денес ми беше протеински ден: поручек:2 праски ручек:3 јајца варени,салата со патлижани вечера:не успеав да сварам јајце бидејки бевме на гости но тамо каснав малу салата зелка и некое крастајче.
Овошен ден - имаш појадок, меѓуоброк, ручек, меѓуоброк, вечера. За појадок, ручек и вечера можеш да си јадеш свежо овошје и салати, а како меѓуоброци консумирај природно цедени сокови/јаткасти плодови/суво овошје.
Еве ме пак дечкиии!!! 62ри ден!! Навака натака летово баш и немав време да се свртам на форумов. Одлични резултати, да не се откажува никој!!! Сакав поискусните од темава да ги прашам, за водениот ден. Првиот го држев само со вода, но бидејки во минатите 20 дена редовно си пиев зелен чај и ми делува многу убаво, дали би било прекршок и на воден ден да го пијам?
Подобро е зелен чај да пиеш,ако мозеш да го издрзиш оти забрзува метаболизмот а паралелно со тоа и изгладнува,па поради тоа мене например едно пакетче Орбит мастики на воден ден не ми бегало,оти ми е гадно у уста коа не внесувам ништо храна... Инаку,да незнае некој која риба е со маслиново или рибино масло?? конзерва...туна нема,све проверив,ама нема ниту со рибино ниту со маслиново,ајде рибиното е веке ептен скапо,ама мозеле маслиново да стават....
Не знам за маслиново, не сум сретнала, но има туна на Бадуко на парчиња во соја масло...полесна е, мене ми е мн убава Ако најдеш со маслиново, пиши да пробаме
Аха,добра е таа бадуко во соино масло?? барем би требало више протеини да има,иако јас го цедам маслото,не го јадам,му рендам кромид и малце кечап и едно парченце црн леб Денес скробен ден, доручек лубеница,ручек леќа,вечера леќа
Денес ми е протеински (13 ден) Бидејќи станав кај 12:00 тогаш јадев и изедов 1 парче сирење, 2 чаши јогурт , и со едно паче леб макнав на неколку пати од тоа што го имаш мајка ми правено,имаше запржено во малку масло сецкана пиперка,домат и едно јајце..Не мислам дека е фатална грешка
Овошен ден 37-ми Појадок 2 праски Ручек 1 банана, суво грозје (20 грама), дехидриран ананас, дехидрирана папаја Вечера 4 парчиња диња Во протеински ден бидејќи читам дека не треба да се мешаат протеини дали за ручек смее да се јади на пример 2 јајца и шопска салата?
31 ден од диетата , овошен Пред малку се разбудив и некако не чувствувам глад се уште. Покасно ќе каснам диња, некоја праска и грозјенце. Не ми се верува дека помина еден месец од диетава.
Да, да, мене ми е убава инаку, и јас го цедам маслото остамам мн малку колку да не е сува туната. Денес рапорт појадок - 50 гр брусница ручек - две парчиња печен ослич вечера - можно е шопска салата со повеќе сиренце Инаку, бидејќи достасав до саканата тежина, веројатно ќе продолжам да се придржувам до овој режим на исхрана (премногу му одговара на мојот стомак, а богами и на линијата ) но ќе ми мешам деновите кога како ми оговара, а секој 6ти ден да ми биде овошен...ми е страв ако престанам, да не се вратам на стариот режим, иако сега ми се темни од џанк фуд, сепак... убаво ми е тука со вашата поддршка
Денес 8-ми ден,овошен.До сега супер ми оди,јадев 2 парчиња лубеница и се осеќам сита.После околу 5 планирам да каснам праски,а за вечера ако сум гладна можеби ќе јадам нешто пак.Мило ми е што гледам дека сме толку истрајни и дека имаме се повеќе згодни и ослабени девојки
zdravo imam 83 kg se porodiv pred 5 meseci i mi trebapodrska da ja pocnam i da oslabam so ovaa dieta se nadevam ke uspeam porano imav okolu 50 kg
Ви изнастискав лајковЕ, ајде сега извештај. Вчера овошен ден, и не го издржав цел ден само на овошје. Не можев, си мавнав две салати, една шопска без сирење и една помала само од зелка. Не ми оди и не ми оди, досега имам само 2 или 3 чисти овошни денови без салати. Ако не ставам нешто солено после 16 часот мислам дека ќе умрам. Нејсе, помина со двете салати. Денес далеку полесно, лубеница и кафе сабајле. За ручек печено коковче и шопска. За вечера ќе е само шопска, пиленцево го снема, некако малечко, а ние тројца по дома... 69ти ден. Ситно се брои до крајот, ама мене некако ми се смачува. Сакам да издржам и ќе издржам. Ама мачна ми е истава храна веќе. Душата ми бара чипсче, нормална пица, свинско... и јас сум човече. Мајка ми ќе си ја продолжи уште, гајле си нема она.
Епа добро, втор воден ден и до сега добро е А шо се однесува до чајот више ми пречи шо ме препотува одколку што изгладнува! Шала! Се читаме покасно!!!
^^Трендафилке,не се откажувај и издржи машки Веќе кога си стигнала до тука,уште многу малку ти останува до целта.Нормално е веќе да те фаќаат кризи за нешто помрсничко,а и да згрешиш ништо нема да ти биде.Те гледам многу се нервираш за салатите.Колку и да треба само овошје да се јаде,уште не сме чуле некој да се здебели од салата,така да за тоа многу не му ја мисли.Подобро да изедеш салата,отколку да ти пукне филм и да се изнајадеш нешто потешко и покаларично.Нема предавање,you can do it
^ И уште еднаш ќе кажам, немојте толку да си го комплицирате животот со банални работи како растојанието на оброците во овошен ден. Се препорачува да има растојание од 2 часа од оброк до оброк, али јас кога ја држев воопшто не водев сметка кога земам некое овошје. Сепак овошен ден е, нормално е да ти се јаде за брзо време затоа што овошјето содржи природни шеќери па организмот за брзо време повторно огладнува и бара уште. Плус ако имате физичка активност за време на овошниов, не се оптеретувајте со тоа фамозно временско растојание. Гледајте само во останатите денови од оброк до оброк да имате минимум 4 часа разлика за друго ич уво да не ви чуе .