Денеска ми беше овошен ден . Доручекот го преспав за ручек јадев многу грозје (непрскано , од нашата лозница) и неколку сочни сливи. За вечера изедов 2 праски и една банана. Се чуствувам прилично заситено , еве вечерва ќе излегувам и ќе си дозволам една чаша вино Само една Утре ми е протеински ден и сакав да прашам дали може да јадам туна од конзерва во замена за месо .. Нели треба или јајца или месо е сега дали може ваков вид месо ..се разбира ако јадам туна ќе одберам некоја со помалку масти во неа , овде прочитав дека Адриана туната била таква.. Што мислите вие?
Наназад низ страниците неколку пати беше споменато дека за време на протеински ден смее да се јаде риба конзерва
4/90 Овошен ден.Вчера ми беше. Доручек-2 јаболки. Ручек-Лубеница,диња и праски. Вечера-Грозје,лубеница и праски. 5/90 Доручек-нема,го преспав Ручек-2 јајца и малце сиренце. Вечера-1 јајце
Протеински ден 54-ти Појадок: 2 парчиња лубеница Ручек: 2 јајца, 1 парче леб, шопска салата Вечера: 1 јајце, шопска салата После вечерата направив прекршок јадев сладолед
Помина и овој овошен, 33 ден. Некако после 20ч ме фаќа ептен криза за јадење, дали е до тоа што после 20ч несмее да се внесува никаква храна освен вода, незнам. Абе се е до мозокот, не оти сум гладна и ми се јаде, туку оти несмее е токму затоа. Денеска од овошје јадев само праски и сливи. Него сакав да ве прашам, баш денес гледав во маркет да си купам маслиново масло. Ги има повеќе видови, така да незнаев за кое да се одлучам, и си велам да си прашам јас овде, доколку употребувате кое е така најдобро, или без разлика какво и да земам нема везе тоа. Во овие диеталниве денови немам јадено до сега пржена храна, поради тоа што несакам да користам од оние масла како брилијант и сл. нели не се препорачуваат такви масла за диета, не се препорачува ниту пржена храна, ама не дека често ќе јадам пржено така од време на време, во месец еднаш до двапати највеќе. Ми се пријадува пржено пиперче, омлет само со белки и некој зеленчук...итн.
Angel.Heart Јас маслиново масло користам само за салати, купив од КАМ Маркет цената е 135 денари (за разлика од цените на останатите маслинови масла, мислам дека ова има по пристапна цена)
фала ти многу за одговорот ајде прво рапорт за денес скробен ден доруцок 2 праски руцек компир пецен и салата мерак вецера исто од меракот само малку повеке од пола инаку до сега не ги писував по бр деновите ама ете дојде ред на 29 утре,спремна сум ептен и обврските си ги испланирав демек да не го осетам и реков прво да забелезам резултати па ке казам како одесе со килограмите ама официјално после утресниот ден до сега само еднас се мерев,задоволна бев до тогас со оглед на тоа дека се забелезува се надевам ке бидам пријатно изненадена доста е за денес ајде ке ве известам сто како понатаму п.с ама секако нема да прекинам
Најздраво е ладно цеденото маслиново масло - ама затоа е и најскапо. Ладно цеденото не е препоречливо да се употребува за готвење (џабе е ладно цедено, ако планираш да го загреваш). Јас употребувам од она рафинираното (од Кам, 135 ден- како D1A2N3I4), но само за салати, за готвење (пропржување) употребувам сончогледово, ама тоа неколку капки - не јадам прженици во длабок зејтин.
Тоа маслото од КАМ (и јас го купував за пржење) од 135 ден само да знаеш дека не е она ладно цедено, туку е на некој друг начин правено што сигурно има разлика во нутритивната вредност ако се користи за салати (не го тврдам ова, само проверете си ). Имаат и ладно цедено од истата фирма 215 ден (така нешто). Инаку јас по грешка од Супер Тинекс купив едно сончогледово (107 ден - 0.5 л) ладно цедено и на него пишува препорачано од кардиологија Филип II, па сега си го користам и тоа за салати (као поздраво било). Инаку, денес протеински ден и зажелеав за млечни производи: Појадок - 50 гр брусница Ручек - си земав на работа да си правам една шопска и еден јогурт Баланс Вечера - летна манџа (како и да се вика тоа) од пржени домати со јајце и плус сирење....мммм едвај чекам!
Стварно незнам што е работава.Ја држам диетава правилно јадам само едно парче леб.. Само во овошниот ден не ги кобинирам овошјата заедно како оброк(ручек,вечера)туку си јадам така на 2 часа по 3-4 праски или лубеница дали е до тоа незнам...?И да ве прашам колку правите растојание од доручек до ручек временски? Сум качила 1 кило .. 9 ден ми е,а и претходно сум ја држела и 5 килограми ослабнав за 1 месец,фала од напред
Скробен ден 55-ти ден Појадок: 2 лубеница Ручек: 2 компири со зачини (направив салата со компири, кромид, оригано, чили), 1 парче леб Вечера: 1 компир со зачини (салата со компир, кромид, оригано, чили) Ако ставам кечап дали ќе биде грешка
18/90 Скробен ден. Доручек: 200 мл. свеж сок. Ручек: пире со кечап и сенф, салата, 1 кришка црн леб. Вечера: пире со кечап и сенф, 1 кришка црн леб. За доручек, малце ја зафркнав работата. Во соковникот, ставив 2 цитрона, 1 праска, 1 банана. Искочи 400 мл. Ама го поделивме со сестра ми. Прво сакав само со цитрон, ама тогаш ептен ќе ми беше кисел. И затоа ставив повеќе овоштие. И покрај тоа што знаев дека не треба да се мешаат.. Ама многу беше убав. Пред саат време ручав. Вака не сум се најала, не памтам од кога.
Луѓе се мерев сабајле и имам 59 кила . Диетата ја почнав со накај 67-70 (не знам колку точно ). 10 кила за севкупно два месеци држење, може да се каже дека сум задоволна. Ми велат дека уште малце ми фале ама јас сакам до 50-49 да стигнам. Секако ја држам некаде докај 19 Септември па очекувам да ги добијам тие резултати до тогаш.
34/90 Протеински Доручек:две праски Ручек:мала туна со салата и супа Вечера:исто само без супата Е за утре, за скробниот, туку што прочитав еден рецепт, така примамлив ми е па сакам утре да пробам да го зготвам па да видими што ќе испадне. Еве ви линк, може и вие ќе сакате да пробате http://moirecepti.mk/recepti/rucek/%D1% ... m=facebook
Ќе има ефект ама, повеќе ти препорачувам да идеш на ЗДРАВА ИСХРАНА... (ај ќе ти пишам ЛП да не идам офтопик сеа.. )
Нормално дека ке има тоа е начин на исхрана и секако дека телото слабее ако јадеш ист вид на храна цел ден бидејки се вари побрзо..
Јас ја почнувам од утре диетава. Сакам да симнам 10 кила, а 15 би било совршено. Туку да си прашам... Банана може да се јаде за доручек?
Оваа диета е стварно добра и ефикасна.Братучетка ми имаше 85 кг и ослабе,а сега има 65 кг,ослабе 20 кг за 3 месеци и мн е задоволна,а сега си се храни на здрав начин и со редовно вежбање.Она има 20 год,пред се е мн убава,а вака слаба е уште поубава.Таа ме мотивираше да ја почнам диетава.Знам дека ке успеам,пред се зошто е лесна диетава.Сум пробувала и без јадење,ама не сум успевала.Нема да јадам 1 ден и следниод ден ке издеам цела пица или бурек.Затоа денес ја почнувам диетава. 1/90 Протеински ден Доручек неколку мали парчиња диња Ручек варен стек со малку салата (незнам што,ама изгледа домат) и пола парче леб. Вечера пола парче стек и малку салата. Дали може да се стави малку вегета на стекот?
19/90 Јаглерохидратен ден. Доручек: 2 живи смокви. Ручек: макарони со кечап. Вечера: макарони со кечап. И пак има дома торта и колачи. Ама пак макарони ќе јадам. Само незнам дали е до мене. Ама веќе 19ти ден, а метаболизмот уште ми е пореметен. Мислам, дека може. Барем јас му ставам зачини и кечап. А и ќе биде гаден, кај варен, па и без зачини. Како што пролистав на предходните страници... Може да се јаде банана, ама една. Не сум баш искусна со диетава. Кој знае, нека ме поправи.
Слободно ставај си зачини, само внимавај, не јади премногу солено (а во вегетата има доста сол), стави си, ама не многу. Банани не е препоречливо да се јадат за појадок. Може во овошен ден, 2-3 банани (ако се помали), за ручек на пример, но не многу често. Е сега во 90 дена, ако јадеш еднаш- два пати банана за појадок, ништо страшно, но да не е многу често. Со среќа на новите диеталки! Само не кажавте кои се вашите бројки (кг, cm)?