки). Во сето ова додади ги макароните промешај убаво и тргни ги настрана.Можеш да ги јадеш и ладни и топли . А и бааги излегува, јас од ова јадам само половина за ручек. За вечера секогаш сладолед мммммм :) поззче
     
    На bubale23 и Trendafilka им се допаѓа ова.
  11. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Два-три дена ќе ме нема на форумов и на темава. Конечно ќе се измерам кај баба. :) Се надевам дека ќе има некаков резултат. Вака по мене за овие 16 дена мислам дека имам кило максимум две ослабено. Што мислам дека е сосема доволно за овој период.
    Утре ќе вртам и на орбитрек малку , се трудам да стекнам кондиција. Ама некако слабо ми оди, никогаш не сум се занимавала со никаков спорт, дури ни со точак возење. Па брзо добивам воспаление и брзо и се откажувам. Така што ако имате некои вежби за ептен почетници добредојдени ми се.

    И да не бидам оф, утре ми е 17ти, протеински ден,во план ми е да појадувам овошје,веројатно круши, ручек риба и вечера шопска. Исто така постепено го зголемувам и внесот на вода,ама гледам да не е тоа премногу за да не ги оптоварувам бубрезите.

    Отприлика тоа би било тоа, се читаме за ден-два и се надевам ќе има со што да се пофалам тогаш. :*
     
    На Trendafilka и lackygirl им се допаѓа ова.
  12. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.927
    Допаѓања:
    23.905
    Пол:
    Женски
    Помина и овошниов ден 12ти по ред. :)
    Поручек банана+турско кафе. После тоа (од 12 до 18 часот) јадев лубеница 2 велки :D неколку јагоди и 2 праски и уште една банана и вода многу. И цел ден гладна бев :D ајде утре протеински (ќе се најадам ко чоек) :lol:
     
  13. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.609
    Многу сум му лута на чоколадото за готвење, целосно ме разочара, има калории колку Милка чоколадо, мислам бог да чува. :^)
    Или калории колку еден сладолед од Кам, од оние 12 во пакување за смешна сума.
    Или колку една витанова.
    Или колку една голема банана. :?:
    (ова се однесува за 1 ред од чоколадото) ;)
    Значи му се лутам на редот чоколадо за готвење и не го играм повеќе во диетата.
     
  14. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.721
    Допаѓања:
    253.593
    Тренди не го одбегнувај чоколадото за готвење. Колку и да има калории консумирај го бидејќи си има своја улога во диетата, а и задолжително е :) . Подобро скрати на останатото благо, отколку на него.
    И кажи како диетата, колку вкупно ослабна до сега? :)
     
  15. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.227
    Допаѓања:
    2.886
    Значи се е во главата, порано сум сакала да си направам детоксикација со по некој овошен ден, абе немало шанси да издржам. И сега најмногу ме плашеше овошниот ден а го минувам толку лесно и најнормално па дури мислам дека едино во тој ден немам почуствувано глад :o не дека јадам големи количини ама заситува некако, 2 - 3 парчиња лубеница и презаситена сум. Е само не вежбам во овошен ден, иако не сум гладна ама чуствувам дека немам доволно енергија.

    денес 17 ден Протеински
    појадок 3 кајсии
    ручек ммм... ( нешто вкусно не ви кажувам што е да не ве стрвам овде, не е диетално ама ми се вклопува во денешниот ден и морам да го јадам )
    вечера шопскаааа ја обожавам

    некако заборавам на супата денес, а и тоа чоколадото го немам јадено, задолжително е заради алергии или го помага процесот на слабеење?

    За некои десетина дена ми иде водениот ден :sweat: Не знам дали некој од вас го има држено овој ден и како издржувате, некој совет како да се подготвам :) Знам дека може и без него но би сакала да се обидам првиот. Ехе па не времето нашите баби кога постеле нели по неколку денови на вода биле само, како се викаше тоа тремерење ? Па поздрави биле од нас како можеле тие може ќе можам и јас.
     
  16. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Протеински ден, 1/12
    За доручек 2 големи парчиња лубеница, за ручек печена пастрмка со морковче и салата. За вечера малце од рибата и салата. Сега се измерив од вчера до денеска имам симнато 1 кило. Значи со 68 ја започнувам турбо ун :party:. Џабе се притресував вчера со тоа бадемите и фстаците :D.

    Инаку Трендафилка, без оглед на калориите не го тргнувај редот чоколадо за готвење од менито. Не само во диетава, туку и надвор од неа убаво е да се јаде 2 пати неделно по ред/два црно чоколадо за готвење. Ако ги тргнеме калориите настрана, споредбено со милката ова за готвење е даааалеку поздраво и со поголеми придобивки.
     
    На Trendafilka и babybelle им се допаѓа ова.
  17. babybelle

    babybelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2012
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    70
    Протеински ден:
    појадок: две праски
    ручек: печени соја шницли со салата од домат и краставица
    вечера: исто од ручекот, но количински нешто помалку

    *Соја шницлите ми испаднаа мн убави (варени, па печени) и едвај чекам да ги јадам (прв пат за време на диетава, но верувам ќе зачестам ;) )
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.609
    Ќе ве послушам девојчики, само ќе побарам некое со поголем процент на какао (веројатно и помалку калории).
    Ова од Кам и онака е преблаго за мој вкус, иако е најевтино. :)
    Ова е мојот 56 ден (овошен ден) и досега симнав 6 кг. :)
    Овие две недели малку и стагнирав (како што прочитав дека се случува во вториов месец, и тук-таму имаше по некоја грешка), ама очекувам резултати во последниот трет месец. :)
    Да симнам уште 3-4 кг би било реалност, а да симнам 5 или повеќе да речеме до крајот :wasntme: веќе е повод за частење.
    :)

    Имам уште 34 денови, ехеееее, а последниве 38 денови ја држам построго, откако се вратив од Пиво фестот. :D
    Ќе биде. :)
     
    На JuLleE, babybelle, midnight.flower и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Kroes

    Kroes Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2012
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    21
    Јас си купувам Најљепше жеље 75% црно чоколадо -15 ден е мало од 30гр. мислам дека има околу 130калории. во јаглехирдатниот ден го јадам како ужинка(оклу 16-17ч) и мнг ме заситува. Горчливо е но вкусно. Има и едни мнооогу вкусни од Горењка мислам дека се црни чоколади 70% со малина мммммм, ама тие 100гр се и знам дека ако купам такво ке морам целото наеднаш да го изедам :) затоа овие малите од 30гр ми се идеални ;)
     
    На babybelle и Trendafilka им се допаѓа ова.
  20. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.927
    Допаѓања:
    23.905
    Пол:
    Женски
    Јас досега во јаглехидратниот ден немам јадено чоколадо за готвење :$ си купив едно и не ни отворено.
    Причина---незнам не ми се јади и обично кај 8 ми текнува дека не сум каснала чоколадо а тогаш вратена од трчање, вежбање и некако ми е шубе да го изедам, сум се мачела да трчам 1 саат, да ги вратам одма калориите, не,не. Од сега ќе гледам да го јадам за ручек :lol:

    Денес 13ти протеински, поручек 1 банана+кафе. Ручав јајца варени+шопска, а вечера можи пак салата или ништо ќе видиме :lol: