Здраво! Вчера немав време, па еве денес набрзинка да дадам рапорт за вчерашниот ден. Скробен - 57-ми ден од диетата. појадок: 4 сливи и 1 круша (за прв пат во диетата го размешав овошјето за појадок - нема да се повтори); ручек: ориз (потпечен со морковче, кромидче, магдонос и пиперка) + печени пиперки + салата од домати и краставица. вечера: исто, но на половина од ручекот. Ми беше малку посолен оризот (што не е добро, знам, но вкусно беше ). И сега да се пожалам. Не само што не слабеам овие денови, туку чувствувам како се дебелеам . Страв ми е да се измерам . Дефинитивно без вежбање, пешачење, трчање или било каква физичка активност - нема резултати. Особено не со количината на храна која јас ја внесувам. Мора да се вратам на пешачењето и потењето! Помалку да јадам, и помалку сол да ставам во јадењето. Еве денес ако не успеам да добијам термин на козметичар (или на фризер) - ќе пешачам! Си ветувам!
И мене утре ми е истиот ден, јас планирам едно парче вегетаријанска пица (повеќе од половина за ручек, остатокот за вечера) а благо само црното чоколадо и едвај чекам да ми дојде тој ден... Саботата - витамински ден: праски, лубеница, повторно праски и една шопска без сирече и масло Вчера - протеински: појадок - две праски ручек - два стека со малку шопска со сирење (ама мн малку), за супа немав време, излегов вечера - еден стек и мал прекршок - лубеница, но веќе сум половина килограм до саканата тежина па затоа си дозволив Денес - скробен: праски за појадок, манџа грашок сварен со малку златна мешавина и краставичка салата за ручек, грашок и за вечера
Денес ми е скробен (6 ден) За појадок овошна салата од праски и кајсии (Конечно денес сите ги дојадов иначе ќе се расипат па ) За ручек и за вечера ќе имам грав со салата.. Сакам да ве прашам како го јадите запржен/не запржен? Иначе да си се пофалам иако ми е 6 ден,можам да забележам големо намалување на стомачево и бутовите (иако е помалку видливо).. Ова ме тера да продолжам понатаму и ми дава надеж
девојки, јас значи подобро да не кажувам што се не јадев викендов , ама дома си бев а ретко си идам и мама незнае што се да ми зготви, и несмеам да кажам не Ч) Денеска ке ми биде овошен ден, за да исперам некои гревови од викендот. И продолжувам строго, со давање отчет секој ден Позз девојки
Денес ми е 8 ден овошен, и денот го почнав со свежо изцеден сок од лимон(без шеќер секако), 1 банана, 2 мали кајсии и една крушка, 10 минути вежбав кардио, толку имав сила, ама колку толку фајда е а па ич , ај утре повеќе или пак до вечер уште 10 мин. Нешто мн чувствувам глад што ќе правам до вечер, се надевам дека денот ќе мине без ниту еден прекршок
Се е точно,корисни совети! Да додадам за виното...тие што имате големо мешенце,1 чаша вино со вечерата поволно делува да се разложуваат најтврдокорните масти...ама сеа,изгледа јаглехидратен ден може да се комбинира само со диетата....
Почнуваат да се одбројуваат последните 30 денови од диетата. Овие 30 ќе мора да се потрудам малку построго, без воопшто грешки (ако е возможно). Викендов си се напив алкохол, тоа секако е ГРЕШКА, но живи и здрави да сме, вчера истерав овошен ден со мамурлак, па се оправи малку организмот. Денес, 61ви протеински ден, за појадок портокал и кафе, за ручек стек кој се надевам ќе го сварам (демек помалку калоричен), а колку го мразам варениот стек тоа не се опишува значи. И шопска салата. И ќе мора да си го зголемам времето на орбитрек и да внесам нови вежби, веќе 3 недели сум со истите. Кога летнаа два месеци од диетата не ми е јасно...
Воден ден 29-ти До сега не осеќам глад воопшто, за понатаму ќе видиме, се надевам дека нема да го прекршам денот и дека нема да посегнам по нешто, инаку до сега диетата ја имам прекршено на неколку пати, за време на скробен ден имам изедено плескавица, во протеински ден имам изедено парче торта, и во јагленохидратен ден се имам напиено сок за растворање од анананс, ова се моите прекршоци
како сте чупиња Ч)јас еве вцера не го издрзав овосниот ден бидејки некни добив па си реков да не забегам мн од диетава ке почнам повторно од првиот ден па за руцек јадев селско мевце и за вецера исто ....поруцекот не го утнувам никогаас .....денес ми е скробен ден па јадев манџичка со оривче....за поруцек имав лубеница 1 дебело парче Ч)имајте убава недела сите...поззз
23ден и наместо скробен под казна овошен. Вчера кикснав малку со диетата и затоа. Морам да пробам малку построго да се држам,зошто само летово ми е на располагање за диета. Па после само да ја одржувам тежината, чат пат ќе имам овошен ден. Инаку држите ли воден ден? Јас мислам да го прескокнувам. Некако многу ми е ,цел ден само на течности.
^ Јас додека бев на диетава не држев воден ден, ни на крај памет не ми беше. Во денот имав дури две физички активности и ден само на вода да колабирам, не фала.
Денес 58 ден- јагленохидратен. појадок: 2 праски; ручек: полна чинија шпагети со кечап (не јадев грисина денес, не дека немаше ама решив: НЕ!) вечера: се мислам дали да јадам 3 топчиња сладолед или парче торта што го чувам во замрзнувач од еден роденден? Некако мало ми изгледа парчето торта . Ај, ќе си размислам . Сега ќе си пијам еден ладен нес (без шеќер и без млеко). Инаку, не сум ви кажала, ама скоро секое утро, пред појадок, пијам чаша вода со еден цеден лимон. Тоа ни е навика со сопругот од пред 6-7 месеца. Порано беше со мед, но сега од кога сум на УН - само вода и лимон.
Јас овошниов ден го поминав многу лесно и без подуен стомак, што често ми се дешавање порано. До 4 саатот имам изедено се' на се' 6 мали праски, 2 исто мали јаболчиња и лубеница јадев. И сега си направив у соковникот сок од цвекло и 3 моркови, и испив една гооолема чаша.
Епа од 90 дневниот режим со диетава симнав 21 кило. И сега терам со турбо ун за да симнам уште некое килце, и досега намалив едно кило, али у меѓувреме сфатив дека нема потреба повеќе да слабеам и уште еден циклус ќе терам и ја прекинувам.
Бидејќи одново ја почнав 02/90 ! Доручек: 3 кајсии Ручек: ориз и салата краставица.. и Вечера ќе ми биде ориз со салата краставица, нормално упола од ручекот.
Zdravo dietalki bev malku otsutna i eve sega da si dadam izvestaj za poslednite 2 dena znaci vcera ovosen den vo znakot na jabolka pomina i 2 slivi da razbijat monotonijai denes proteinskiot den dorucek kafe i 1 jabolko rucek salata so malku mozarela i vecera salata i edno parce riba i sekako kafe i voda poveke od dovolno nesakam da se zalazuvam,no dali e mozno veke da se zabelezuva deka ima rezultati? (pa kako zapnav i treba da ima )kako i da e merenje ne doaga seuste vo predvid