9/90 Протеински ден. Доручек: 2 праски. Ручек: 2 чинии коцка супа, 2 големки парчиња стек на скара (без зејтин) со кечап, 1 кришка црн леб. Вечера: 2 маленки парчиња стек на скара (без зејтин) со кечап, 1 кришка црн леб. Денес, во физичка активност, пиши јуфковежби. Трчај навака, трчај натака, од соба во соба. Па во најтоплото, да не може човек да укличи клима или вентилатор, ќе пресушат јуфките. Додуша, поише кичма ме стрефи, ама нема врска. А сум се нафукала изгор мокра супа.. Дури и јазикот ми е израпатизиран. Зошто да чекам да се олади? Нема потреба. Некои викаат, дека при јадење, да не се пие вода. Ама јас не можам да јадам, ако нема вода.. По 2л. пијам на ден. Поголемиот дел, го пијам при јадење.
диеталки мои денес скробниот ден ми помина вака доруцек 2 праски руцек ориз една скромна порција(1 доматце мало демек за вкус ) вецера од оризот на пола и 2 лазици салата зелена денес не трцав ( заглавив на фризер ) е сега му се мислам на утресниот јх ден петок( а јас си постам на петок ...ке го измислам ај...туку не е тоа проблемот парти се спрема...па ме копка...дали да се напијам малку алкохол ...нели наредниот е овосен-процистувацки....или не? сто ке казете вие?
Појадок:четртина лубеница и малку грозјенце Ручек:Посна турлитава-компири и различен зеленчук Вечера:пржени компирчиња Знам дека направив утка со пржените компири,али морав ми се јадеше
Еве ви диеталки уште 2 мини рецепти за протеински ден. Првиот му доаѓа и како салата и како оброк, 2 во едно, а се состои од ситно сецкана свежа зелка, изрендан морков, туна (1 или 2 конзерви- како сакате), маслиново масло, сол и лимон. А за вториот рецепт сецкате свежа тиква на потенки крукчиња( можете и круччиња модар патлиџан, или и двете во едно, или посебно) и ги ставате на хартија за печење попркаскани со мн малку маслиново масло и ги ставате да се испечат до степен на омекнување.Паралелно со тоа ставате да се вари стек и морков, кои откако ќе се сварат, ги рендате, и искачаат како конци, и додавате малку томатело и зачини, и искача како фил со многу убав вкус и мирис. После ги редите тиквичките или модриот патлиџан во тава попраскана со неколку капки маслиново, па ставате фил и се додека не завршат состојките, и на крај се става на печење. Убаво би било од горе со прелив од павлака и малку изрендано кашкавалче, и со ова да со потпече уште 5 мин, ама вие решете си тоа според калориите.
7-Јагленохидратен ден Денес претерав.Не бев дома и сабајле не јаде овошје,за ручек каснав 1 парче пица (шумка,кашкавал,кечам,оригано,печурки) и едно парче торта и чаша кока-кола.Знам дека е мн,ама оваа грешка нема да ја повторам.Денес ми беше срекен ден и решив малку да се опуштам,барем 1 ден во неделата.Не е премногу? И не вежбав денес,не ми се вежбаше,ај утре ке надоместам.Од утре построго.
Здраво диеталки! Вчера требаше да ми биде јагленохидратен ден, ама го заменив со овошен. А денес пак држев овошен (како што си беше по ред). Значи ми дојдоа два овошни дена по ред. Вчера доста успешно поминав. Денес, иако цел ден јадев само овошје - цел ден бев гладна. Пред помалку од еден час изедов една салата (домат, краставица, пиперка, кромид, магдонос - малку маслинов зејтинин и сол) - и конечно се најадов! Како што кажав пред некој ден, ова со промената на ј.х. ден со овошен беше заради стагнацијата во последниве 3-4 недели. Многу јасно - за физичка активност - се уште не сум се убедила . Од утре си продолжувам нормално - протеински ден. Не се мерам, бидејќи треба да добијам деновиве - па ќе се мерам по една недела и ќе ви пишам. Поздрав!
Ова е мојот 2 ден од ТУРБО УН, денес имав лубеница за појадок. За ручек се одлучив да јадам грашок манџичка со салата од краставица. Значи луѓе, јас не знам што ми е, константно сум гладна последнава недела и пол уназад. Ми се јаде, ми се рика од што ми се јаде, си ги зголемувам оброците обавезно за некоја лажица, наместо да ги смалувам. Единствено во овошен ден за чудо не правам грешки од ваков тип и ми се чини тие ме спасуваат. Еве утре ми следи овошен ден и едвај чекам. За илустрација на моето лудило, јас денес изедов полна чинија манџа за ручек, мајка ми јадеше гравче-тавче и тоа порцијата ѝ беше ко за 10 месечно бебе. Ми вика - не ми се јаде, желудникот не ми бара толку храна. Како бре не ти бара, мене мојот ми плаче, сите тие теории како се намалувал апетитот и желбата за повеќе храна со диети деновиве ми паѓаат во вода, очајна сум, ми се иде човек да растепам. Се контролирам колку можам количински, ама не е финтата со мака и инаетење да слабеам, сакам природно да не ми се јаде бре. Јас да не вечерам, мислам дека ќе се поболам, јадев половина од грашокот за вечера со нова салата, па ѝ ставив и патлиџан и пиперка. Жената мука нема, ниту вечерала, ниту ѝ се вечера, јас дури сега сркнав две лажици од нејзиното гравче колку да го залажам стомакот пред спиење, КОНСТАНТНО СУМ ГЛАДНА И УМОРНА, просто депримира ова. Аж-да-ја! Тоа сум јас. Немам физичка активност скоро 2 недели, освен малку пешачење и вежби со тегчиња, конечно во сабота орбитрекот го враќаат од поправка, па можеби и до тоа е. Не знам.
Trendafilke, не очајувај. И немој да се споредуваш со мајка ти. Секој организам е различен. А и на различни старосни групи припаѓате. Спојлер А можеби треба да добиеш деновиве? Не можеш да очекуваш да слабеете исто или да имате ист апетит. Не се ограничувај на количина. Јади повеќе- најади се, само нека е од дозволеното. Нормално е тоа, твојот организам се бори против промените, ти си млада и си во репродуктивен период од животот, природата мислела на се‘ (освен на тоа дека човекот ќе измисли превозни средства; дека ќе ја преработува храната до таа мера да нема здрави и хранливи материи - само масти и штетни шеќери; дека човекот ќе измисли компјутери и ќе ги поврзе во светска мрежа, па со часови ќе седи пред компјутер... ). Топло ти препорачувам да си се најадеш денес на ручек - убаво. Немој да се изгладнуваш последниве денови од диетата - па кога ќе завршиш со диетата да му се нафрлиш на јадењето . Ајде поздрав! Да издржиме уште малку!
Денес варијанта - овошен ден пошто утре одам на we во Грција и знам дека таму нема да можам да терам никаква програма На мени: праски, грозје, лубеница и диња, и секако, бадеми или нешто слично. Трендафилке, и јас би ти препорачала да не се изгладнуваш и количински да си дозволиш колку што ти треба, а менито секако, според програмата Некои денови и мене ми доаѓа да изгризам све живо (како вчера и денес) а претходните неколку дена неможев ни да вечерам, на сила бутав за да не огладнам во 2ч по полноќ и да јадам глупости Би стронг !
3 овошен ден ТУРБО УН, и засега оди перфектно да не се подречам. Јадев малку лубеница и поради многуте обврски денес низ град, дури сега седнав да "ручам" - две праски и мешавина од непечен бадем и суви вишни. Овие сувите вишни ги најдов во СП маркет, без додаток на шеќер, поради неможноста да си купам брусница без шеќер. Одлични се, само што се многу кисели. Ви благодарам на поддршката и за советите. Инаку Миднајт Флауер, да пред добивање на циклус сум, уште 2-3 дена. Може комотно да се каже дека сум во гаден пмс.
10/90 Скробен ден. Доручек: 2 урми и 3 смокви. Ручек: леќа, 1 кришка црн леб, салата. Вечера: леќа, 1 кришка црн леб, салата. Да не се фалам, ама многу сум глупа! За прв пат, пробав леќа. И зошто никој не ми кажал колку е вкусна? 2 чинии изедов. За прв пат, пробав и салата со домат, печена пиперка, и лукче. Ептен ми се услади. Од сега, ќе почнам да ги јадам сите јадења, што не ги јадам. Иначе, јас кога бев во пмс, со другата диета, долго време стагнирав. А во средата, ми беше и прв ден од циклусот, и прв ден од диетата. И баш, тие 4 дена, ги симнав тие 3 кила. Можеби, е и до тоа. Сега во септември, има 4 родендени. (вклучувајки го и мојот) А во октомври, има 2 (вклучувајќи го и на сестра ми) Тука малце, ќе ми биде трудничко. Како што израчунав, на мојот роденден, имам скробен ден. Па можеби ќе го заменам со јаглерохидратен, па наредниот ден, да ми биде скробен. Барем едно парче торта да каснам. Не ми е до толку за јадењето, него ли за коментарите: Елена, не се срами, касни нешто. А јас треба на секој поединечно да му објаснувам, дека сум на диета? А можеби во септември, ќе одам и на тродневна екскурзија.. Лошо ми се пишува..
Јагленохидратен ден 48-ми Појадок: 1 банана Ручек: макарони со томатело Вечера: чоколадо (1 ред), вечер сум на роденден и ќе треба да јадам пица и парче торта , исто така вчера испив три чаши газиран сок
Јас лани ја дрзев и ослабев 20 кила,ама сеа пак почнав еве веке месец дена ке направам само едвај 3 кила како и да е ке ја подржам уште 10-15 дена па можда одеднаш ке летнат усте 5-6 кила
7ми ден турбо УН денес протеински, поручек диња+кафе, ручек 5 ќебапи, одамна немав јадено па ми беше ќеиф можда требаше стек али тоа е бидна. И сега пак кафе ќе пијам и толку доста е. Мене оваа турбо УН ми е поубава, полесна за држење.
Исто. Кај мене 4ти ден - протеински, и јас јадев ќебапчиња со шопска, изедов дури 6, што за мене е рекорд, до 5 ми е лимитот ќебапчовски, на диета или без диета. За вечера изгледа ќе каснам само шопска салата. Многу поубава е Турбо Ун диетата, некако ми дојде во прав момент кога 4 дена едно по друго ме презаситија. Дури ни овошните денови не ги преколнувам веќе како порано, изгледа ги навикнав (или има навистина голем избор на овошје, па затоа).
Денес 27 ЈХ ден Доручек:лубеница Ручек:вегетаријанска пица (само со патлиџанче, пиперче, тиквичка и печурки...мммм... ) Вечера: планирам 2-3 бисквити со малку кремче Утре ми е 28 овошен ден и после ми следува водениот, па планирам да пробам да го издржам, во случај ако неможам ќе си каснам некое овошје или зеленчук, па така да ќе се фати да има 2 витамински дена едно по друго и после продолжувам со диетава.
Вчера 8 овошен ден Изедов парче лубеница,праска и 3 сливи Денес 9 протеинсски ден Доручек парче лубеница Ручек јајце и мало парче сирење Вечера јајце и мало парче сирење Секако и вчера и денес вежбав 30 мин и трчав.
11/90 Јаглерохидратен ден. Доручек: 50 гр. суво грозје. Ручек: макарони со кечап. Вечера: макарони со кечап, 1 ред чоколадо за готвење.
Јас станав експерт за овошните денови, толку лесно ми поминуваат дури и со ептен малку овошје . Единственото нешто што го јадев денес беше гројзе и толку. Е сега имав проблем, вечерва бев на роденден. Не пробав ништо, ни торта, ни скара, ни ќифли. Единствено сок си испив, џус од портокал. Е сега знам дека не е воопшто природен и дека е целиот со конзерванси ама мислам само вода да пиев...немаше да иде. Како и да е си честитам на себеси што успевам да се придржувам како што јас сакам и успевам да одолеам на недозволена храна и во такви ситуации. Е сега имам едно прашање. Утре ми е протеински и преку глава ми дојде од печен стек. Некоја препорака за друго месо? Секако понекалорично. Стварно немам идеа веќе, само стек јадам на протеински а од него ми се гади . Јајца па ич не јадам.
^ Риба или туна. Најдобри се кога си на диета, не се калорични, а туната заситува многу. Но немој да јадеш и млечни производи оти...тешко тебе .