Не,не ми е целта да се правам паметен,ако тоа што го пишувам овде си го сватате на ваш различен начин,Ок е,а очи во очи друго би го интерпретирал а не преку тастатури и глувци! И плус,ова што е со дрвото и сојата,пак си си го зела под твоја закрила,ова не е до тебе,ова ми го има пишувано друг член и тоа во ПП,како и многу други работи како например...-Дали ајварот е јаглехидрат?? Слушнав дека лубеницата содр=и протеини,па јадов на протеински ден ручек и вечера лубеница со сирење,не е грешка нелии?? - Сончогледот,леблебијата,семките,бадемите,оревите спаѓаат во скроб нелии оти јадев на скробен ден 200 грама ручек и 100 за вечера....аа и едно од најчудните прашања беше : - Извини ако замарам,денес ми е 4 ден овошен,сакам да јадам патлиџан,нели патлиџанот е ОВОШЈЕЕ??? зашо расте на стебло сепак.... И ДРУУУГИ КУП прашања кои ме иритираат... Па и кога гледам дека оваа диета премина во универзална,абе АЛО јас ја почнав со 103 килограми сеа сум 86,уште - 2 килограми,поради тоа др=ам турбо ун и ми е супер,а не да гледам некои со + 5 или во најлош случај со - во нормалата,сакаат да ослабат со оваа диета... аМА ДА НЕ ПУШТАМЕ НЕГАТИВНА ЕНЕРГИЈА ВЕЌЕ... денес извештај од мене доручек 2 праски,ручек еден тањир леќа со цвекло салата и парче црн леб,за вечера само леќа ( малку) и повеќе цвекло салата(3/4 од теглата оти 1/4 изедов до ручек)
7/90 Јаглерохидратен ден. Доручек: неколку суви урми. Ручек: макарони со кечап. Вечера: макарони со кечап. Пак ќе спомнам јас, ама.. стварно сувото овошје повеќе ме најадува. Ама за утре, ќе јадам цел ден лубеница. Едвај чекам. Ама, само ако ми погодат некоја лубеница, што е зелена внатре.
Oвосен ден денес доруцек 1 иол јаболко руцек 3 праски вецера 2 праски (ама малку зеленки се погдија,ме скина стомак ) мхм и денес така внесов некој бадем и лесник измегу...немам некоја посебна забелеска за тоа трцанје нели секако...ама песаценјето ептен ме истости и денес цел ден мислам на кафе со млеко,ма ке си поцекам до утре
5-Протеински ден Доручек грозје Ручек едно јајце и мало парче сирење Вечера едно јајце и мало парче сирење. Да не прекршив нешто во диетава? Инаку денес вежбав 30 мин,очекував еден час,ама неможев толку,бидејки не правев паузи.
Те заситува душо тебе едно јајце и мало парче сирење?? плус онака без салата?? внимавај,такви случаи завршуваат на инфузија! Позз
Вчера без проблем го издржав овошниот ден јухууу!!! дури и задоволство ми беше да си јадам цел ден диња, праски, бадеми....ухухуу Денес протеински ден Појадок - малку диња Ручек - риба со салата Вечера - или уште малку риба или шопска ќе биде
Здраво најмили Феминки! Јас сум нов член во оваа тема, а комплетно нов член и на Форумот, морам да се пофалам дека и прв пат во животот пишувам на некој форум. Ве прочитав неколку страници, и ми се виде така добра и темава и постовите од сите вас, па си реков, ајде, ќе ви се придружам. Тоа што ми е заедничко со сите вас на темава, е дека сакам да ослабнам со здрав начин на исхрана. Оваа УН диета ми личи дека е здрава и не е нездраво експресна, па затоа и решив денес да ја почнам. Нека ми е со среќа! Еве ќе бидам искрена од почеток: Висока сум 165 цм, и имам 69 кг. . Премногу ми се, не се чувствувам убаво во својата кожа и ми сметаат, едно добри 10 килограми минимум. Сакам да дојдам некаде околу 57-8 макс., кога имав толку најубаво се чувствував. Инаку, седечки тип сум веќе една година ( до пред тоа редовно вежбав 3-4 пати неделно зумба и аеробик), бидејќи работам паралелно на две работни места, од 8 до 17 часот работам пред компјутер, а после до 21 работата ми е стоечка, ама движење нема баш. Со ова сакам да кажам дека немам време за вежбање, за жал, зашто кога доаѓам дома, јас сум мртва уморна и само кревет гледам пред себе. Затоа, единствена шанса што ми остана за да ослабам, е некоја ваква диета, што најмногу личи на нормална исхрана. Плус, во моја близина има готвени јадења за носење, така да, можам да ја држам диетава, мислам. И, имам гооолема волја, барем денес. Еве денес ми е прв ден, протеински : 1. Доручкував 2 сливи и една праска 2. За ручек јадев 200 гр. риба и 100 гр. зелка салата За вечера ќе ми остане најверојатно една мала туна и салата секако (а може и само салата). Инаку редовно пијам околу 2 литра вода во текот на денот. Е само едно прашање имам, денот обавезно го почнувам со турско кафе без шеќер. Дали може и понатаму да го пијам секој ден, или не смеам ? Ве молам посакајте ми срела да ги скинам 10-те кг што не можам да ги поднесам Поздрав до сите вас, Импресс
Импресс добредојде, и ти посакуваме сите многу среќа со диетата. Секако ќе ги симнеш тие 10 кг вишок, важно е дека веќе си го направила првиот чекор, само биди трпелива и истрајна, ние сме тука за совет и поддршка. Денес е почетокот на ТУРБО УН, ден 1. Распоредот се погоди фино, вчера имав овошен, денес протеински. За доручек - 2 праски и турско без шеќер. За ручек изгледа ќе јадам 2 варени јајца со шопска салата, без леб. За вечера на половина. Инаку што се однесува до турското без шеќер слободно може да го пиеш. Добро е што си навикната на него, а не на кафињата во ќесички или нес со млеко. Тоа бајаги ќе ти ја олесни работата, имај на ум.
Овошен ден 45-ти Појадок: 2 сливи Ручек: 1 банана, суво грозје (20 грама), дехидриран ананас, дехидрирана папаја Вечера: 2 праски Првиот ден кога ја започнав диетата имав висина од 175 сантиметри и тежина од 81 килограм, сега кога сум на средина од диетата имам 72 килограми, добивам позитивни коментари, а некои и ми велат дека било доволно, иако мислам дека треба да ослабам уште 4-5 килограми воглавно во бутовите, пред неколку дена ја проверив крвта и се беше во границите на нормалата, докторката ми рече дека крвта ми е супер Вечерата ми е најкасно во 6 часот (со исклучок на 2-3 пати ), а диетата ја имам прекршено неколку пати, во скробен ден јадев плескавица, во протеински ден јадев парче торта, во јагленохидратен ден испив чаша сок за растворање, исто така еден пат во скробен ден јадев бурек (ми беше и појадок и ручек, бидејќи не бев дома) и уште неколку помали прекршоци (барем јас така мислам) Но сепак, до сега имам симнато 9 килограми (и покрај прекршоците), во последно време ми велат да ја прекинам диетата (а јас не сакам, и не знам што да правам)
Не ја прекинувај,на оваа висина барем уште 3-4 килограми да ослабиш добро ќе биде,инаку тоа со сокот за растварање во јаглехидратниот ден не ти е прекршок!
8/90 Овошен ден. Денес, за сега, изедов 1 и пол чинија лубеница, неколку суви смокви. Станав во 10. А ќе бидам будна сигурно 20 часа, и сигурно ќе поткаснам уште нешто. Планирав, да ја извадам внатешноста на јаболкото. Нешто вака: Спојлер Само јаболко, наместо тиква. И попрецизно извадена средината, со машинка. И после, на тоа место да ставам мармалад, џем, ореви, кокос... било што... Да ги испечам. И после да ги сечам на кришки. Се расчепкав на интернет, можело така. Само, со некој по природен мармалад. А мајка ми прави домашни, така да.. А може и да ме замрзи, па да си каснам урми и смокви.
^ Јас вака порано си печев јаболки, со извадена средина, внатре наполнети со малку мелени ореви, кафеав шеќер и цимет. Преубаво, можеш да пробаш и така за овошен ден.
Луѓе многу ли е лошо ако ручекот се изеде накај 19 часот? Вчера ми беше овошен ден, поминав само на 4 праски и лубеница. Денеска за појадок јадев една праска и поради некои причини морав да ручaм во 19 часот односно пред малку. Но исто така не ни јадев како што треба, малку чепнав од стекот и го оставив. Можеби е затоа што предолго време сум без јадење којзнае , да ми се одјадело. Чисто сумњнам дека ќе можам и да вечерам. Знам дека е погрешно ама... Едит: Сепак си го дојадов тоа што ми беше наменето за ручек. Но не планирам да вечерам со оглед на тоа што е многу касно. Ако сум заебала нешто јбг...
денес протеински ден доруцек 1 јаболко руцек салата со 3 пилески крилца вецера на пола од руцекот ( и само 1 апка риба ) бесе дел од вецерата ама несакав да месам и везбанје и трцанје секако... сто сакав да ви казам....аха ви се извинувам сто имам грески низ постовите со кирилицата ма не е до мене( несакам да ве заморувам сега да објаснувам до сто е ) ма навистина ке се потрудам ептен да ги корегирам во иднина Ви благодарам на разбиранјето
6-скробен ден Доручек јаболко Ручек варен грашок Вечера варен грашок Денес правев вежби 30 мин,малку трчав надвор,а и 2 ипол саати сум играла,па тоа мора да има некоја улога.
Јас ја држев диетата зимата цела пожолтев и ми се вртеше свеста а не ослабнам ниту грам не ја препорачувам
Секој организам е различен. Не знам колку килограми вишок си имала ти кога си ја држела диетата, и што од салати си јадела зимно време? Многу е битно да се јадат свежи сезонски салати (а зимно време и нема многу избор), а не кисели конзервирани (туршија, цвекло и сл), доколку сакаш да се чувствуваш добро. Воедно, овошјето зимно време се сведува на цитрони и други овошја богати со витамин Ц (што е добро), но многу слаби со природен шеќер (што може да ти предизвика вртоглавици). Така што, сметам дека многу подобар избор на свежа храна има во секое годишно време, освен зима. Доколку навистина си имала поголем вишок на килограми и си се хранела согласно правилата на УН диетата, не ми се верува дека не си ослабнала ниту грам. Иако, исклучоци секогаш постојат. Мене оваа диета ми одговара најмногу од сите што сум ги пробала до сега (а сум испробала доста: со супа од зелка, диетата на Жан Митрев, Аткинсовата...). Никогаш не сум се чувствувала толку добро и енергично за време на некоја диета (фала богу, има и денови кога не се чувствувам баш најдобро - но не мора да значи дека е од диетата). Така што, јас топло ја препорачувам на сите кои имаат поголем вишок на килограми.
Здраво и од мене, Вчера нели како прв ден, (протеински) ми помина супер. За вечера јадев шопска и 2-3 усти пилешко мевце. ) Денес ми следува скробен ден. Значи 02/90: скробен ден: Појадок: 2 праски и една круша Ручек: печени компири и салата Вечера: ќе гледам да биде исто на половина Незнам зошто ама имам убаво претчувство со диетава, се надевам нема да ме нападне желбата за благо (без кое неможеше да се замисли еден мој ден, многу често и како замена на главни оброци ) се читаме
Протеински ден 46-ти Појадок: 1 праска Ручек: 4 соја шницли, 1 парче леб, шопска салата Вечера: 1 соја шницла За ручек малку претерав, ама мали беа прво сварени, после тоа исцедени и потпечени без масло на фолија, затоа за вечера само една соја шницла ќе јадам
Обожавам соја во секаква форма и комбинација! посебно овие шницливе испечени како мевце ммммм Денес на мени Појадок - една праска Ручек - кафеав ориз со пченка Вечера - пола од ручекот Толку го сакам овој кафеавиов ориз со кари и пченка што ми е страв ќе се исфорсирам и ќе го прејадам