Е па драги феминки,искрено ме запаливте со коментариве А бе сите сте задоволни,кај сите има резултати и тоа читам некои од вас со месеци ја држат диетава! Е баш ми е мило за вас,ама и јас ќе ја започнам. Планирам ете од понеделник да биде,не знам зошто ама сите диети од понеделник ги започнувам! Инаку сум доста дисциплинирана кога држам некоја диета,па се надевам дека и кај мене ќе има резултати! Јас од март оваа година па до сега симнав 8 кг. и сега ја имам точно идеалната тежина ,според висината нели,ама се разбира дека се уште не сум задоволна. Сакам да симнам уште најмногу 3-4 кг. Редовно вежбам,орбитрекот ми е секојдневие :up: ,а и други вежби на фитнес нормално. Единствено од што "се плашам" е за градите кои ми се намалија и малку паднаа ,иако вежбам редовно сепак се спуштија малку,па ајде ве молам споделете ваше искуство,со оваа диета и вежбање како да си ги зачувам да не се стопат уште толку !? Па со среќа на сите ,а и кај мене од понеделник ...за резултатите ќе ви пишам!!!!
Оризот е извонредно хранлив (360 калории во 100 грама). Сиромашен е со масти, но богат со скроб, па затоа е лесно сварлив. Оризот е богат со минерали. Најмногу има фосфор (116 милиграми) и калиум, а нешто помалку магнециум, калциум, манган, железо, сулфур, бакар, цинк, кобалт... Од витамини, оризот најмногу содржи витамин Е и витамини од групата Б. Јас денес бев на јаглехидрати, ама да ви кажам последните неколку дена не ја држам толку строго такви беа околностите. И изгледа нема да ја држам повеќе ми се смачи, ќе се придржувам до некои работи, на пример ќе јадам на сабајле овошје а од ручек протини и салати и така, уште 2 кила имам за симнување се надевам дека ќе ги симнам со вежбање и пак со здрава исхрана. Ве читам феминки поздрав среќно со диетава, стварно е добра
Вчера немав време да ви пишам, многу пешачев, трчав, вежбав Вчера овошен ден. Појадок: 2 праски, ручек: 2 банани, неколку парчиња свеж ананас и 1 маааааало парче лубеница вечерата ја јадев на рати (т.е. почесто јадев): сливи, диња, малку кајсии, повторно диња. Искрено до пред вечерата бев во ред, ама кога ми се пријаде нешто калорично (и тоа не пица, сендвич или Бог знае што, туку ориз, или кисело млеко, или леб со обично млеко - попара- не сум јадела уште како дете ) , не знам што ми текна . Ви се случуваат ли вакви кризи и вам, или само мене ми се дешава ова? Вчера пак пешачев (и потрчнував) околу 1 час, потоа уште малку вежбање по дома, ама ИЧ немав сили. Нозете ко да ги влечев по мене. Дали од овошниот ден или од жешкото .
И јас така правам, гледам дека слабеам па не се замарам толку всушност се што ми помага за да не се откажам од диетава е ок за мене, бидејќи секако тие двете овошки кои ги јадам рано наутро не би ме држеле до нормален ручек кој би го јадела околу 14ч па си го делам ручекот не на 2 пати на 3-4 пати Вчера на пример носев 2 ѓевречиња и цел ден си ги јадев од 10 до 15ч, така си бара организмот така му давам. Подобро некако одколку никако.
Вчера се витаминизирав мислам. Изедов вкупно: диња + грозје + 4праски + 2 свежи краставици + две мали морковчиња + половина свеж домат(го гризев ко јаболче без сол) + лубеница мн парчиња + еден цитрон. И вода две литри и едно кафе горко без ич шеќер.
Вчера ЈХ ден: Појадок - две праски Ручек - малку палента со печурки и томатело (ама не ми се свиѓаше) и се допунив со една кифла Вечера -сладолед, бисквити Welness со чоколадо Денес витамински ден: Појадок - две праски Ручек - диња со мед и сецкани бадеми Вечера - овошје - ќе видиме како ќе се одвива денот со оглед на тоа што ми е прв ден од циклус, ако не паднам некаде ќе продолжам со овошјево
вчера протеински појадок - цеден сок од цитрусни овошја(1 чаша) ручек - пилешко со тиквици и кромид вечера - една салата така големка : домат, пиперка, краставица, кромид, тиквици и малку фета(значи обожавам салати) денес скробен појадок - 100г сушена брусница + цеден сок од цвекло, морков, јаболко и лимон(1 чаша) ручек - салата од црн грав+ пченка + домати + пиперка + кромид (ептен е убава, само маслинки уште ми фалат) вечера - или пак од салатата со грав или обична салата (домат, пиперка, краставица, морков, кромидче)
ауу какви исцрпни извештаи сум почнала да давам еј девојкид а ве прашам, абе како не ви е жал во ЈХ денот наместо сладолед да јадете бонвита, или мармалад, или некои такви?? јас како неверојатна обожаватекна на благо, не сум правела грешки со благо досега(да јадам во други денови),ама во ЈХ за вечера секогаш бирам највкусен сладолед
Јас со душа го чекам секогаш ЈХ ден, еве утре е, но секогаш кога ќе дојде некако не ми се јаде, дали на ручек се заситам и после неможам да јадам, еве претходниот ЈХ ден за вечера јадев само еден ред чоколадо за готвење и утрото ми е криво што не си јадев нешто поубаво, еве утре ми е ЈХ ден па ќе се почастам еден BEST или топган, или некој вкусен колач... мммм едвај чекам
Денес протеински ден... Незнам шо ми стана,се забораив над лубеницата,леле едно гооолемо парче изедов еднакво на 4 големи јаболки...ама ајде,утро е плус овошје е... За ручек планирам стек да испечам со салата во 4 часот,и послем тоа едно малееечко парченце стек со салата во 8 часот(оти пак легнувам накај 2-3) ама сеа паралелно со диетата мора биоритамот да си го исправам инаку не оди вака Инаку,највеќе го мразам ЈХ денот.... затоа утре пак ќе држам скроб! Нема ЈХ! НЕЕ...
Луѓе овошен ми е 8 ден. До сега имам изедено 2 праски и едно нескафе. Сакав да прашам дали јадите пуканки и во кој ден? Ми се грицка нешто,во лош период сум .Па си викам да поткаснам малце,да ги испукам без масло и сол.Што викате?
Нее,скробен ден пуканки! А и нескафе не си требала,најдобро турско..ако ти се грицка,купи си индиски оревчиња или бадеми 100 грама,изгрицкај ги додека е рано сеуште за да се сварат во текот на денот,за да не се полепат по тебе а и плус оти многу калорични се ама тоа да не те плаши оти тие масти се омега 3 масти...позз
^^ Абе нескафево си го пијам без шеќер со вода,ич не е вкусно ама па ако пијам турско неможам така Сега ќе мавнам едно парче лубеница и ќе се занимавам нешто за да не мислам на пуканки Салати јадиш во овошниов ден?Јас мислам во вечерните часови да си направам една
Верувај нема да помине,подобро додека ти трае меракот оди изгрицкај 100 грама бадемчиња оти истата криза но 10 пати посилна ќе те тупи вечер ако сега ја баталиш,ако сте приметиле секогаш е така... Инаку салати нејадам,имам јадено ама ретко 2-3 пати и тоа вечер цвекло по една тегла кркнам,најдобро си е овошје,купи си една лубеница голееема за 150 денари,јади ја цел ден.ВО една книга пишува дека повеќе резултати ќе има ако еден циклус од 4 дена значи доручеците и плус четвртиот ден кознумираш една врста овошје,после наредниот циклус друга врста...па сега пробам јас со турбо Ун,да видам дали е вистина така
63ти ден, си исцедив лимон за доручек. Сега ќе јадам варени шпагети со кечап. За вечера ќе лапнам мафин, а може и два ако ми се сака си заслужив, бев со пешки до центар и пак назад до дома. Денес не вежбам, "(роденден)мала(забава)" пауза. Стомакот никогаш не ми бил порамен. Ептен си се сакам денеска.
Денес ми е втор ден-скробен.Ми се свиѓа во диетава што не осеќам глад и мозокот не ме тера да мислам на калорични јадења Доручек: 2 праски Ручек: 2 печени компири Вечера: салата и можеби пола компир,зависи колку ќе бидам гладна Стандардно и 2 литри вода,поради кои размислувам да се преселам во вц