Јагленохидратен ден 40-ти Појадок: 1 банана Ручек: ѓеврек Вечера: чоколадо (1 ред), 2 житни плочки гранола бар со орев и лешник "Виталиа"
Тоа е тоа...на празник ако не се зафркнеш, нема кога Вчера добро си почнав со диња за појадок и кроасани со чоколадо за ручек (ЈХ ден) ама затоа вечерта завршив со една вешалица и лепче на скара...малку ама сепак прекршок Денес некако не ми беше мерак за овошје, па си затерав со протеински ден, односно јаболки за појадок и соја паштета со печурки и диетално лепче за ручек и вечера. Од утре продолжувам со протеински ден, не се предавам
абе дечки можно е да сум се здебелила од диетава? Имам поминато само два циклуса денес се мерев и имам покачено две кила Не јадам количински многу а и се припазував колку што можев, плус ретко кога јадев леб, да не кажам ич, да ја продолжам диетава или
Дај малку оладете со пишување за кафани и скари и гозби, сигурно ќе најдете посоодветни теми за тоа. Јас барем ја читам темава за де се мотивирам, едноставно да добијам поддршка, да си речам еј види како другите успеваат да одолеат на ваквите искушенија срамота е ако јас не успеам, а знаете ли како ми беше цела недела дома спремам гозби за гости, јадење пиење а јас И овде читам како сите јаделе пиеле се нервирам Нормално е да се прават отстапки во 90 дена грешки ќе има ама ова што го читам во последно време е .... ајде ќе си играме диета ...
72 овошен ден. На мени - диња, праски, една банана и сушена брусница. Многу вода и чај. Кафе турско без шеќер. Ниту сок сме земале, ниту бутур, ништо. Евентуално ако привечер ме акне криза ќе си каснам една салата за вечера. Овие последниве денови ќе мора построго и по можност без грешка. На голема врата да се помине лентата на целта.
Пууууу КИКС денес! Братучед ми се вери,вечер,јас као девер,треба со него да појдам на вечера и да присуствувам на ставањето на прстен на невестата и одредувањето на датумот.... барем да ме известеја претходно,да не купувам толку скапа риба -.-
Да ве прашам луѓе дали пазите на размакот помеѓу појадоците? Мислам, јас секогаш пазам од ручекот до вечерата да ми има минимум 4 саата размак ама од појадокот до ручекот секогаш помалку се фаќа. А и плус обично јадам лубеница за појадок па не ја јадам одеднаш, односно на пример јадам во 12 па после накај 13 пак ќе си каснам едно парче оти сум многу жедна и така се смалува времето помеѓу појадоци. Инаку сега што ја почнав од 31 Јули пак диетата се ми оди по план, јадам дури и помалку количински а не пак да направам некој кикс, тоа нема шанси. Чувството кога во ресторан порачувате само вода а келнерот ве гледа како да сте откачени . Иако вчера ми беше јаглехидратен ама веќе си изедов еден ред чоколадо и два поп кека па си изедов делото . Е, дури денес на овошниот имам мала криза за јадење ама кај и да е ќе ми стигне лубеничката. Со неа се е полесно . А и уште нешто да прашам. Нели во овошен цел ден се јаде овошје ама поприквечер треба ли? Ова никогаш не ми текнало да прашам.
Не пазам на времето којзнае колку. Од доручек до ручек имам пауза од 2 часа обично. Станувам доцна, накај 11-12, а си ручам накај 2, најдоцна 3 часот попладне. А што пауза да имам за 2 мали праски или 4 сливи? Што јадење е тоа? Ама затоа од ручекот до вечерата паузата ми е обично 4-6 часа, зависи како ќе се погоди. Дека вежбам помеѓу, па некако тепам време. За време на овошен ден не гледам разлика меѓу оброците, си посегнувам по овошје кога ми се присакува. Некогаш на 2-3 часа, а некогаш и на 30 минути. Ич не му се секирам. Во овошен може овошје цел ден, секако и навечер. Евентуално ако се решиш во втората половина од денот да прејдеш на салата, најдобро и да завршиш со неа, т.е. да не мешаш овошје пак. Тоа е тоа.
2 Скробен ден доручек една праска ручек варен компир и едно парче двопек вечера пола варен компир Неможам да вежбам денес,и така стомакот ме убива,неможам,ама затоа не јадам мн денес,мислам еден ипол компир и не е баш многу. Здравје боже од утре продолжувам со вежби,и така вчера вежбав 40 мин па затоа мн не се секирам што денес неможам да вежбам.
Вчера овошен ден:лубеница,праски,диња,сливи и дури 3 банани бидеки почна да ме фаќа несвест и морав да свртам на банани но не беше некоја грешка мислам. денес протеински ден:лубеница за поручек,риба и салата со патлижани и една шоља супа без резанци а за вечера ќе ја дојадам рибата со салата од зелка и луге дали е можно јас за 7 дена да сум ослабена 3 кг или не ми е точна вагава нешто имат.
Хаха и јас сум во недела на свадба, така да киксот ми е неизбежен Ама ако од понеделник ја почнувам турбо Ун, како што претходно имам пишано уште -5 и сум хепи, па се надевам дека ќе ги симнам. Видечемо, ќе пишувам како ми оди...
Денес отидов да ја прегледам крвта, инаку ми е 40-ти ден од диетата, и резултатите ми беа СУПЕР, така ми рече докторката, а и јас видов дека се е во границите (нели пишува од толку-до толку) Утре ми е овошен ден и сакам да ве прашам дали можи да јадам кочан без сол
После циклусот од 7x4 дена, односно 29 дена (три пати во текот на диетата) се држи воден ден. Се пие само вода евентуално може да додате и чај но без шеќер.
Тие што ја држеле турбо ун, или што се разбираат во ова да ве прашам? Дали се држи турбо ун после завршување на 90 дена од Ун? Или може пример сега мене ми е 13 ден и сега јас пример сакам да прејдам на турбо ун едно 12 дена, дали е во ред, па после пак да се вратам на Ун како и обично и да си продолжам до 90 ден? Мислам дека ме свативте а? Дали е во ред така да се држи? или мора само по завршување на 90 дена?
Marbella, мене денес ми е 19 ден, во недела сум на свадба, не планирам цел ден лиги да ми течат , да се стрвам па ќе си јадам и од понеделник ја започнувам турбо ун. Него нешто се мислам ми светна во глава дали во понеделник да го држам водениот ден, така за да си го прочистам организмот од неделата што ќе јадам, па од вторник да почнам со турбо ун, и на крај од турбо ун, односно 13-от ден уште еден воден, или па незнам. Вие што мислите, дајте некој совет...
Јас мислам дека многу ќе ти дојде, јадење на свадба па тотално нејадење... ќе ти се поремети нешто, седи не си играј со здравјето,ќе припаѓаш за јадење... И по можност некој да ми одговори на прашањето погоре, за утре ми треба да знам?!
Marbella сега читав од еден друг форум, и дозволено е да се прејде на ТУРБО УН, но препорачуваат во вториот или третиот месец. Сега па, ако ептен ти се брза, можеш да прејдеш и сега, па пак да се вратиш на стариот режим. И јас се мислам последните 12 денови од диетата да ги поминам на ТУРБО брзина. Имам уште 18, значи 6 на нормалниот режим и остатокот со побрзиов. И дефинитивно ќе треба да прејдам на посирова храна, не толку обработена, колку и да не ја сакам. Тоа подразбира повече манџички, варен компир, макарони само со томатело, без сол, без благо во третиот ден... и туна во протеин, не месо.
Eпа да ви кажам јас од утре сум на Турбо ун... А после тие 12 дена пак ќе си продолжам обично со Ун... Баш да видиме какви ќе се резултатите