девојки во ред ми оди мене со диетава денес ми е овосен ден па само малку кикснав со порција сладолед ......инаку не осекам глад а иако ова ми е 4 ден без оние 3 предходни кога добив па заради овосниот ден ја прекинав диетава...а веке се цувствувам полесно и добив 2 коментари дека сум ослабната.....сега не знам дали е тоа тоцно ама мајками си идат со даде утре од крв па ке се мерам за да проверам...позз девојки инаку денес само праски мелам......
Вчера ми беше ЈХ 03/90 Доручек: 4 кајсии.. *доручував во 9 сабајле пошто бев од 7 станата а ручек многу касно ми доаѓаше и ми се лошеше и од топлото, пак ќе кажам некоја топлина внатрешна добивав излив на енергија, а плус 2 ден ми беше дојдено и се ми се помеша, ама не кикснав, издржав, во главата цело време си ја вртев сликата како ќе изгледам кога ќе ослабам :geek: .... Ручек: чиниа макарони со кечап Вечера: 3 топчиња сладолед и еден ред чоколадо за готвење. Денес ми е овошен 04/90 Досега имам изедено 5 кајсии и 2 мали парчиња лубеница, и не ми се јаде, тек за вечера кун 7 и 30 или кун 8 часот ќе каснам некое овошје и лубеница, не си купив банани за денес пошто немам потреба од нив, сакам да се прочистам ептен !
Скробен 31-ви ден Појадок и Ручек: четвртина бурек, јогурт (не бев дома во друг град бев) Вечера: 1 варен компир, парче леб, салата (зелка) Меѓу другото колку калории има во една четвртина бурек со сирење
Кој, кој има роденден? :geek: Денес ми е точно 60-ти ден од диетата! Протеински! појадок: 2 праски; ручек: 3 варени јајца, 1 салата (домати и краставици) и 1 чинија супа (бистра со печурки); вечера: 1 варено јајце, чинија таратор, 1 мал домат и малку сиренце. И сега ме боли стомакот. Имам грчеви . Ама ќе пијам едно протеинско нескафе - со млеко! Денес не пешачев. Луѓе не се дише!
znaci denes jh den dorucek 2 krusi rucek testenini so kecap( pomalku od dovolno ) vecera ( e tuka ja utnav malku mislam ) znaci eden sladoled i posle toa eden red cokoladno normalno kasno zabelezav deka ne e crno ) ama ajde ke se tesam vozev tocok i trcav pa valjda se prostuva i vetuvam nema da se povtori i krusite isto taka nekako ic ne mi odea i uste ne sum se merela iako se zabelezuva pomalku
Никој, евентуално Марјан Стојановски. Не, сакав да напишам само мала пауза, ама секогаш ми извира тоа - Родендееееееееееееееен, мала забава (еве дојдов без да ти се најавам)... па го пишав цело. Си изедов два мафини за вечера, и ментално и физички се спремам за утрешниот овошен ден. Имам праски, сливи и ќе си купам банани. Нутриционист извини, од кој ракав ги вадиш калорииве? 1/4 бурек со сирење - 1300 калории???!!! Што стори море момче, хамбургер со плескавица, кечап и мајонез и помфрит брои од 600-800 калории...
Oвошниов ден го поминав добро, преска ви кажав дека планирам да вечерам пак овошје или лубеница, ама си каснав 4 мали моркови . Сестрами јадеше компири и месо и ми се прчеше со виљушката, демек види ме шо јадам и ме испровоцира излегов до в бавча, си зедов моркови си ги измив ги средив и се вратив в кујна и си гризам на морковот, а она се смее ау како ме изнервира и јас загризав морков и и викам, коа ќе сум слаба и ќе си ја одржувам тежината, а ти ќе бидиш во моја ситуација јас ќе ти се смејам наместо да те подржам, како си тргнала ќе ме стигниш со тежината, а кога ќе ослабам ќе ме престигниш и си продолжив да гризам на морковот!!! Ама убавоо се чуствував после тоа, и мило ми е шо досега ја немам ИЧ прекршено диетава, и што ќе слабеам здраво, а и нормално што никој досега не успреа да ме наговори со провокации да си каснам нешто друго. Ќе им докажам што е карактер! Едит: Нутриционист, дане си слушнал грешно? Дали можда една целина бурек( 4 четвртини ) да имаат 1200 калории заедно? Тоа за 1 парче е премногу човече, досега сите како свињи ќе беа
Не,значи со месо една четвртина содржи 1600,со сирење содржи помалце за 300-400 калории.Во еден бурек само се става минимум 100 милиграма масло а 100 милиграма масло е 800 калории,другото е тестото и сирењето...значи маслото е виновно! Внимавајте со буреците,една четвртина = на целодневен внес на калориии на особа која е на диета! Пица бурек,е најмрсен.Одбегавајте буреци жити се,знам дека тоа е зашематувачки,ама ете прееска кога видов дека девојката јадела бурек и прашува колку калории прашав мајка ми(технолог= и таа се занимава со храна,но повеќе со пијалоци оти работи во Скопска пиварница) и рече дека после милкшејкот,бурекот е најголемата калориска бомба,па фатив и проверив низ книги кога гледам од 1500-1600 со месо четвртина,1200-1400 со сирење,пица бурек не беше сметнато,баљда оти стари се книгите
Фала Нутриционист, сега сум натажена бајаги, не дека јадам бурек, ама па не сакав да го замразам. Поздрав до изумителот на бурекот:
Нутриционист, абе на цела доза се става волку зејтин, грешка нешто да не си. Плус овој зејтин се меша со вода и со него се прскаат кори, правев бурек јас. А да не зборувам дека корите се џоамити ливчиња. Јас би рекла дека толку калории колку што кажуваш има во цело тавче со бурек. Еве баш прогуглав и Србите, мераклии по бурек, викаат дека има 250 калории на 100 грама. Еве едно парче да е 200-250 грама, значи околу 500-600 калории. Ако земеш предвид дека еден нормален оброк треба да ти биде 500 калории, тогаш буреков и не е толку трагичен, се додека не изедеш пола тавче.
Можеби е глупо прашањево ама ме интересира како да ја приготвам супава без резанки да ми дадете некој рецепт јас од утре почнувам со диетава конечно се решив.Ви посакувам на сите што сте на почетокот на среде или на крајот од диетава да ви оди со лесно и да си намалиме барем25 кг повеќе немора шала барем малу да се исплати трудот.
За жал,нашиот мрсен е,македонски бурек,плива во зејтин.Ама зборувам за тие купечките буреци,и нема грешка,толку е калоричен а тоа е многу! Оставете бурек,псоегнете по ѓеврек
Абе земи си коцка супа (пилешка, говедска), стави и морковче, магдонос, пашканат...ти реков ми рече... и ете ти бистра супа - без резанци . Поздрав, и со среќа!
Денес ЈХ, 15 ден. За доручек јадев 2 праски Ручек Пица со кечап Вечера две кифли со мармалад и две топки сладолед Сакав да ве прашам дали е кифлата со мармалад ми е грешка, пошто ја земав како замена на колач/торта. А исто така грицкав и сончоглед а знам дека е многу калоричен, ама не можев да одолеам пошто сум многу сртвна Иако ми е 15 ден, не можам да забележам резултат, а од вашите претходни постови прочитав дека по 10тиот ден резултатите се очигледни. Не знам зошто кај мене е така, дали на некој му се има случувано тоа?
^ И кај мене немаше никаков резултат првите 15-17 денови, па сега ти види. Без гајле, ако се држиш според пропишаното, резултатите ќе станат многу брзо очигледни и ќе ти бидат уште поголем мотив за слабеење. Инаку, чачкав низ нетот да видам што и како јадат други луѓе на УН диетата (да споредам, да не имаат други техники, нови рецепти за комбинирање на храната) и налетав на комшиски форум... јаоооо децо. Не е туѓата мака никако за смеење, ама ваму сум се посмеала поштено, мислите дека ние правиме грешки и не се придржуваме кон диетава? (аха! да му цркне козата на комшијата) Ама сериозно читаш баклави, бонбони, кременадли за ручек, 7 палачинки за вечера, 5 мекици, некои бројки фрчат, некои работи што не би требало да ги јаде нормален човек без диета, камоли ние останативе... Така што, rest assured одлично се држиме, упатувам групен поздрав до сите УН диеталки. И едно БРАВО за упорноста и издржливоста. Одеднаш кафенцето со млекце и сиренце во шопска воопшто не ми изгледаат грешни.
значи браво за мене првиот овошен ден го поминав без никакви поголеми потешкотии.освен порција сладолед.....но секако морав бев на гости па......ама вчера околу 7 часот сеуште бев на работа и почувствував слабост....цела снага ми се тресеше......сепак поминав добро и се прибрав вечерта после 9 30 кога се вратив од раб.....позз денес за поруцек имам јаболка....за руцек полнети пиперки и вецера од пиперките со салата...поззззз
Vikule89 грешиш мила. Како прво, сладолед на овошен ден не се јаде. Ајде ќе речеме биднало, ама за друг пат да си знаеш. Тоа дека си била на гости, па си морала - тоа кажи му го на сладоледот . Зарем јас 2 месеца не сум била никаде на гости? Сум била, мила, сум била и на гости, и на родендени и на свадби - ама прекршок не сум правела, особено не со таков изговор! Второ, каков ден ти е денес? Ако вчера ти бил овошен, денес треба да е протеински. Пиперките со што ќе ги полниш? Само со месо? Ориз не планираш да ставиш нели? Немој да ставаш ориз - скроб е тоа. Поздрав и секое добро!
веќе ми се спремни само со месо и тоа 3 малецки за мене за остатокот од семејството му ставив оривце....инаку готвам навечер бидејки немам време од раб си идам во 14 30часот па додека да зготвам ќе ме фати 18 часот...а за сладоледот .....фала богу дека е изговор секако не морав неми ставија ноз под вратот...но ете човек сум ....згрешив
Вчера едвај го издржав овошниот (пошто прв ден циклус, нели ), е само вечерта кога ги подготвував пржените тиквици и соја шницли за денес, е не можев да не лапнам од тиквичките (поховани со јајце и презла мхмхмхмх, малку две-три ) Денес Појадок - две праски и слива Ручек - поховани тиквици и соја шницли (сакав и сиренце ама заборавив да си земам, ќе надоместам дома ) Вечера - соја шницли овој пат со сиренце мммммм