AngelOfArh тоа и ми беше прашањето всушност, денес дека ми е јх ден па нема салата затоа пишав два пати да ручам т.е. количината од ручекот да ја поделам на два дела, инаку за останатите денови кога треба салата мислев да ја јадам салатата па по три часа ручекот па по 3 часа салатата од вечерата па по 3 часа вечерата, и да имам пет оброка во денот на секои три часа наместо да јадам одеднаш салата и главно јадење
midnight.flower не знам искрено што толку си утнала. И мене ми се случило, не пречесто, ама ако почувствувам глад да си повторам една салата екстра, пред или по оброкот. Не гледам ништо страшно во тоа, подобро салата отколку некои други недозволени работи или пак овошје. Јас сум изгледа единствената која мува не ја лази се' уште за мешање месо и сирење во протеински ден? Да се откажам од шопска првиот ден ... бооооо, ко да му украдете омилена играчка на мало дете. Денес овошен ден , планот е да се истера без ниедна грешка, зашто вчера претерав со количината на храна, огромна чинија макарони и големи парчиња куглов колач... за срамота Се срамам значи, не излегов надвор од границите на менито, ама дефинитивно тоа беше надвор од границите на количината. Многу глад ме напаќа во ЈХ ден, не ми е јасно зошто. Леб ако не те најаде, што друго? Денес имам сливи, диња, банана, сушена брусница. Чекам некоја праска да се донесе. Орбитрекот е на поправка, па вежбањето денес ќе се импровизира со милион други ситни вежбички. Уште 22 дена, ајде, ајде... Построго!
Денес, како што ветив, витамински ден Појадок - 50 гр брусница Ручек - половина диња и малку непечени бадеми Во текот на денов - диња, праски и непечени бадеми
Јагленохидратен ден 36-ти Појадок 1 банана Ручек долг ѓеврек Вечера чоколадо (1 ред), 2 плочки гранола бар со мед и бадем Vitalia
Trendafilka, утката ми е во "late supper" . Не се сеќирам што јадев домат и едно убаво парче кашкавал, туку дека јадев 2 часа пред спиење. До сега не ми се случило. Инаку и јас сметам дека подобро салата отколку некои други недозволени работи. И јас до сега секогаш мешав млечни производи со варени јајца (со месо не, ама исто му доаѓа нели?). Во деновите кога јадев месо за ручек, исто јадев и за вечера, а кога јадев јајца и салата за ручек, за вечера обавезно јадев и јајце со сиренце, јогуртче или таратор салата. Така ми бара душата. AngelOfArh, во однос на оброците, јас се трудам (колку што ми дозволуваат условите) да се придржувам кон условите на првата страна од темава. И ајде почни ја диетава, не се мисли !
Девојки времето меѓу оброците само во ЈХ ден ли треба да е 3 часа или во сите денови? Кај мене времето меѓу оброците во сите денови е 4 до 5 часа, да не грешам...?
Леле многу комплицирате со растојанието меѓу оброците Јас додека ја држев диетава, размакот од оброк до оброк ми беше минимум 4 саати. Без разлика дали тоа било јаглено хидратен ден, протеински или скробен.
Благодарам anabel-a, и кај мене исто така размакот е од 4 до 5 часа, но сега прочитав некоја од девојките напишала дека во јх треба 3 па затоа помислив јас да не грешам.
Требаше аткинсовата но после се прочитано за колку е штетна, не фала, со екстра вежбање и тука ќе се изгубе толку. Така да, од денес, протеински ден, почнувам и јас, што се мора се мора. Вчера се качив на вага и имам качено малку повеќе кг, се засрамив, ама сфатив дека е редно време со сериозно сфаќање на режим. И наместо тој на Цеца, досаден е а сличен со диетава, еве со ова почнувам и секое попладне орбитрек, чучеви, стомачни. На дечкото му реков сега кога ќе ти дојдам на гости, да не си дозволил мајка ти да готви, јас и ти сами ќе се пазариме и готвиме, на диета сум пак. А он Aјде да видиме колку ќе издржиш, абе мамето твое И му викам, за едно два месеци чао аморе па ќе видиш колку Се смее и ми вика јас те подржувам, уште малку имаш и сама знаиш, ајде заедно, и мене ми треба ослабнување, така да, јас и дечко ми заедно во пакет, почнуваме. Јас што ќе сум јадела да сум му кажувала и него, он не дека ептен ќе се придржувал, ама бар ќе имал идеи за добра храна пошо кога го држев режимот на Цеца, заедно живеевме, пресреќен беше, шо има денес на менито само ќе праша. Ајде дами јас одам филм да гледам и да јадам лубеница и сливи.
Требаше аткинсовата но после се прочитано за колку е штетна, не фала, со екстра вежбање и тука ќе се изгубе толку. Така да, од денес, протеински ден, почнувам и јас, што се мора се мора. Вчера се качив на вага и имам качено малку повеќе кг, се засрамив, ама сфатив дека е редно време со сериозно сфаќање на режим. И наместо тој на Цеца, досаден е а сличен со диетава, еве со ова почнувам и секое попладне орбитрек, чучеви, стомачни. На дечкото му реков сега кога ќе ти дојдам на гости, да не си дозволил мајка ти да готви, јас и ти сами ќе се пазариме и готвиме, на диета сум пак. А он Aјде да видиме колку ќе издржиш, абе мамето твое И му викам, за едно два месеци чао аморе па ќе видиш колку Се смее и ми вика јас те подржувам, уште малку имаш и сама знаиш, ајде заедно, и мене ми треба ослабнување, така да, јас и дечко ми заедно во пакет, почнуваме. Јас што ќе сум јадела да сум му кажувала и него, он не дека ептен ќе се придржувал, ама бар ќе имал идеи за добра храна пошо кога го држев режимот на Цеца, заедно живеевме, пресреќен беше, шо има денес на менито само ќе праша. Ајде дами јас одам филм да гледам и да јадам лубеница и сливи пошто ова мие појадок, ручек и вечера едно ќе ми бидат денес, накај 18 часот.
^ Цеца е нутруционист. Дава режим на исхрана според направени претходно анализи ако не се лажам. И Дузи оди по режимот на Цеца знам.
7-ми ден,мојот омилен-ЈХ Доручек-2 праски Ручек- пица вегетаријана Вечера-парче торта,мајка ми специјално ја правеше Вчера вечер тешка криза ме фати,дали зошто во ПМС ама ми идеше прстите да си ги изедам.И немав друг излез и иако веќе јадев салата,околу 11 си направив уште една,иако беше во мало тањирче....
хмм ве цитам и во врска со растојанието кај оброците кај мене оди отприлика појадок околу 9:30h до 10 најкасно,руцекот 12:30h до 13 обавезно и вецера околу 18h (ретко покасно) немам мегу оброци(освен во овосниот ден понекогас ) но пијам многу вода и навистина не јадам многу колицински и ептен се трудам да се придрзувам до правилата на диетава,обавезно трцам или песацам и некои везби со тоа е денес еве овосен ден појадок 1 јаболко руцек 2 праски(и до вецерата усте едно мало јаболко) песацев денес и сега за вецера пак ке е несто од овие овосја и така едвај цекам позабелезителни резултати па да се мерам
Според книгата во протеински ден растојанието е 4 часа бидејчи протеините најтешко се варат, јх и скробен ден е 3 часа а во овошен 2 часа. Јас одам според книгата а на кој му е замарање ова нека си прави како што сака
Драги диеталки, важно е растојанието помеѓу оброците да не биде премногу кратко (желудникот да не успее да ја свари храната од претходниот оброк), воопшто не е проблем ако биде поголемо растојанието помеѓу два оброка - уште подобро. Денес ми е скробен ден: појадок: 2 праски; ручек: варен ориз со салата од зелка; вечера: потпечен ориз со салата од домати (сега ќе јадам). Не сум се мерела одамна, но чувствувам како стагнирам (иако добивам комплименти од страна ). Никако да се зафатам со физичка активност - сеуште се вадам на жешкото време - каква мрза сум станала...
Девојки денес ми е 9 ден, протеински. Доручек: 2 кајсии Ручек: 2 јајца и салата краставица. А за вечера сакав да јадам јајце ама ми се гадеше од секаква храна,од топлово ништо не ми се јаде луѓе шо да правам, чаре некое?! И наместо варено јајце, каснав неколку зрна ладно грозје... Навечер неможам да вечерам, грозно ми е јадењето, топлово ме убива И за вежбање ми е ептен топло, припаѓам во жешкото... Затоа од утре ќе вежбам навечер после 8...
Вчера,прв ден протеински. Доручек-Пола диња Like a boss Ручек-туна со домати (салата) Вечера-Истото,само поделено со посилната половина Денес,втор ден,скробен. Доручек-Малку помалку од пола диња Ручер-Печени компири (еден куп,повеќе од 2 чинии) е сега не знам дали во овие количини може да се јаде... плус еден ипол домат Вечера-Печени компири со салата,само 2 чинии плус доматче (и еден космополитан)
Луѓе,во овошниот ден се прави растојание помеѓу доручек,ручер,,,,или си јадеш овошки кога год сакаш? Башка,смее суво овошје?