Никогаш не се мешаат диети,,, кога држиш една придржувај се на неа, не се прават комбинации, му штети на организмот..
Здраво девојки Еве и јас ви се придружувам на оваа тема зошто сум од оние кои сакаат да ги намалат килограмите. Висока сум 166цм а имам 70килограми и многу би сакала да намалам барем 10килограми и да можам да облечам што сакам без да му ја мислам кога ќе влезам во некој бутик да се милам дали има број за мене или кога ќе видам некој убав фустан а за мене нема број а и да има замислете како би ми стоел Така да од утре дефинитивно ја почнувам оваа диета, според вашите искуства што ги читав до сега гледам дека е доста ефикасна се надевам дека ке успеам Држете ми среќа
и јас ја држев диетава 11-12 дена, ама ја прекинав зашто постев 1 недела без зејтин и никако не ми се вклопуваше. од тогаш до сега не ја држам ама припазувам со храна. од утре и јас ке ти се придружам. морам пак зашто диетава е предобра, и за толку колку што ја држев имаше малку резултати. во меѓувреме го пијам чајот што го има на темата ..слабеење со чај.. па ајде нека ни е со лесно
диетата е стварно ефикасна и јас гарантирам,првите неколку дена можеби ќе ти биде потешко,можеби и нема да ослабиш ниеден килограм првата недела, ама сепак издржи,па после кога ќе почнат да се топат килограмите ќе ти иде од среќа цела година да ја држиш јас кога ја држев,секој ден ја прекршував диетата по малку и сепак слабеев 1 килограм неделно поздрав и ти држам среќа
Мелани мора да бидеме упорни и сигурна сум дека ќе има резултати, значи од утре заедно ја почнуваме и се надевам дека ке си пишеме на форумов дека сме ослабеле, еве ајде вака од утре ја почнуваме и никако нема откажување па ке пишеме колку сме ослабеле ама искрено, еве ова нека ни биде некаков мотив да не се откачжеме да видиме дали сме цврсти во одлуката да изгледаме убаво
Оваа недела ми е четврта,,,имам само 2,3 намалено, ама не се обесхрабрувам,,, едно 5,6 да намалам доста ми се ...
јупиии...среќна сум што барем можам да споделувам со некој како ми е и до каде е. сите околу мене се слаби и на никој не му треба диета, а искрено никогаш не ни им требало, па така да не се баш некоја голема поддршка сега немам вага (ми се расипа пред 1 месец)....иначе не ја расипав јас не сум толку тешка хахахахах јас сум 180цм и околу 80кг (многу нели ) сакам да стигнам до 70-68 зашто тоа ми е идеална тежина. може на некој ке му изгледа дека и тоа е многу ама мене не ми е, зашто имам доста мускули а тие повеќе тежат од салцето. а иначе вежбам и на орбитрек а после вежбање се масирам со relax and tone и се мачкам со креми сега искрено имам повеќе мотивација
Подобро никаква супа да не се пие отколку оние вештачките супи како “петелчето„, затоа што содржат премногу сол, секакви адитиви, и премногу се мрсни и во никој случај не се погодни посебно за време на диета. п.с за време на диетата треба што е можно повеќе да се намали количината на сол, по можност и да се исфрли целосно, затоа што солта за задржува водата во организмот заедно со сите отпадни токсини.
Мелани тоа ти е идеална тежина според твојата висина, и јас сакам да симнам максимум 10кг, па нека има и малку мевце јас немам орбитрек ама затоа си вртам хулахоп па ке си имам убав струк па и тоа е нешто како вежбање нели? па јас мислам од утре кога ке почнеме со диетата па со првите резултати одма си пишуваме на форумов. јухуууу ајде упорни сме ние ке успееме знам мора да веруваме во себе и точка, еве јас верувам и во тебе и заедно ке си ослабеме и нема да плачеме пред искачање дека сме дебели во стилот " дебела сум, ништо не ми стои кај ќе одам ваква " јас тоа го правам пред секое искачање и тогаш сестра ми бега од мене зошто неможе да ме слуша, ама сега решена сум па што сака нека биде, сите другарки ми се слаби само јас слонче
во право си за сите тие адитиви, вештачки бои, нитрати. и јас не сум за нивна употреба...но во оваа диета е потребно, бидејки не се оди во екстреми и не е брза диета. секој ден точно се внесуваат сите потребни соли, минерали, витамини што им се потребни на организмот. поентата во супата е тоа што протеинскиот ден најчесто се содржи во сува храна, која е приготвена без маснотии и многу малку сол. солта е штетна за бубрезите , но и е потребна и те како на организмот. истото важи и за маснотиите. тие се потребни за правилна работа на цревата и мозокот.затоа се препорачува доста вода, која имива од организмот се што не е потребно досега ни јас не сум користела супа токму заради таа причина-вештачки додатоци, но кога ке подразмислам подобро, па и овошјето и зеленчукот се прскани со многу полоши пестициди а ги сметаме за здрав оброк исто и кечапот овде е дозволен а тој има далеку повеќе конзерванси од супите. јас земав едни коцки супа од кам маркет- врз база на зеленчук...1 коцка од 10г (за 500мл вода) има 27.4 калории (вкупно од масти соли и шекери). а за еден оброк доволно е пола коцка што значи 5г(250мл) има 13,7 калории.....не е ништо доколку нешто грешам поправете ме ве молам
јаооо истооо....веруј не ми се ни излегува веке. а огледалото моментално ми е непријател. а за шопинг да не зборам. никој веке не сака да иде со мене зашто уште при прво пробување ја сум ифрит а за хулахопот, бравооо. тоа ти е топ вежба. јас не знам да го вртам, а искрено и као дете не бев нешто многу заинтересирана да го научам мој совет ...од утре да си пиеш зелено чајче, онака меѓу оброк аа и од сабајле. многу помага. а btw мора да се пијат мноооогу течности. па ајде, од утре почнува нашата преобразба
Во никој начин на исхрана ( диетата е начин на исхрана) не се потребни адитиви, вештачки бои и нитрати.
да во право си, но за жал овие хемикалии, сакале ние или не, се присутни во нашата секојдневна исхрана. многу е тешко на пр. да се најде по пазарите овошје или зеленчук што претходно не бил третиран на било кој начин . а да не зборуваме за другите прехрамбени продукти. мислам дека мораме да се трудиме да ги намалиме, но да ги исфрлиме во целост не е можно, освен ако не се преселиме некаде на село и да си се храниме со тоа што ние ке го произведеме. но ова веке е друга тема и можеме да полемизираме до бескрај
Здраво на сите, Нова сум тука и веќе 6 дена на оваа диета, по прв пат, и засега се осеќам одлично со оглед на тоа што пазам зеленчукот и овошјето да бидат максимално разновидни и во поголема количина..цел не ми се само килограмите, ами навистина промена на начинот на исхрана; се надевам дека доколку продолжам со разновидна храна, а не монотони 4 исти дена да не ми стане досадна, ниту да го исцрпам организмот...дури и на работа носам однапред спремена храна...се на се, доста сум мотивирана, се надевам дека така ќе остане. Бидејќи форумов сакам да ми биде и еден вид дневник, за полесно да водам контрола што ќе се случува во наредните 90 дена, да кажам дека имам 18кг вишок и засега, иако е сеуште рано - имам намалено 1кг. Бројкава не мо значи ништо, бидејќи е можна варијација, па отсега, ќе истакнувам резултати на секои 2 недели....денес имам скробен ден, кога се чувствувам најмногу најадена ... Поздрав!
како ја издрзувате диетава секоја ви чест. Јас сумсекој ден по 8-10 саата на работа и ај држи само на овошје од сабајле. А и кај мене многу ослабеа со диетава. И не ги вратија килата.
Јас ја држам веќе 18 дена и до сега сум 4 кила ослабната, но по малку забушавам благото ми е некако слабост и денот кога се јаде торта и чоколадо јас некогаш по малку и претерувам ама не секогаш Инаку многу ми годи, немам ни желба за грицки, или да се набутам ајвар и сирење и други суви работи . Ми се допаѓа диетава што ем не си гладна, ем слабееш Поздрав девојки и сите да успееме да си имаме телца какви што си сакаме Аххх какво чувство е тоа кога ќе се пикнеш во некое убаво фустанче и ти стои супер И заборавив да кажам, вчера си бев на шопинг и многу е убаво чувството кога ќе пробаш нешто и нема да си речеш дека не ти стои зошто си полничка
Мелани27 трет ден денес еве јас само што завршив со јадење благо мммммммм, денес ни е третиот ден каде може да си дозволиме благо! Јас сум задоволна од диетава не сум воопшто гладна а и не јадам многу количински, мислам дека ќе имам задоволувачки резултати Кај тебе како е? Позз
до сега одлично, само некако се чуствувам прејадено...само вчера вечерав а еве денес уста не ми се отвара(а по благото не сум баш)....иначе денес на мени макарони со салатичка (и морав малце кечапче) замисли неможев тоа што го имав во тањир да го изедам. аа btw траба да добијам деновиве па затоа изгледа се осекам како балон ајде напредуваме важно, ама уте ни е најважниот ден, овошниот е после овој ден веке ке почнуваат и резултатите. молим те кажи некоја идеја за скробен ден, зашто тој ми е најлош. имам проблем со зрнестите продукти. се мислам дали на тој ден да си ја правам онаа супата од зелка ... поззззз
Јас за скробниот ден си сварив компири и си направив пире само со вегета и малку зејтинце и со миксер си го измиксирав и многу ми бесе убаво и салата марулка си јадев, ама па неможе само компири да јадеме за скробниот ден, друго мозе ако не ги сакаш тие зрнестите како грашак, грав да си исецкаш компирчиња на коцкицки и да ги сварис во онаа коцкана за супа и морков може да исецкаш, јас тоа во среда ќе го правам, а утре леле незнам што ќе правам неможам само на овошје, незнам дали може да сменам утре цел ден само салата да јадам зеленчукот повеќе го сакам