Здраво девојки, најпрво да ви кажам дека кога видов како се поддржувате, ви се восхитив! Па ги исчитив сите коментари и браво! Е сега почнав и јас. Веќе сум 9 дена, ја државм се како што пишувате, АМА не попуштам... Ве молам пишете ми од кога се гледаат резултатите, барем на вага
Bi sakala da prasam , sto mozam da jadam megu obroci , bidejki mi e 3 den , nemozam da se naviknam i me faka glad megu obrocite
Јас пијам чај и вода, а вчера изедов и едно јаболко плус. значи ќе умрев ако не го изедев. 3 ден Доручек сок од 1 цеден лимон кафе без шеќер Ручек еве варам макарони со кечап ќе ги јадам Вечера истово само на пола.
Првите 2 кила ти се најлесни за симнување, па тие уште првите денови ќе ги симнеш. Резултатите ти зависат од тоа колку си физички активна, возраст, колку вишок имаш, метаболизмот. Јас многу вода пијам кога ќе ме фати криза. Пожелно е ништо да не јадеш, ама ако неможеш да издржиш мислам дека чаша млеко би завршила работа повеќе отколку овошје на пример. 15ти ден- јаглехидратен појадок: 1 праска ручек: парче вегетеријанска пица (домашна ) вечера: едно гранола бар јаболко и цимет на Виталија
појадок: 2парчиња диња ручек:геврек со букавец(мислам дека беше лиснат) вечера:палачинка со мед и ореви....ЗАРЕМ НЕ Е ПРЕМНОГУ :/ имам сега грижа на совеста бидејки изедов толу хахах
Како правилно да ја комбинираме храната Денес нутриционистите предупредуваат дека постојат прехрамбени комбинации во кои намирниците како да се „караат“ меѓу себе. Ако ги јадете заедно, тие негативно влијаат една на друга и значително ја намалуваат својата хранлива вредност. Последиците од ваквите комбинации се надуваност во стомакот, колит, лошо варење на храната, надразнети црева, мигрена, артрит, кандидијаза и хроничен умор, посебно после оброк. Еве некои комбинации на намирници кои не се поднесуваат меѓусебно: Спанаќ и јајца: Ова е многу популарна комбинација во многу домаќинства. Се секавам како мала, мајка ми често правеше пире од спанаќ со јајце на око, моето омилено јадење. Но, запршката која му се додава на спанаќот е богата со фитична киселина, поради што, таа ја отежнува апсорпцијата на железото од жолчката на јајцето. Месо и компир: Месото и компирот не се комбинираат, бидејќи оваа комбинација предизвикува надуваност во стомакот, подригнување и гасови. Празнењето на желудникот е успорено, што може да доведе до запек, или пак, може да се случи и забрзано исфрлање на несварената храна. Често оваа комбинација на намирници ја пратат замор и чувство на исцрпеност. Месо и сирење: Ова е вкусна комбинација, но калциумот од млечните производи го отежнува апсорбирањето на железото од месото. Исто така, со овој спој на намирници се внесуваат премногу белковини од животинско потекло, со што се оптеретуваат бубрезите. Млеко и кафе: Популарното кафе со млеко за некои лица е претежок напиток, бидејќи заедно овие две намирници создаваат супстанција, за чие варење во желудникот, се потребни и три часа. Основна поделба на намирниците Основна поделба на намирниците е на: белковини и скробни намирници. Белковини Сите видови на месо, риби, јајца, сирења. Концентрираната белковинска храна мора да се одвои во посебни белковински оброци. Можете да ја мешате со секој зеленчук, освен со компирот. Исто така, добро би било белковините да се јадат без леб, тестенини, ориз или било кој друг вид на житарици. Таквите оброци лесно се припремаат и лесно се варат во цревата. По ваков оброк нема да се чувствувате тромо, уморно и безволно. Ако сакате да го подобрите варењето, во ист оброк јадете само еден вид на белковини. Со концентрираните белковини јадете доста салата. Зеленчукот, житариците, млекото и јогуртот содржат белковини, но во помали количини. Гравот, грашокот и леќата не содржат многу белковини и воглавно се комбинираат со скробната храна. Примери за комбинирање на намирниците Месо или риба со зеленчук (само не компир), Јајца – омлет со сирење, печурки, зеленчук и салата, Салата од сирење, јајца и зеленчук, Јадења со сос од сирење, Карфиол со сирење и јајца, Мешан зеленчук, печурки, сирење, Тврдо варени јајца во сос од сирење со зеленчук. Скробни намирници Во скробни намирници спаѓаат: компирот, сите житарици, лебот, тестенините, оризот, гравот, грашокот, леќата, сојиното млеко и јогурт, тофу, жолчката од јајце, бананата, слатките круши, смоквите, свежото и сувото грозје, медот, џемот. Скробните оброци се слични на оброците при постење. Нема сирење, млеко, јогурт, јајца, месо. Дозволено е скорбните оброци да се збогатат со жолчка од јајце, слично како што се зачинуваат супите. Така може чорбата од зеленчук да се зачини со жолчка од јајце и сојино млеко. Оброците, исто така, може да се збогатат со разни видови на зеленчук, печурки, ореви и семки. Путерот, павлката, меките и полномасни сирења се допуштени само ако содржат мал процент на белковини. Белковините од зеленчукот одат со скробните оброци, но може скробните оброци да се комбинираат и со слатко овошје, на пример да се комбинира леб и грозје. Примери за комбинирање на намирниците Грав со салата, Купус, печено цвекло, пиперка и леб, Шпагети со зеленчук и печурки, Зеленчук со ориз, Зелечук со компир, Разни видови на пити со купус, печурки, компир и праз. Како функционира варењето на храната? Основна функција на дигестивниот тракт е да ги разградува хранливите супстанции и да ги апсорбира во крвта, заедно со водата, електролитите, олигоелементите и витамините. Варењето на храната опфаќа голем број на физичко – хемиски процеси, кои го овозможуваат претварањето на храната во погодни форми, кои можат да минат од цревната содржина во крвта, а од таму во сите клетки на организмот. Потоа клетките ги користат хранливите материи за нивниот клеточен метаболизам. Целиот процес на варење на храната се дели во четири фази. Првата фаза е варењето во усната шуплина, потоа следи варењето во желудникот, па варењето во тенкото црево и на крајот следат биохемиските процеси, кои се одвиваат во дебелото црево. Ензимот на плунката, птијалин, го разградува скробот до глукоза, а за разградување на белковините е задолжен ензимот пепсин. Казеинот е ензим задолжен за рзградувањето на белковините на млекото, додека липазата ги разградува мастите. Варењето потоа продолжува во тенкото и дебелото црево. Различните делови на органите за варење се задолжени за различно разложување на храната. Денес постои мислење дека поделбата на храната на скроб и белковини е многу корисна, а лицата кои го применуваат овој метод на исхрана, велат дека немаат надуваност во стомакот, тешкотии при варењето на храната, замор, и дека јадат помалку, а имаат повеќе енергија. Со ваквата комбинација на намирниците се постигнува и одржување на нормана телесна тежина.
Протеински ден Доручек: две праски Ручек: туна со салата, супата ја заборавив Вечера: краставици со јогурт баланс +
Денес херосјки го истерав овошниот ден. Цел ден се акав низ Скопјево, изедов 3 банани. Кога се вратив дома немаше ништо овошје освен банана. И морав, бидејќи веќе паѓав, а подобро банана отколку нешто друго. Потоа ми донесоа сливи. Апни нешто, г'тни ништо . Гладна сум, и ја чекам сестра ми да ми купи бадеми. Не се издржува без нив. Вчера денот ми помина со една банана, 2 ѓеврека и за вечера чоколадо. Калориска вредност иста како и 2-те парчиња торта, ако не и помалку, бидејќи чоколадото беше млечно. Куќата ми е полна со чоколада, па морав да вметнам макар едно во исхраната. Така, сеуште без прекршок терам. Утре се мерам и пишам резултати .
денес овосен ден доруцек 1 јаболка руцек 1ипол праска вецера 1јаболка и 1 праска имасе денес и некое зрно грозге и секако си трцав и си везбав
Денеска се острам уште од сега за сладолед за вечера... Немам јадено од одмор, и мислам дека заслужив некое топче. Инаку, сега за сега, нозите ми се ослабени по 10цм нога, значи вкупно 20цм во нозите. Најслаби ми беа и најмногу ми ослабеа. Потоа е стомакот со некоиси 14-5 цм, па струкот со 10 и раката со по 4цм. Задоволна сум воглавно, не можам да се пожалам ама ајде веќе нека се убрза работава.
16ти ден- овошен До сега 1 праска само и лажица ленено семе. Морам да го пијам семево, не бива вака, на 2-3 дена одам по надвор. И не го сакам ич овој овошен ден. Немам сила за ништо.
а може намесtо овосна салата да се јаде од зеленЧук?? братуЧедами вика дека дома бас денес немала ниту едно овосје,а сама дома не можела да оди да купи Спојлер кутрата се обзеде со диетиве и ниедна не и тргна ама ајде од ова 1 кг спадна сега за сега
35/90 Скобен ден Доручек: / Ручек: 1 полна чинија пире со сенф и кечап, 1 кришка црн леб. Вечера: пола од пирето, 1 кришка црн леб. За прв пат, да го скокнам доручекот. Си мислев во школо да си купам суво грозје, ама рацете не ми беа баш најчисти, па си купив само вода. Утре пред да одам во школо, ќе каснам банана.
2 скробен ден. Појадок - гројзе и кафе без шеќер. Ручек - печени компири (а имам да бирам богами, имаме и ориз, тоа ќе јаде жената, а мажот има гравче тавче) со салата. Вечера - нешто од горенаведениве мала чинија со голема салата. Утрината - 5 стомачни повеќе од оние вчера одма после станување. Крвнички се мачкам и масирам со антицелулитниот гел. Од вчера повторно почнав да пијам зелен чај, 2 пати во денот, после ручек и после вечера по една чаша. Повеќе сметам дека и не треба, негативно влијае во огромни количини и тоа чудо. А вчера и сум пешачела саат и нешто, па тегови, па чуда... Имам некое многу убаво претчувство, прекрасно се чувствувам, стомакот повлечен... од само 2 дена, значи неверојатно е како може здрав режим да те натера да се чувствуваш секси во рок од 48 часа. Кога јадам глупости се мразам себеси, несреќна сум и тажна и мислам дека изгледам дебело.
Трендафилке, како јас да се читам . Истото се случува и со мене. Де си мислам дека спојлерчиња ми излегле, де се убедувам психопатски самата себе дека сум се здебелила и сум како порано, а имам спомнато и во друг пост - ова ненормално многу мава на психа, ете барем ти знаеш како е . П,с јас мислам дека со држење на диетава уште некој си месец ипол, нема да имаш никакви нус појави ( и дај Боже да немаш ), плус те читам имаш додадено и физичка активност, што нормално ти е еден голем плус! Keep up the good spirit! Како и да е, со лесно нека ви е на сите, бидете истрајни и ќе има резултати. Јас од страна ве читкам редовно.. И така
сакам да прашам дали во некој ден смеам да јадам пуканки и во кој ден.....и исто такка да ви кажам дека денес ми е овошен ден и имам изедено 2 дињи и 100грама сушен ананас...смеам сушено овошје нели?
Вториот ден, во скробен ден пуканки, и гледај да ги направиш на многу малку масло и помалку сол, а ако можеш без ич сол најдобро. Сушеното овошје е добро и дозволено, со тоа што јас не би ги препорачала таквите како ананас и дехидрирано манго, затоа што имаат многу додаток на шеќер (тие на Виталиа, претпоставувам зборуваме за нив). Подобро побарај сушена брусница без шеќер, суво гројзе, кајсии исто без шеќер, сушени вишни итн.
Вагата пак покажа минус . На мое големо задоволство и тоа за време додека ми трае циклусот. Почнав со 66 и некој грам. После 8 дена, односно 2 циклуса јас имам 63 кг и некој грам. Ова грамовите се бидејќи не знам колку ми тежи фустанот. Кога ја почнав се мерев во истиот. Инаку ги измерив сандалите и тежат 300 грама . Кај и да и фустанот ќе го измерам . Да не заборавам бев искакана и измочана , со сите салтанати. До најмала ситница ви објаснувам, ама подобро се чуствувам така. Резултатите се повеќе од одлични, само се плашам да не стагнирам после овие симнати кг . И си го потврдив тврдењето. Јас пред диетата јадев многу, ама многуу. Со диетата јадам на пола, дури и помалку, па мислам дека и од таму ми се тие резултати. Како и да е, само вака нека оди слабеењето. Инаку денес протеински, 9-ти ден. За појадок банана. За ручек гулаш од телешко месо. За вечера јадев парче потпечено лепче со тенок слој на кашкавал, кечап, шунка и оригано. Плус и едно парче сирење. Парче леб е дозволено, кашкавал исто, кечап и оригано, а шунката иако не се препорачува сепак се вбројува во протеини. Во тој случај прекршок нема. Може повторно да го консумирам овој оброк, само што следниот пат ќе и кажам на мајка ми да ја изостави шунката. Денес за прв пат си направив капучино со вода, ама самото тоа содржи и млеко во прав. Пробав две голтки и почуствува грижа, не знам, не ми е ни вкусно. Си останувам на турското. Бидете покреативни со оброците, има голем избор на намирници. Туку, сакав да прашам. Еве на пример утре ми е скробен и за ручек ќе јадам или ориз или компир. Но за вечера ќе јадам тоа што зготвила мајка ми, а може и да не се совпаднат оброците. Јас мислам дека не е страшно да се јаде различни оборка, битно е да е скроб. Што мислите вие? Исто и за месото. Дали секогаш ви се поклопуваа со вечерата?
Скробен Доручек: две праски Ручек: два варени компира со салата Вечера: еден компир со салата Денес си купив ленено семе, прочитав дека било добро за метаболизмот, а ја си имам големи проблеми со метаболизмот, ептен ми е бавен за никаде е, па така да од утре почнувам да го пијам. Се надевам на добри резултати.