девојки ја најдов истава диета на еден сајт и сосем е иста само што заборавиле да ни кажат дека помеѓу оброците првиот ден се прави пауза 4 сати наредните 2 дена по 3 сати а овошниот ден по 2 сати после осум ништо освен вода и кафе кој сака,и баш е нагласено дека секој ден после ручек треба да се зема апчиња кои ги содржат потребните витамини и минерали.
Абе вака сите задоволни ми изгледате од диетава па реков дај и јас да ја пробам. Ама пази сега сите со протеински ден почнуваат јас со овошен (е добро де + сладолед ) Утре скробен ден. Прочитав во претходните постови кај tessi чинам беше 3 дена; - 1 килограм И да се надеваме дека ќе издржам и нема да поткаснам благичко нешто
27ми ден од диетата,овошен Ух, некако денес сум многу гладна. Се надевам ќе издржам без да направам некој прекршок. Само што изедов 3 праски. Понатаму планирам диња да јадам, ме заситува повеќе.
Денеска ЈХ ден и сабајлево малку зезнав, немав никаква тестенина за јадење при рака па одма на благото, јадев бисквити со мармалад, ама покасно ако имам некоја криза ќе пробам да издржам или некако утре на овошниот ден да се извадам
Здраво девојки После некое време и јас да се активирам на темава (не дека не ве читав редовно) Јас си ја терам диетава, имам уште доста за симнување. 2 циклуса т.е. 8 дена ја прекинав пред извесно време и јадев како стока, и одма си вратив 2кг. И сега маката ми е следнава - 8 дена не се мерев демек да се изненадам позитивно, и сабајле застанувам на вага, и има што да видам, -400г само симнати И тоа, нервозна сум
Јас ја прекинав диетата, од причина што ме истошти. Немам сили за ништо, почна да ми паѓаат и шекерот и притисокот. Утре ќе се мерам да видам колку сум симнала, Имав и денови кога не терав по шемата, 5 кг да имам минус, ќе сум задоволна. Вака се осеќам послабичка, па ќе видиме вагата колку ќе покаже.
Овошен 33-ти ден Појадок: 2 праски Ручек: 1 банана, суво грозје (20 грама), дехидриран ананас (15 грама), дехидрирана папаја (15 грама) Вечера: 3 парчиња лубеница
Денес ми е Скробен (10 ден) За појадок имав 4 сливи. За ручек печени компири,ги потурив со топен маргарин (кристал),можи ќе бидат малце покалорични За вечера исто... Иначе сум во пмс и стомакот ми е подујан,можеби затоа се чуствувам подебело
65 ден, 25 to go! Вчера овошниот ден го поминав перфектно, без грешка. Праски, сливи, 50 гр. непечени бадеми. Вечерта кога ми дојде тешко и тужно, во една маалска продавничка за здрава храна си најдов сушена незасладена брусница, по цена од 40 ден. за 100 гр. Фак ју Виталиа, ова ми дојде подобро од чоколадо, ем каде каде поевтино од нивнава. И така го истуркав денот. Денес протеински ден, 4 сливи со кафе за појадок, за ручек имаме салата, пинџур од тиквици и пиперки и пилешко. Стекот на парчиња го ставивме да се пече врз хартија (ова хартијава хит значи, ќе почнам и поклони да пакувам во хартија за печење бре) зачинивме, и малку путерче и презла одозгоре. По едно парченце, повеќе ќе удриме на салата. Се надевам нема да е премногу сув. За вечера обично јадам само шопска салата. Не можам да јадам 2 пати во денот месо, немам толку место веќе во мешко.
Не сакам да ви се мешам во диетиве но го следам катчево и прочитав дека некои од девојкиве јадат соја која јас престанав да ја употребувам. Па само да споделам нешто што може но не и мора да е точно или штетно по човековиот организам. Ќе морам лаички да ја пренесам информацијава бидејќи не сум стручно лице во таа област, но ја добив од дипломирам прехрамбен технолог со големи познавања во оваа област. Сојата како генетски модифицирана храна ја произведувале со посебен ген(ми се чини од бубашваба). Единствениот производител на природна соја од регионот(како што кажав лаички ја пренесувам информацијава па го заборавив името што ми го кажаа), ама беше некаде во србија, за време на војната доживелае огромни штети за време на бомбандирањето. Како помош добиле американско семе кое е генетски модифицирано и дека сега е прекасно да се врати процесот назад, понатамошното производство е веќе '' инфицирано '' ако може така да се изразам, и секако американците ус помошта успеале и да ја уништат конкуренцијата. Каков вид на соја се увезува во Македонија и со кој квалитет е таа...не знам. Важно луѓево престанаа да јадат и гледаат со недоверба. Префрлете или избришете го мислењево ако сметате дека е офф.
Здраво! Еве ме и мене Ве читам, но немав време да ви пишам. 26.07.2012 - скробен ден појадок: 2 праски ручек: печени компири + салата од зелка вечера: печени компири Спојлер компири исечкани на коцки, додадов 1 лажица сенф, сол и црвен пипер, ги покрив со алу фолија и во рерна (заборавив да ставам зејтин), по некое време ја извадив фолијата, ставив зејтин, и уште малку во рерна да зацрвенат - прсти да си излижеш! Друг рецепт: наместо сенф, може да ставите доматен сос - така ги правев претходниот пат. Ете тоа се моите рецепти за печени компири. + салата од домат и краставица. 27.07.2012 - јагленохидратен ден појадок: 4 сливи; ручек:една гооолема пооолна чинија макарони со доматен сос во кој имаше бамја многу беше вкусно, ама многу! вечера: 3-4 мекици (се роди бебенце - нека е живо и здраво! ) со мед и шеќер во прав и 1 топче сладолед + 1 ред темно чоколадо. Утре овошен ден. Не сум на работа - па ќе си јадам овошје, колку ми душа сака Мило ми е што гледам дека има многу нови диеталки на форумов. Топло ви препорачувам да се држите до правилата на диетата и резултатите се неизбежни (кај некој повеќе, кај некој помалку). Поздрав и секое добро!
Денес ми е јагленохидратен...( 10 ден ) За појадок : 4 сливи За ручек : 1 ѓеврече и едно парче домат. За вечера ќе имам бајадера,ќе каснам 4-5 коцки и едно нес можно е да направам пс: Имав погоре едно мислење за ротација на деновиве т.е за да не држам еден овошен и во наредниот циклус да имам 2 овошни.Очекував совети.Ама мислењето аш буба го снема.Лилитка таа работа ја има завршено
28ми ден од диетата, протеински Појадував 2-3 праски ,ќе ручам варена риба,а ќе вечерам шопска салата. Вчера баба ми што не ме видела 2 недели, ми рече дека изгледам ослабено.
66 ти скробен ден. 4 сливи за појадок и кафе. За ручек - рижото со зеленчук. По маркетите го имате оној специјалниот ориз за рижото во ќесички што се вари, без да се слепува. Тоа го правиме во комбинација со златна мешавина. Ние количински правиме така повеќе, зашто сме две диеталки по дома, а и татко ми не' дружи, со тоа што му се смилостуваме и од време на време му уфрламе некоја плескавица или колбавче во менито. Ама да ви кажам дека и он слабее, симнал 2-3 килца, дури и со видоизменет режим (и нормално не тера овошен ден). Вчера 30 минути орбитрек и остатокот од вежбите, денес истото. Малку мака ми паѓа од "голите" салати - само патлиџан или само краставица, некако ми се водлести и безвкусни... ама ќе си тераш, нема друго. Поздравчиња диеталки, само напред.
Протеински ден 34-ти Појадок: 2 праски, шоља млеко Ручек: 3 соја шницли, 1 парче леб, јогурт Вечера: 1 соја шницла, шопска салата
Некако,гледам се повеќе учесници неправилно ја држат диетата,значи обрнете првата страна,све по ред прочитајте,какво млеко за доручек а соја и јогурт за ручек,различни протеини,тешко за варење АНТИдиетално! Инаку,протеински ден доручек: Лубеница ручек: стек и салата(за 1 час) вечера: стек и салата
Нутриционист, првиот ден кога е дозволено млеко и млечни производи, кафето цел ден си го пијам со малку млеко. Мислам појадувам овошје, ама не пијам турско, пијам нес со млеко, мене секако не ми прави разлика, има некоја определена доба од денот кога е дозволено млекото? За соја шницлите не коментирам, тоа за мене не е вистински протеин, ама зошто да не пијат јогурт за ручек или вечера? Исто и за сирењето... убаво си пишува - ако се решите за додавање на млечни производи во првиот ден, количината на месо ќе ја сведеш на помалку. И тоа е тоа.
Прв пат ми е за време на диетата да јадам соја шницли, а од друга страна не сакам месо и во протеински ден јадев само јајца и еднаш пилешки стек, и сега си реков да сменам, за ручек ќе јадам 2 соја шницли се премислив
Јас секој ден си пијам нес кафе без шеќер и без млеко. Во протеинскиот ден си пијам 1-2 нес со млеко (во попладневните часови). Се навикнав наутро да пијам кафе без млеко, па не менувам ни на протеински ден. Инаку јас си ги мешам протеините. На пример, за ручек јадам варени јајца со салата, а за вечера гледам да конзумирам млечни производи + варено јајце, бидејќи ручек најчесто јадам кога сум на работа, а таму немам можност да конзумирам млечни производи (освен обично млеко - но не ми се вклопува некаако, јас сум повеќе за сиренце, јогурт или кисело млеко). Можеби ако се придржував повеќе (да не ги мешав различните протеини) ќе ослабнев повеќе, но постои можност и дека ќе се откажев од диетата. Мене вака ми е подобро. Барем некои желби во однос на храната да си ги задоволам . Инаку денес овошен ден. До сега лубеница за појадок, а 2 часа подоцна јадев и 2 праски. Со лубеница тешко се издржува 4 часа .