Јас од први септември ти се придружувам заедно со мајка ми, едвај ја натерав Имам едно 5-6 кила за симнување, мајка ми накај 10 па ќе видиме дали ќе ја бидне диеткава.
28/90 Oвошен ден. Од сабајле, каснав неколку зрна црно грозје. А сега си направив сок од 3 цитрона, 3 праски, 1 банана, и неколку парчиња диња. Преубав е. Јас иначе, ич не сум љубител на диња, ич не ја сакам. Ама во сок, е преубава. И дава уште поголем шмек на бананата. До вечер, соков ќе го испијам, и после ќе пијам вода. Не сакам после 6 да јадам овошје, а и воопшто храна..
Денес ЈХ ден Доручек: цеден сок без шеќер од лимон Ручек: посна солена погача со кечап Вечера: посен какао колач...некако ми се од колачот (па на изглед изгледаше преубаво, ама кога го пробав не ме баш воодушеви) и само една коцка чоколадо за готвење јадев...сега ми е мачно на стомакот Никогаш не сум му се радувала на овошниот ден како денес, едвај чекам да дојде утре така да се прочистам од денес од ова тесто. Ќе си купам утре сабајле една лубеница и цел ден ќе си ја јадам, најубава ми е, најлесна за јадење и најмногу ме освежува и можеби чудно ама мене најмногу лубеница ме најадува во овошниот ден....ммм ја обожавам, па да искористам додека сеуште ја има на пазарот
еве ме мене денес скробен ден доруцек една сака грозге руцек ориз 1 порција и 1 пецена пиперка (малку ми бесе цуден оризот па цисто за вкус ) вецера незнам дали бесе ептен пола оризот ама помалку бесе од руцекот накратко да си казам за мене (гледам правилата во последно време се активни,па мозе и ке помогнам некако на поцетниците ) јас искрено напамет го науцив првиот пост т.е како се дрзи диетата и навистина ептен се трудам да си се придрзувам правилно,не велам дека не гресам воопосто само дека пазам ,да не се повторувам писував веке на колку време ми се оброците, дека пијам многу вода,немесам оброци,не менувам денови ...бла блаа и мило ми е сто се препознавам во постовите на оние со големи резултати (тоа ми е потик усте повеке денес не трцав бидејки имав обврски
А јас да ве прашам нешто. Откако завршува диетава, ја има ли некој (не баш следниот ден) ама за краток период повторно започнато? (во книгата пишува дека ако сакате да ја повторите треба после 90 дена, а овошјето да си остане како појадок).
29/90 Воден ден. Уште е многу рано да зборам. Ама до сега се издржува. Утре ќе пишам како сум издржала. Си ветив дека ќе издржам, па ќе видиме.
Овошен ден 66-ти Појадок: 2 смокви Ручек: 1 банана, 1 праска, суво грозје (20 грама), сува брусница (50 грама) Вечера: 1 парче диња (можеби и повеќе, доколку ми се јади)
Јас. Ама немав никаков ефект ни првиот пат, ни вториот, зошто беше така не знам. Правев ситни прекршоци, ама и првиот пат кога ја држев(зборувам за пред тие два пати) правев утки па пак ослабев 20 кг. Ама изгледа дека помала бројка имав за симнување тие прекршоци биле кобни за да не намалаувам. Јас многу јадев овошје во овошниот ден, дури и после 6, а и тоа си содржи природни шеќери и сум ја надминувала дозволената количина на јагленохидрати во организмот и затоа немало ни стангирање туку накачување. Ама значи до мене е, не е до диетата. Најубаво да си почекаш 90 дена ако сакаш да ја држиш пак иако не би требало да штети нешто ако почнеш да ја држиш и порано. Ама штом пишале така, пишале со некоја причина, а која не знам. Како и да е, диетава е многу добра иако не ја држам сега.
Зошто не пробаш да ја базираш исхраната на овошје и зеленчук, јаткасти плодови, житарици и по малку некој млечен производ ако осеќаш потреба за тоа? Така ем ќе бидеш витка, ем ќе бидеш 100 пати поздрава и најважно нема осеќаш глад. Нема потреба од диета после диета. Одбегнувајте производи од животинско потекло, нормално ако не можете нема потреба да ги исклучите целосно од исхраната, но наместо 3 пати неделно месо, јадете еднаш. Избегнувајте индустриски преработена храна богата со конзерванси, поточно се она што има подолг рок на траење значи има и повеќе штетни работи во него! Кога ќе ви се јаде нешто благо не јадете чоколадо, каснете банана, грозје, смокви или суво овошје кое е екстремно благо на пример урми или суви смокви. Кога ќе ви се грицка нешто место чипс јадете бадеми, ореви или лешници. Кога ќе ви се пие Кока Кола пијте обична вода или чај заблажен со кафеав шеќер. Нема потреба цел живот да сте на диети.
Meне денеска ми е скробен ден. За доручек изедов едно парче диња и една чаша цевитана сок од ананас ( нов е и многу ми се допадна) За ручек јадев 2 варени компири со кечап и малце кашкавал. Испив уште една чаша цевитана брусница. За вечера ќе јадам од компирите
Си ја утнала целата поента на диетава. Наутро се јадат исти овошки, сок не е препорачливо да пиеш. Денес ти е ете скробен ден, а ти си јадела кашкавал (што треба да го јадеш во протеински). И пак сок. Вака ќе имаш многу слаби резултати.
Зошто го хејтате месото и го ставате во храна кој дебелее, а не е така. Исто како бананата. Протеинскиот оброк е подобар од јаглехидратниот. Плус протеините те држат сит. Стек, риба, телешко месо, па и свинско, не е лошо да се консумира барем 3 пати неделно. Нормално со правилно комбинирање на намирниците. Месо и ориз, месо и компир не, ама само месо да. Јас на тој начин повеќе слабеам, отколку со зеленчук и овошје. А и плус ненајадена сум. Инаку денес ЈХ ден. За појадок една банана. За ручек еден и пол ѓеврек. За вечера ред кујнско чоколадо и сладолед. ЈХ ден ми е најубав, бидејќи јас обожавам благо и тестенини, ама исто така и најмачен. Или ќе се прејадам или ќе останам гладна од страв да не претерам. Протеинскиот ми се чини најпогоден, ем месце, ем сиренце, млекце , ем не си претерал, ем најаден си . Туку вагата покажува еден килограм минус . За два дена? Јадам помалку, ама што знам, а и ден пред добивање сум. Веќе две недели се мерам и еден ден сум 67 и 900, друг 66 и 900, вчера бев околу 66 и 900 пак, ама носев фустан кој тежи минимум кг, а денес 65 и 500. Или е до вагата или сум се мерала не искакана . Лошо е кога имаш вага на дофат .
Не го хејтам месото ради дебелеење или не, туку ради тоа што мислам дека не е здрава храна. Не може да кажеш дека месо од животно кое цел живот стоело во 5 квадрата и не видело сонце е подобра храна од патлиџан кој макар растел под фолија пак има повеќе живот во него. Не е ова месо кое ни го јадеме истото како пред 20 години. Нема ништо корисно во него туку баш напротив полно е со хормони, антибиотици и разни адитиви. Ако некој има дедо баба на село па им праќаат месо од животинките кои ги чувале во двор тоа е друго, ама месото од Веро и Тинекс сигурно нема ништо корисно да му направи на моево тело. А да не збориме за рибата која во најголем дел ја увезуваат од земји со радиоактивно загадување. Јас немам проблем со килограмите и не сум на диета, туку се обидувам да се исхранувам здраво колку што е можно тоа на денешно време.
За вечера наместо 1 парче диња, како што имав предвидено јас изедов 4-5 парчиња диња, што мислам дека не е премногу, добивам позитивни коментари, и ми велат дека ми е доволно, па затоа мислам дека ќе ја прекинам диетата на 70-тиот ден, т.е. мислам да држам уште еден циклус од диетата и после тоа да ја прекинам, но не знам што ќе правам, можеби ќе прекинам (што е најверојатно), а можеби и не, сепак ќе размислам, бидејќи сеуште имам поголеми бутови и уште салце на стомакот
D1A2N3I4, јас ти препорачувам да продолжиш, и онака последните денови од диетата и не се губи многу (барем кај мене така беше), а знаеш што е лошо сега кога завршив со диетава? Не знам што да јадам! Полудувам: „Да не е многу?“; „Да не е малку?“; „Да не мешам јас многу?“ „Да си каснам ли сладолед, кога? А темно чоколадо? - Ај не, денес јадев протеини за ручек, немој да си ги вратам килограмите....“ „ И што да ручам денес? Што да вечерам?“ Анабел-а, Трендафилка и сите други кои завршиле со диетава, помагајте! Како се храните сега? На пример сладолед кога?
Миднајт, сладолед или пак било кој друг јагле-хидрат јас би препорачала строго насабајле, за во текот на денот да го истрошиш тоа (добро познат Ирена концепт ). Ако го изедеш покасно или пак навечер, сето тоа ќе се наталожи на тебе и ете од каде доаѓаат килограмите. Нормално сега, еднаш да изедеш сладолед и покасно нема ништо да ти биде - на крај краева луѓе сме нели, али секој ден така ако правиш, тоа води кон сосем друга приказна, сите добро ја знаеме... Што се однесува до концептот на исхрана после диетава, јас решив да конзумирам исклучиво здрава храна. Насабајле обично јадам овесни снегулки помешани со малтекс, пијам какао со цимет, јадам некоја овошка и ме држи тоа некаде до 14 часот, со оглед на тоа дека доручекот ми е најчесто кај 8 часот. За ручек гледам да јадам нешто варено или пак печено. Еве пример вчера ручав леќа манџа без запршки и такви ствари со мнооооооогу салата, денеска соја шницли печени во рерна, за утре планирам повторно некоја манџичка лесна. Исто така бидејќи редовно вежбам, а имам повеќе од една активност, си земав простор и за меѓуоброци - од видот на семки од сончоглед/тиква, некои јаткасти плодови, овошје итн итн. И обавезно јадам по 2,3 лажици ленено семе на ден, ненормално многу ми го забрзува метаболизмот - го препорачувам . Зејтинот го заменив со маслиново масло, шеќерот го внесувам преку овошјето, леб не конзумирам воопшто.. Тоа би било тоа. А црното чоколадо, освен што е ислучително здраво ако се конзумира умерено, плус и заситува, што е нормално.( ова важи за оние со минимум 70% какао )
Фала Анабел-а. Разбирам зошто е подобро да се јаде сладолед и слично наутро, ама јас во 7:15 излегувам од дома за на работа, а пред тоа да јадам сладолед- многу ми е рано на сабајле, не ми изгледа баш здрава идеја. Туку, барем завршува летото - и другите нема да јадат сладолед . Како го конзумираш лененото семе? Спојлер Инаку јас еве 4-5 дена јадам овошје за појадок, за ручек не мешам (најчесто некое готвено јадење, на пример денес: телешко месо со зеленчук - зготвено, без компир), за вечера кога салата, јогурт или ништо. Но чувствувам како ми забавува метаболизмот. А благо не сум каснала, можеби утре сабајле со овошјето да изедам 1 ред чоколадо, или да го земам со мене на работа па да го изедам 2 часа по појадокот (овошјето). Извинете за off-topic. Ова е повеќе за некоја тема: Што по завршување на диетата? Има таква тема?
денес јх ден доруцек 2 јаболки руцек макарони со некое парце домат вецера ноубади ис перфект земав едно од овие цоко пингвин(како тортицки сто се) после тоа трценје и ....имав еден магнум сладолед(вцера го купив за денесната вецера демек ама ете...) не земав цоколадо денес да не се претрупам...еднас кога го проверив 1 ред цоколадо од ова темно или кујнско има повеке калории од во мојот слуцај тортицката а и нели утре овосен ден е
Еве супер идеја за отварање на нова тема, која верувам би била од голема помош за голем број девојки како на форумов - така и надвор од него. И последниве мислења да се преместат таму, ако е некако возможно тоа. Спојлер Инаку, лененото семе го јадам мелено. Купувам од Тинекс во кесички, 20 и неколку денари е (24, ми се чини) и го носам во една продавничка во Лептокарија за здрава храна, таму ми го мелат. А за сладоледот уште во 7 часот насабајле и јас ќе се согласам дека и не е баш здрава идеја. Ајде, еве ја завршува сезоната на сладоледи уште малку :geek: .
Дечки, се таман, ама мене ме кинат излегувањава со друштво. Ај што мљацкаат сите некои сладоледи, семчиња, океј, не ми смета... Ама еве, утре се договоривме ќе одиме во едно, па, како да го кажам, ко италијанско пабче, а мене ми е скробен ден. Не верувам дека ќе има класични салати, од типот марула и слично, а сепак не сакам да прекршам. Како се справувате вие со ова, затоа што реално, е проблем, не можеш дома да се затвориш и да не одиш никаде.