Алкохолот е висококалоричен така што...алкохол не смее во ниту една диета,а башка што побрзо ќе ве фаќа...
Да, меѓутоа ако веќе се мора белото вино е најпрепорачливо. Така пишува барем во мојата копија од диетата.
Девојки јас ја држев диетава пред 2-3 месеци,ја држев 3 недели и ослабев околу 3 кила,ама не се придржував многу строго.знаев скоро секој ден да си поткаснам нешто плус и не јадев никогаш чоколадо за кување...инаку приметив во последниве месеци кожата ми стана многу сува,на некои места ми се лупи дури,никакво млеко за тело не ми помага и ми се појавија и лишаи. Можно ли е да е од диетава,оти кога ке се навратам на назад тоа време кога ја држев ги приметив овие промени со кожава?? А инаку стварно е ефикасна.
Девојки, морам да прашам нешто. Јас сум вегетаријанка, само месо не јадам.. било какво месо. Е сега за диетава. Постои некоја замена ли, или како ? Што да правам дента кога има месо во менито ? Не знам дали некој претходно прашал за ова, се извинувам ако има.
ке сака ли некој да ми каже каква супа да користам која е без резанци не ми е нешто јасно ве молам да ми пишете побргу оти ке ја почнам диетава поззз
2 ден – Скробен ден Ручек-грав, грашок, спанаќ, компир. Треба да биде варена и единствено зачинета со сол, вегета, кечап или варен домат. ке сака ли некој да ми каже дали сето ова заедно треба да се приготви или да си избереш што сакаш и кога треба да биде водениот ден оти неразбрав многу фала однапред позз
епа можеш да си свариш обична супа јас многу ја сакам таа со петелчето и ке ја пиеш само водата од супата или пак може да си купиш од тие коцки супа исти како петелчето само ти саам си ги првиш мислам дека беа од подравка и 1коцка е на 500мл вода,и пиеш колку што ти пишува во диетата..малку покасно ти пишувам , ама ако ти помогнав супер,поздрав
мислам дека треба едно да си избереш,а за воден ден ти сама можеш да си одредиш кога да ти биде,во диетата мислам дека пишува 2пати во месецот,ако не можеш па пробај само 1ден,искрено јас и го прескокнувам тој воден ден зошто ми требаат само 5кг да ослабам па мислам дека немам потреба од толку гладување,поздрав
Водениот ден треба да биде после овошниот, но тој не се препорачува доколку диета не планирате да ја држите сите 90 дена, што нели значи и промена на метаболизмот. Според мене, доколку ја држите само да ослабнете, нема потреба од водениот ден. УН диетата е многу повеќе од диета. Ама благо оној кој може да ја издржи 90 дена
хахаха Овошниот ден мене ми е смрт,пијам многу вода и чај,а понекогаш ако ептен сум гладна јадам или супа или салата,колку толку ме заситува малце и пак има резултати
Дечки во иднина,место пост со заблагодарување ќе ве замолам да ја користите опцијата ми се допаѓа.Многу ќе ви бидам благодарна.
Имам испробано милион диети и ниедна не била толку ефикасна како оваа. Минатото лето ја држев неполн месец и ослабев 6 килограми, две мои другарки за 3 месеци од истата ослабнаа дури по 25 килограми... Планирам сега пак да ја почнам, за да можам летото да го фатам послабичка Само ме интересира дали истата можам да ја комбинирам со месечевата диета, ако некој знае доколку може да ми каже. Тенкс