УН Диета

Дискусија во 'Диети' започната од mKdevojce, 7 јануари 2010.

  1. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    32/90
    Јаглерохидратен ден


    Доручек: 40 гр. суво грозје.
    Ручек: пита со праз.
    Вчера: пола од питата со праз, 1 ред чоколадо за готвење.

    Сама ја направив питата. :mm: Ма прсти да излижеш. :rofl:
    Немав правено уште од 8мо одделение. И уште не сум заборавила како се прави.
    За мене и за сестра ми, направив 4 кори со праз. А за моите, им паправив со сирење.
    Па во меѓувреме, дојдоа гости.. Па ме испофалија, и кога ја правев, и кога ја пробаа.. :wasntme:
    Ама во таа со праз, штедев и на празот и на зејтинот, за да не биде многу мрсна.
    Таман беше.
    А и ќе вечерам тоа. Не ми се јаде благо. И поубаво ми е вака, да не мешам многу. Нема ништо поубаво од пита со праз. Нареден пат, можно е да направам едни кифлички.
    Искрено и горда сум на себе, што издржив. Додуша некогаш јадев малце повеќе, ама ништо од тоа што не е дозволено. :wasntme: А богами и чудо е за мене, да не пробам 3 месеци сок. Јас за сок сум тата-мата. А ни благо немам пробано, исто толку. Освен чоколадо за готвење.
    Колку пати, ќе одам со некој во мц, или било каде... Само мастика џвакам. :wasntme:
    Само малце татко ми ме караше за водниот ден, дека не ставив ништо во уста, освен 3 чаши вода. Ми рече да не си играм играчки. :?:
    Ма има да издржам. Девица сум во хороскоп, или што? :muscle: :P
     
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.613
    Фати Пиволендот, па ајде една недела пауза, да си каснеме што ни сака душичката... од понеделник ви се приклучувам повторно на дружба. :hai:
    Сакам да симнам уште 5 килограми и да се стационирам на цврсти 57-58 максимум.
    Тоа е инаку мојата идеална тежина.
    Инаку сега кога јадам нормално, единствена промена се забележува во мојот спојлер кој одма рипнува од малку храна. :D
    Тоа е знак дека ми треба многу поголема физичка активност.
    Планирам да ја држам месец до месец и половина најмногу, но многу построго од првиов пат.
    Па ќе видиме, здравје... се мислев искрено за ТУРБО УН, ама многу овошни денови мис е фаќаат... пополека, подалеку, не брзам јас никаде.
    :)
     
  3. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.305
    Допаѓања:
    259.412
    Тренди супер што се одлучи за уште минус пет.
    Кога веќе си на чекор до идеалната тежина, зошто да не.
    А и поопуштена ќе си. И да вратиш кило до две, нема да се притресуваш толку.
    Ќе се дружиме значи, штета што нема да сме синхрознизирани, ама битно ќе се подржаваме ;) .

    Јас денес скробен.
    За појадок една и пол праска. Не можев да ја дојадам втората.
    За ручек и вечера печени компири ќе јадам.

    Во некој чуден ПМС сум, подуеноста ми ја снема, се осеќам ослабнето и немам апетит. Многу чудно за мене, ама убаво, нема кг плус :) .
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.647
    Допаѓања:
    2.475
    во протенскиот ден може ли да се јаде туна или риба од конзерва? :?: :?:
     
  5. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499
    ^ Може да се јаде :).
     
    На velesanka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lea.Messi

    Lea.Messi Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    2.090
    Јас денес ја утнав работата :((
    ми беше овошен ден и одсабајле јадев 2 праски, 7-8 мали сливи и 5-6 лешници
    ама моите како за беља правеа кечап и јас за да го пробам ја зедов кората од едно парче леб :((
    затоа до вечер само на вода ке бидам :((
    или евентуално уште 3-4 сливи да каснам
    се покајав откако го изедов ама касно беше :(( ;(
    ке се обидам од утре да се воздржувам повеке од храната која дома ја готват :))
     
  7. Sonne

    Sonne Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    21
    денес скробен ден
    доруцек
    5 зрна грозге :$
    руцек
    ориз варен со спанак
    вецера
    на пола од руцекот
    и од денес нели нов месец нови ветуванја дека ке греските ке се сведат на минимум...
    соубав пост си написав вцера без ниедна греска и после излегов и оп едно коктелце :tmi: а и тој ред булот вцера вецер многу сладок :o ама ајде ке се ставам во ред :!: цел месец е пред мене :$ ;)
     
  8. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.882
    Пол:
    Женски
    диетава ја прави една моја братуЧеда,бидејки јас не се разбирам во диети сакам да прасам колку може да се пие вода во тек на ден и сок?
    и од наведените јадења само по едно да се јаде на пример први ден месо или јајца или салата или леб...по колку да се јаде и објаснетеми подобро за да пренесам--поз
     
  9. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    Вода, неограничено. Препорачливо е 2 литри, ама ако можеш повеќе, уште подобро.
    Сок купечки-не смее. Може само свежо цеден, ама тоа се смета како оброк. (пр. доручекот)
    Бираш дали сакаш месо или јајца. А салата и лебот-треба. (а може и да се избегне лебот)
    А за колку количински, убаво е објаснето. На крај краева, прочитај ги постовите, и види кој-што јадел.
     
  10. D1A2N3I4

    D1A2N3I4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    42
    Овошен ден 70-ти
    Појадок: 2 смокви
    Ручек: 1 банана, 1 праска, 3 парчиња диња, суво грозје (20 грама)
    Вечера: 2 парчиња лубеница
     
  11. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    33/90
    Oвошен ден


    До сега, само си направив сок, од праски и диња.
    400 мл. искочи, а јас испив 150 мл. Многу диња сум ставила, и не ми е баш по мерак.
    Вчера ми дојде и госпоѓата во црвено ферари. Ама не сум многу гладна, само сокот можеби ќе го испијам. Многу ми е глупаво без цитрон. Се навикнав на него.
    А да, од сабајле и излижав едно од тие што се за грлото. Обично после 2риот ден, ми поминува.. Ама сега исто ме гребе грлото кога голтам. :sweat:
     
  12. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    Trendafilka да не си направиш проблем со здравјето? Нели по 3 месеци УН диета следуваат 3 месеци нормална исхрана со овошје за појадок, а дури по тие 3 месеца може да се почне повторно УН диета? Знам како ти е, и јас се плашам сега да не ги вратам килограмите (а + се уште не сум на посакуваната тежина), ама одново УН за толку кратко време- што знам :?: .
     
  13. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.318
    Допаѓања:
    13.007
    Пол:
    Женски
    14ти ден- скробен
    појадок: 1 крушка
    ручек: чинија варен грав со пиперки, без запршка, парче леб и салата
    вечера: половина од ручекот, без леб
     
  14. jockaa

    jockaa Активен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    4
    Јас да ви кажам го мразам третиот ден ЈХ денот и ке го прескокнувам односно 2 дена ке сум на овошје бидејќи се подувувам и немам резултати и плус се осеќам прејадено цел ден а скоро ич не јадам..
     
  15. Sonne

    Sonne Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    21
    денес јх ден(конецно и јас да пофалам еден ваков ден;))
    доруцек
    1 праска
    руцек
    макарони со доматен сос
    вецера
    1 кекс-сладолед(знаете овој не калорицниот ;) )
    и 1 ред цоколадо за готвенје

    денес недела ама јас си искарав акивности и за тоа сто испустив преку неделата :D
    помегу доруцекот и руцекот возев велосипед,а помегу руцекот и вецерата трцав и после тоа везбав 8)
    и немам цуство на преполнетост како вообицаено на овие денови :wasntme:
     
  16. D1A2N3I4

    D1A2N3I4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    42
    Протеински ден 71-ви
    Појадок: 2 парчиња лубеница
    Ручек: 2 јајца, 1 парче леб, шопска салата
    Вечера: 1 јајце, шопска салата

    Денес добив многу позитивни коментари и многу пати поставено едно исто прашање Како ослабе? :)
     
    На Treki му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Treki

    Treki Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    113
  18. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.613
    Еве направив пауза една недела, и размислував долго во врска со почнување на диетата одново, се консултирав со неколку лица и искрено - да бев на идеалната тежина од 57-58 немаше ни да помислам, ама јас се' уште имам вишок од 5-6 кг, незатегнато тело и доста целулит, па се решив уште за 1 месец УН.
    Мислам дека нема да штети воопшто, дури дознав како трудници ја држеле диетата, секако со храна во поголеми количини, една од нив накачила само 8 кг во текот на бременоста со оваа диета препорачана од докторот и се чувствувала одлично заедно со бебето (ова секако е само пример, не и препорака да не се сфатиме погрешно). ;)

    Ако недај боже се појави проблем, може да се прекине секој момент.

    Значи ден 1 УН.
    Појадок - 2 праски
    Ручек - туна помешана во салата со патлиџан и краставица. Не додавам масло воопшто, тоа од туната ќе заврши работа. И малку сол (солта морам да ја намалам, значи ме изеде тоа што јадам многу зачинета храна :( )
    Вечера - една шопска салата со парче леб или прецедена супа, ќе видам како ќе се чувствувам.

    Овојпат месецов малку построго ќе ја држам, повеќе физичка активност (веќе пешачев, а за добро утро направив веднаш 20 стомачни уште нерасонета), попладнево ќе вежбам пак. :)
    Се опремив и со антицелулитен гел, ќе го мачкам упорно и редовно, вчера се сликав по долен веш целосно однапред и во профил, впишав датум на сликата, за да видам разлика по 4 недели, вака студиозно и концизно не настапуваат ни во НАСА кога конструираат вселенско летало јас мислам. :D :D

    Како и да е, повторно ќе се дружиме.
    It's good to be back. ;)
     
    На anabel-a и Treki им се допаѓа ова.
  19. Treki

    Treki Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    113
    Elennaa, еден најдобронамерен совет од мене е да го јадеш овошјето, наместо да правиш сок, бидејќи го осиромашуваш од диеталните влакна. Барем јас така имам читано на повеќе страни.
    Цитат од една страна :
    "100 мл сок одговара на една порција овошје. Меѓутоа кај сокот недостасуваат целулозните влакна кои се добри за контролирање на столицата. Иако 100 мл сок е сосема добро за децата запамтете дека консумирање на целото овошје е многу подобра опција."
     
    На anabel-a и Elennaa им се допаѓа ова.
  20. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    34/90
    Протеински ден


    Доручек: 1 банана.
    Ручек: риба со кечап и сенф, 1 кришка црн леб.
    Вечера: пола од рибата, 1 кришка црн леб.

    Рибата, ја испеков на скара. Без зејтин, само со вода, и ја покрив со фолија, и врз нејзе ја печев.
    Малце се испокрши, ама арна беше.
    Иначе, доручкував во 6 саат, пола банана. (едвај)
    Ама после во 10, кога се вратив од школо бев гладна, па уште половинката ја изедов.