Јас скоро секој скробен ден јадам дента златна мешавина, а вечерта понекогаш јадам само пуканки, пукани со мн малку зејтин и со вагета наместо со сол (така ми се послатки) и тоа гледам да бидам мн штедлива со вегетата.
18ти ден- скробен појадок: не појадував, имав обврски, а веќе еве време е за ручек скоро, па го скокнав. ручек: варени компири, истолчени и помешани со смелени суви пиперки, салата. Мераци. вечера: половина од ручекот.
4ти овошен ден. Праски, гројзе, малку ананас во конзерва и 100 гр. непечен бадем на мени. Вчера изедов ред чоколадо за готвење, на Горењка, со 62% какао, златна е опаковката. Боооо, нема врска со оние за готвење од Кам (нормално). Преубав вкус има, со самото тоа што е 70 гр. чоколадото, од старт јадеш помалку во еден ред, а и помалку калории има. Good stuff. Одиме понатаму. Денес одмарам со вежбање, нека се опорават малку мускулните влакна. Инаку, веројатно знаете дека и мајка ми ја држи диетата со мене од ден 1, и си ја продолжи без пауза, мука си нема. И уште ќе ја држи. Значи 3 и пол месеци досега, жената скина точно 15 кг. Да напоменам, тоа е сепак жена со 47 години, не вежба, ограничена е со физичка активност освен на работа нели. Од некои работи не се откажа воопшто, како кафето со млеко, зашто не пие турско. А има смален апетит, јаде некогаш помалку и од мене, некогаш па и не вечера (1-2 пати неделно се случува тоа) и нема апсолутно никаква потреба за благо веќе. Јас вчера ишлери за вечера, она салата. Браво бе. Така да бидете само истрајни и трпеливи, резултати ИМА.
Мене ми е 6ти ден денес, и не осеќам глад нешто посебно, не ја држам баш најстрого, еве денес за ручек јадев печен компир со малце зејтин и тиквички пржени, ама исцедени од зејтинот. Кога сакам сок, гледам да е леден чај...едвај чекам да дојде утре, да јадам сладолед
ден 1 ајдеее тргна работава. појадок едно зелено јаболко ручек 2 домати со 100 гр урда и 2 пар. кашкавал сега за вечера веројатно истото само 1/2 а вежби хммм сметајте 8 часа игри со бебе кркрркрк и заборавив да си го кажам гревот 200 мл цедевита се мерам утре
Денеска карма каша ден од многу оправдани причини. Ама ептен оправдани, верувајте ми, свечен фамилијарен настан, значи не беше возможно да прескокнам. Ако се смета дека беа протеински пилешките стапчиња и похуваните зденки, да, протеински беше денот. Шала настрана, утре ќе си го држам според пропис.
вчера на протеинскиот не да сум ја утналааа.... кебапи јадев и тоа 5 изедов ,,,,,, инаку денес ми е скробен 16 ден имам навика да си каснам грозје за поручек, па во двор ми е и најлсно и е од него да скинам, а и го обожавам, за ручек варев компир манџа без масло и тоа истото и ке го вечерам инаку имам 4 кг помалку за овие 16 дена, е сега единствена утка сто правам што на протеински не го јадам истото од ручек ,ручек јадам месо варено , со исклучок на вчера со кебапите, а обично за вечера гледам да си се напијам млекце. инаку имав 72 кг а сега имам 68, висока сум 1.70 ,,,, овие 8 да ги мавнам и манекенка
јас да ви кажам искрено бидејќи одам во школо и 2ра смена сум и ручам пред школо а кога си доагам сум прегладнета и затоа не јадам половина од ручекот туку скоро исто колку и ручекот....мислам дека и така ке ослабнам иили глешам?
здраво и поздрав до сите феминки диеталки.Еве и јас да го споделам моето искуство со диетава,која ја поцнав во месец март.Првите 2 месеца -8кг,а 3месец -2кг,во наредните 3 месеци имав одржување со -3,-4 кг.Од денес ја почнав пак и се надевам на подобар успех,барем уште -15кг Денес на менито имав д.2јаболка,ручек копан во сос тенко парче леб и супа а вечера половина од ручекот без леб
Денес ми беше овошен ден и јадев две праски, па банана, ја јадев во автобус и нагло закочи додека ја лупев, а беше мека, и помалку од пола ми падна под седиштето пред мене и така јадев не цела банана, па четири сливи и на крај еден грозд, среден по големина.
Денес ЈХ. За појадок банана. За ручек еден и пол ѓеврек. За вечера еден ред кујнско чоколадо и 3-4 мали парчиња коцки домашен колач (леб - торта ). Тоа е се за денес. Утре овошен .
6 ден - доручек = едно јаболко, неможам многу овошје! Незнам дали грешка правам вака. ручек = печени компири со кечап и оригано,краставица салата и кришка леб. вечера = истото само преполовено од ручекот и мислам дека сум прејадена. Пред да ја почнам диетава јадев како луда исто и мајка ми а сега неможеме ни ова да го изедеме. Мајка ми вежба насабајле, јас поручек така да, добри сме! Со физичка активност уште се издржува за разлика од медицинската кога ја држев секогаш кога и да се симнев од орбитрејк во нествест мислев дека ќе паднам.
75-ти ден јаглехидратен (водените нема шанси да ги држам) доручек диња ручек макарони со кечап и парце пица 1/4 од 180 грама пица (лепце, кечап, сусам и растителен кашкавал) вечера млечно чоколадо еден ред, чоколадо за готвење еден ред (незнам колку кг сум ослабната последниот месец бидејки немам вага, до пред месец дена имав симнато 8 кг, но сите што ме гледаат ми рекоа дека одам во ОДЛИЧЕН правец, а треба уште мноооогу) пауза не планирам да направам по 90 дена, нема потреба да прекинувам, одам понатака
јх ден денес доруцек 2 праски руцек макарони (цело време само зацинети ги јадам ) вецера 2 парцинја (во стилот на медени срца едни)и 1 ред цоколадо мило ми е сто помина денот така мирно обицно тука ми идат ``гресни мисли`` ( во врска со благото) ама ете помина
7 ден - Доручек = едно јаболко Ручек = макарони ќе правиме со сос ( кромид, морков, соја трошки,оригано и кечап ) сличен на Болоњезе. Мислам дека не правам грешка Вечера = три топки сладолед.
Јас не би јадела соја во јх ден. Јас колку што знам сојата е богата со протеини, и би ја јадела во протеински ден. Позз
Сакам да прашам дали може некој ден да се касне малку ајварче или лутика? Една- две лапки само, без претерување
5ти ден протеински. Појадок - неколку парчиња ананас и кафе. Ручек - 2 копанчиња во сос, со салата и парче леб (прегладнета сум од вчера. Едвај чекам да тропне 15 часот). Вечера - само шопска салата. Вчера овошниот ден помина солидно, без грешка. Тие непечните бадеми вршат многу работа. При крајот, накај 21 часот мислев да јадам прецедена супа, ама мајка ми не ми купила, па изедов салата од краставица и патлиџан. Помина важно денот.