Различни видови на протеини различно време се варат во желудникот, токму поради тоа не се препорачува во диетава мешања на различни видови протеини,бидејќи го оптеретуваш системот за варење или ке си на месо или риба, или јајца, или млечни протеини, не од се по нешто, секако ако планираш да ја следиш диетата како што треба. Во книгата вака стои а овде не е баш најправилно пишана диетава
Тука сум девојки извештај должам за 2 дена значи вчера Скробен ден Доручек 2 јаболки Ручек Ориз и краставички Вечера На пола од ручекот Денес јаглехидратен ден Доручек 1 јаболко Ручек Шпагети ( неможев ни една нормална порција) Вечера 3 мафинс и 1 ред чоколадо за готвење
Е така веќе може јас незнам каква е таа книга ама,одев по принципот на оваа диета од збор до збор и како што сватив по мое дека може,е сега штом имат такви правила и стојат напишани во книга ќе ги почитувам и убаво што разбрав на време фала за одговорот ако има уште нешто ќе те молам да ми пишеш оти овај пат цврсто решив да ослабам од 90 кг и 160 висина замислете колкава сум иако никој не ми верува дека ке постигнам некој резултат,цврсто сум решена да им го урнам мислењето и да име видат дека можам.
За 3 месеци,со оваа диета,ќе симнеш 20-25 килограми за сигурно ако одиш правилно според прописите,а мозеш и 30 да симнеш...со среќа!
ух пак јас сакам да ве прасам понекогас си дозволувате ли малку повеке во јх денот? јас веке казав како помина овој ден ама после тоа земав и еден сладолед и сега се цуствувам лосо заради тоа а денес и доволно песацев и тоцок ама ете некако сеусте немам храброст да се мерам иако забелезувам дека има резултати...само си оставам време да се израдувам повеке ете си олеснив( полесно е вака) и секако ке пазам повеке според мене за 1 месец треба да е доволно ма ресена сум и 3 (иако немам многу висок )
Јас на ЈХ денот не се контролирав,па поради тоа кога дојде ЈХ ден вечера користам Обесимед капсули,не се здрави ама не пречи којзна колку само ти пополнува зелудник со гел кој си ја прави со водата и те дрзи сит,инаку не би се контролирал...
Девојки, денес ми е ЈХ ден и за ручек јадев пица, но проблемот е што вечерата (сладолед) ми беше многу рано, така да огладнев повторно и за да се заситам изедов едно големо парче црн леб (по логика дека денес е ден за тесто). Не можев да се справам со гладот пошто сум во ПМС период и мислам дека се ке изедам околу мене Малку ми е криво што испадна така, ама се надевам дека ќе надокнадам утре со овошниот ден. Ви се случило ли да имате напад на глад и како се справувате?
фала многу за среќата што ми ја пушти до сега сум доследна на диетава до еден детал се надевам ке издржам до крај и им посакувам на сите да си ги постигнат посакуваните ефекти.
Леле не да имам напад на глад туку ми иде вол да изедам,посебно во јх и овошниот ден значи вчера малу ама денес цел ден ми се јаде умрев начисто,и кога имам страшен навал за јадење земам едно шише со вода и пија се додека не ми се раздуе стомакот и ке се напиам едно кафе турско без шеќер и за пола сат ке ми размине гладот па ке трае еден сат така па после одново,пробај така.
Значи добри се капсулите,трреба редовно да се користат за ефект,тие се за такви луѓе кои многу јадат па 1 час пред јадење пијат капсула со пола литар вода,и внатре у стомак се создаде гел на природна база,го пополнува скоро цел зелудник(извинете Zj не ми работи) и немозеш да внесеш храна,значи посебно ЈХ ден пред вечера само тогаш користам и ме дрзи сит да немозам да прејадам,а нема никаква калориска вредност капсулата...
Везбај многу,..и секој скробен ден во вечерата приклучи 2-3 лазици варена пченка,за козата да не ти се олабави,за колаген да имаш
Здраво дечки Денес ја почнав УН диетата,протеинкски ден.....јадев тука со многууууууууууу салата,исто и за вечера....гледам дека некои од вас јадат да речеме туна за ручек а стек за вечера (пример...само не знам колку е правилно,според мене и искуства од др. особи би требало што ручаш-истото да вечераш)....па имав напади на глад и се мислам да јадам семки/сончоглед...онака да се занимавам....
Ме немаше од петокот, па еве рапорт Во саботата ЈХ ден појадок - праски ручек - една чинија макарони со сос од томатело, пелурки и пченка мммм... вечера - три топки сладолед и ред црно чоколадо Вчера (Еееееех вчера...) Со оглед на тоа што имам само уште 1 more to go, пак држев ЈХ ден (бев на гости и ми ја направија најубавата пица на свет ), па денот вака помина појадок - диња ручек - пица вечера - сладолед Денес продолжувам со витамински ден.
Денес сум на заслужен одмор,па ќе одмарам малце од диетава 1 ден.Од утре повторно си почнувам од Протеински,и правам вака за да ми се прилагодат деновиве за на гости задутре да не правам грешки Ќе внимавам што јадам денес.Ај промис
Луѓе во книгава пишува во јх ден времето меѓу оброците да е 3 часа, сеа јас појадував во 12, ручекот ке ми е во 15, а вечерата во 18, ама некако подобро ми е орокот од ручекот да го поделам на два дела и да јадам во 15 и 18 тоа што имам за ручек а во 21 да ја имам вечерата, затоа што покасно си легнувам после 12, ако вечерам во 18 што ке стане дури да си легнам? Може да си го поделам ручекот на два дела вака? или мора само три оброка да имам?
Рапорт за вчера - протеински ден: Малку ја утнав работата со распоредот. појадок: 2 праски, ручек / вечера: е сега тука некако ја утнав. Бевме на гости и бидејќи бев гладна накај 13ч јадев салата со малку сирење (а ручекот се спремаше за накај 16-16:30ч- не можев да издржам со 2 праски до тогаш и затоа јадев салата со сиренце), во 16:30 - кога веќе беше готов ручекот (готвено бело пилешко месо и салата) пак јадев и планирав да не јадам повеќе за тој ден. Арно ама накај 22ч многу ми се пријаде, и кога си отидов дома кај 23ч изедов еден домат и пошто немаше сирење, јадев и малку кашкавал. Си легнав кон 1ч по полноќ. Не е ептен многу страшно, но како да имав 4 оброка (од кои едниот беше доцна во ноќта). Тоа што мешав сирење и месо во текот на денот - тоа е друг проблем. Се чувствувам виновна . Требаше да се воздржам. simoncelicius, подобро е да имаш 3 оброка. Јас вчера имав 4 оброка- но тоа е грешка.
Мислам дека не си во право, еве нека ме поправи некој, но мислам дека Ун е правилен начин на исхрана кој подразбира јадење на секои 3 часа, организмот никако да не почувствува криза, односно што народски велиме да ти падне шеќерот, е сега дали смее во два оброка да се јаде ручекот сметам дека не смее, односно, ако за ручек јадете салата и главно јадење сметам дека подобро е да се распореди така што салатата ќе ја изедете за ужинка, главното јадење за ручек, во меѓувреме сметам дека треба да има макар уште една ужинка, макар било и овошје уште едно или чаша јогурт во протеински ден или слично. Е сега мислам дека ти не си направила грешка, ако се јаде сирење треба месото да се преполови за количината на сирењето, така јас ја знам диетава, значи не е дека не треба да се меша, треба да се сведе на иста количина како вообичаено. Инаку кога јадев по 5 пати во денот нависитина слабеев, кога почнав да забушавам, почнав и да стагнирам, така да она што го напишав погоре во врска со оброците, мислам дека држи вода. Јас сакам да ја започнам диетава не за друго, за да видам како ќе ми се однесува организмот. Од шејкот сум на пауза, ама наскоро пак ќе си набавам, ме копка диетава одамна, може да направам подолга пауза од шејкот да видам како ќе биде со диетава, но сигурно ќе ја почнам.