Бејк ролс и сличните работи не се за во диетата. Парче торта во протеински ден е грешка. Ручекот на Еленаа со компирот е ту мач. Пире, па печен компир па леб . Многу е. И крем сирење? Сериозно? Читате колку е калорично? Па во комбинација со бејк рол? Вечерта во ЈХ е ред црно чоколадо и можете до 2 парчиња торта, 3 топки сладолед, 3-4 парчиња од ситните колачи, а не макарони и ред чоколадо. Палентата зар не би требало да е во ЈХ?! Треба! Се прашувам од каде ги вадите овие оброка кога во диетава е нагласено што се јаде и кога. И после нема резултати. Епа ќе нема! Доколку сакате да си ја држете дитава по ваш терк, не коментирајте во темата. Ја полните со офф топици. Неколку страни поназад неможеш да прочиташ еден правилен оброк. Ој па снајди е работава. Има тема Морална подршка, каде што слободно можете да пишувате за сопствените оброка и вашиот начин на слабеење. Јас кога ја прекршував диетата секојдневно, се откажав од пишување. Кога сум решена цврсто да ја држам без грешка, тогаш сум сериозна во намерата и се придржувам до секој оброк, онака како што е. Јас почнувам денес, официјално, без прекршоци, малце построго. Денот помина одлично, ми остана уште вечерата. Така девојки, бидете поупорни и правете помалкуку грешки. Сепак на диета сте. Нека анабел-а и Трендафилка ви бидат инспирација, и читајте ги нивните постви. Тие ослабнаа, ама се придржуваа до диетата онака како што е пропишана.
Протеински ден: доручек: две праски, ручек: парче стек, и патиџан, ми остана уште вечерата. Сакам да прашам дали може салата да јадам колку сакам, или само за ручек??
5/90 Протеински ден: Доручек - 2 сливи. Ручек - 2 печени батачиња, салата од краставица и супа без резанци. Вечера - 1 ипол батаче и салата од краставица. Имам само 2 килца ослабнето за 5 дена Ама ајде можда уште ќе слабеам.
Каде виде печен компир? Јас јадев пире. А во скробниот ден, освен зеленчукот, може и салата. Јас наместо салата, само си исецкав 2 печени пиперки. Јас пред да ја држам, го прочитав ова, и сметав дека е подобро.. Затоа што и така, првите два дена, ручекот се преполовува.. Ваљда може и третиот ден.. Конкретно, ја цитирав Трендафилка.
Jaс некое време не сум активна на темава,ме мрзи дополнително и тука да пишувам и да читам за диети зошто преокупирана сум со диетава и само на тоа мислам ... Ама тоа е ... Епа дечки јас би да ве прашам шо би можело да се јаде за ручек кога ќе сум попладне на училиште, еве конкретно првите две недели сум поручек, прв и втор ден појма немам што да јадам, за трет ден лесно е можам пециво (пр: кифла) а 4 ден овошје се знае, ама првиве 2 дена, и за сабајле е лесно,цело време овошје,сега ова ме мачи, неможе да ми текне ништо паметно за јадење тогаш... ?
Моја грешка, сум прочитала компир, место пиперки . Ете јас ти кажувам дека е грешка, диетава е со тој концепт. Вечерата е благо, а не макарони или евентуално ѓеврек. Има си намена и овој оброк, ако требало да биде исто како ручекот така ќе пишуваше во диетата. Режимите на Цеце се на тој принцип, на ручек макарони и за вечера пола пак макарони.
Сега сфаќам зошто е ставено чоколадото за готвење во диетава. По цел ден поминат на две сливи, мини ѓеврек, седнав да јадам нешто благо, и ај, каснав тие кроасанчињата на Милорд, гревните од 8 денари од КАМ... Ми се јаде уште. Ај да јадам чоколадо за готвење, ај, си купив и тоа. Леле гаднооооооо, ми се одјаде, и ми се згади. Тоа ли му е намерата? Да те натера да се откажеш од јадење на се живо и диво. Мислам дека имам симнато 1кг за претходниве 3 дена што ја држам, ама ај, да не кажувам предвреме. Благово многу мотивира за другиве денови да се придржувам мноооогу прецизно.
денес протеински ден-ви реков ке биде подобро од вцера доруцек 1 јаболко руцек салата и овие рибини прсти по наски убаво 1 цинија салата и 6 од овие рибините вецера на пола од руцекот денес и кафе со млеко веке казав цисто дека смеам да е со млеко и понеделницки нели трценје, везбанје а спомнав нели дека и ретко се мерам и избегнувам контакт со огледалото ама денес несакајки се загледав абе со да ви расправам...де во лице,де во нози, во стомак,се познава бе хахаха ама не се мерам сега за сега не...кога ке биде ке ве известам
Јас ја држев оваа диета 90 дена. Ослабев околу 15 кг., но си направив здравствен проблем, односно како што ми кажа докторката додека сум ја држела диетата сум требала и да вежбам, за мускулите да ми бидат цврсти, Јас добив спужтена матка.,а можеле и другите органи да претрпат промени. Затоа при држењето на диети, обавезно и спортувајте
Еве ќе ти цитирам извадок од УН - книгата (конкретно јаглехидратниот ден - вечера) да ти докажам колку е грешно тоа што сметаш дека само благо треба да се јаде за вечера... (баш е цитирано за тоа е на хрватски) И ќе се обидам да ја постирам книгава. За прво добро да ја прочитате... има многу утки кои ги прават сите, но никој не е виновен што нема доволно информации и на оние кои што се поставени како основни секој си додава или си крати по нешто...
Поради технички проблеми, не можам овде да ја постирам, ако има некој заинтересиран обратете се во ЛП
^ Јас го следам концептот според кој е пропишана диетата на првата страна. Ја имав добиено и од друго место и таму истото беше наведено.
17/90 Протеински ден појадок : лубеница ручек : пиле печено ( не цело ), салата зелка и супа вечера : пола од ручекот без супа Денес вагата покажа -1кг, што значи до сега -4 кг вкупно yeeeeeeeeee
9ти ден- протеински Појадок: 1 праска Ручек: Стек, ама во моја варијанта на манџа, заедно варен со патлиџан, морков, магдонос и зачинет со вегета. Вечера: Половина од јаденото за ручек. И -3 кг
Цврсто сум решена да ја држам диетава строго според сите правила и прописи, па макар и 3 месеци. Освен ако не ослабнам порано едно 10-ина килограми . Вчера ми беше прв ден, протеински. За појадок банана За ручек ајдучка плескавица, печена на скара и прилог домати и краставици. За вечера шопска и мало парче сирење, окоу 50 грама ако имаше. Денес скробен. За појадок црни сливи. За ручек турли тава За вечера пола. И салата. Ориз може, и печен и варен. Секаков вид на манџа може за оброк во скробен ден. Па тоа е, се држам добро. Имам силна желба, овој пат сакам да успеам. Јас чуствувам кога диетата ќе ми тргне. Епа тргнана е .
Јагленохидратен ден 65-ти Појадок: 2 парчиња лубеница Ручек: ѓеврек (малав во томатело, оригано, чили), 2 мали ќифлички Вечера: чоколадо (1 ред), 2 житни плочки гранола бар со јаболко и цимет "Виталиа" Се надевам дека не направив некој прекршок со ќифличките, бидејќи се јаглехидрати
МОЖЕ. ако можеш да јади интегрален ориз (подобар е) Не е грешка, но во иднина избегнувај пецива што содржат квасец
Диеталки, должам уште еден пост на оваа тема Во петокот ми беше последен ден од диетата - овошен. Потоа (во саботата наутро) следуваше мерење и вагање. Вкупно 9 кг помалку и 7cm во обем за вкупно 3 месеца. Спојлер Почнав со 70 кг на висина од 160 cm, а сега имам 61 кг. Имам пишано и порано, еве и сега: Се трудев да ја држам диетата колку што можам по правилно. Со оглед на тоа што одам на работа (таму има ручек) и не секогаш јадев за вечера баш истото што и од ручекот, не секогаш јадев варена и печена храна, не секогаш последниот оброк ми беше пред 20ч. Тоа беа моите грешки. Но грешки од типот: мешање на намирници и јадење некои јадења во несоодветен ден - не правев. Капка алкохол не се напив - ниту вино. Сокови, воопшто не пиев. Кафиња пиев секој ден, а понекогаш и чај. Кафето, без разлика дали беше инстант или турско го пиев без шеќер и без млеко. Кафе со млеко пиев само во протеински ден, 1 намногу 2, во попладневните часови. Спојлер На протеински ден јадев месо, млечни производи, риба, пржено пилешко дропче, а најчесто варени јајца; на скробен ден најчесто јадев варен или потпечен ориз, и печени компири, а 1-2 пати јадев грав; на јагленохидратен ден за ручек јадев најчесто варени тестенини со доматен сос, 3 пати пица - вегетеријанска, 1 геврек, 1 кроасани; на овошен ден си јадев секакво овошје кога и да ми се пријадеше, јадев и бадеми, лешници, оревчиња Физичка активност имав само првиот месец од диетата (кога имав и најмногу резултати) - пешачење. Инаку работата ми е со седење - па вие замислете си. Еве веќе четврти ден како сум без диета. За појадок јадам исклучиво овошје (меѓу кое: смокви и грозје - што има многу шеќер и не е препорачливо многу - но сезона му е и наутро го јадам само). Во саботата бев на свадба (конечно на свадба - без диета ), и иако планирав да јадам само протеини, на крај изедов и парче ипол торта - и тоа калорична (ама многу вкусна ), а пиев и винце. Спојлер Колку многу коментари добив за мојот нов изглед бев пријатно изненадена, луѓето ме гледаа со воодушевување . Сепак 9 кг и не биле малку, штом толку луѓе забележаа. Изгледа сепак важи онаа: „Не е битно колку килограми имаш, битно е како ти се распоредени“. Во неделата, јадев само протеини (само за ручек, не ми се вечераше)+ леб +вино, вчера јадев за ручек риба, а за вечера само шопска салата (не јадев леб), и денес пак ќе биде протеински ден (ќе има скара и салата за ручек). Значи се наредија 3 протеински и 1 шарен ден (свадбата). Ќе продолжам да се хранам нормално, ќе се трудам да јадам само протеини или само скроб во текот на еден ден, или можеби ќе се придржувам до режимот на Ирена - ќе видиме. Можеби ќе почнам и повторно да пешачам. Во секој случај и понатаму ќе ве читам, и многу поретко ќе коментирам. Поздрав и секое добро! П.С. За да нема на секоја втора страна прашања од типот: „Во скробен ден смеам да јадам ориз?“, „Во протеински ден се јаде риба?“, „Салата смеам да јадам?“ - ВЕ МОЛАМ потрошете малку од вашето скапоцено време и прелистајте барем половина тема - нема потреба да се поставуваат едни исти прашања по којзнае кој пат!
Од денес ја почнувам пак диетава, само со зголемена физичка активност овој пат и со помали оброци. И поретко ќе пишувам на темава, зошто кога читам/пишувам за храна ми се отвара апетит. Овој пат мотивот ми е далеку поголем и мислам дека поуспешна ќе ми биде диетата. Држете ми среќа.