Мислам дека не е, ама јас еден овошен ден изгрицкав 3-4 морковчиња пробај со суво овошје,ама не претерувај дека тоа е многу калорично или грицкај непечен сончоглед(ама исто не претерувај )
Да се пофалам го издржав овошниот, четвртиот ден и тоа без никаков проблем и без да чувствувам глад. Моето денешно мени се состоеше од една праска, една банана, една круша и две малецки сливи. Додека си легнам не планирам ништо др да јадам освен мноооггууу вода да пијам.
Добро луѓе се чудам како некој кој претходно јадел многу може да издржи со јадење 3-4 овошја на ден,па уште и да не го фаќа никаква криза... Нз дали сум ислучок и јадам премногу или со тек на време се навикнува организмот на диетава и повеќе не ти се јади толку многу (што всушност мислам и дека е невозможно кај мене )..
Колку што знам, можеш да јадеш зеленчук во овошен ден, НО практикувај да јадеш зеленчук (ако веќе си решила) во попладневните часови и штом еднаш јадеш зеленчук, немој да се враќаш повторно на овошје. Јас имам 2 пати само јадено зеленчук, и тоа краставички, приквечер. Сега има толкууу многу овошје, што не ми паѓа на памет да менувам. Трендафилке, баш ме насмеа со твојот коментар . Денес ми е јагленохидратен ден. појадок: 3 помали крушки; ручек: 1 чинија макарони со кечап + една тееенка грисина (печена); вечера: веќе каснав 2-3 крофнички- празни (се родило бебе во комшии - нека е живо и здраво!), а планирав сладолед, арно ама сладоледот што го купив од КАМ само што го истовариле и беше попуштен (еве го во фрижидер - чекам да стегне). Море ќе си каснам 2-3 топчиња сладолед - па до таму нека е! Море јас не се навикнав да јадам помалку. Многу, многу се трудам да не јадам големи оброци и мислам дека не ми успева (особено кикснувам на вечерата - никако да биде половина од ручекот). А на овошен ден, се случува да не ми се јаде многу, оти често пати ми се јаде нешто калорично, а не лубеница!
Јас ја држам диетата веќе 25 дена, и ќе ве прашував какво чоколадо за готвење јадите, а и ќе заборавав, банана за појадок може да се јаде и во кој ден
^ Јас јадам најчесто вакво од Свислион. Ама не мора да значи, ако нема у продавница од ова, земам некое друго. Овошниов ден мене ми дојде ептен брзо 3/12 Сега само што изедов три мали јаболчиња и пола банана, до вечер на репертоар за јадење имам лубеница, јаболки, праски. Со оглед на тоа што од вчера ме боли забот, се сомневам дека ќе имам било каква желба за јадење.
Денес ми е 5, протеински ден, најмногу и јас се плашев од вчерашниот, овошниот ден бидејќи како што пишав цел ден ќе бидам надвор од мојот град и во движење, ама напротив баш поради тоа што бев во движење цел ден толку и не мислев на храна имав работа некоја да завршав и повеќе на тоа мислев, а да бев цел ден дома секако дека немаше да изедам малку цел ден ќе мислев на храна и што попрво да изедам и нон стоп ќе си имав нешто во раче . Како и да е сега за сега помина супер па ќе видиме натаму...
девојки еве ме и мене ...конечно се прибрав и физички и психички почина баба ми диетава се прекина едно 2-3 дена...во друг град наваму натаму трчав помагав правев се и сешто..кога јадев кога не, ама не прибирав само гледав да не мешам...е сега незнам ни до кај сум ни што сум..па незнам дали да почнам одново...да биде тагата поголема на сета мака овие денови , денес добив и незнам дали сум ни на небо ни на земја а денес нема шанси да бидам само на овошје...(мислам дека ми следува денес јаглехидратен ден) да си почнам јас одново или?...девојки ве молам за совет поздрав и бидете ми живи и здрави
^ Ако се чувствуваш способна да продолжиш со диетава, почни од почеток т.е од протеински ден, па терај натака.
мене ме немаше малку, паузирав од диетава, и од оваа тема, но сепак немам качено ни грам, напротив имам ослабнато 1 кило, значи диетава делува!!! Анабел-а, приметив дека пак ја држиш диетава. Девојко, изгледаш прекрасно, зошто ја повроруваш? НЕ сакаш да јадеш некој оброк што е надвор од оваа диета? Цел живот ќе си на неа? Според мене не е поентата за да сме слаби нон стоп да сме на оваа или на некоја друга диета, и кога буквално ке ни скисне, оти многу време го истоштуваме организмот, ке почнеме да јадеме се и сешто, и пак ке ни се вратат килограмите, туку целта е како што и пишува, да се држи диетава 3 месеци, да се доведе организмот на посакуваната или приближно посакуваната тежина, после тоа уште 3 месеци да се појадува само овошје, а потоа да се јаде нормално, во умерени количини, значи битно според мене е ипосле диетава, со нормална исхрана да умееме да воспоставиме рамнотежа во исхраната, и да не ги покачиме килата. Затоа, мој совет, немораш да го прифатиш, не велам дека оваа диета не е здрава, но прекини ја, јади си нормално, за појадок пак јади овошје,но не се ограничувај само на оваа диета, ке се разболеш, доволно си слаба, покажа на сликите колкава цврста волја имаш
Скробен ден 26-ти Појадок: 2 праски, Ручек: 2 компири (можи како салата со кромидче да ги напрам), салата краставица Вечера: 1 компир Се ближи 29-ти воден ден, не знам дали ќе можам цел ден со вода, дали вие го држевте?
Девојки, бидна уште 1 кг минус, се сторија вкупно 7 досега. Презадоволна сум, ми заврши циклусот, сабајлево дојде другар ми, па ме испофали колку сум успеала да ослабам (патем, мојот НАЈГОЛЕМ критичар) кај него нема трте-мрте, ниту куртоазија, и ајде да се качам на вага кога оп - 64 кг. Добро сега, наутро мерење, олеснета, завршен циклус, ама сепак... и половина кг да е минус, пак сум среќна. Вчера денот помина одлично, имав праски за појадок, пилешко и пинџур од зелени пиперки и тиквичка. Не планирав, но вежбав, 30 минути орбитрек, нозе, раце и стомачни, бидна 1 час вежбање. Не успеав да вечерам, зашто бев излезена, накај полноќ само го дојадов остатокот од салатата во едно минијатурно тацниче, зашто не сакав да легнувам со празен желудник (си пијам кетонал за време на циклус, а ако го кркнете на гладно богами... ) Денес скробен ден - праски сабајле, и си направив печени компири, сечени на тенки тркалца врз хартија за печење со сол и вегета. Малку путер ставив наместо зејтин. И нормално салата. Значи нема подобра диета од УН диетата. Тоа ви го гарантирам, сум пробала десетици различни, со оваа си најаден и се слабее можеби побавно од други инстант диети - ама сигурно.
Ај еден совет за вечера за денес Ручекот ми беше 1.1/2 кифла празна со сусуам За вечера не сакам сладолед не ме заситува само ми отвора потреба за уште повеќе.... Е сега дали е подобро да јадам нешто како крем со бисквити имам на ум... или пак да си сварам шпагети со кечап... дека јадев кифла мора ако решам да е нешто солено пак да биде кифла ?
fala ti, go cenam mislenjeto i sovetot. rabotata e vo toa shto lichno JAS ne se osekjam zadovolno i ubavo so mojata tezina, smetam deka mi falat uste 2,3 kilca minus za bidam jas zadovolna, vaka rabotava mi izgleda polovichna. ne ja drzam povtorno celata dieta, tuku se raboti za samo 12 dena. deneska sum tretiot den od turbo un i otkako ke mi zavrsat nema povtorno da ja pocnam. momentalno sum 68 kila i smetam deka 65 bi mi stoele super, i za ponataka da ja odrzhavam tezinata : -)))) isprichavam se za latinicava od mobilen sum pushtena xxxx
Денес Јагленохидратен (3. ден) За поручек изедов две мали парченца лубеница,за ручек кифли со изварка.Знам дека треба празни,ама денес ги правев па не ги бива бре празни ,изедов 5 мислам ама многу се малечки. За вечера мислам едно нескафе,ред црно чоколадо и овие Во темава ќе си водам еден вид дневник,зошто така се чуствувам посилна и мора да издржам до крај,мора Не работам со бројки и нема да се мерам а и немам вага но ќе поставам слика на крајот од диетава,господ здравје до тогаш А да не ве излажам денес каснав и една лажица слатко од сливи,после ручеков беше Утре најмногу се плашам од овошниот ден Незнам како ќе го издржам,но мислам за поручек да каснам лубеница,измеѓу оброк по некоја слива или суво грозје , за ручек некоја салата (планирам од зелка),за вечера краставица или морков Сигурно нема зеленчуков многу да ми наштети на диетава...
здраво диеталки одамна ве следам но овде сум нова, па и диеталка плус од сите коментари за диетава искрено морав да јас да ја поЧнам ,знаЧи од сите мозни диети само оваа не е пробана,од секогас ми се цинесе премногу јаденје E сега имам и некои прасанја,па ако сакате помагајте (ми се брза до резултатите ) знаци јас сум веке 2 ден-скробен е сакав да прасам дали спанак навистина оди во овој ден? или јас ја утнав усте сега (тоа го видов на првата страна за диетава) и плус дали кафе со млеко пиете само во протеинскиот ден? јас кафе пијам колицински многу,но ке се зртвувам ептен ако се мора (казав веке ми се брза, ми се слабее ) и дали конзервирано овосје смета како појадок? е засега толку понатаму пак ке прасам....мило ке ми биде ако наидам на васата подрска. поздрав до сите P.S се извинувам за греските во постот мк фонт ми е ептен нов,специјално за темава samo jas ostanav bez odgovri