Вчера ми беше овошен ден и се мислев како ќе го издржам,ама за среќа не ми беше многу тешко Се предозирав со праски,лубеница,сливи и мноогу вода.Денес ми е 5 ти ден-протеински.За доручек јадев парче лубеница,а ручав стек со салата.Вечерата мислам дека ќе ми биде само салата,зошто месото некако ми е тешко навечер да го јадам.Ајде се надевам на убави резултати кај мене,а и кај сите вас
Имам прочитано дека во овошниот ден измеѓу оброците само 2 часа пауза,па само напред мене утре ми е овошниот ден просто се чудам како ќе го издржам оти еве и денес тешко ми оди цревава востание кренаа но не се откажувам во никој случај цврсто сум решена да одам до крај и да ви кажам овај пат вие ми давате сила кога читам како сите одите напред. Само никако неможам да се откажам од кафето без шеќер иако вчера и завчера го пиев така денес турив малу како пола лажичка се надевам не згрешив многу.
Компир Во 100 гр. варен компир има само 69 калории и во тој облик можат да се консумираат без ограничување. Варениот компир содржи многу корисни растителни влакна, кои се значајни за полесно варење на храната, ефикасно го намалуваат гладот и допридонесуваат за подобра форма на организмот. За разлика од нив, печениот компир содржи 535 калории и консумирање на компирот во таков облик не треба да биде премногу често. Набрзо по консумирање, повторно ќе почувствувате глад, а и не допридонесува за добра форма. Затоа, при консумирањето на компирот, водете сметка на кој начин ќе го подготвите.
Значи во книгата,правилната,стои како правило ДА НЕ СЕ МЕШААТ РАЗНИ ВРСТИ ПРОТЕИНИ! Тоа го забавува процесот,неможе да се земе пример стек и јогурт да се јаде,тоа не или само стек или јогурт! Мора шо било за ручек тоа и за вечера.Да не внесувам негативна енергија,ама многу по одговорно се држеше диетата и повеќе резултати имаше од 100-350 страна на коментари,каде ветерани на овој форум како и мене ја држеја уште почнувајќи од јануари па ништо такво не правеле и не претставувале крива насока за друг што ја држи. Ние така само со додавање ја изменуваме и после зашо не функционира,зашо сум ослабен само 400 грама за 1 недела а не 800?? е поради тоа,поради отстапките,со мешање на разни протеини,исто како прекршок се смета,значи секој ден прекршоци се прават? Малку по озбилно,поради карактер барем.Јас кога прекршував,прекршував со разни намирници од спротивно потекло и тоа имаше еден период кога секој ден скоро прекршував,ама веќе не личи ова на ништо.Читам коментари,супа со резанци пиеле,како може...затоа,најдобро е да одиме според строгите правила и редоследот...јас знам дека секое јадење е блуткаво ако е монотонно и кога му додадеш сирење станува послатко,да додајте ама не многу туку само малецко парченце колку за шмек... Кафе веќе навикнав да гледам дека пиете и несс и се,иако поправило треба турско и без шеќер само.Да појдете на нутриционист,да ви ја препише таа диета,ќе примети убаво според анализите и напредокот дали правилно се држи,а кој не ја држи правилно терапијата му се прекинува и ЧАО дома не е доследен за терапија. Сватете ја оваа диета како еден вид на терапија и строго одете.Протеинскиот ден мене искрено како и јаглехидратниот ми се ужасни...ама мора,подобро диета,одошто апчиња или пилули! Ама тоа си е ваш избор,ете МИднајт убаво кажа дека може и да се откаже ако не меша поради тоа што не и е по ќеф само еднородно да јаде.Ама помислете па на Жан митрев диетата да ја држите...во однос на оваа каде каде подобро еднородни протеини одошто да голтам по ред сирови зеленлуци да ти се смачи ...
нутриционист во право си делумно..иако јас имам искуство знаци од пред 5 години диетата ја дрзев......и секако мн други познавам кои ја дрзеле и не се придрзувале строго а имале неверојатни резултати......јас сум пример за тоа...за месец дена ослабнав 10 кг и тоа вака јадев од написаното не се придрзував на колицината и не везбав воопсто.....знам х зени кои ослабеле на истиот нацин...знаци дај не се форсирајте...не за месец за 2 нека биди ама барем нема да се припада и да се ослабува крв и тн
Од првата страна на темава: Јас се држам до горенаведеното. Не правам разлика од турско кафе ("Bravo", "Pascalin", "Grand"...) и инстант кафе (Nescaffe, Jacobs), се додека е без шеќер и без млеко, сметам дека е во ред. Исто сметам дека прекршувањето на диетата во однос на количината не е толку сериозно, како што е сериозен прекршок да јадеш ќебапи во скробен ден, сладолед во овошен, сирење во јагленохидратен ден итн. Се разбира многу поголем успех ќе имаме доколку СТРОГО се придржуваме до правилата и не правиме никакви прекршоци. Уште повеќе ако имаме и зголемена физичка активност (како anabel-a , а не како мене, со денови се вадам на жешкото време ). Ама тоа е што е. Секој треба да очекува резултати пропорционално со вложениот труд. За да ја почнам оваа диета бев инспирирана од позитивните резултати на феминките од форумов. За тоа што и како треба да јадам се водев исклучиво од информациите дадени на првата страна. За тоа кои намирници во која категорија треба да ги сврстам се служев со своето знаење, знаењето на "чичко Google" и со консултации со професионален готвач кој прочитал книги и книги на таа тема
...да се надоврзам. Покрај тоа што се прават утки во начинот на комбинирање на диетата, повеќето од вас го занемаруват тој дел и обрнуваат внимание на калориите, кои во диетата не се причината поради која се слабее, ами наинот на комбинирање. Се скокат важни оброци, или се изменуваат, а и една работа се изостава ДИЕТАВА Е ЗА ЛУЃЕ КОИ ИМААТ ПОГОЛЕМ ВИШОК ЗА СИМНУВАЊЕ. Колку за споредба, во диетава реално се јаде многу, но не и оние кои имаат околу 90 кг (пример). Значи оние кои имаат од 60 до 70, па и помалку, јадат помала количина на храна, со диетава ќе јадат дури и повеќе. Ме сфативте нели?! Или некои кои ја имаат држано, пак ја почнуваат и гледат дека не оди и пак продолжуваат. Секоја диета не одговара за секој. Сепак има девојки кои ја држат правилно, но повеќето грешат, и не прифаќаат совет. Се откажав од читање на темата, а можам да споделам доста совети со оглед на тоа што ја држев порано и што ослабев многу. Значи и кај мене беше моментот бифор анд афтер. Од око, апла видливо. Но...ако вака ви одговара, гоо он, слабејте, ама колку и за колку, е прашањето.
?! Иначе јас ја држам диетава, ама не висам на темава за да немислам стално на диети и такви чуда верувајте повеќе се придржувам ко што треба кога мислам на диета само пред оброк, а не цело време опседната да неречам, таква бев минатите 16 дена кога ја држев... Сега сум појака на психолошки план.. бар така ми се чини
Скробен ден 35-ти Појадок: 2 праски Ручек: 2 варени компири со зачин (можеби со малку кромид како салата), салата (краставица) Вечера: 1 варен компир со зачини
Сакав да ве прашам во ЈХ ден за благото на пример ако немаш торта,сладолед или колачиња што друго можеш да конзумираш на пример дали можи политанки или друга врста на благи работи.
Мислам дека можеш било какво благо, бидејки под торта или колач се подразбира вид на торта или колач по твој избор, а тие можат да бидат составени од разни калорични продукти. Некои луге во овој ден јадат палачинки.
29ти ден од диетата, скробен Уште малку па месец како ја држам. Фино се чувствувам,не сум гладна ниту истоштена. Баш е супер диетава. Денес за појадок каснав малку диња ,за ручек имам манџичка боранија и салата, за вечера веројатно само салата. Немам навика да дојадувам од ручекот. Не знам зошто. Кај и да е за ден два ќе се мерам се надевам ќе се изненадам. Утре имам мала прослава,ама јаглехидратен ден ми е , па ќе каснам веројатно тортељини или њоки. Веројатно со сос од зеленчук,лукче и сл. И ќе каснам мало парче торта. Ќе се придржувам на тоа да појадувам овошје.
Денес ми е Овошен ден (12/90) Овошен ама јас си го направив зеленчуков ден Ми се згади од јадење праски,сливи,лубеници,кајсии и други ствари Па решив денес да си бидам на зеленчук. До сега имам изедено само еден тањир салата од зелка и воопшто не ми се јаде Неможам луѓе ми се гади Цел ден чистам низ дома од сабаље и воопшто не мислам на јадење. Подоцна ќе каснам домат,краставица и морков.Се разбира не сите одеднаш.И онака се навинкав да јадам во мали количини па немам проблем со гладот
Девојки да се пофалам,уште едно кило помалку Денес ми е 6 ти ден-скробен.За доручек јадев диња,ручав печени компири и за вечера најверојатно ќе јадам само салата.Вчера направив еден кикс,бев излезена и пиев нескафе со млеко,ама ајде се тешам од еднаш ништо нема да ми биде
Јас со прашањава можеби сум досадна,но несакам да направам прекршок а неможам никако да си сватам во диетава пишуват дека може во протеинскиот ден да се јаде и млеко и млечни производи и доколку се конзумираат треба да се преполови количината од месото односно од јајцата наместо 3 ке биде едно,е сега читам дека протеините несмее да се мешаат ако јадеш месо месо само ако јадеш сирење само сирење е како да ги разделам јас овие две работи кога и ручекот и вечерата треба да бидат исти.Прашањето ми е дали може да се јаде на пример 1 јајце и малу сирење,или пак треба напладне јајце,за ужина сирење па за вечера пак јајце?
^^ Јади си како ти одговара,важно е протеин.Секој си комбинира како што му одговара.Еве на пр. јас за ручек си јадам туна и салата за вечера само шопска и такој Иначе за денес изгледа ќе биди само Салатата од зелка што ја мавнав,еден домат и кај 7-8 ќе јадам една краставица Толку од мене за денес
фалати на одговорот,еве денес и кај мене е овошен па одсабајле лубеница,по 3 сати малу диња,па неколку круши така малечки и вечер ке јадам некоја праска,до сега имам испиено 1 л вода,и искрено едвај чекам да се стемни и да си легнам.