Стом ја започнувам да ја држам диетава одма ме боли желудникот ми се врти во глава ја држев веке 2 пати значи оваа диете дефенитивно не е за мене !! Во потрага сум сеуште по нова
Тукуречи никако. Бев 4 дена надвор од Скопје и бев како на игли. Полошо од кога си бев на диетата. Насабајле пак овошје, не можев да се напијам салам нескафе, ме мава опасно на психа. Ни сладолед, ни бутур. Цело лето ми помина со едвај 3 сладоледи. Жити еден ден што поткаснав половина мала пица и вечерта некоја чашка повеќе бело вино и му ја потапанив главата на дечко ми како (ќе) сум се здебелила. Значи апсолутно се напнувам, јадена - недојадена, мислам дека психата ќе ме убие. Последните два дена јадев исклучиво месо и салата, со тоа барем знам дека сум сита и мирна, ама пак... не можам вечно да сум на тоа. Денес од мака истерав овошен ден. Имам чувство дека спојлерот ми е зголемен, дека сум огромна. Вака ли започнуваат тие болестите или е ова шизофренија левел 4ти? Помагајте. Да си бидеме на чисто, од утре ќе истерам уште еден круг ТУРБО УН. Животинче сум јас, треба да ме чуваат на јаженце. Ако сум на слобода, како да имам беснило. Жално, но вистинито. Инаку Дузи проблем е секако за излегување кога си на диета. Некогаш ќе откажеш ама некогаш нема чаре. Јас обично гледав да јадам салата, а пиев кисела вода или ептен ако не оди со вода, една кока кола лајт. Ќе речете нездрава била, ваква била, ама најди ми нешто друго од 0.25 мл со 1 калорија, па јавете ми. Инаку последниве недели скоро секогаш со мене си носам непечен бадем во ќесичка. Кога и да ме скокотне глад, посегнувам по неколку.
Пошто уште 20 дена имам.. планирав по тоа здравиот нашин да идам насабајле овошје, па ЈХ, овошје, ручекот од дома шо е со салата, па зеленчук, па протеини (јогурт, млеко и сл) само количинината ептен мала. Пошто го прашав инструкторот на фитнес кај шо идам и ми рече дека така е најдобро, колку почесто јадеш толку побрзо се вари храната, бидејќи организмот не стравувал од помислата дека нема да му биде внесена доволна храна и нема да почне да ја складира истата во резервите т.н. МАСТИ.
Spoiler Не ми се верува дека издржав воден ден. Ја.. олкава? Без залче? Додуша, што му ја мислам јас.. имам резерви кај мене, колку ти душа сака. 30/90 Протеински ден Доручек: сок од 2 цитрона. Ручек: 1 јајце, шопска салата, 1 кришка црн леб. Вечера: мало јогуртче баланс (250 гр.), 1 кришка црн леб. Вчера имав -пола кило. Денес стана -цело. Додуша и нормално е. Ама нема да се изненадам доколку го вратам. Затоа што сепак ми е од нејадење.. Значи да бидеме на чисто.. -7 кила за 29 дена. -13 кила за цел распуст. Сега пробувам и да вежбам колку можам.. Не многу ама барем 40тина стомачни правам на сабајле, и трчам во место некое време. (среќа доле немаме комшии, па не слушаат кој коњ трча). А на шопската салата, ќе и ставам така малце повеќе сирење. И стандард печен пипер и патлиџан. Епа тоа, би било тоа.
Абе какво откажување, никогаш не би откажала дружба ради диета. Во биртииче некое, ајде вода, ајде шопска ако нуди денот, ајде ќе се истера. Него ова пабовиве ме кинат, и обично се погодувам на овошен ден да одам, па зјапам како теле низ џамот и буцкам шопска (компромис, јбг) додека околу мене се вртат пилешки прсти, полнети печурки, пици, лазањи... Уф. А за коктели да не правам муабет, веќе навистина почнувам да гледам да ги одбегнувам, ама... Слабо. Се тешам со тоа дека летно време повеќе испаѓам и се пие и се јаде отколку зимно. Зимно време само се јаде. Налет више.
Протеински ден 67-ми Појадок: 2 парчиња лубеница Ручек: 2 јајца, 1 парче леб, шопска салата Вечера: 1 јајце, шопска салата Појадував во 9 и 30 минути, ручав во 11 и 15 минути, а сега ќе вечерам
За излегување, со протеински и ЈХ ден немаш маки. Вечера протеини имаш, можеш стек или пак риба, во ЈХ можеш сладолед, или на крај краева и палачинка. Ако се земе во предвид дека е дозволено до две парчиња торта, палачинката и не е толкав грев. Секако дека е покалорична варијанта, ама не се седи само дома. Б итно не прекршуваш. Скробниот ден е најлош, или пак овошниот. Гладен, освен вода нема што да и порачеш, секаде и не служат овошни салата. Катастрофа. Инаку денес овошен ден и се држам одлично. Летово, на оние пеколни горештини ми беше потешко само на овошје, а денес без мака го истерав. Утрво јадев две банани, и пред некој час каснав и бадеми. Околу 100 грама купив и си ги грцкам на рати. Ниту сум гладна, ниту иам кризи. Ама, се најдов во една од оние ситуации кога едноставно не можеш да кажаш не и испив еден енергетски пијалок. Имаше 46 калории, во составот пишуваше дека има дури и витамини. Колку е погрешно не знам, ама мислам дека и тоа најмногу ме спаси. Ме интересира колкав прекршок е, и ако не е, понекогаш ќе го користам во овошни денови. Знае некој?
46 протеински ден Доручек: четири мали сливи Ручек: варен стек и шопска салата(без сирење) и чаша супа Вечера:пола од ручекот со салата, без супата Него и јас си го имам истиот проблем како Дузи. Утре сме повикани на вечера по повод вселување во нова куќа кај пријатели, после 20 часот и ај сеа што да правам, цела ноќ само вода треба да пијам Уффф така незгоден ден неможеш ништо да каснеш, ќе гледам да се воздржам, ептен ако неможам ќе си каснам само салата, за да поминам со помал грев
овосен ден (треба да се вратам наназад да знам кој ми е по ред ) знаци доруцек 2 праски руцек 2 јаболки ама буквално со сила ги туркав во текот на денот имасе и некое зрно грозге, а за сливите нејкете да знаете ни една не се погоди салам...денес и цај пиев доволно (покрај водата) стомак ме скина ох да и само везбав...не трцав абе ова време многу ми е проблематицно тууу ...и ве цитам тука и усте сега си набивам комплекси( како да ми се малку ) како одкога ке заврсам....нормално и јас сум опседната( кај мене цел зивот трае тоа)поправена или не...или ослабеана...зосто го изедов тоа..колку калории имасе...ова не ми одговара...хахаха јака им дуса на моите најблсики...ги отецувам со овие прасанја секој бозји ден и веке ми имаат доволно пати забелезано дека не сум ``интересна`` кога е во праснје излегуванје со јаденје,ама ви велам цел зивот така па се навикнаа сега малку помалку ги ``замарам``заради диетава..ама има време и за тоа
јас од вчера сум на диета 1 ден-протеински Д-лубеница Р-сирење,1 парче леб и салата В-сирење и салата 2ден-скробен ми беше денес Д-лубеница,а потоа и едно кафе Р-2 варени компири со салата В-1 варен компир со салата утре ми е 3 ден-јагленохидратен Д-ке биде грозје Р-кифли или ѓеврек В-колаче и 1 ред чоколадо за готвење наместо сега на распустот да ја држев диетата,мене сега ми текна кога тргнуваме во школо ама како и да е ке се придржувам колку што можам,имам 15кг вишок а башка пак и матурантка ке бидам така да ке морам )) сметам дека нема да ми биде тешко иако ке одам и прва и втора смена,но останува да видиме споделете некое искуство како ви било кога одите во школо/факултет или работа со диета )
Мислам дека можеш, ама само во овошниот ден. Само подобро некое друго овошје, затоа што се доста мрсни.. Инаку јас сакав да прашам.. Овие во спојлерот, ми ги дадоа во аптека, и ми рекоа да лижам по 5-6 на ден. Ама внатре нема никакво упатство, ни ливче, ништо... Дали ќе сметаат? Јас мислам да не ги користам, дека ми дадоа и антибиотици-амоксиклав. Би требало да оздравам само од антибиотиците.. Spoiler
Скробен ден 68-ми Појадок: 2 парчиња лубеница Ручек: 1 чинија леќа, 1 парче леб, салата Вечера: половина чинија леќа Денес се мерев на дигитална вага и ми покажа 67,5 килограми, од почетокот на диетата до сега имам изгубено 13,5 килограми
31/90 Скробен ден Доручек: 50 гр. суво грозје. Ручек: помала чинија тавче гравче, салата, 1 кришка црн леб. Вчера: пола од гравчето, 1 кришка црн леб. Прочитав дека не било убаво да се конзумираат антибиотици, со цитрон. Па така да, наредните 5 дена, ќе јадам или суво овошје, или праски.. Утре едвај чекам.. Ќе правиме пита со мајка ми. Со праз/компир/зелка.. Едно од тие, незнам ни јас кое. Ама ќе гледам да изедам што е можно помалце, затоа што сепак мрсна е питата.
Секој ден се мерам и секој ден губам по некој грам Со 66 и нешто почнав, а веќе вагата покажува 64 . Но многу построго и беш прекршоци ја држам диетата. И навистина има побрзо резултати. Ама сепак сеуште е рано. Да го завршам овој циклус и ќе се мерам пак. Тогаш ќе ми се поверодостојни резултатите. Денес 5-ти ден, протеински. За појадок една банана. За ручек гулаш од телешко месо. И за вечера ќе јадам чаша јогурт, парче сирење и шопска салата. Јас од млечните производи слабеам многу. Исто и од месото. Задоволна од себе, без прекршоци и со сосема мала количина на храна. Вчера овошниот ден ми помина без маки. Јадев 2 банани, една минијатурна слива, диња и непечени бадеми, кои ги грицкав во текот на денот. Плус пиев и енергетски пијалок. Денес иако сум во ПМС, вагата покажа минус. Задоволна и полна со волја да продолжам.
протеински ден денес доруцек 1 праска руцек салата и демек рибини апки хахахах ама кога го процитав составот (на петок си постам нели) несто сомнително ми стана па дури ја средив да биде само риба без оваа грилираното одозгоре....ни риба се позна ни руцек вецера само салата...денес морав да пијам и од овие сумливите таблети(витамински,строго без секер )...имав ``ситуација`` заради неа трцанјето бесе одказано сум имала и подобри протеински денови ама ајде наредниот здравје(со оваа контурирана болка во стомакот... ) др пат ке ве прасам имам едно прасанје одамна ме маци ама ај ке биде
Скробен ден Доручек: две јаболка Ручек: два варени компира, печена тиквичка и една краставица салата Вечера: еден варен компир со една краставица салата Е сега нели бев на гости, и луѓево навалија де земи си нешто де ова де она, и ептен да не биде празна чинијата си ставив едно крукче домат, едно крукче краставица и две маслинки и така си ги мезев цела ноќ и пиев само обична вода, така да задоволна сум од самата себе што одолеав (а сите знаеме колку е тешко тоа, поготово кога ти е пред нос и го мирисаш) на скарата, кока колата и др... точно дека после 20часот не треба да јадам ама пак ако прекршив, тоа го сторив со зеленчук, а не со нешто мрсно и калорично ... Едит: и на благото одолеав, а сум толкав љубител, ама ај не е страшно утре ќе си каснам.
Јагленохидратен ден 69-ти Појадок: 2 парчиња диња Ручек: 5 ќифлиња (макав во томатело, чили, оригано, ким, босилок, го направив како сос) Вечера: чоколадо (1 ред), на роденден сум па ќе каснам парче торта, а ќе треба и пица
13ти ден- протеински Појадок: една праска Ручек: 2 јајца, чаша јогурт, мало парче сирење и пола краставица. Вечера: најверојатно таратур само.
Не сум ослабена ич, по една недела држење, ама не сум ни здебелена. Си стојам, некогаш на 79, некогаш на 80, зависи од местоположбата на вагата. Видечемо, видечемо, не планирам да се откажам затоа што ми одговара исхранава, и дома на мајка ми полесно и е за планирање, си ги брои деновите и кога гледаш, сите дома јадат месо, па леќа/грав, па макарони и наредниот ден се пржат јајца а јас салата јадам . Исто така, почнав да си дозволувам по едно парче леб во протеински и скробен ден, затоа што веќе 2 недели уназад ме скина стомак со дијареја. Е нека оди побавно вака, ама барем не висам на шоља стопати на ден. Најверојатно ми е од патлиџаните, дневно ги јадам по 5-6 , природен лаксатив... шта више речи. Читав Анабела јадела ленено семе, си викам, ај седи си мадро, уште тоа ти фали и ќе пуштиме еден продолжен кабел во вц, да се преселам таму. И залади времево веќе, мислам дека немам веќе изговори и треба да си го одвлечкам газот на стадион. Точно уште еден месец имам, реална цел од 5-6 кг минус, па ќе видиме до кај ќе стасам. п.с. За ќотек сум, пак забушавам со апчињата за инсулин, сама си го комплицирам слабеењето. Заборавам, немарна сум, признавам, Диането ги пијам редовно, овие... Не знам зошто така, имам некој револт. Ама ако уште еднаш напишам дека не ги пијам, да ме плукате сите, зш се однесувам детинесто и неодговорно за сопственото здравје.