1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

УН Диета

Дискусија во 'Диети' започната од mKdevojce, 7 јануари 2010.

  1. D1A2N3I4

    D1A2N3I4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    42
    Скробен ден 72-ри
    Појадок: 2 парчиња диња
    Ручек: Салата Македонка, бидејќи не бев дома бев во друг град (домат, печена пиперка, кромид)
    Вечера: Компир манџа, 1 парче леб
    Вечерав дури сега, се мислам далу утре повторно да држам скробен ден, денес некако ми се чини дека јадев премногу зеленчук и во салатата, но и така без ништо :)
     
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.623
    И јас го делам истото мислење во врска со тоа, скроб си е скроб, протеин си е протеин.
    Ако за ручек јадеме месо, не гледам ништо лошо за вечера да изедам варено јајце и шопска, иако ретко го правам тоа.
    Еве денес за ручек имав печени компири, ама за вечера останаа многу малку, па си додадов 2 лажици гравче тавче.

    Патем, честитки за изгубените килограми Јуле, нека се намалуваат само. :clap: :party:

    Јас па не се измерив. Ме нервира мојата вага, од пазар е и многу глупава, ако земеш воздух и го задржиш, ќе ти одземе килограм и пол помалку. :D
    Ќе се измерам на крајот од месецот, сега моментално повеќе сум сконцентрирана на физичка активност, намалување на стомак, спојлер и целулит. :)

    Утре се договоривме да јадеме печени макарони.
    Ќе ги потпечеме директно со кисела вода и растителен кашкавал.
    А кој сака ќе си додаде томатело или кечап отпосле.
    Некако варените ни се здосадија, а јас со пицата станувам лакома, ем прејадувам, ем нон стоп мислам на храна. :?:
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  3. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    20.089
    Допаѓања:
    266.786
    Јас и вагата сме посебна приказна. Немам дома, па се мерам на работа :D .
    Затоа одземам и додавам грамови и мерам сандали и каиши :lol: .
    До грамче да се измерам, да не пропуштам нешто :D .
    Ама пак, знаете колку ме мотивираат и тие 100 - 200 грама.

    Јас се откажав од месото за вечера. Сиренце, шопска и јогурт.
    А пица не сум јадела, лакома сум, цела ќе ја изедам. Затоа строго ѓеврек.
    Макароните не ме држат.
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    849
    Допаѓања:
    1.903
    Пол:
    Женски
    Никој не ме рецка ама јас си пишувам на фемина, како дневник за диета ми е :D
    Денес ми е овошен ден
    2 портокали
    лубеница (скоро пола ја изедов, лубеница од 4 кг) :lol:
    1 банана
    2 парчиња диња
    многу е знам ама барем овошје е.
    Најголема криза ме фати околу 18ч дали дека обично тоа време гнетам не знам.
    Битно ја пребродив. Читав книга и дремев на нет колку да не мислам на јадење. Висока сум 176, а тешка 65кг! Пропорција на нивоу. Ама изгледам подебела одколку што сум, пошто ми се "широки коските", така ме теши мајка ми. Сакам барем до 56-7 да стигнам.
    помина денов некако. Вака онака битно грев не направив 8)
    Едит:едвај чекам да почнат да се гледаат резултатите, денес ми беше 4 ден, ама се чувствувам некако полесно и поубаво. може е плацебо, ама сепак делува
     
    На Nataska-brasnar му/ѝ се допаѓа ова.
  5. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.660
    Допаѓања:
    14.724
    Пол:
    Женски
    Јас не знам зошто ти воопшто држиш диета. Ја имаш идеалната тежина според тие стандардните пресметки. Иако за мене тоа е слабо и лично преферирам неколку кг над тоа.
    Мој совет, немој да слабееш уште.
     
    На anabel-a и JuLleE им се допаѓа ова.
  6. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    849
    Допаѓања:
    1.903
    Пол:
    Женски
    ^ да знам и дечково така ми вика :D Ама финтата е што имам широки колкови и некако целата сум како пудинг во стомакот и 1 кило ако се поправам изгледам не дебело туку широка. :D барем некое килце да смалам со диетава ке се осеќам многу поудобни во својата кожа. Пред околу 6 месеци бев 57 кг па сега оваа клажа ми некако како товар не знам како да ти објаснам. Како да не можам да мрднам од стомак, бутини и задник. ете така се осеќам. Ке пробам додека можам па нема многу да се оптоварувам штом така викаш. :D
     
  7. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.983
    Абе а јадете ли растителен кашкавал во јх ден? :?: Па и тоа е протеини, мада што читав и е исто количество на протеини и на јх, пр, протеини 5гр, а јх 4.5 гр. :?: Јас последниве два јх дена јадам пица со патлиџан, кромид и печурки |( , нема да ми се слоши од малку кашкавал. А и печени макарони некна дома се лигавеа, јас баш тогаш овошен... уф. :doh:
     
  8. srna22

    srna22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    1
    zdravo zenski....da vi se pridruzam i jas....od vcera ja pocnav dietata pa da vidam do kade ke stignam :)
     
    На Nataska-brasnar му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.623
    Па... па да. :^)
    Сега ме збуни, сите пици што сум ги изела досега за тој ден биле со растителен кашкавал.
    Реално, ако гледаме така, секој ден внесуваме на пример Ј.Х. што преку овошјето и зеленчукот, што преку млечен производ (зашто и сирењето има Ј.Х. што преку тесто за третиот ден).

    Ама важно е што е главниот оброк во најголем состав - скроб, протеин или ј.х.

    Јас денес ќе правам потпечени макарони - жити се што да им ставам ако не растителен кашкавал? :(
    Нема сирење, нема јајце, нема такви додатоци...
    Ајде нека каже некој поупатен грешка ли е растителниот кашкавал во пица или тестенини, јас мислам дека не е.
     
    На JuLleE и Doozy им се допаѓа ова.
  10. Treki

    Treki Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    113
    Денес ми е протеински ден и сакам да правам еден велешки мезалак со павлака , пилешко, печурки и кисели карставичиња. Е сега ве молам да ми кажете дали да мешам павлака со пилешко?
     
  11. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    2.887
    Јас би ;) Според оваа УН по која одиме ние дозволено е месо со млечни производи. Посторга варијанта би било да не мешаш различни видови на протеини. Јас по правило во секој протеински ден јадам сирење омилено ми е И кога како со него некогаш јајца, некогаш некое месо, а понекогаш и само сирење :lol:


    Инаку Трендафилка, не ти треба по стручен за растителниот кашкавал, самата си доволно стручна веќе за тоа ;) Па нели имаше резултати со кои беше задоволна со растителниот кашкавал во ј.х денови, зошто да не продолжиш така, ем слабееш ем си среќна и вкусно најадена.
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. jockaa

    jockaa Активен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    4
    како издржуваш цел ден со толку малку??
     
  13. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    2.887
    Искрено јас само за доручек досега изедов повеќе овошје од Сонне за цел ден. Па и не мислам дека целта на диетава е да се изгладнуваш па немам грижа на совест со ова овошјето до ручек, а за вечера голем тањир салата.
     
    На Doozy и Trendafilka им се допаѓа ова.
  14. T-A-N-J-e-T-o

    T-A-N-J-e-T-o Активен член

    Се зачлени на:
    1 март 2012
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    3
    Девојкии... Ме интересира.. дали додека ја држете диетата го прескокнувате појадокот? Што е препорачливо на пример да се јаде како појадок?
     
  15. Angel.Heart

    Angel.Heart Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2012
    Пораки:
    593
    Допаѓања:
    2.054
    Никакво прескокнување ни на појадокот ни на ручек или вечера, и за појадок сите 90 дена се јаде само овошје. Значи се имаш убаво напишано на првата страна само да прочиташ треба и се ќе ти стане јасно.
     
  16. Ema.Sk

    Ema.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    1.336
    Допаѓања:
    4.820
    Како што кажав ја почнав диетава на 1 септември :)
    1 ден - доручек = две праски, ручек = парче пилешко месо, супа, леб неможев и салата, вечера = неможев!
    2 ден - доручек = две јаболки, ручек = грашок манџа, вечера = пиво :x ( Пиволенд :drunk: )
    3 ден - доручек = две смокви, ручек = три кифли од Специјал, вечера = три топки сладолед ( искрено овој ден ми беше најтежок! )
    4 ден - овошен цел ден. УМРЕВ! :D
    Таман мислам еве некако сито се чувствувам после некое време пак ми се јаде! Ме копа одвнатре, бара нешто поголемо да јадам!!
    Ама издржав :)
    5 ден - доручек = едно јаболко, неможам уште едно! ручек мајка ми прави риба скуша :inlove: и така ..
    Се осеќам како малце во стомакот да сум ослабнала и немам спојлери. Пред некој ден ми беа огромни, дали дека имав добиено незнам! И да, денес му се качувам на орбитрекот, ама после рибата, да ми даде малку сила вака само од тоа смоквите, јаболките и праските нема шанси, едвај се движам!
     
    На BeLLaDona23 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    849
    Допаѓања:
    1.903
    Пол:
    Женски
    Во исто време сме на диета :D ајде баш да споредиме резултати за 10 дена :)
    денес доручек 1 банана
    Ручек:туна конзерва, салата
    Е сеа вечера не знам дали може некој друг вид протеини, јајце или млеко, пошто ке ми дојде многу туна за еден ден :^)
     
    На Ema.Sk му/ѝ се допаѓа ова.
  18. D1A2N3I4

    D1A2N3I4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    42
    Скробен ден 72-ри
    Појадок: 2 парчиња диња
    Ручек: 1 чинија компир манџа
    Вечера: половина чинија компир манџа

    Салата и леб нема да јадам денес, бидејќи вчера јадев многу зеленчук, а по правило ми беше скробен ден и вчера, што значи јас држам два скробни дена, иако до сега го немам прекршено распоредот, вчера вечерав многу касно, бидејќи имав некои обврски :)
     
  19. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    2.887
    Вака како што ја следам темава, многу имиња поминаа овде, еве конкретно одкога почнав јас да ја држам, и многу ги снемува за кратко. Се откажувате или само не ни пишувате повеќе?
     
    На Treki му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Treki

    Treki Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    113
    Јас сеуште ја држам и редовно ве следам само што не пишувам секој ден кое ми е менито. Инаку денес ми е 25 ден, што значи уште малку и ме чека водениот ден и уште сега се спремам психички како ќе ме биде :worried: . На почеток секој циклус од 4 дена слабеев по едно кило, но последнави 9 дена стагнирам и се тука па тука сум со килажата и малку паднав психички, но за среќа Трендафилка и Анабел-а ме утешија да не се откажувам дека таква е диетата. Така да мн ми се допаѓа темава. Секојпат кога сакам да скршнам малку од диетава се уклучувам на форумов за да ве читнам до кај сте и ми е поарно.
    Задено сме посилни :rofl: :rock:
     
    На Trendafilka и anabel-a им се допаѓа ова.