40 ден, само 6 кг, а не јадам ништо од границите на дозволеното, значи ниту еднаш не сум ја прекршила, единствено сто не сум многу физицки активна, ама и пред тоа не бев огромен успех е ова за мене, бидејки јас доруцек без тестенини немозев да замислам овошје речиси воопшто и не конзумирав се хранам далеку поздраво отколку порано и презадоволна сум од тој аспект но килограмите бавно се губат
Денес успеав да станам порано за да имам време за сите оброци. доручек-две мали праски ручек-едно јајце,малку сирење и едно праче двопек. вечера-едно јајце. вежбав досега само 40 минути,повеке не издржав.
2/90 Скробен ден. Доручек: лубеница Ручек: 1 чинија пире, со кечап. 1 кришка леб. Вечера: пола чинија пире, со кечап. За ручек имаме скара. Гледам ставиле и пивце. Па уште како мириса.. Додуша, јас освен мелено месо, друго не јадам. Ептен ретко ќе „чепркнам“. Не попуштам! Чим вчера му одолеав на тоа чоколадото, и колачите.. А пирево не беше нешто нај нај, дека не беше попарено. Ама веќе месец и пол немам пробано пржена храна, или со зејтин. Затоа не јадев ни тавче гравче, ни ориз. За нив требало зејтин.. Единствено можело гравче манџа, ама јас гравче, без тавче, не јадам. Не завршил уште денот, ама не попуштам. Измеѓу доручекот и ручекот, вчера и денес, пијам по едно шумече. Утре ќе јадам макарани, и за ручек, и за вечера. Само малце ќе ми биде потешко дека без јогурт. Се навикнав веќе на шлангот, по 1-2 чаши пиев на ден.. Нема врска, јака сум јас.
Каде прочита ти дека два дена во неделата се пие само вода??? И ги читам сега и другиве нови диеталки колку погрешно го сватиле концептот на диетава и се чудам . Ама кога ќе видам: 14 години, 15 години = Сега СЕ ми е јасно Друго нема што да се каже . Денес празнично - ми се погоди протеински ден . 68 ден од диетата. појадок: 2 праски; ручек: скара (малку филе, малку плескавица и сосем малку увијач- од се по малку= вкупно колку 1 парче) + шопска салата за вечера планирам: пола плескавица и салата + на именден сме - па пак ќе јадам салата. Вкупно 2 кафиња со млеко денес Добив многу комплименти денес (се познава дека сум ослабната - ако вагата неќе да мрдне веќе )
[/quote]И ги читам сега и другиве нови диеталки колку погрешно го сватиле концептот на диетава и се чудам . Ама кога ќе видам: 14 години, 15 години = Сега СЕ ми е јасно Друго нема што да се каже .[/quote] Што сакаш да кажеш со тоа дека сме 14-15 годишни?
Скробен ден 39-ти Појадок: 1 банана Ручек: 2 компири, 1 парче леб, салата(крастајца, домат, пиперка, кромид) Вечера: 1 компир, салата Денес не бев дома, бев во село и таму скара, ама нема (иако беа напорни)
Читан ми е мене, многу пати. Воден ден е секој 29 ден. Значи после секои 7 циклуса, а не два пати во неделата!!! Ете на ТОА мислев! И на тоа дека една девојка знаела дека сирење и млеко може во протеински ден, а за јогурт не била сигурна.
Немора да значи дека ако си постара попаметна си.Сите правиме грешки,безразлика колку години имаме,дали 15 или 25.Како и да е некам да се расправам и да пишувам оф топици,затоа те молам не се расправај за небитни работи.
Под млечен производ спаѓаат млеко, јогурт, кисело млеко, сирење, кашкавал млечен, павлака, крем-сир, кајмак итн. Ваше е да одлучите што ќе консумирате првиот ден (ако веќе се одлучите за млечните производи). Нормално и од нив не треба да се претерува, помалку калорично - подобро. Денес ј.х. ден, диња за појадок и шпагети со томатело и маслинки за ручек. Убаво ми одеше, си дојдов дома и лапнав парче пица за вечера. Знам ќе си речете - топ бе, каде згреши... јадев сладолед во средината. Како што бројам ситно до крајот и се наближувам, наместо што помалку грешки, јас ги зголемувам, ко мрдната. Ќотек ми треба, доброволец?
знаци овој јџ денот некако иц не ми се допага( па јас и пред диетава не јадев благо ни тестенини,исклуциво протеини мозам да казам)ама ајде како е ред денес Jх денот доруцек 2 праски руцек едни никакви макарони немозев да ги дојадам вецера епа овде си е подруго 2 како кес сладолед му доага,не се големи( а и ги проверив не се калорицни ) и цоколадо нели трцанје и везбанје секако и да ги постигнам резултатите усте првиот месец мислам дека наредниот ке ми биде без овој ден( да немам гризи на совеста )
Кај мене баба ми кога ќе и дојдеше некоја комшивка или некоја другарка за да се консултира за дебелината за својата внука,баба ми ќе и речеше ..."Појди си дома,нека пубертетот помине,па после тоа зиви и здрави,ќе дојдеш,а до тогаш,здрава исхрана конзумирај,оти сега си во центарот на твојот развој"
И јас стагнирам некое време веќе, прво влегов во ПМС па не ми се вежбаше тој период па како се погоди после тоа по гости со гости цело време после работа и еве сега никако да се вратам во нормала со вежбичките и орбитрекот Па и почна да ми здосадува некако дури помине ете ти пак овошен ден, а за неколку дена одам на одмор и не знам како ќе се одвиваат работите таму, не знам дали да ја прекинам па после тоа да продолжам или да пробам да се придружувам и таму ( ама не е тоа одмор бе да му ја мислам што како а ) HELP!
Лапај шо ти падне в рака на одморот,јас во Шпанија штом станев на такоси мислев,трчам преку улица и купувам и тоа од еден такос мозеш да прејадиш ама мене 3 ми беа доволни,значи јадев,пиев и тоа секоја вечер,нонстоп грицкав нешто ама да се разбереме и многу пливав...многу! После тие 10 дена,само 300 грама имав качено,со 2 овошни дена и еден воден ги снемува тие 300 грама,не се секирај
Денес протеински ден доручек: Лубеница ручек: (за 2 часа) Лосос конзерва во масло од самата риба,20 г протеини во 100 грама,10 грама масти(омега 3) и 0 грама јаглехидрати слично како пилешкото е составот... вечера: Само салата! Spoiler Многу скапи рибите во сопствено масло,јас ја купив 113 денари,а 170 грама е големка е ама во растително масло ти е 45 денари истата,сепак подобро рибино масло одошто растително
Каснам малку со извештајот ама не бев дома.На 1 ви Август ми беше протеински ден и се си јадев ко што треба без ниеден прекршок.Ама затоа вчера,празник ко празник диетата пропадна во вода.Малку ги измешав работите и не знам уште што не ми остана да пробам Со килажава стагнирам,ама не се откажувам и денес продолжувам со ЈХ ден па утре колку толку ќе се прочистам со овошниот