УН Диета

Дискусија во 'Диети' започната од mKdevojce, 7 јануари 2010.

  1. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    6/90
    Скробен ден.


    Доручек: полна шака суво грозје (околу 50 гр.)
    Ручек: една чинија печени компири (без зејтин), со кечап, и 1 двопек.
    Вечера: пола чинија печени компири (без зејтин), со кечап, и 1 двопек.

    Незнам за вас, ама мене сувото грозје, многу повеќе ме најадува. Обично, после појадокот со овошје, можам да издржам само 2 часа, а денес издржав 4.
    Моите ми купија, и суви урми и смокви. Па така, секој ден различно. Можеби имаат повеќе калории, ама многу повеќе ме најадуваат.
    На компирите, така им направив.. Во тавчето, прво фолија, па компирите зачинети и исечкани, и после пак покриени со фолија.
    Не јадам манџи, па така да, секој скробен ден, ќе ми биде со компир..
    Едит: И да се пофалам, дека и вчера, и денес... Им одолеав на кифличките на мама, и торатата. :wasntme:
     
  2. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051

    Вака, во оваа диета која се состои од повторување на 4 дена, ние секојдневно внесуваме јагленохидрати, само различна група јагленохидрати внесуваме во различен ден. Да, дури и во протеинскиот ден внесуваме одреден процент на јагленохидрати (ги има во млекото и млечните производи (лактоза), ги има и во зеленчукот). Во скробниот ден конзумираме скробни јагленохидрати кои се сложени јагленохидрати. Во т.н. јагленохидратен ден исто така внесуваме сложени, но рафинирани јагленохидрати (кои се нај нездрави). Во овошниот ден конзумираме прости јагленохидрати (фруктоза) - тоа се здрави јагленохидрати.
    Еве еден линк каде може да прочиташ нешто повеќе:
    http://mojtrener.mk/prosti-i-slozheni-j ... shrana/304

    Тие што ја имаат држено Аткинсовата диета која се состои од конзумирање исклучиво протеини, знаат дека не смеат да јадат: овошје, скроб (житни производи меѓу кои и ориз, компир, зрнеста храна...), млеко и млечни производи, од причина што содржат разни видови јагленохидрати.

    Значи скробот е вид јагленохидрат. Тоа што некој го именувал 3-тиот ден од УН јагленохидратен, не значи дека само тогаш конзумираме јагленохидрати, туку тоа е посебна категорија јагленохидрати - убаво опишана преку примерите во првиот пост од темава.

    ^^Emche-kremche , најдобронамерно, те молам внимавај, :!: да не ни пишуваш за некој ден од болница!

    Извинете за должината на постов.
     
    На SkarletOHara и anabel-a им се допаѓа ова.
  3. Monique995

    Monique995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    201
    мене ова често ми се случува за време на овошните денови... само што јас пијам многу вода и заборавам на јадењето, а за мастики колку џвакам тоа да не правиме муабет :D
     
  4. Sonne

    Sonne Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    21
    Модринки?!?!?!? :o Ако мислиш дека е од диетата - прекини ја. Јас би те советувала и да одиш на лекар. Јас немам некои негативни ефекти од диетава, напротив, порано имав бавен метаболизам а сега ми е нормализиран. Порано многу ми паѓаше притисокот, а сега поретко. Но модринки кои не се резултат на физичка повреда?!?! :o Девојко оди на лекар и провери си крвна слика, ако е од диетата - прекини ја. Здравјето е поважно од се‘!

    модринки модринки :tmi: да беа од физицка повреда верувај ке знаев(со оглед на тоа како изгледаат)да не рецам 99,9% сум сигурна дека се од диетава ама не се отказувам :| знам,звуци цукнато ама кај мене е така :talk: и плус денес се мерев имам потик да продолзам :) повеке се познава на изглед од колку во кила ама трпение-спасение :$
    денес јх денот
    доруцек
    2 јаболки
    руцек
    макарони...без нисто :)
    вецера
    2парцинја пита од јаболкаи 1 ред цоколадо
    и денес невезбав ма си имав оправдани прицини :$
    и да ви казам право усте ми се јаде благо :?:.
     
  5. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    Eпа ајде на рапорт:
    Доручек: неколку зрнца грозје
    Ручек: 2 јајца и салата краставица
    *ручав во 4 часот, толку беше топло, а толку ми беше гадно било што да јадам чудо нешто, сосила јадев, апетит 0 !
    И сега ми беше топло,ми се гадеше, па затоа не вечерав, каснав пак неколку зрнца грозје, абе незнам шо ми е цело лето ми се гади да ручам, од топлово и ич неможам...

    Едвај чекам утре баба ориз да ми направи :)
     
  6. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499
    Види вака, немој никогаш да ставаш ништо пред здравјето!
    Одма да провериш како ти стои состојбата на крвната слика, и ако тромбоцитите ти се во границите на нормалата (а најчесто овие модринки се појавуваат како резултат на намален број на тромбоцити), тогаш најверојатно се имаш удрено некаде, ама не се сеќаваш. Или пак доколку си сигурна дека се појавуваат сами од себе овие модринки, тогаш советувај се најдобро со транфузиолог (можеш во државна).

    Луѓе, не си играјте.
    Диетава стана циркус, секој можен ја држи. И апел до оние со 2,3 кила вишак воопшто да не ја почнуваат. Јасно стои во првата страна дека е за оние што имаат многу повеќе за симнување. Извинете некој ако се навреди, али реалноста е таква. Ви кажувам за ваше добро.
     
    На Marbella, midnight.flower и D1A2N3I4 им се допаѓа ова.
  7. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.613
    75ти ЈХ ден.
    Диња за појадок,
    За ручек имав шпагети со кечап и толку беа грди, :puke: 10 пати се покајав. Одвратно луѓе, не ми поднесува веќе организмот еднолична храна, да земев едно парче пица, макар и со саламче мислам дека ќе беше 10 пати подобро.
    :sweat:
    За вечера имав една мекица (се роди бебуле) и витанова мавнав една.
    Ајде утре овошен ден и директ ТУРБО УН, зашто деф. стагнирам јас со килажата.
    Имам тук-таму и некоја грешкичка, разбирливо, ама имав и претходно, па пак симнував.
    Дали дека имам навистина веќе малку за симнување, па организмот не се дава... не знам.
    Баш ме интересира какви резултати ќе имам со Турбото.
     
    На SkarletOHara и anabel-a им се допаѓа ова.
  8. Sonne

    Sonne Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    21
     
  9. Nutricionist

    Nutricionist Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    279
    Ја подр=увам Анабела,многу лошо мислење имам во врска со членовите кои се сега,одошто мерак да ти е пред 400 страници(имам напоменато)...
    Како мо=е девојче,со висина 170 е 53 килограми,сака да ослаби 3 килограми благодарение на оваа диета??Како прво,оваа диета не е само за слабеење,чуден податок најдов,ете,била и за ДЕБЕЛЕЕЊЕ.....да да,убаво читате,пример ако има 50 килограми на висина од 170,гарант јаде по малце,а овде со таа диета ќе се напрега да изеде 3 стека па шо сааака нека биде и ќе надокнади.Недоволната информираност ме иритира,како и непознавање на примарни работи...
    Немо=е туку така,ооооп,главна тема е на диети.сигурно е успешна...ејј супер,се јаде многу а се слабее! Е КУ*АЦ(да ми извините)....
     
    На ice.woman, D1A2N3I4, Trendafilka и 4 други им се допаѓа ова.
  10. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.310
    Допаѓања:
    259.460
    ^
    Јас се изморив пишувајќи за ова, плус не го ни читаат првиот пост.
    Ја држат секој на свој начин, како што си замислиле.
    Каша попара стана темава.
    Грешките се простуваат ако се малку, ама секој ден :^) .
    Јас првиот пат јадев количински многу, ама не мешав комбинации. Овошен ден го држев само со овошје, бадеми и лешници. Па јас не сум прочитила некој да јаде бадем, а верувајте вака денот полесно се издржува. Околу 60 денари ќе ве фати 100 грама.
    И леб јадев. И ослабев, ама имав голем вишок на килограми и пазев на комбинациите.
    Јас не јадев сирење со шопска во протеински, јадев свинско со парче кашкавал или павлака, но тогаш намалував од количината на месото.
    Не знам колку пати спомнав дека количината не е толку битна, значи јадеш колку ти се јаде. Не треба да се прејадуваш. Вечерата на пола. И слабееш, ама само ако си со поголем вишок, односно без навреда ама ако си дебел, а не ако си ставил некое кило плус. Дури мислам и дека оние со околу 10 плус не се за диетава. Јас по втор пат се обидов, имав баш од 7-10 кг за симнување, и реално не оди како првиот пат.
     
    На lackygirl, midnight.flower и anabel-a им се допаѓа ова.
  11. Monique995

    Monique995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    201
    Абе ајде, што се нервирате сите... Секој кој а започнува си ја држи на своја одговорност... ако има последици самите си се виновни. Значи си пишува НАЈУБАВО дека за временскиот перод од 90 дена се ослабнува од 18-25кг. Кој се пронаоѓа во дадената граница слободно нека си ја почне... А за оние кои не спаѓаат во оваа категорија има нешто што се нарекува ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ И ЗДРАВ НАЧИН НА ИСХРАНА, епа пробајте ги...
     
    На Ammy.Lee и midnight.flower им се допаѓа ова.
  12. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    Со среќа со Турбо УН! :)
    Во врска со шпагетите, јас најголем процент од јагленохидратните ручеци ги имав на работа, а таму освен шпагети или макарони со кечап друго и не можев да јадам (немаше). Само првите 2 пати ми беше ОК, потоа и мене ми стана :puke: . Освен тоа никако не ме заситуваше таков оброк. Кога ќе се погодев дома на таков ден си правам мој сос (кромид, морков, пиперка - ги запржувам на малку зејтин, додавам домашен доматен сос, малку сол, бибер, оригано, босилок - прсти да излижеш!), дури подобро ми доаѓа од пица. Пица јадев 3 пати до сега во диетата (со растителен кашкавал).
    Мене сеуште ми се допаѓа храната која ја јадам во диетава. Имаше еден период кога ме фати страшна криза, кога ми се јадеше нешто од забранетото, но ми се чини ја пребродив. Најверојатно сега тебе те фаќа таква криза. Изржи, ќе се гордееш со себе! Најбитно е, на крај на диетата да не бидеш исфрустрирана па да се изнајадеш СЕ што до сега не си смеела. Заборави на тоа. Почасти се по нешто, некогаш, но пак ќе треба да внимаваш.
    Ајде само уште малку да издржиме! Многу сме јаки :muscle: ! :rofl:
     
    На babybelle и Trendafilka им се допаѓа ова.
  13. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.887
    ПА искрено немам учено, учев во средно стручно(економско) и хемија и биологија не учеа минимално, еве штета за овие работи не не научиле па искрено и од основно ме ми текнува дека ни спомнале за овие ствари :D Оф топик ама тие прашалниците ме |(
    Фала ти во секој случај, добро е што имаме паметни луѓе тука па ќе не просветлат
    Баш ми е криво што те иритира неинформираност, ама доколку бев толку информирана како тебе и имав баба нутриционист или што и да е немаше да седам на форумов воопшто, тука сум да се информирам како подобро да ја држам диетава, бидејќи искрено врска немам од овие ствари со јаглехидрати и слично еве не ме интересирало до сега значи тоа дека не смеам да научам нешто плус на мои 27 години?
    :o
    Фала ти midnight.flower сепак не било толку сложена работава :)
     
    На midnight.flower и babybelle им се допаѓа ова.
  14. Nutricionist

    Nutricionist Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    279
    Скарлет,не се навредувај,ова го пишав општо за сите,не за тебе...
    Мислам дека секој кој ќе го земе тој предизвик да почне диета,треба прво да види што е скроб,што е прост што е сло=ен јаглехидрат,што е протеин а што маст...а ако некој го интересира да ослаби,навистина да го интересира,тогаш ќе прогугла малце,а не да читам Ееееј на овошниот ден испив сојно млеко,нели сојата расте на дрвоо??? ...Бог да чува! тие работи треба да се разликуваат!
    И тоа е...
     
  15. sigurnost

    sigurnost Активен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    1
    ете поради вакви грешки и јас постојано гладував, си го загрозував здравјето , килограмите ми стоеја се на исто, горе доле, плус, минуа , ама на крај секогасх во плус . На крај ДНК фитнес тестот навистина ми помогна правилно да се исхранувам и да правам лесни вежби точно какви што ми одговараат на организмот.
     
  16. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.887
    Фала богу знам што расте на дрво, и ете без да знам што се сложени а што прости ЈХ диетава ми оди одлично и изгубив доста кг за месец дена, а читав отприлика доста страни овде на темава, има доста добри совети од твоја страна, секако фала ти ама некако многу сакаш да се правиш паметен дај олади малку и мене ми е чудно за некои прашања што ги читам овде, ако можеш да помогнеш ок ако не здравје, еве јас го бирам полесниот пат да си прашам овде и да ми одговори некој што веќе прогуглал, или на некој начин веќе знае, ама еве ветувам следниот пат кога би ја држала диетава ќе бидам стручњак на оваа тема а сега учам :geek:
     
  17. babybelle

    babybelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2012
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    70
    Во КАМ маркет имате пакување од 100 гр непечени бадеми за 45 ден(поефтино и од пазар ;) ) Има и лешници ама не знам точно колку се, околу 55 ден.

    Отидов јас да си купам бадемчиња, денес ми е овошен ден и до сега јадев една праска и две банани.

    Во текот на денот - бадемчиња, диња, праска...
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.613
    ^ И јас начекав во Кам од непечените бадеми, зашто ги немаше до пред некое време, навистина се евтини. Земав и 100 гр. сушена брусница, ги промешавме со бадемите и си ги поделивме со мајка ми, за кога ќе не мавнат кризи, ова е совршена ужинка.
    На мени имавме сабајле лубеница, сега зобиме праски и сливи, а купивме и гројзе.
    Денот би требало да го истераме без проблеми, опремени сме со овошје. ;)
    Ова е мојот 76ти ден, и јас досега симнав 7.5 кг.
    Малку стагнирам и како што знаете од утре ја почнувам ТУРБО УН диетата и ќе завршам со воден ден.

    Малку застрашува фактот што во последните 15 денови ќе имам дури 5 овошни :sweat: ама ќе издржам.

    Сума сумарум, диетата си е сосем ок.

    Но еве да кажам дека почнав со 70-71, и моите пресметки се дека до крајот ќе симнам уште 2-3 максимум.
    Тоа би му дошле 10-11 кг, што е и оптимално според мене, со оглед на мојата стартна килажа.

    Мајка ми почна со многу повеќе од мене, над 85 кг и еве ја - симна преку 10 уште од кога. Ме претрка поштено.

    Значи тие со голем вишок над 80 кг - препорачувам. Ќе слабеете побрзо и ќе симнете повеќе.
    Тие со 70 и под 70 кг - ќе слабеете, но побавно и помалку. Ако ви се држи диетата и сте за бавен, но здрав начин за симнување кг пробајте ја. Само не се тревожете ако не симнете 20 кг.
    Тоа ми е зборот. :)
     
    На JuLleE, midnight.flower, babybelle и 2 други им се допаѓа ова.
  19. D1A2N3I4

    D1A2N3I4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    42
    Јагленохидратен ден 44-ти
    Појадок: 1 банана
    Ручек: ѓеврек (ќе си макам со томатело)
    Вечера: чоколадо (1 ред), 1 мусли бар со брусница "Виталиа"
     
  20. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.198
    Допаѓања:
    24.609
    Пол:
    Женски
    3 ден Турбо УН - овошен ден.
    Цел ден сум на лубеница, грозје и сливи :rofl: супер ми е не чувствувам глад.
     
    На babybelle и Trendafilka им се допаѓа ова.