Ви честитам на издржливоста и на силната војла. Браво! Камо и јас така да можев. Секогаш почнувам, ама за кратко се откажувам. А не дека треба да симнам многу,5-6 кг. Тоа мора да се скине. Планирам да ја започнам диетава по втор пат, се надевам ке успеам да издржам барем половина од времето. И ке ве замолам да кажете какви резултати имате? За колку време ги губите килограмите? Мислам, знам дека секој организам функционира посебно и различно но така како информација би ме интересирало да знам какво е вашето искуство со диетава и колку е истата ефикасна, а со досега прочитаното, е прилично ефикасна. Па најнови извештаи очекувам. И ве бодрам сите! Не се откажувајте!
час и половина до два часа би било супер според фактот дека циклусот на прехрана трае од 12.00 - 20.00
Не ми е јасно зашто сите се потресувате околу времето.. Имам одено по нутриционисти долго време,цел живот живеам навечер..И имам успеано да ослабам без толку напнувае околу броење на мнутите. Пример...Овошен ден,се знае...јадеш овошје КОЛКУ ШТО МОЖЕШ ПОВЕЌЕ. Наутро-Тања и Цеце даваат по килограм ипол јаболки да јадеш (или било што освен банана...мада цеце ми велеше да јадам по 3 банани двевно) Само што во тој режим нема вечера...Наместо пола од ручекот си јадеш салата (а јас не јадев НИШТО буквално,и симнав 15 кг) или пуканки без сол.
Со упорност можеш да ги постигнеш посакуваните резултати. Неделно губам 1-2кг, и ефикасна е диетава само ако се придржуваш според одредениот режим на исхрана. + мој совет ти е да ифрлиш брашно, квасец, шеќер (секаков вид на слатки дури и црното чоколадо, бидејќи ова се однесува Јаглехидратниот ден би препорачала за ручек и вечера да се консумира варени макарони/шпагети со мало количество на масло и мало количество на сол, како додаток може да се користи кечап/доматен сос) и сокови од исхрана.
Тренди ако имаш мака за свинско, апни си во протеинскиот ден, печено. Не е грев, протеини е, малку е покалорично, ама не правиш утки у комбинирањето. Јас си јадев свинско, маки немав .
Епа ај, Добро ве најдов! Се надевам ќе ве дружам 3 месеци. Ве следам подолго време, па ај викам и јас да си ја пробам среќата. Иначе да се пофалам, имам изгубено 6 килограми, преку целиот распуст. Со разни диети. Веќе месец дена, немам пробано леб. Ниту сок, ни леден чај, никаков. Само пред 3 дена, бев многу жедна, не можев да издржам, па се напив мало сокче браво. Сакав да ве прашам, во врска со протеинскиот ден. Заради тоа што не сум љубител на месо, ќе јадам јајца. Но, дали треба и за вечерата 3 јајца? Некако многу ќе ми дојде.. А да прашам уште нешто. Вториот ден, зеленчукот мора да биде варен? Поконкретно мислам на оризот. Затоа што гледам, многу интересни комбинации, некои од вас имаат направено.. А дефинитивно омилен ден, ќе ми биде со макароните. Овошниот ден, ќе го протерам не ми е тешко, испробано ми е. Утре, со Господ напред, ќе ми биде прв ден. Веќе не чекам понеделници. Инаку и да ве пофалам, Браво за упорноста! Ги имам видено и сликите од пред, и после тоа.
по ова сто процитав до сега се мислам,да прекинам со благо ке се убрзаат резултатите или? кај мене диетава е во процес околу 3 недели,се забелезува по несто но јас не се мерам(некако ми е страв да не се разоцарам )на колку време имате забелезливи резултати? репорт за денесниот протеински ден доруцек 1 јаболко -ептен мало руцек салата и 3 пилески крилца (дури и многу ми дојдоа) вецера на пола салата и 1 крилце после тоа трцанје па некоја везбицка и така си помина денот
Ако за ручек имаш 3 варени јајца, за вечера е пожелно 1, евентуално едно и половина. Порцијата за вечера се намалува на половина од онаа за ручек. За вториот ден зеленчукот може да биде варен или печен. Еве за утре на пример имаме ориз во тавче, компирот исто може варен или печен, гравот исто. Значи - по желба и вкус. И јас истото си го мислам и го викам уште од кога... ама пустото кога ќе дојде третиот ден, ти сака душата малку благо, наместо пак макарони варени. За вечера бидна една голема шопска со парче леб. И така помина протеинскиот ден.
zdravo na site jas ja drzam skoro 2 meseci i samo 5 kilogrami sto e najnormalno od medicinski aspekt ama razocaruvacki ako sakas sto pobrgu da se oslobodis od ovoj kup meso natalozeno so godini i edna bremenost . ama sega resiv malce i da povezbam pa ke vi javam -
Нутриционист..Диетата на Цеце е оваа..(мене што ми ја даде) Наутро-сок од цеден портокал со супена лажица ленено масло околу килограм јаболка плус уштре некоја овошка (банани,грозје бла бла) се можеш Ручер-2 симита,макарони,грав,грашак,пита,пица...што сакаш тоа. Вечера-Пуканки БЕЗ СОЛ. ПОЕФЕКТИВНА,ЗДРАВЈЕ. За 8 дена мминус 4кг.
Ах да,рапорт за денес. Доручек-Протеинска праска (немав појма дека е) Ручек-Јуфки Вечера-парче чоколадо за готвење и 3 домашни крофни со малку кремче (мерааак)
Рапорт за вчера - јагленохидратен ден: појадок: 2 праски; ручек: вегетеријанска пица (со пропржен домат, пиперка и кромид + растителен кашкавал) - тестото беше многу тенко (5mm ) па си дозволив 5-6 парчиња; вечера: 1 ред темно чоколадо и 1 сладолед на стапче Milka Не пешачев, не вежбав - НИШТО. Ужасно виновна се чувствувам. Стагнирам веќе некое време. Еве денес ми е 67-ми ден (овошен). Тоа што сум ослабнала најмногу ми е од првиот месец - тогаш пешачев (барем 5 пати во неделата), се потев. Вториот месец дали имам 1-2кг ослабнато. Со прст не сум мрднала, а камоли да се испотам од вежбање Секој ден си велам: ајде денес ќе пешачам - ама пак ништо. Од жешкото едноставно не се дише - уште и физички напор и мислам срцево ќе ми откаже (а можеби само смислувам изговори ). Инаку Трендафилке и јас се чувствувам уморна од диетава, ми сака душава да си каснам некогаш нешто од тоа што го јадат по дома (на пример полнети пиперки - како што треба: со ориз и месо )
Јас решив да продолжам до крај, како што си зацртав - до 31.08. Преубаво ми е со овој режим на исхрана, и стомакот убаво си го средив, се одвикнав од благо (после секој оброк МОРАВ да јадам благо, инаку недојадена бев, а сега не ми текнува) и си го убрзав метаболизмот (а ми беше мнооогу спор) преубаво се чувствувам и со повеќе енергија сега отколку претходно со 5-6 кг плус... Денес на мени Појадок - грозје Ручек - ориз со сусамово масло, кари и пченка и краставичка салата Вечера - половина од ручекот За да не ми е досадна исхраната, уште од почетокот на диетава си правам мени во exel (со дата и ден) и однапред планирам за наредните 2-3 циклуси. Ова е со цел да имам поголем преглед во тоа што јадам и гледам да не ги повторувам јадењата наредните три-четири циклуси. На пр. ако првиот сум јадела пилешко за протеинскиот, во наредниот ќе ставам риба, во понаредниот соја, потоа млечни производи, и така во круг. Секако дека ова подлежи и на промени во последен момент, па ако се предомислам јадам што ќе ми се пријаде во тој ден Пробајте, не е тешко и не одзема мн време Поздравче и бидете истрајни, вистина има ефект, а во секој случај се слабее здраво.
Nutricionist, еве гледам има отворено тема за режимите на Цеце и Тања (нутриционисти), и мене не ми беше јасно какви се тие режими, еве читај и се надевам дека помогнав... dieti/slabeenje-so-pomos-na-nutricionist-t3714/10.html
70 ти, скробен ден. Праски за појадок. За ручек направив ориз со малку морковчиња. Инаку ние по дома обично го запржуваме оризот со кромитче и зачини, па го префрламе во тава за печење, се додава X 3 вода од количината на ориз којашто сте ја ставиле и ајт во рерна. Ама денес ставив се во тавчето одеднаш - ориз, морковчиња ситно исецкани, кромидот, зачините и водата. Малку масло за подмачкување и околу 25 минути на печење. Не испадна лош оризот, некако како полу-варен - полу-печен, иако малку бљантав на вкус, не претерував со зачините, подобро несолен, отколку пресолен. Па не му ни доставив да ви кажам право, имаше доволно зачинета обична салата од краставица и домат. Ова е добар начин како да одбегнете дополнителна маснотии и пржење на оризот, не знам како го правите по дома, ама овој имаше многу здрав шмек. Е сега не беше најсјаен на вкус... исто како што и варениот компир и варено пилешко сами по себе не се сјани на вкус... проклети да се варените работи! (минус тестенини, тоа се подразбира) За вечера пак ориз, секако помалку, со нова салатичка.
Уште нешто само да прашам. Треба по ред, како што е наведено, или може мешано да се јадат продуктите? А, за супата без резанци, се мисли на коцка, така? И може да се замени, кришка леб, со двопек?
Добра идеа...јас јадам кафеав ориз (од Тинекс оној нивниот пакуван, најубав ми е) во тафче за печење прво го пропржувам на рингла со сусамово масло (мн малку), потоа му додавам топла вода (на една шоља ориз - 4 и пол шољи вода пошто е кафеав и повеќе варење му треба) кога ќе зоврие со водата му додавам малку сол, вегета и многу кари...го печам во рерна некаде 30-40 мин и тогаш му додавам пченка (или златна мешавина, кога како...) и го печам уште 10 мин. Преубав е и лесно се прави, дури се туширам и се средувам, тој е готов
Можеш супа процедена или пак коцка супа, сеедно. За лебот мислам дека можеш да го замениш со двопек. Јас воопшто не јадам леб, мн ретко и тоа црн.